Портал:Филм/Избрана биографија/2008/јули
Квентин Џером Тарантино (англиски: Quentin Jerome Tarantino) (роден 27 март, 1963) е американски филмски режисер, сценарист и глумец. Тој е и добитник на наградите Оскар и Златна палма. Тој се издигна до слава во раните 1990-ти како независен филмски уметник чии филмови користеа нелинеарен тек на приказната и стилизирано насилство. Во неговите филмови се вклучуваат Касапски кучиња (1992), Евтини приказни (1994), Џеки Браун (1997), Убиј го Бил (прв дел 2003, втор дел 2004) и Отпорен на смрт (2007).
Тарантино е роден во Ноксвил, Тенеси, син на Кони Цаступил, медицинска сестра и Тони Тарантино, глумец и музичар роден во Квинс, Њујорк. Таткото на Тарантино бил Американец со италијанскo потекло, а неговата мајка имала делумно потекло од индијанското племе Чероки. Откако го напуштил средното училиште во Харбор Сити, Калифорнија на возраст од 15 години, отишол да учи глума во „Џејмс Бест театарската дружина“. Ова се покажало како влијателно во неговата филмска кариера. На возраст од 22 години, се вработил во „Менхетен бич видео архивите“, сега застарена видеотека во Менхетен Бич, Калифорнија, каде тој и неговите пријатели, исто така филмски фанатици, како Роџер Ејвери, по цел ден дискутирале и препорачувале филмови на муштерии, меѓу кои бил и глумецот Дени Стронг.
Сценариото на Тарантино, Вистинска романса, било откупено и евентуално издадено во 1993. Откако Тарантино го запознал продуцентот Лоренс Бендер на една холивудска забава, Бендер го охрабрил да напише друго сценарио. Во јануари 1992 вториот филм на Тарантино, Касапски кучиња, кој претставува неговото режисерското деби, е прикажан на Санденс филмскиот фестивал. Филмот собра критичко признание, а режисерот стана легенда во Велика Британија во кругот на култни филмови. Касапски кучиња беше филм за грабеж, придвижен од многу дијалог. Овој филм ќе го постави тонот на неговите понатамошни дела. Тарантино го напишал сценариото за три и пол недели и Бендер го препратил до режисерот Монте Хелман. Хелман му помогнал на Тарантино да го обезбеди буџетот за филмот од Ричард Фледстин од „Live Entartainment“ (која подоцна стана „Artisan“). Харви Кител го прочитал сценариото и исто така помогнал во обезбедувањеро на фондовите, а зел и една од главните улоги во филмот.