Отпорен на смрт (англиски: Death Proof) е американски филм од 2007 година, режиран од Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото. Во филмот настапуваат Курт Расел, Зои Бел, Розарио Досон, Ванеса Ферлито, Џордан Лед, Сидни Поатје, Трејси Томс, Мери Елизабет Винстид и Роуз Мекгован.

„Отпорен на смрт
Death Proof“
Филмскиот плакат за Отпорен на смрт.
РежисерКвентин Тарантино
ПродуцентЕлизабет Авелан
Ерика Стајнберг
Роберт Родригес
Квентин Тарантино
СценаристКвентин Тарантино
Главни улогиКурт Расел
Зои Бел
Розарио Досон
Ванеса Ферлито
Џордан Лед
Сидни Појтер
Трејси Томс
Мери Елизабет Винстид
Роуз Мекгован
Марли Шелтон
Марси Хариел
КинематографијаКвентин Тарантино
МонтажаСали Менк
ДистрибутерDimension Films
The Weinstein Company
Премиера21 септември, 2007
Времетраење114 мин.
Земја САД
ЈазикАнглиски

Филмот е посвета на насилните филмски жанрови од 1970-те години. Тој се прикажувал во кината во САД заедно со филмот „Планетата терор“ (Planet Terror)) на Роберт Родригес како втор дел од заедничкиот проект „Грајндхаус“ (Grindhouse), со цел да се копира искуството на гледање на два експлоатациони филмови во една вечер, во т.н. „грајндхаус“ (англиски: grindhouse) кина. Филмовите биле објавени одделно на DVD, додека „Отпорен на смрт“ бил издаден во продажба на 19 септември 2007.

Содржина уреди

Филмот се фокусира околу психопатскиот каскадер Мајк (го игра Расел), кој следи млади жени, ги фотографира, а потоа ги убва во наместени автомобилски несреќи, употребувајќи го својот каскадерски автомобил кој е „отпорен на смрт“. Еднаш, во Остин, Мајк се спријателува со неколку девојки кои излегуваат во еден клуб. По неколку пијачки и заводлив танц со нив, тој поаѓа во својата убиствена акција. Другпат, во Тенеси среќава група девојки кои работат како глумици и каскадерки во филмовите од Б-продукцијата. Гледајќи ги како се забавуваат со својот автомобил, повторно не може да се воздржи од убиствениот нагон...[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 27.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди