Хилари Даф

американска пејачка и глумица


Хилари Ерхард Даф (англиски: Hilary Erhard Duff) (родена 28 септември 1987) е американска глумица, пејачка, текстописец, претприемач, модел, продуцент и автор. Родена и одгледана во Хјустон, Тексас, Даф се појави во локалните театарски продукции и телевизиски реклами пред стане позната во насловната улога во тинејџерската комедија „Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) на каналот „Дизни“ (анг. Disney Channel). Формирана како тинејџерски идол, Даф ја репризира таа улога во филмот „Малата Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) (2003) и се впушта во филмската индустрија со нејзините почетни филмови „Агент Коди Бенкс“ (анг. Agent Cody Banks) (2003), „Попуст на количина“ (анг. Cheaper by the Dozen) (2003), „Приказна за Пепелашка“ (анг. A Cinderella Story) (2004) и „Попуст на количина 2“ (анг. Cheaper by the Dozen 2) (2005) како дел од најголемите маркетиншки успеси во нејзината кариера.

Хилари Даф
Hilary Duff

Основни информации
Родено имеХилари Ерхард Даф
Роден(а)28 септември 1987
Хјустон, Тексас, САД
ЖанрПоп, рок, денс, баблегум поп
ЗанимањеГлумица, пејачка, текстописец, моден творец, филмски продуцент, spokesperson
ИнструментВокал
Активност1997 — денес
ИздавачWalt Disney (2001—2003)
Buena Vista (2001—2004)
Hollywood (2002—денес)
Мреж. местоOfficial website

Таа исто така учествува во низа на независни филмови со значајни улоги во „Воена Инкорпорација“ (анг. War, Inc.) (2008), „Според Грета“ (анг. According to Greta) (2009) и „Блодворт“ (анг. Bloodworth) (2011). Даф исто така се појавува и во многубројни телевизиски драми и комедии, како што се „Шепот на духови“ (анг. Ghost Whisperer), „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl) и „Два и пол мажи“ (анг. Two and a Half Men), во прилог на споделување продукциски заслуги. Освен тоа, Даф исто така го позајмува својот глас за неколку анимирани филмови, како што се „Во потрага по Дедо Мраз“ (In Search of Santa) (2004) и „Крилја“ (2013). Во 2013, како гост глуми во посебна епизода од „Дора истражувачот“ (анг. Dora the Explorer). По потпишувањето за Холивуд рекордс, Даф го прошири нејзиниот репертоар за да ја вклучи поп-музиката, и има издадено четири меѓународно успешни студиски албуми. Нејзиниот деби албум, „Метаморфозис“ (анг. Metamorphosis), издаден во 2003, беше тројно сертифициран со платина од Здружението на музичките сниматели на Америка додека последователниот студиски албум „Хилари Даф“ (Hilary Duff) (2004) и албум компилација „Најбаранoтo“ (анг.Most Wanted) (2005) беа и двата сертифицирани со платина. Таа покажа зрелост со издавањето на „Достоинство“ (анг. Dignity) во 2007, којшто е прикажан како промена на нејзиниот стил на звук повеќе ориентиран кон играње. Сертифициран со злато, албумот „Со љубов“ (анг. With Love) ја изроди нејзината највисока позиција на американската сингл листа до моментот, којшто исто така се наоѓаше на број 1 на табелата Хот Денс Клуб песни на списанието „Билборд“. Тоа беше првиот од нејзините три последователни број еден на таа табела. Пред издавањето на „Најдоброто од Хилари Даф“ (анг.Best of Hilary Duff) во 2008 година, компилација од нејзините најголеми хитови, Даф има продадено 13 милиони албуми низ светот и настапувано ширум светот на четири концертни турнеи. Издавањето на „Бест оф“ автоматски го заврши нејзиниот договор со Холивуд рекордс по шест години на служба. По престанокот на нејзиниот договор со Холивуд рекордс, Даф зема неколку годишна пауза од нејзината музичка кариера и се фокусираше на својата глумечка и писателска кариера. Почнувајќи од септември 2013 година, Даф моментално работи на нејзиниот петти студиски албум за кој допрва треба да бидат откриени неговата издавачка куќа, премиерна дата и насловот. Разгранувањето во разни други индустрии, Даф се насочи кон модата со лансирањето на линија на нејзина сопствена облека, „Нешта од Хилари Даф“ и „Femme за DKNY Jeans“, освен тоа што потпиша со ИМГ Моделс и лансираше две ексклузивни колекции на парфеми со Елизабет Арден. „Нешта од Хилари Даф“, сепак, беше прекината во 2008 година, бидејќи Даф престана да има целосна контрола над сопствената линија на облека. За време на нејзината музичка пауза, Даф со помош на авторот Елис Ален, пишува серија од три новели за возрасни младинци. Трилогијата беше објавена под покровителство на корпорацијата „Симон и Шустер“. Првата новела „Еликсир“ беше објавена во октомври 2010 година. „Еликсир“ (анг. Elixir) беше топло прифатена и од критичарите и од обожавателите, и наскоро стана бестселер на „Њујорк Тајмс“. За поголема промоција на „Еликсир“, Даф започна турнеја за книгата наоколу во светот вклучувајќи ги Америка, Бразил, Франција и многу други земји. Огромниот успех на „Еликсир“ беше проследен со неговото продолжение, „Посветено“ (анг. Devoted), објавено во октомври 2011 година. Како што направи со „Еликсир“, Даф го промовираше „Посветено“ со турнеја, но овојпат само во рамките на САД. Последната книга во серијата, „Вистина“ беше објавена во април 2013 година. Трилогијата исто така постигна интернационален интерес со оглед на тоа дека Даф вредно работеше на промоцијата. Покрај глумечките, музички, модни и литературни потфати, Даф исто така придонесе за неколку хуманитарни цели. Меѓу нив беа „Благослови во ранец“ (анг. Blessings in a Backpack), кампања „Мисли пред да зборуваш“ (анг. Think Before You Speak Campaign), а неодамна во 2013 година, „Изгази го насилното однесување“. Што се однесува во врска со нејзиниот личен живот, Даф е омажена за поранешниот НХЛ играч Мајк Комри во 2010 година. Двојката заедно има син, роден во 2012 година.

Живот и кариера

уреди

1987-99: Ран живот и професионални почетоци

уреди

Хилари Ерхард Даф е родена на 28 септември 1987 година во Хјустон, Тексас. Таа пораснала меѓу Хјустон и Сан Антонио со нејзиниот татко Роберт Ерхард Даф, партнер во ланец на продавници во две области, нејзината мајка Сузан Колин (родена Коб), домаќинка која станала филмски и музички продуцент, и нејзината постара сестра Хајли, која исто така е глумица и пејачка. Од рана возраст, Даф тргнала по стапките на нејзината постара сестра и охрабрени од нивната мајка, двете се запишале на часови по глума, пеење и балет. Двете девојки имаат добиено улоги во продукциите на локалниот театар, и заедно на возраст од шест и осум години, учествувале во турнејата „БалетМет“ во продукција на „Наткракер“ во Сан Антонио. Зголемениот интерес за остварување во шоу бизнисот, сестрите Даф и нивната мајка се преселиле во Калифорнија во 1993 година, додека нивниот татко останал во Хјустон за да се грижи за својот бизнис. Сестрите неколку години биле на аудиции и станале дел од многу телевизиски реклами. Благодарение на нејзината глумечка кариера, Даф се школувала дома од 8 годишна возраст. За време на нејзините почетни години на глумење, Даф првенствено играла помали улоги како што е нејзиниот дел во вестерн мини-серијата „Вистинска жена“ (1997) на „Холмарк Ентертејмент“ и делот во ансамблот комедија-драма „Играње според срцето“ (1998). Нејзината прва поголема улога беше како малата вештерка Венди во „Каспер ја среќава Венди“ (анг. Casper Meets Wendy) , основано врз комичните стрипови на Харвеј, коишто беа издадени во 1998 година. Но, кога беше издадено доби претежно негативни коментари. Откако се појавува во споредна улога на Ели во телевизискиот филм „Колекционер на души“ (1999), кој беше основан врз новелата на Кетлин Кејн, Даф ја достигна наградата Најмлад артист за најдобра изведба во ТВ филм или пилот (Споредна млада глумица).

2000-02: Пробив со „Лизи Мекгваер“ и „Уличка на Дедо Мраз“

уреди

Во март 2000 година, Даф се појави во мала гостинска улога како болно дете во медицинската драма „Чикаго Хоуп“ веднаш пред да глуми едно од децата во пилот епизодата на Ен-Би-Си во ситкомот „Дадио“. Нејзиниот партнер во „Дадио“ изјавил: „После првиот ден работејќи со неа, помнам дека ѝ реков на мојата сопруга, ‘Ова младо девојче ќе биде филмска ѕвезда’. Таа беше сосема опуштена со себеси и убаво се чувствуваше во своја кожа“. Како и да е, пред емитувањето на шоуто, продуцентите ја елиминираа Даф. Депримирана, Даф изгуби волја да продолжи понатаму со нејзината глумечка кариера. Една недела подоцна, таа ја доби улогата на Лизи Мекгваер во ново настанатата детска телезивиска серија на каналот „Дизни“, откако нејзината мајка која стана нејзин менаџер во тоа време, ја пријавила на аудицијата. Даф глумеше несмасна тинејџерка која сонува да се вклопи во средината и да биде популарна. Шоуто ја направи Даф популарно домашно име, особено со целната демографска група на пред-тинејџери и адолесценти. Фокусирајќи се на централниот лик, мешовитиот медиумски формат се издвои од останатите тогашни програми на каналот „Дизни“, во суштина, стана предводник на каналот и дефинитивно шоу на почетокот на 2000 година. Шоуто првпат се емитуваше на каналот „Дизни“ на 12 јануари 2001 година, и беше хит рејтинг кој привлече околу 2,3 милиони гледачи по епизода. Како и да е, откако Даф го исполни нејзиниот договор 65 епизоди со Лизи Мекгваер, шоуто заврши.

Иако Дизни сметаше продолжување на франшизата на филмови и ударните телевизиски серии, овие планови пропаднаа поради претставниците на Даф кои рекоа дека таа не била доволно платена за предложената серија. Првата улога на Даф во театрален филм беше во „Човековата природа“ (2002) во кој таа отсликува млада верзија на женски природонаучник, кој го игра Патриша Аркет. Филмот е прикажан прв на фимските фестивали „Кан“ и „Санденс“. Даф исто така глуми како девојка со слободен дух која се бори во строго воено училиште во телевизискиот филм „Кадет Кели“ во 2002 година на каналот „Дизни“ кој стана најгледана програма на мрежата во својата 19 годишна историја. Даф стана заинтересирана во остварување на музичка кариера откако присуствуваше на концертот на радио „Дизни“ во 2001 година. Таа почнала часови за пеење пред да започне нејзината глумечка кариера; во продолжение на ова, така исто така стана една од клиентие на Андре Реке во Холивуд Рекордс. Музичката кариера на Даф започна со два саундтрак настапи: Во 2002 година, таа се појави на саундтракот на серијата „Лизи Мекгваер“, изведувајќи ја кавр верзија од „Не можам да чекам“ на Брук МекКлајмонт, која постигна голем успех на радиото „Дизни“, и компилацијата „ДизниМанија“ на Волт Дизни Рекордс, изведувајќи кавр на „Тики Тики Тики Рум“. Истата година таа објави празничен албум насловен „Уличка на Дедо Мраз“ кој беше колекција од божиќни песни кој вклучува дуети со нејзината сестра, Лил Ромео и Кристина Милиан. Придружен со еден сингл од каналот „Дизни“, „Кажи ми приказна (За претходната ноќ)“, албумот достигна 154 место на албумскиот список на САД Билборд 200 и беше сертифициран со злато. Додека пак нејзините песни беа хитови на Радио Дизни, вклучувајќи ги „Зошто да не?“ и „Од што се направени соништата“, двете од кои беа вклучени во филмот „Лизи Мекгваер“ (2003), Реке и менаџерите на Буена Виста Мјузик груп предвидоа Даф да допре до позрела публика. Даф беше во врска со пејачот Арон Картер меѓу 2001 и 2003 година, пред тој да ја запознае и да биде врска со Линдзи Лохан. Беше објавено дека Картер набргу потоа ја оставил Лохан и се вратил пак на Даф, започнувајќи расправија меѓу двете глумици. Откако Даф се појави со Чед Мајкл Муреј на црвениот тепих на премиерата на „Чуден петок“ (2003) на Лохан, за да потоа разгорувајќи ја кавгата Лохан да се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот на Даф „Попуст на количина“ (2003). Во 2007 година беше објавено дека двете се смириле, така што Лохан ја прифатила поканата на Даф за присуство на нејзината забава за промоција на албумот „Достоинство“. Расправија со Аврил Лавињ исто така направи ударни наслови бидејќи Лавињ ја нарече Даф „мамино девојче“. Двете немаа јавно помирување сè до средината на октомври 2013 година.

2003: „Метаморфозис“, „Агентот Коди Бенкс“ и „Попуст на количина“

уреди
 
Даф на MuchMusic Video Awards (2007)

Даф го објави својот дебитантски албум „Метаморфозис“ во 2003 година. Албумот доби мешани критики од музичките критичари; некои го поздравија поради тоа што е модерен баблгам албум, додека другите сметаа дека албумот е промоционален трик за музичката кариера на Даф, без вистинска содржина. Сепак „Метаморфозис“ достигна број еден на Билборд 200 и Канадските листи на албуми, и е продаден во повеќе од 5 милиони копии ширум светот до крајот на 2005 година. Водечкиот сингл на албумот „Значи вчера“ беше топ десет хит во неколку земји иако не воодушеви во нејзината родна Америка; нејзиниот следбеник „Кам клин“ (анг. Come Clean) го имаше истиот ефект и беше избран за насловна песна за „Лагуна Бич: Вистинскиот округ Оринџ“ (анг. Laguna Beach: The Real Orange County). Третиот сингл „Литл Војс“, не беше објавен во САД, но беше минорен хит во Австралија. Даф понатаму го промовираше албумот со „Метаморфозис турнеја“ која се одржа од ноември до декември 2003 година. Повеќето од шоуата што беа закажани во поглемите градови беа распродадени. „Метаморфозис“ ѝ ја донесе на Даф нејзината прва Кидс Чојс Аворд за најомилена женска пејачка, а исто така и награда за Најдобар нов женски артист на Ворлд Мјузик Авордс во 2004 година. Пред започнувањето на нова американска турнеја, насловена „Мост вонтед“, којашто таа ја водеше од јули до септември 2004 година, Даф исто така сними кавр од селекцијата Д Го-Го „Нашите усни се запечатени“, со нејзината сестра Хајли, за оригиналниот саундтрак на „Приказна за Пепелашка“. Во 2003 година, Даф ја доби нејзината прва најголема улога во игран филм кога глумеше заедно со Френки Муниз, глумејќи го неговиот љубовен интерес во „Агентот Коди Бенкс“. Филмот доби позитивни критики; Скот Фоундас од магазинот „Верајати“ ја означи изведбата на Даф како „шармантна“, иако мислел дека таа била „маргинализирана со она што малку го направила во поголемиот дел од времето“. Истата година, Даф ја репризираше нејзината улога како Лизи Мекгваер за филмот „Лизи Мекгваер“. Доби мешовити критики; некои остро ги критикуваа нејзините глумечки способности додека Дејвид Левин го нарече тоа „срамна промоција на сликата на Даф“. Подоцна таа година, Даф глумеше едно од 12те деца на Стив Мартин и Бони Хант во семејниот филм „Попуст на количина“, римејк на филм од 1950 година, кој останува нејзина најголема заработувачка од филм до денес, и покрај непофалните критики за глумата на Даф. Критичарот Ник Шагер од списанието „Слент“ напиша дека Даф „Не прави ништо повеќе од тоа да изгледа весело и стилно“. Даф исто така направи неколку гостувања во телевизиски емисии кои ја вклучуваат улогата на продавач на козметика во 2003 година во епизода на Џорџ Лопес; таа подоцна повторно се појави во шоуто во 2005 година како Кензи, феминистички поет, пријател на ликот Кармен (Масиела Луша). Во 2003 година, таа исто така толкуваше една од „Шангри-Лас“ наспроти нејзината сестра Хајли во втората сезона од „Американ дримс“, додека во 2005 година, таа играше соученик и обожавател на главниот лик во „Џоен оф Аркадија“

2004-06: „Хилари Даф“, „Попуст на количина 2“ и „Најбараното“

уреди
 
Даф за време на интервјуто за MuchMusic (2007)

Во јули 2004 година, 16 годишната Даф почна да се забавува со пејачот на „Гуд Чарлот“ Џоел Маден, кој тогаш имаше 25 години. После долг период на таблоидни шпекулации, Сузан мајката на Даф ја објавни нивната врска во јуни 2005 години во интервју за списанието „Севентин“. Во ноември 2006 година, Даф и Маден раскинаа. Истата година, родителите на Даф се разведоа после 22 години брачна заедница. Таа напиша за болката која ја преживеала од разделбата во нејзините песни „Странец“ и „Џипси вомен“ за нејзиниот четврти студиски албум, „Достоинство“. Објавен на 17тиот роденден на Даф во 2004 година, нејзиниот втор студиски албум беше насловен „Хилари Даф“. Овојпат таа беше повеќе вклучена во изработката на албумот преку пишување на песните, сакајќи тоа да биде нејзиното заминување од имиџот на младата Лизи Мекгваер. Албумот помина подобро отколку „Метаморфозис“ кој беше негативно критикуван и неа ја споредуваа со Аврил Лавињ и Ешли Симпсон. И покрај тоа што нејзините два синглови „Летај“ и „Некој ме чува од небото“, не се големи хитови, албумот дебитираше на второ место на списокот на Билборд 200, продавајќи се во 192,000 копии во првата недела и станувајќи нејзиниот втор по ред број еден деби во Канада. Албумот насловен по неа се продаде во 1,8 милион примероци во САД и беше сертифициран со платина од РИАА. Со здружување на силите со нејзината сестра, Даф исто така сними кавр верзија на песната на Мадона „Материјални девојки“ за саундтракот на нивниот филм „Материјални девојки“ во 2006 година. Во 2004 година, таа глумеше во романтична комедија „Приказна за Пепелашка“ заедно со Чад Мајкл Муреј. Коментарите за нејзината глума беа главно негативни: „нејзиното појавување лежи токму во тоа што е Хилари Даф“, пишува критичарката Сара Чаунци. Сепак филмот стана модератоски бокс офис хит и некои од критичарите беа импресионирани од појавата на Даф. Подоцна истата година, таа глуми во „Крени глас“ (анг. Raise Your Voice), нејзиниот прв драма филм. Додека некои критичари ја пофалија за појавувањето во многу позрела и сериозна улога од нејзините претходни филмови, самиот филм тешко ги даде очекувани резултати и не беше успешен во бокс офисот. Неколку коментари беа рамнодушни спрема нејзиното глумење и беа критични за вокалот на Даф, со критики посочувајќи дека нејзиниот глас е дигитално подобрен. Нејзините улоги во двата филма во комбинација ја доведоа до нејзината прва номинација „Razzie“ за најлоша глумица во 2004 година. Нејзината последователна улога во „Совршениот маж“ (анг. The Perfect Man) и репризирањето на нејзиниот лик во римејкот на филмот „Бел он деј тојс“ (анг. Belles on Their Toes), „Попуст на количина 2“ (анг. Cheaper by the Dozen 2), и двата издадени во 2005 година, комбинација која резултира во нејзина втора „Razzie“ номинација за најлоша глумица во 2005 година. Мет Сингер на „Вилиџ Војс“ напиша за прво споменатото, во кое таа глуми заедно со Хедер Локлир и Крис Нот, „Даф игра стандарден лик – интровертен романтичар кој се вљубува во момче чија нападна надворешност противречи на уметничка душа“. Но имаше лош прием и критички и комерцијално. Второ споменатото, коешто беше помалку успешно како првиот „Попуст на количина“, не помина добро кај критичарите. „Изгледа како Даф само побргу би била во различен филм“ прочитајте груба критика напиша Мајк Кларк за „Америка денес“. Покрај тоа, сестрите Даф ги позајмуваат нивните гласови за компјутерски анимираната комедија „Фудлајт“ (анг. Foodlight) кон крајот на 2005 година, но филмот никогаш не беше планиран за театрална реализација. Даф повторно се спари со нејзината сестра во сатиричната комедија „Материјални девојки“ (анг. Material Girls) во 2006 година, но беше неуспешна и комерцијално и критички, донесувајќи им на сестрите заедничка номинација за Најлоша глумица, станувајќи трета последователна номинација на Хилари во оваа област во три години. Тие исто така беа номинирани за Најлоша филмска двојка. Во 2006 година, Даф беше прогонувана од 19 годишниот руски имигрант идентификуван како Макс и неговиот 50 годишен цимер Дејвид Џозеф Клајн. Таа поднесе барање за забрана на приоѓање против двајцата мажи, тврдејќи дека Макс „се заканувал дека ќе се самоубие“ за да го привлече нејзинито внимание. Исто така таа тврдеше дека тој се заканувал дека ќе ги отстрани сите непријатели што му стојат на патот, вклучувајќи го и нејзиното момче во тоа време Џоел Маден. Макс, подоцна идентификуван како Максим Мјасковски, бил осуден на 117 дена затвор.

2007–09: „Достоинство“, „Бест оф Хилари Даф“ и самостојни филмови

уреди
 
Даф настапувајќи (2007)

Даф учествува во пишување на материјалот за нејзиниот трет студиски албум „Достоинство“ (2007), заедно со Кара ДиоГарди, кој го ко-продуцира албумот со Рет Лоренс, Тим и Боб, и Ричард Вижн. За разлика од поп-рок темите од нејзините претходни изданија, „Достоинство“ повеќе е со денс и електропоп звук и употребува повеќе инструменти. Текстовите ги опишуваат настаните кои Даф ги доживеала во годините до издавањето на албумот, додека песните од албумот содржат влијанија од рокенрол и хип-хоп музика. Kритичкиот одговор беше главно позитивно; додека „слабиот“ глас на Даф за пеење беше забележан, албумот беше пофален за неговите текстови и нејзиниот музички правец. По објавувањето, „Достоинство“ дебитираше како број три во САД, понизок врв од претходните албуми на Даф и со помала продажба, коешто „Билборд“ го припишува на губитокот на обожаватели поради нејзината музичка еволуција. И покрај релативно слабите резултати на албумот, го произведе најголемиот максимум на САД сингл до денес, „Со љубов“ (анг. With Love) (број 24) кој исто така се искачи на број еден на списокот на Билборд Хот Денс Клаб Сонгс, станувајќи првиот од нејзините три последователни број еден на оваа листа; вториот нејзин број еден беше „Странец“, третиот сингл од нејзиниот албум. „Достоинство“ достигна во топ десет во неколку земји, и РИАА го сертифицираше со злато во САД. Таа замина на нејзината четвртна концертна турнеја, едноставно наречена „Достоинство“, од јули 2007 до февруари 2008 година, која се одвиваше во Северна Америка, Бразил и Австралија. По ова, Даф има продадено тринаесет милиони албуми ширум светот и изведуваше во целиот свет на четири концертни турнеи.

 
Даф на Tribeca Film Festival (2008)

Специјален телевизиски интроспективен документарец од два дела за Хилари Даф: „Ова е сега“ (анг. This Is Now) беше продуциран за хрониката на враќањето на Даф во музичката индустрија. Снимањето на шоуто траеше две недели и беше снимано и во Америка и во Европа. Беше емитувано на Ем-Ти-Ви во април 2007 година. Даф исто така беше гостин ѕвезда во Енди Милонакис Шоу за неговата трета сезона премиерно во септември 2007 година. Даф беше дел од политичката сатира „Воена Инкорпорација“ во 2007 година. Нејзината улога како пресексуална поп-ѕвезда од Средна Азија освои пофалби, покрај тоа што филмот доби генерално негативни коментари од критичарите. Даф сними две ексклузивни песни, „Бум Бум Бенг Бенг“ и „Сакам да те кренам во воздух“, за нејзината улога како Јоника Бејбијех во филмот. „Воена Инкорпорација“ беше прикажан во едно исклучително ограничено издание во само два театри низ САД. Филмот продолжи понатаму да се прикажува во уште триесет театри ширум САД. Беше втор по големина во остварување на приход во театар. Се затвори на 7 август 2008 година, без пошироко прикажување, со заработувачка од 580,862 долари само во земјата. Најновото издание и првиот албум со најголемите хитови на Даф, беше наречен „Најдобро од Хилари Даф“ (анг.Best of Hilary Duff) во 2008 година. Како „Најбараното“ (Most Wanted) од 2005 година, албумот содржи песни од нејзините претходни три албуми, ремикси и две нови песни: „Рич Аут“ (анг. Reach Out) и „Холидеј“ (анг. Holiday). „Рич Аут“ којшто е примерок од „Личен Исус“ (анг. Personal Jesus) на „Депеш Моуд“, беше објавен еден месец пред објавување на албумот како негов прв сингл. Песната стана трет број еден денс хит во САД, но албумот не успеа да го достигне успехот на неговите претходници. „Бест оф“ беше нејзин прв албум кој не доби ниеден од РИАА сертификатите, и се искачи на бројот 125 на списокот на САД. Даф рече дека се надевала да напише трета нова песна за објавата и да ја објави „Холидеј“ како сингл. Холивуд рекордс подоцна ги укинаа овие планови, додавајќи ги на нивната долга список на откажувања, кои пак ја поттикнаа Даф да донесе одлука да ја напушти издавачката куќа после шест години соработка и да го заврши овој албум за да го заврши побргу нејзиниот договор, којшто предвидувал уште еден албум. Таа најави на Ем-Ти-Ви дека сака да почне да работи на нејзин нов албум во декември 2008 година, но тоа никогаш не се случи.

Во 2009 година, Даф и Ричард Вижн соработуваа на песна наречена „Некој друг ден“ (анг. Any Other Day) за саундтракот на „Ват гоус ап“ (анг. What Goes Up). Во 2009 година, таа глуми во два самостојни драма филмови. Првиот, како насловната улога на млада самоубиствена и бунтовна тинејџерка во „Според Грета“ (анг. According to Greta), доби мешовити критики; Ендрју Баркер од магазинот „Варајети“ го критикуваше пристапот “детска ѕвезда“ на Даф на глума и сакаше таа да држи настрана од тинејџерските забави. Сепак, критичарот Роберт Абел од „Лос Анџелес Тајмс“ напиша дека нејзиниот обид да “ја транформира нејзината светло очевидна исправност во бунтовнo ‘ржење“ во Грета “е храбро“. Вториот, како нарцистичка заводничка во „Ват Гоус Ап“ (анг. What Goes Up), исто така доби мешовити критики. Брајан Ловри од магазинот „Варајети“ констатираше дека изведбата на Даф „навлегува во скоро возрасна улога“ уште ја означи нејзината улога, и филмот генерално како „збунети“. Даф исто така требаше да глуми со Бони Паркер во 2009 година во римејкот на „Бони и Клајд“ насловен како „Приказната на Бони и Клајд“. Нејзиниот партнер, кој требаше да биде Клајд Бароу, беше Кевин Зегерс. Сепак, во 2011 година, беше најавено дека Даф и Зегерс се повлечени од филмот поради конфликти за закажување. И покрај одбиената главна улога на Ени Милс во телевизиската серија „90210“ во почетокот на 2008 година бидејќи таа беше повеќе заинтересирана во потрага по проекти надвор од тинејџерскиот жанр, Даф стекна периодична улога како ѕвезда во третата сезона на „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl).