Стивен Спилберг
Стивен Алан Спилберг (англиски: Steven Allan Spielberg; роден 18 декември 1946)[1] — американски кинорежисер, продуцент и сценарист. Спилберг е трикратен добитник на наградата Оскар и е најпрофитниот киноработник на сите времиња; неговите филмови заработиле нето-вредност од 3,6 милијарди долари (2020) меѓународно.[2] Од 2006, списанието Премиер го смета како најмоќната и највлијателната личност во киноиндустријата. Тајм го вбројува како еден од 100-те најважни луѓе на векот. На крајот од дваесеттиот век, списанието Лајф го именува како највлијателната личност на неговото поколение.[3]
Стивен Спилберг | |
---|---|
Стивен Спилберг — 2017 г. | |
Роден(а) | Стивен Алан Спилберг |
Активен | 1968— |
Сопружник | Ејми Ирвинг (1985 — 1989) Кејт Карпшоу (1991—) |
Награди | Saturn Award for Best Direction 1977 Блиска средба од третиот вид 1981 Јавачи на изгубената арка 1993 Јура Парк 2002 Малцински извештај Saturn Award for Best Writing 1977 Close Encounters of the Third Kind 2001 Вештачка интелигенција NBR Award for Best Director 1987 Empire of the Sun AFI Life Achievement Award 1995 Lifetime Achievement BSFC Award for Best Director 1981 Raiders of the Lost Ark 1982 И-Ти вонземјанинот 1993 Шиндлеровата листа Critics Choice Award for Best Director 1998 Спасувањето на војникот Рајан 2002 Catch Me If You Can ; Minority Report NSFC Award for Best Director 1982 И-Ти вонземјанинот 1993 Шиндлеровата листа Златен лав за кариера 1993 Животно остварување |
Во кариера што се простира скоро четири децении, Спилберговите филмови допреле многу теми и жанрови. За време на 70-те, 80-те и 90-те, три од неговите филмови, Ајкула, И-Ти вонземјанинот и Паркот Јура станале најзаработувачки филмови на нивните времиња. За време на неговите кинорежисерски почетоци, неговите научнофантастични и авантуристички филмови често биле гледани како архитипот на современата холивудска блокбастер-кинематографија. Во последните години, неговите филмови почнале да се однесуваат на историски теми, како што се Холокаустот, ропството, војната и тероризмот.
Стил
уредиТеми
уредиФилмовите на Спилберг често имаат слични теми. Поголемиот дел од филмовите имаат како тематика стапување во контакт со вонземјани или ликови кои се наоѓаат во несекојдневни ситуации. Ова е посебно очигледно во филмовите Индијана Џонс. Во едно интервју од август 2000, Спилберг ја коментираше својата заинтересираност за вонземјани и како тоа влијаело врз неговите филмови. Во многу прилики, тој ја покажува својата фасцинација со вселената, како на пример во Ајкула има сцени со ѕвезди во позадина. Спилберг се опишал како вонземјанин за време на своето детство,[4] а интересот произлегол од неговиот татко, обожавател на научна фантастика и неговото мислење дека вонземјаните не би патувале толку долго за да освојуваат, туку од љубопитство, за да споделат знаење.[5]
Силна и постојана тема во своите филмови е скоро детското, наивно чувство на чудење и верба, што се гледа во филмови како Блиски средби од третиот вид, И Ти, Кука и Вештачка интелигенција. Според Ворен Бакленд,[6] овие теми се портретирани преку снимањето ниско со камера, што е станато еден од главните режисерски белези на Спилберг. Кога во неговите филмови има деца, овој вид снимање е поочиглеен, но е користен и во други филмови. Друга детско-ориентирана тема во филмовите на Спилберг е губењето на невиноста и созревањето. Во Империја на сонцето, Џим, размазен млад Англичанец, ја губи невиноста додека страда во Втората светска војна во Кина. Слично е и во Фати ме ако можеш, каде Френк наивно мисли дека може да го соедини своето семејство ако собере доволно пари да ги издржува.
Најистрајна тема во неговите филмови е тензијата меѓу дете-родител. Родителите (најчесто татковци) се безволни, отсутни или прости. Питер Бенинг во Кука на почетокот на филмот е безволен татко кој живее за да работи, кој за време на филмот ја враќа почитта на своите деца. Очигледното отсуство на таткото на Елиот во И Ти е најпознатиот пример за оваа тема. Во Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, се открива дека Инди отсекогаш имал напната врска со својот татко, исто така археолог, кој бил позаинтересиран за својата работа, поспецифично за истражувања околу Светиот грал, отколку за својот син ; и иако тој тогаш не го забележува тоа, оваа негова незаинтересираност негативно влијаела врз неговиот син. Дури и Оскар Шиндлер од Шиндлеровата листа, не сака да има деца со својата жена. Во Минхен, Авнер е опишан како човек кој е оддалечен од својата жена и новородена ќерка. Секако, има и исклучоци; Броуди во Ајкула е посветен семеен човек, додека Џон Андертон во Малцински извештај е потресен човек по исчезнувањето на син му. Може да се каже дека оваа тема е најавтобиографскиот аспект во филмовите на Спилберг, бидејќи Спилберг како дете го доживеал разводот на своите родители и отсуството на својот татко. Исто така треба да се напомене дека главните личности во неговите често доаѓаат од семејства на разведени родители; највпечатливиот пример е И Ти (мајката на Елиот е разведена) и Фати ме ако можеш (мајката и таткото на Франк Абњале се разделуваат на почетокот од филмот). Разделената фамилија на крајот од филмот обично завршува среќно.
Поголемиот дел од неговите филмови се оптимистички. Критичарите често ги критикуваат неговите филмови поради нивната голема сентименталност, но Спилберг вели дека доа е во ред сè додека е добро маскирано. Влијанието доаѓа од режисерите Френк Капра и Џон Форд.[7]
Современици
уредиШто се однесува на кастингот и продукцијата, еден од белезите на Спилберг е тоа што често работи со луѓе со кои веќе работел во претходни филмови. На пример, Ричард Дрејфус се појавува во неколку негови филмови: Ајкула, Блиски средби од третиот вид и Секогаш. Исто и Харисон Форд, кој е главна улога во четирите филмови со Индијана Џонс, а се појавува и во една кратка исечена сцена од И Ти. Во скоро време, Спилберг има работи со Том Хенкс во неколку прилики: Спасувајќи го војникот Рајан, Фати ме ако можеш и Терминал.
Спилберг двапати има соработувано и со Том Круз, во Малцински извештај и Војна на световите. Спилберг претпочита да работи и со членови од продукцијата со кои веќе има изградено работен однос. Пример за ова е неговата врска со Кетлин Кенеди, која е продуцентка на сите негови филмови од И Ти до Минхен.
Познат пример за ова е и долготрајната соработка со музичарот Џон Вилијамс. Неговата музика ги пропратува скоро сите негови филмови. Спилберг е дел од современи филмаџии како Џорџ Лукас, Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Џон Милиус и Брајан де Палма, кои ги викаат „Филмски батки“. Покрај режисерската работа, Спилберг има работено и како продуцент за многу филмови.
Личен живот
уредиДеца и бракови
уредиОд 1985 до 1989 Спилберг беше во брак со глумицата Ејми Ирвинг. Во нивниот разводен договор во 1989, таа доби 100 милиони долари од Спилберг откако судијата го поништува нивниот предбрачен договор напишан на салфета. Нивниот развод беше одбран како третиот најскап развод на славните личности во историјата.[8] Веднаш по нивниот развод, Спилберг и Ирвинг го делеа старателството на нивниот син, Макс Семјуел.
Спилберг подоцна започна врска со глумицата Кејт Кепшо, каде што ја запозна кога и даде улога во Индијана Џонс и храмот на пропаста. Тие се венчаа на 12 октомври 1991. Кепшо преминува во јудаизам.[9]
Има 8 деца во семејството Спилберг-Кепшо:
- Џесика Кепшо (1976) — ќерка од минатиот брак на Кејт со Роберт Кепшо
- Макс Семјуел Спилберг (13 јуни 1985) — син од минатиот брак на Спилберг со Ејми Ирвинг
- Тео (1988) — Кејт Кепшо го посвојува пред да стапи во брак со Спилберг
- Саша Ребека (14 мај 1990 во Лос Анџелес)[10][11]
- Џенет Сандрес (28 ноември 1990) - богиња на Спилберг [12]
- Дејвид Арно (12 август 1991) - посвоен
- Соер Ејвери (b. 10 март 1992 во Лос Анџелес)[13]
- Микаела Џорџ (28 февроари, 1996) — посвоена
- Дистри Илајн (1 декември 1996)
Спилберг има неколку миленичиња вклучувајќи едно куче. Неговото претходно куче, Михајла, има учествувано во некои од неговите филмови од кои: Jaws, Close Encounters, и 1941.[14]
Бернис Колнер | Арнолд Спилберг | Ли Познер | Берни Адлер | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ејми Ирвинг | Стивен Спилберг | Кејт Кепшо | Роберт Кепшо | Ен Спилберг | Дени Опатошу | Сју Спилберг | Ненси Спилберг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Макс Семјуел Спилберг | Тео Кепшо (посвоен) | Микаела Џорџ | Дистри Илајн Спилберг | Џесика Кепшо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Политика
уредиСпилберг ја поддржува Демократската партија на САД. Има донирано преку 800,000 долари на нејзината сметка. Тој е близок пријател со поранешниот претседател Бил Клинтон и работел со него за прославувањето на милениумот во САД. Режираше 18-минутен филм за овој проект, Американски пат, кој бил прикажан во американската милениумска гала на 31 декември 1999.[15]
Награди
уредиСпилберг е добитник на три Оскари. Бил номиниран за шест Оскари во категоријата Најдобра режија, а освоил два од нив (Шиндлерова листа и Спасувајќи го војникот Рајан), а седум од неговите филмови биле номинирани за најдобар филм (Шиндлеровата листа добила). Во 1987, беше награден со The Irving G. Thalberg Memorial награда за неговата работа како креативен продуцент.
Поради неговото искуство со извидништво, Спилберг помогна на клубот Извидници на америка да добие заслужена ознака во кинематографијата. Оваа ознака била лансирана на Националниот ден за извидници во 1989, на која Спилберг присуствувал и лично советувал многу момчиња за нивната работа.
Во 1999, Спилберг освои почесен степен на универзитетот Браун. Нему, исто така, му бил врачен и медал од Дефензивниот департман на Пентагон, од Вилијам Коен, на 11 август 1999, како признание за филмот Спасувајќи го војникот Рајан.
Во 2001, беше прогласен за почесен витешки командант на Орденот на британската империја, од страна на Кралицата Елизабета II.[16][17][18]
Во 2004, беше прогласен за витез на Почесната легија од претседателот Жак Ширак.[19] На 15 јули 2006, му беше врачена наградата за животно дело Голд Хуго, на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго.[20]
Критика
уредиФилмографија
уредиНоминации за Оскар
уреди- За најдобар кинорежисер
- 1977 -— Блиска средба од третиот вид
- 1981 — Јавачи на изгубената арка
- 1982 — И-Ти вонземјанинот
- 1993 — Шиндлеровата листа (победник)
- 1998 — Спасувањето на војникот Рајан (победник)
- 2005 — Минхен
- За најдобар филм
- 1975 — Ајкула
- 1981 — Јавачи на изгубената арка
- 1982 — И-Ти вонземјанинот
- 1985 — Бојата пурпурна
- 1993 — Шиндлеровата листа (победник)
- 1998 — Спасувањето на војникот Рајан
- 2005 — Минхен
- 2006 — Писма од Иво Џима (како продуцент)
Наводи
уреди- ↑ (англиски)McBride, Joseph (1997). Steven Spielberg. Faber and Faber. ISBN 0-571-19177-0., page 37
- ↑ (англиски) „Steven Spielberg ranks 287 on The World's Billionaires 2007“. en:Forbes. 2007-05-01. Посетено на 2007-05-01. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ (англиски)„The 50 most influential baby boomers: Top 10“. Life.com. Архивирано од изворникот на 2005-12-23. Посетено на 2006-10-21.
- ↑ McBride, Joseph (1997). Steven Spielberg. Faber and Faber. ISBN 0-571-19177-0.
- ↑ E.T. DVD Production Notes Booklet. Universal. 2002.
- ↑ Directed by Steven Spielberg: Poetics of the Contemporary Hollywood Blockbuster
- ↑ The Culture Show. [TV]. BBC. 2006-11-04.
- ↑ „'Most costly' celebrity divorces“. BBC NEWS. 13 април 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Pogrebin, Abigail (2005). Stars of David: Prominent Jews Talk about Being Jewish. Bantam Dell Pub Group. ISBN 0767916123.
- ↑ „Biography for Sasha Spielberg“. IMDb. Посетено на 2008-01-15.
- ↑ California Birth Index
- ↑ The Biography Channel - Steven Spielberg Biography
- ↑ California Birth Index
- ↑ Empire: Features
- ↑ „The Clinton's Showbiz Celebration“. BBC News. 2000-01-01. Посетено на 2006-10-21. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Spielberg receives Royal honour“. BBC NEWS. 2001-01-30.
- ↑ American usage of title Sir
- ↑ Article One of the United States Constitution clause 9
- ↑ „Le Président de la République remet les insignes de chevalier de la Légion d'Honneur à M. Steven Spielberg“ (француски). Palais de l'Élysée. 2004-09-05. Архивирано од изворникот на 2007-12-06. Посетено на 2007-09-29. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Spielberg receives Lifetime Achievement Award“. Chicago Film Festival. 2006-07-17. Архивирано од изворникот на 2006-10-16. Посетено на 2006-10-21. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Стивен Спилберг“ на Ризницата ? |
- Стивен Спилберг на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Стивен Спилберг на TCM Movie Database
- Стивен Спилберг библиографија
- Официјална страна на Дримворкс Архивирано на 2 јули 2009 г.
- Организација SoSVH, формирана од Спилберг
- Тајм 100: Стивен Спилберг
- Стивен Спилберг
- Спилберг на 60 - Емпајр магазин
Биографијата Стивен Спилберг е избрана биографија на порталот за филм за јуни 2008. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана биографија. |