Портал:Филм/Избрана биографија/2008/август
Јуриј Борисович Норштејн (руски: Ю́рий Бори́сович Норште́йн или само Јуриј Норштејн) (роден на 15 септември 1941) е многукратно наградуван руски аниматор најпознат по неговите кратки филмови, Еже во маглата и Приказна на приказните. Од 1981 година работи на долгометражен анимиран филм со име Шинел, инспириран од истоимениот расказ на големиот руски писател Николај Василевич Гогољ.
Јуриј Норштејн е роден во селото Андрејевка, во текот на евакуацијата на неговите родители за време на Втората светска војна. Израснал во московското предградите Марина Рошча. Иако завршува уметничко училиште, Норштејн најпрво се вработува во фабрика за мебел. Потоа успешно поминува курс по анимација во траење од две години и успева да се вработи во познатото советско студио за анимација Сојузмултфилм во 1961. Првиот филм во кој учествува како аниматор е Кој рече „Мјау“? од 1962 година.
Откако работи како аниматор на пеесетина филмови, Норштејн конечно добива можност и сам да режира. Во 1968 година дебитира со 25 октомври, Првиот Ден, делејќи ги режисерските заслуги со Аркадиј Тјурин. Филмот е направен во стилот на советските уметници од 1920-тите години - Алтман и Петров-Водкин.