Педро Алмодовар Кабаљеро (шпански: Pedro Almodóvar Caballero) (р. 24 септември 1949 во Калсада де Калатрава, Шпанија) — шпански кинорежисер, сценарист и продуцент. Алмодовар е можеби најуспешен и меѓународно најпознат шпански филмски режисер од неговата генерација. Неговите филмови, кои се одликуваат со сложени дејствија, содржат мелодрама и користат елементи од поп-култура, популарни песни, хумор, силни бои и интересни декорации. Желба, страст, семејство и идентитет се едни од најупотребуваните теми на Алмодовар. Неговите филмови се светски познати, а тој стана една од најголемите личности во филмскиот свет.

Педро Алмодовар
Роден(а)Педро Алмодовар Кабаљеро
Занимањекинорежисер
Активен1974

Филмска кариера

уреди

Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото (1980)

уреди

Својот прв важен филм, Алмодовар го направи во 1980Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото (1980) (Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón) со многу мал буџет и тим на волонтери со кои снимаше преку викенди. Филмот беше заснован на неговата фото-новела Главни ерекции, која претходно била објавена во магазинот Ел Вибора (Змијата). Овој филм содржи серија споени настани наместо еден цел заплет. Ги следи авантурите на трите личности именувани во насловот: Пепи, која сака да се одмазди на корумпираниот полицаец кој ја силувал; Луси, мазохистичка домаќинка; и Бом, панк рок пејачка, лезбијка. Централната тема на филмот, пријателство и женска солидарност, се појавуваат и во другите филмови на Алмодовар.

Филмот го затекнаа финансиски и технички проблеми. Сепак, Алмодовар има убаво сеќавање од неговиот прв филм: „Пепи, Луси, Бом... е филм полн со дефекти. Кога некој филм има само еден или два дефекта, се смета за несовршен филм, но кога постојани има технички пропусти, тоа се нарекува стил. Тоа го кажав шегувајќи се кога го промовирав филмот, но верувам дека тоа беше блиску до вистината.“[1]

Лавиринти на страста (1982)

уреди

Лавиринти на страста (Laberintos de pasión) е комедија за повеќе идентитети, една од омилените теми на Алмодовар. Заплетот е центриран на авантурите на два лика полудени од секс: Сексилија, нимфоманијак, и Риза, геј синот на водач на фиктивна земја од Среден Исток, кои се создадени да бидат заедно.

Темни навики (1983)

уреди

Темни навики (Entre tinieblas) е мелодрама со елементи на комедија во кој глумат Мариса Паредес и Кармен Маура, меѓу другите глумци со кој Алмодовар и претходно соработувал.

Што направив да го заслужам ова? (1984)

уреди

Следниот филм на Алмодовар, Што направив да го заслужам ова? (¿Qué he hecho yo para merecer esto?) е инспириран од шпанските црни комедии од доцните 1950-ти и 1960-ти. Раскажува приказна на една домаќинка, нејзиниот насилен сопруг, постариот син кој е дилер на дрога, помладиот, и бабата која го мрази градот и сака да се врати во родното село.

Матадор (1986)

уреди

Матадор (Matador) го продлабочува истражувањето на сексуалноста. Матадор е темна, комплексна приказна која ја раскажува врската на поранешен борец со бикови и убиствена адвокатка, чии сексуални потреби не се во целост задоволени ако не убијат.

Закон на желбата (1987)

уреди

Закон на желбата (La ley del deseo) е еден од најбогатите и највознемирувачките филмови на Алмодовар. Го следи животот на три ликови: геј филмски режија кој започнува нов проект, неговата сестра која порано му била брат (Кармен Маура) и опсесивен убиец кои го следи (Антонио Бандерас)

Жени на работ од нервен слом (1988)

уреди

Следниот филм на Алмодовар, Жени на работ од нервен слом (Mujeres al borde de un ataque de nervios) е феминистичка лајт комедија која го потврди Алмодовар како „женски режисер“, како Џорџ Кукор и Рејнер Вернер Фасбиндер. Алмодовар има кажано дека жените се подобри ликови како драматични субјекти.

Филмот е адаптација на театарска драма која раскажува два дена од животот на Пепа, професионален филмски дублер чиј оженет љубовник одеднадеж ја напушта, а со кој таа френетично се обидува да стапи во контакт. За време на потрагата, таа открива неколку негови тајни и ги открива сопствените вистински чувства.

Инспириран од холивудските комедии од 1950-те, овој филм стана преоден за следните филмови на Алмодовар. Оваа комедија со брзи дијалози и брза акција, без дрога и секс, останува еден од најзапамтените филмови на Алмодовар. Филмот доби позитивни критики од целиот свет и го презентираше Алмодовар на американската публика. Доби многу награди, како и номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Врзи ме! (1990)

уреди

Следниот филм на Алмодовар го одбележа почетокот на соработката со уште една голема глумица од европското и шпанско кино: Викторија Абрил. Врзи ме! (Atame!) е и четвртиот најважен филм во кој соработува со Антонио Бандерас. Во овој филм, Рики (Антонио Бандерас), тукушто ослободен пациент од психијатрија, киднапира и држи заробена глумица (Викторија Абрил) со цел таа да се заљуби во него. „Имам 23 години, 50,000 пезети и сум сам на светов. Ќе се обидам да бидам добар маж за тебе и добар татко за твоите деца“, ѝ вели тој.[2]

И покрај темните елементи, Врзи ме може да се опише како романтична комедија, а најчиста љубовна приказна на режисерот, слична на трилерот на Вилијам Вајлер – The Collector. Како и да е, филмот беше тема на жешки дебати; доби лоши критики од феминистки и групи на жени адвокати бидејќи тие перцепирале садомазохистички елементи. Премиерата во САД беше проследена и со други скандали и контроверзии. Филмската асоцијација на Америка, која го одредува рејтингот на филмот за САД, го одбележа филмот со Х при неговата дистрибуција. Поддржан од дистрибутерската компанија на филмот, Мирамакс, Алмодовар поднесе тужба која прерасна во тврдоглава легална борба. Како резултат на ова, се појави нов рејтинг: да не биде за помали од 17 години, кој беше аплициран на сите филмови кои претходно биле етикирани како порнографски.[3]

Врзи ме! не достигна слава како Жени на работ од нервен слом. Доби лоши критики од шпанските критичари, кои изјавија дека Алмодовар го изгубил чувството за режирање.

Високи потпетици (1991)

уреди

Семејната мелодрама Високи потпетици (Tacones Lejanos) ја обработува приказната за прекинатата врска меѓу мајка и нејзината ќерка, и славна пејачка. Ќерката се венчала со поранешниот љубовник на својата мајка и се здружила со пејач кој ја имитра нејзината мајка. Популарните песни кои се секогаш присутни во филмовите на Алмодовар, се најприсутни во овој филм.

Кика (1993)

уреди

Во Кика (Kika), секој лик припаѓа на посебен филмски жанр. Приказата е за Кика - откачена, но добра шминкерка која се вовлекува во врска со американски писател и неговиот посинок. Неа цело време ја следи чудна телевизиска репортерка, која секогаш е во потрага по сензационални приказни.

Кика е критика на масовните медиуми, особено на нивниот сензационализам. Овој филм создаде голема контроверзност во САД поради смешна сцена со силување. Филмот не беше добро-прифатен од страна на критичарите, но отвори ново поглавје во кариерата на режисерот.

Цветот на мојата тајна (1995)

уреди

Цветот на мојата тајна (La flor de mi secreto) е приказна за Лео Масијас, успешна писателка на романи која треба да се соочи со професионална и лична криза. Таа е отуѓена од својот сопруг, кој волонтира во Босна и Херцеговина за да ја избегне.

Во главната улога настапува Мариса Паредес. Оваа психолошка драма се смета за неговиот најзрел филм досега. Филмот има многу заеднички елементи со Сѐ за мојата мајка и Зборувај со неа. Трите филмови се работат за „губиток, созревање и опоравување“.[4]

Живо месо (1997)

уреди

Алмодовар е сценарист на сите свои филмови, но со Живо месо (Carne trémula), тој ја дели заслугата. Ова му е првиот филм адаптиран према книга, истоимениот роман од Рут Рендел. Давид, полициски детектив, и Виктор, човек обвинет за неговото парализирање. По излегувањето од затвор, Виктор сака да се одмазди, а притоа се вплеткува во животите на Давид, неговата сопруга, поранешниот колега на Давид, Санчо, и сопругата на Санчо.

Сѐ за мојата мајка (1999)

уреди

Потоа, Алмодовар продолжи со своите сериозни драми создавајќи го Сѐ за мојата мајка (Todo sobre mi madre). Филмот произлезе од кратка сцена во Цветот на мојата тајна, во која се раскажува приказната за мајка која ја жали смртта на својот син, и која, читајќи го неговиот дневник, дознава дека сакал да го запознае татка си. Таа се одлучува да отпатува до Барселона во потрага по неговиот татко за да му каже дека имале син откако таа го напуштила пред многу години. Кога пристигнува таму, се сретнува со многу чудни ликови – проститутка трансвестит, бремена калуѓерка и глумица која е лезбијка – и сите тие на свој начин ѝ помагаат да ја преброди болката.

Во овој филм повторно се јавуваат темите како сестринство и семејство. Посветен е на Бет Дејвис, Роми Шнајдер и Џина Роландс.

Комичниот дел во филмот е Слатка, трансвестит. Во една сцена, таа раскажува колку пластични операции имала и колку силикон има во неа. Говорот го завршува со нејзина филозофска мисла: „Колку повеќе стануваш тоа што си сонувал да станеш, толку поавтентичен си“.[5]

Сѐ за мојата мајка освои најмногу награди и почести од сите други филмови во шпанската филмска индустрија.[6] Доби Оскар за најдобар странски филм, Златен Глобус, награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, францускиот Цезар за најдобар филм, Гоја за најдобар филм на годината.

Зборувај со неа (2002)

уреди

Две години подоцна, Алмодовар создаде уште еден успешен филм – Зборувај со неа (Hable con ella), кој ја раскажува приказната за двајца мажи кои се спријателуваат во болницата каде се грижат за жените кои ги сакаат, а пак, кои се во кома. Нивните животи се движат во сите насоки, минато, сегашност и иднина, и ги влечат до неочекувана судбина.

Филмот беше пофален од критиката и Алмодовар за него доби бројни награди и почести, меѓу кои и Оскар за најдобро сценарио.

Лошо образование (2004)

уреди

Лошо образование (La mala educación) ја раскажува приказната за две деца, Игнасио и Енрике кои ја откриваат љубовта, киното и стравот во религиозно училиште на почетокот од 1960-тите. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен учител, е сведок на некои од овие нивни откритија. Трите ликови повторно се сретнуваат во 1970-тите и 1980-тите, или барем така изгледа.

Алмодовар во овој филм користи филм ноар.

Се враќам (2006)

уреди

Дејството на 16-тиот филм на Алмодовар, Се враќам (Volver), е сместено во Ла Манча и следи три генерации жени во едно семејство кои се борат да ги преживеат ветрот, огнот и дури и самата смрт.

Приказната на Се враќам се појавува како роман и скрипт во Цветот на мојата тајна. Симболично, овој филм го одбележува враќањето на Кармен Маура во филм на Алмодовар по многу години. Алмодовар доби награда за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал, а на Пенелопе Круз, Кармен Маура, Лола Дуењас, Бланка Портиљо, Јоана Кобо и Чус Лампреаве им беше доделена наградата за најдобра женска улога.

Раскинати прегратки (2009)

уреди

Раскинати прегратки (Los abrazos rotos) ја доживеа својата премиера во Шпанија на 18 март 2009 година. Овој филм е најдолгиот и најскапиот филм на Алмодовар досега. Главната приказна е трагичната судбина на еден режисер, кој ќе остане слеп по сообраќај несреќа пред 14 години. Структурата на филмот е размешани минато и сегашност, како и филм во филм.

Кожата во која живеам (2011)

уреди

Кожата во која живеам (La piel que habito) е филмска адаптација на романот „Тарантула“ на францускиот писател Тјери Жонке. Главната улога ја толкува Антонио Бандерас (кој се враќа во филм на Алмодовар по речиси 20 години)[7], бескрупулозен хирург кој сака да создаде нов тип на кожа отпорна на горење.

Филмот ја доживеа својата премиера на Канскиот филмски фестивал.

Значење и влијание

уреди

Филмот „Болка и слава“ на Алмодовар е тема на краткиот расказ „Јогурт“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[8]

Белешки

уреди
  1. Pedro Almodóvar: D’Lugo, p.19
  2. Almodóvar in Tie Me Up! Tie Me Down!
  3. "X-Film Rating Dropped and Replaced with NC-17" http://articles.latimes.com/1990-09-27/news/mn-1406_1_r-rated-films
  4. Pedro Almodóvar: D’Lugo, p.103
  5. Pedro Almodóvar, All About my Mother
  6. Pedro Almodóvar: D’Lugo, p.105
  7. Antonio Banderas To Carve Up The Skin I Live In
  8. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 462-463.

Библиографија

уреди
  • Allinson, Mark: A Spanish Labyrinth : The Films of Pedro Almodóvar, I.B Tauris Publishers, 2001, ISBN 1-86064-507-0
  • Bergan, Ronald Film, D.K Publishing, 2006, ISBN 0756622034
  • Cobos, Juan and Miguel Marias: Almodóvar Secreto, Nickel Odeon, 1995
  • D’ Lugo, Marvin: Pedro Almodóvar, University of Illinois Press, 2006, ISBN 0-252-073614 - 4
  • Edwards, Gwyne : Almodóvar: labyrinths of Passion. London: Peter Owen. 2001, ISBN 0720611210
  • Strauss, Frederick Almodóvar on Almodóvar, Faber and Faber, 2006, ISBN 0-57123-192-6

Надворешни врски

уреди