Галија (музичка група)
Галија е југословенска и српска рок група, основана во Ниш на 4-ти јануари 1976 година. Името го добила по истоимената кафана, каде првично се собирале членовите на бендот. Централни личности на бендот се браќата Ненад (вокал, акустична гитара и хармоника) и Предраг Милосављевиќ (вокал). Тие се еден од најистрајните бендови на југословенскиот и српскиот рокенрол, а изданијата на групата се движеле од прогресивен рок до мејнстрим ориентиран звук.
Низ групата поминале голем број музичари, а сегашната постава ја сочинуваат Ненад Милосављевиќ, Предраг Милосављевиќ, Бобан Павловиќ, Драгутин Јаковљевиќ, Славиша Павловиќ, Иван Илиќ и Горан Антовиќ.
Групата ја одржала првата проба во Домот на културата во Ниш, на 11. април 1976 година година, и го привлекле вниманието на пошироката јавност по победата на Заечарската гитаријада во 1978 година. и настап на Младинскиот фестивал во Суботица, каде на финалето на фестивалот „Млади 78“ била прогласена за вистинско музичко откритие.
По афирмацијата на југословенската музичка сцена следувале концерти и снимањето на првиот студиски албум за ПГП РТБ, кон крајот на 1978 година. Тие вкупно издале 15 албуми.
Историја
уреди1976-1984: прогресивен рок
уредиОсновач на групата е Ненад Милосављевиќ, кој веќе бил познат во Ниш како кантавтор и независен музичар. Тој ја собрал рок групата за да учествува во театарската представа Трета половина во аматерска театарска дружина од Ниш. Првата проба ја одржале на 4. јануари 1976 година во Домот на културата во Ниш. Милосављевиќ на 11ти април 1976 година одржал концерт во Народниот театар во Ниш придружуван од групата Два Лустера, со која по концертот воспоставил соработка и го основал бендот Галија.
Покрај Ненад Милосављевиќ, бендот го сочинуваат и Горан Љубисављевиќ Горча (гитара), Предраг Бранковиќ (бас), Ненад Танчиќ Танча (тапани), Братислав Стаменковиќ (клавијатури) и Предраг Милосављевиќ (придружни вокал). Групата Галија го добила името по истоимената кафеана, каде што постигнале договор за основање на групата. Танчиќ набрзо го напуштил бендот поради неговите воени обврски, а на негово место дошол Бобан Павловиќ, кој во следните години бил еден од ретките постојани членови на Галија.
Во 1978 г. со новиот клавијатурист Зоран Станковиќ, групата го постигнала првиот значаен успех со победата на гитарскиот фестивал во Зајечар, настапувајќи во составот на: Ненад Милосављевиќ (вокал, акустична гитара, усна хармоника), Горан Љубисављевиќ (гитара), Предраг Бранковиќ (бас), Бобан Павловиќ Чалтон (тапани) и Зоран Станковиќ (клавијатури), а на сцената се појавил во униформа од 18 век. Неколку месеци по гитаријадата, тие настапиле на Младинскиот фестивал во Суботица, кога Љубодраг Вукадиновиќ свирел на клавијатури, а Галија биле прогласена за вистинско откровение на Младинскиот фестивал 78. Во текот на 1978 г настапувале како предгрупа на турнејата на групата Смак, по што имале концерт во Студио М со џез групата Мета џез секција во Нови Сад, а на крајот на 1978 г. настапиле во истиот град на фестивалот Бум.
По настапот на фестивалот Бум, Галија добила понуда од ПГП РТБ да го сними првиот студиски албум. Во текот на декември 1978 г снимањето започнало и завршило во 1979 година, кога во јули бил издаден првиот албум на групата насловен Првото пловење, кој добил различни критики. Албумот е снимен во Студио 5 во Белград, а на него имало седум песни. Како вокал на албумот се појавил Предраг, братот на Ненад Милосављевиќ, кој ги напишал најголемиот дел од стиховите. Од албумот се издвоиле хитовите Авантуриста, Госпи и Децимен. Концертната промоција на албумот се одржала во август 1979 година на големата Летна сцена во Ниш. После тоа, групата настапила како предгрупа Бјело дугме на стадионот на ЈНА, а тоа бил и последниот концерт на првата постава на бендот, кој потоа биле напуштен од Љубисављевиќ, Бранковиќ и Вукадиновиќ. Нови членови на бендот станаале бас гитаристот Зоран Радивојевиќ, гитаристот Душан Радојевиќ и клавијатуристот Небојша Марковиќ.
Со новата постава, Галија го завршила снимањето на вториот албум во Студио 5 на ПГП РТБ во почетокот на 1980 година. Групата го издала албумотДруга пловидба во мај 1980 година, исто така за ПГП РТБ. Го продуцирал гитаристот на хеви метал бендот Горди, Златко Манојловиќ. Песните ги компонирал Ненад, а текстовите ги напишал неговиот брат Предраг Милосављевиќ, кој потоа бил претставен како официјален член на групата. Албумот бил промовиран истата година во јуни на концерти во Дом на млади Белград и халата Чаир во Ниш.
Во текот на летото 1980 г. бендот настапил на Сплитскиот фестивал, на стадионот Пољуд, заедно со Азра, Драго Млинарец, Генерација 5, Дадо Топиќ, групите Аеродром, Метак и многу други. Во овој период Галија имала концерти во Зеница и Сараево во Домот на млади Скендерија. Групата постигнала огромен успех во СР БиХ, каде што имала најголема публика до почетокот на распадот на СФРЈ. Истата година, летните концерти на Галија започнале во Макарска и се повторувале во наредните девет години. Во 1980 година, поради воена служба,од групата си заминал тапанарот Бобан Павловиќ, а на негово место привремено дошол Зоран Стаменковиќ. Во овој период составот на групата често се менувал, групата ја напуштил и Небојша Марковиќ, кој накратко бил заменет од Јован Митиќ, а потоа Бане Божиновиќ, на негово место дошол Драган Милорадовиќ. Наместо тапанарот Зоран Стаменковиќ, во групата се приклучил Љубомир Мишиќ, кој бил член до 1982 година, кога во тимот се вратил Бобан Павловиќ. Гитаристот Братислав Стаменковиќ го заменил Душан Радивојевиќ, а потоа на негово место дошол Бане Радуловиќ.
Во 1981 г бендот заедно со Радомир Михајловиќ, бендовите Тунел, Пилоти, Булевар, Силуете и други настапиле на белградскиот рок фестивал во салата Пионир. Во 1982 г бендот го издал третиот студиски албум насловен Сепак верувам во себе (ср: Ипак верујем у себе) кој бил снимен во студиото Блу шед и студио 5 и во Белград. Од албумот се издвоиле песните; Сеуште сонувам (ср: Још увек сањам) и Бурна пијана нок. Во текот на 1982 г во бендот се вратил Бобан Павловиќ. Галија во 1982 година настапила како предгрупа на концертот на Џо Кокер во салата Пионир, а во јуни следната година одржале голем концерт на белградскиот стадион Ташмајдан, каде гостувале бендовите Потоп и Кербер, кои го започнале концертот. По концертот, основачот и клавијатурист на бендот Потоп, Саша Локнер станал член на Галија.
1984-1988: мејнстрим рок
уредиВо октомври 1983 г Галија го снимила својот четврти студиски албум наречен Без нагли скокови (ср: Без наглих скокова). Албумот бил издаден во 1984 година. година, миксуван во Калифорнија САД, снимен во Манчестер, Англија, промовиран во Студентскиот културен центар во Белград на 11. јануари 1985 година, а бил продуциран од бас гитаристот на бендот Гордон Роули, кој претходно соработувал со бендот Кербер. Материјалот најпрво и бил понуден на издавачката куќа Југотон, која одбила да го објави албумот, па бендот повторно го потпишал договорот со ПГП РТБ.
За разлика од претходните изданија, албумот Без наглих скокова не доживеал толкав успех. По објавувањето на албумот, Галија, заедно со бендовите Бајага и Инструктори, Лабораторија звука и Леб и сол, настапиле на концертот во Сараево, одржан за собирање материјални средства за загрозените за време на земјотресот во Копаоник во 1983 година. На крајот на 1983 г, Галија поради своите настапи на јадранскиот брег и летните настапи во Макарска, во анкета за истражувањата на младинскиот туризам била прогласена за најдобро случување во живо на плажа. Концертите во СР БиХ, Војводина и СР Македонија во текот на 1983 година биле многу успешни за бендот. Во Нишкиот музички клуб 81, бендот во тој период, речиси една година, секоја недела организирал концерти на кои изведувакл обработки на странски хитови. Во истиот период, во 1983 г. клавијатуристот Александар Локнер ја напуштил Галија и им се придружил на Бајага и инструкторите, а набрзо бил заменет со Александар Ралев. Во текот на истата година, Жан-Жак Роскам се приклучил на бендот како главен гитарист.
Во 1986 г бендот го издал албумот Крени рака (ср: Дигни руку), а насловната песна на албумот станала популарна меѓу публиката. Снимена е во Студио О во Белград, а објавена за ПГП РТБ. По објавувањето на албумот групата ја напуштил гитаристот Бане Радуловиќ, а на негово место дошол клавијатуристот, гитаристот и флејтист Братислав Бата Златковиќ.
Крајот на осумдесетите годинин во групата се придружил клавијатуристот Братислав Бата Златковиќ, кој дипломирал на Музичката академија во Сараево и почнал да работи со текстописецот Радоман Кањевац, и донеле нови идеји во работата на групата. Кањевац ја дал идеата за издавање на трилогија на албумот кој ќе се бави со проблемите на СФРЈ во транзиција, а Златковиќ вовел поп-фолк мелос во звукот на групата. Во албумот Далеку е сонцето(ср: Далеко је сунце) од 1988 сниман во студио Ша-на-на во Белград, а го именувале албумот по романот на Добрица Ќосиќ, како гости учестувале Корнелије Ковач, Саша Локнер, Ненад Стефановиќ, Иван Вдовиќ, трубачки окестар Фејат Сејдиќ и многу други музичари. Песните на албумот го добиле името по делата на писателите Бранко Ќопиќ, Иво Андриќ, Лаза Лазаревиќ, Добрица Ќосиќ и Алекса Шантиќ. Најпопуларни песни од албумот е баладата Дали спиеше (ср: Дали си спавала) и фолк-оренитрана нумера Ја знаеме судбината(ср: Ми знамо судбу). Пред нив вниманието на публиката го привлекле и песните: Интимни односи, Орлите рано летаат (ср: Орлови рано лете) и Како и обично. Албумот е промовиран со концертите во Белградскиот дом на млади и во Нишкиот Музички клуб 81, на кој Галија прославила десет години од постоењето.
По објавувањето на албумот Далеко је Сунце, Зоран Радосављевиќ го напуштил бендот и на негово место дошол Предраг Милановиќ. Вториот дел од трилогијата, наречен Чекор кон слободата, е снимен во Студио 6 на Радио Телевизија Белград, а објавен во 1989 година. Албумот го продуцирал Саша Хабиќ, а текстот го напишале Кањевац и Предраг Милосављевиќ. На песната Слобода како вокал учествувале Горан Шепа, основачот на групата Кербер, Славиша Павловиќ Стенли свирел на бас гитара, а на албумот гостувал и трубачот Бобан Марковиќ. Од албумот вниманието на публиката го привлекле песните На твоите усни (ср: На твојим уснама), Копаоник, Чекор до слобода (ср: Корак до слободе) и Кога ќе ме погледнеш (ср: Кад ме погледаш). Реге песната наречена Љубовна песма има иронична содржина за растечкиот национализам во СФРЈ. Набргу по објавувањето на албумот, на бендот му се придружил новиот гитарист Душан Караџиќ. Новиот албум бил промовиран со концерт во улицата Душанова во Ниш, пред околу 20.000 луѓе.
На почетокот на 1990 г, Галија настапила со Рибља чорба, Викторија, Валентино и Бајага и инструктори во Темишвар, на тридневен концерт, кој бил организиран два месеци по Романската револуција. Истата година, Галија го издала компилацискиот албум Још увек сањам најголеми хитови, во кој биле вклучени некои од старите песни, повторно снимени. За време на првите повеќепартиски избори во Југославија, Галија, по идеја на Кањевац и новинарот Петар Пеца Поповиќ, снимила ЕП со песните Тој е ист како него (ср: Он је исти као он) споредувајќи ги Јосип Броз Тито и Слободан Милошевиќ, Ти си моја партија, После се (ср: После свега) и песната Комуниста на која како вокал гостувал Шабан Бајрамовиќ. ЕП имал провокативни текстови за неизвесната иднина на земјата, а поради политичка цензура никогаш не бил објавен.
Со албумот „Историја, ти и ја“ издаден во 1991 г. година, била објавена трилогија. Албумот бил снимен во студиото на РТВ Црна Гора во Подгорица, во студиото 13 на ПГП РТБ во Белград и Студио Рококо во Загреб. Албумот бил продуциран од членот на групата Валентино, Никша Братош, а на него гостувале Саша Локнер, Славиша Павловиќ, Бора Дугиќ и групата Ренесан. Албумот „Историја, ти и ја“ вклучува некои од најголемите хитови на Галија, како што се Скадарска, Трубе, Да ме нису, Трава и Сети се Маја. Набргу по објавувањето на албумот, Роскам ја напуштил СФРЈ поради зголемените тензии во земјата, а на негово место дошол Драгутин Јаковљевиќ, кој го имал својот прв настап со Галија на 11. јуни 1991 година на Градскиот стадион во Земун во Србија кога Галија настапила како предгрупа за Боб Дилан. Во сараевскиот клуб ФИС Галија настапила на 14. септември 1991 година што бил нивниот последен настап во овој град во следните 20 години.
Во средината на 1991 групата го издала компилацискиот албум Ниту војна ниту мир (ср: Ни рат ни мир)(Одломци из трилогије) во нов состав, кој се состои од песни од трилогијата и две нови песни Православие/Мостот на Дрина (ср: Православље / На Дрини ќуприја), кои подоцна биле објавени како сингл, и се претставиле пред публиката на нивниот концерт одржан во 20ти декември 1991 година во Сава Центар, каде што како гости музичари учествувале оркестарот на Фејат Сејдиќ, хорот Св. Ѓорѓе и пијанистот Милош Петровиќ.
Галија одржала уште еден концерт во Сава Центар. 25ти декември 1992 година во рамките на одбележувањето на стогодишнината на издавачката куќа Српско книжевно друштво. За оваа прилика снимале уште еден подарок-сингл наречен Еднаш во сто години, а на снимањето учествувал гитаристот Драган Јовановиќ Крле (Генерација 5), Александар Локнер и Славиша Павловиќ Стенли, додека за продукцијата бил задолжен Саша Хабиќ. На почетокот на 1993 Златковиќ и Живковиќ ја напуштиле Галија, Оливер Јездиќ станал нов клавијатурист, а Братислав Милошевиќ нов бас гитарист.
Двојниот албум Караван е сниман во Кипар, објавен во 1994 година, а го продуцирал Саша Хабиќ. Текстот за албумот го напишале Кањевац и Предраг Милосављевиќ. На албумот гостин бил Драган Јовановиќ, гитарист на групата Генерација 5. Ова бил и последниот албум на групата на кој Радоман Кањевац соработувал како текстописец.
1994-2000: по Кањевац и без Предраг Милосављевиќ
уредиВо текот на летото 1994 г. албумот Караван бил промовиран на голем број бесплатни концерти, вклучително и концерти во паркот на Стариот дворец во Белград на 30. Септември на кој присуствувале 150.000 луѓе и концертот во Ниш Чаир каде имало повеќе од 100.000 посетители. Во 1995 г групата го промовирала Караван на плоштадите во Подгорица и Никшиќ.
Во средината на 1990-тите, Галија ја промовирала тогаш владејачката Социјалистичка партија на Србија, што довело до тоа дел од нивната публика и музички критичари да ја прогласат Галија за „државен бенд“.
Во 1996 година, групата објавила албум „Тринаесет“, сниман во Нови Сад во Студио М и Студио Дум дум. Покрај текстовите на Предраг Милосавњевиќ, имало текстови и од Бранко Радиќевиќ, Стеван Раичковиќ и Петар Пајиќ. Гости на албумот биле: Оги Радивојевиќ (клавијатура) и Славиша Павловиќ Стенли (бас гитара), а албумот е промовиран во хала Чаир во Ниш и во Стуренскиот град во Белград. Во текот на наредните години бендот објавил компилациски албум Вечна пловидба (ср: Вечита пловидба) снимен во студијата Пинк и О во Белград и студиски албум Да сакаш, да сакаш (ср: Волети волети) од кој највеќе внимание на публиката ја привлекла песната „Котор“. Пред снимање на албумот бендот го напуштил Предраг Милосавњебиќ. Клавијатура на албумот „Волети волети“ свирел како гост Милан Ѓурѓевиќ, а Славиша Павкивуќ Стенли станал член на бендот. Аражман за песната Котор и албумот, нов и модерен звук на Галија изработил гитаристот Драгутин Јаковљавиќ.
Албумот е промовиран на концерти во спорските сали во Приштина и Бања Лука, а во 1998 во српскиот народен театар во Нови Сад, во Сава центар во Белград и салата Чаир во Ниш. Клавијатура на концертите свирел Александар Локнер.
Видео од концертот одржан во спортскиот центар Чаир, 8. март 1998 година било објавено на албумот во живо Јас сум оттука (ср: Ја јесам оддавде). На тој концерт бендот настапил со состав: Ненад Милосављевиќ (акустична гитара и вокал), Саша Ранѓеловиќ (гитара), Драгутин Јаковљевиќ (гитара), Саша Локнер (клавијатури), Бобан Павловиќ (тапани) и Славиша Павслов ). Во 1999 г бендот го издал студискиот албум Јужњачка утеха, кој бил снимен во студиото Пинк, а издаден за ПГП РТС. Албумот вклучувал аранжмани на Галија за традиционална музика од Србија и Македонија, а се истакнале песните Димитријо и Калчина кафана. Набргу по објавувањето на албумот, бендот направил пауза.
2001—2009: концерти и нов бенд
уредиВо периодот 2000-2002 г. Галија одржала голем број концерти во градовите на Република Српска, каде Јан Врба свирел на клавијатури. На почетокот на 2003 г настапувале на новогодишниот концерт во Трговски Слобода во Ниш, каде настапувал и Предраг Милосављевиќ, кој се вратил во групата како текстописец и пејач.
Во текот на 2003 г во студиото на Лазар Ристовски групата работела на снимањето на албумот Добро утро, тоа сум јас со следниов состав: Ненад Милосављевиќ (вокал), Драгутин Јаковљевиќ (гитара), Јан Врба (клавијатури), Бобан Павловиќ (тапани) и Славиша Паловиќ (бас гитара). Албумот бил издаден во 2005 година. година, а на албумот како гости музичари се појавиле Лазар Ристовски (клавијатури), Александра Ковач и Кристина Ковач (придружни вокали), додека за продукцијата биле задолжени Ненад Милосављевиќ и Драгутин Јаковљевиќ. Снимени биле видео клипови за песните Вера, Можеби сум луда и Се можеш.
Во август 2006 г Иван Илиќ станал постојан клавијатурист на Галија. Во периодот 2006-2008 г. групата настапувала низ Србија, Црна Гора и Република Српска, а во 2008 г. година и на фестивалот на пивото во Белград, каде гитара свирел Милош Крстиќ, кој подоцна станал постојан член на групата.
Во 2009 г ПГП РТС објавиле компилација со наслов Најголемите хитови на Галија, со дигитално обработени осумнаесет песни од групата. Исто, 2009 година Галија била гостин на фестивалот во Нишевац .
Со цел да прослави 30 години од објавувањето на деби албумот Прва пловидба, бендот го издал двојниот компилациски албум Ma Ожени ме со музика, кој содржал 33 песни снимени во периодот 1979-1996 година како и ДВД наречено Камера како сведок, со 19 промотивни видеа што бендот ги снимил во тој период.
2010—2020
уредиВо текот на 2010 г нов член на Галија станал клавијатуристот од Котор, Горан Антоновиќ.
Галија го издала својот четиринаесетиот студиски албум на 15. октомври 2010 година, под името Место покрај прозорецот. Направени се видео клипови за песните Злосторство и казна во кои се појавил актерот Срѓан Тодоровиќ, Ви чувам место до прозор во режија на Алекса Гајиќ и за песната Не сум тажен.
Песната Још увек сањам во 2011 годин. била изгласана од слушателите на Радио 202, меѓу шеесетте најдобри песни издадени од ПГП- РТБ/ ПГП -РТС во текот на своето шеесетгодишно постоење.
Во мај 2011 г Галија по дваесет години настапила во Сараево. Групата прославила 35 години работа со два концерта во Сава Центар на 22. и 23-ти ноември 2011 година година. На концертите гостувале водителот Иван Ивановиќ, Жан Жак Роскам, актерите Горан Султановиќ, Вук Костиќ, Слобода Миќаловиќ, пејачите Билјана Крстиќ, Кики Лесендриќ и Владо Георгиев, како и многу други. Истата, 2011 година групата ја објавила компилацијата Најдоброто од, во која биле вклучени најголемите хитови за хрватскиот пазар.
На реновираниот стадион Ташмајдан, 22. април 2016 година Галија настапила заедно со Рибља чорба, Пилоти, Електрични оргазам и групата Ван Гог.
Бендот ја прославил својата 40-годишнина со два концерта, од кои првиот бил на фестивалот 5 до 100, кој се одржал на 4. јули 2016 година на Нишката тврдина, каде што настапил и бендот Новембар, кој го прославил 25-ти роденден, и Ван Гог, кој одбележал 30 години постоење. Вториот концерт се одржал во спортската сала Ранко Жеравица, 29. декември 2016 година. На концертот гостувале бендот Време чуда, фронтменот на бендот Кербер Горан Шепа, како и поранешните членови на Галија, Александар Ранѓеловиќ и Саша Локнер. Помеѓу двата концерта, во ноември 2016 г. , бендот го издал рок синглот Нешто ме гони, со кој бил најавен и нов албум.
Петнаесеттиот студиски албум бил најавен со синглот Во рајот на облаците (ср: У рају изнад облака), за кој беше снимен спот во Исланд . Албумот е снимен во студиото на Александар Хабиќ и Ненад Милосављевиќ од 2016 година до средината на 2017 година а објавена на 17 мај 2018 година. Издадено било под покровителство на издавачката куќа ПГП РТС, а содржи десет песни од рок жанрот. Албумот бил промовиран со концерт во Сава центарот во Белград на 9-ти ноември и 16 ноември 2018 година во салата Чаир во Ниш.
Во текот на 2019 г групата одржила концерти во Јагодина, Котор, Теслиќ, Сараево и Мостар. Групата на 15. јуни 2019 година одржала концерт на музички фестивал по повод почетокот на пливачката сезона на Ада Цинганлија, а на 28 Јуни истата година исто така и на Деновите на музиката и пивото во Бања Лука одржале изведба. Галија на 12. јули 2019 година го отворила тридневен фестивал на пивото во Бјелина . Тие настапиле на 9. Август во Крупањското културно лето, а потоа и на „Земун фест“ на 19. август 2019 година во Белград. Галија исто така настапиле во Македонија на 27 август 2019 година во Македонска Каменица.
Галија одржала концерт во Белград на 1. ноември 2019 година во Комбанк сала, што воедно било и нивен прв акустичен настап во Белград по концертот одржан на 6. јануари 1995 во Стариот дворец . На 9 ноември 2019 г. групата имале и концерт во Торонто, Канада.
На 27 февруари 2020 година во Скопје на групата Галија и било доделена наградата „Златна бубамара“ за трајна музичка вредност. По петмесечна пауза од концертите, Галија настапила на карневалот во Панчево во Големиот трговски центар на 19. јуни 2020 година. На 3. септември 2020 година, Галија одржале концерт наречен „Акустично како некогаш“ во амфитеатарот Хераклеја Линкестис во Битола .
2021 година - денес
уредиВо 2021 година изборното жири на фестивалот за кратки музички спотови Адриа награда за видео 2020 година го номинирала видео клипот на групата Галија у рају над облака во категоријата „Најдобра кореографија“. Во текот на 2021 година , групата одржала концерти во Црна Гора, ботаничката градина Јевремовац во Белград, на Белградскиот фестивал на пивото, како и на Мотофест во Бања Лука .
Во текот на 2022 г Галија одржала концерти во Сараево, Белград, Подгорица, Приједор, Димитровград, Врање, Владичин Хан и други градови.
На 1. јануари 2023 година. Галија одржала концерт во Бања Лука. На Ѓачки пазар во Крагуевац групата одржала концерт на 13 јануари 2023 година во пресрет на прославата на јулијанска Нова година. Во првата половина на 2023 г. одржале концерти во Ѓеновиќи, Нови Сад, Србија; Смедерево, Србија; Сараево, Босна и Херцеговина; Врњачка Бања, Србија и други места.
Во јули 2023 година Галија настапила на црногорскиот фестивал на пивото во Цетиње, потоа во Гламоч, Сјеница и на Нушиќијадата во Ивањица. На 6-ти септември 2023 година групата одржала белградски концерт во градината на Техничкиот студентски клуб .
Од крајот на септември 2023 г. до крајот на годината следеле концерти на групата Галија во Бач, Србија; Кладово, Србија ; Котор,Црна Гора и Скопје, Македонија.
2024 година. Галија ја отворила со концерт во Лозница на 4. Јануари на платото пред Домот на културата „Вук Караџиќ“. Групата го одржала својот прв концерт во Амстердам на 20-ти април 2024 година како дел од Мини-фестот, а потоа и концерти во Ужице, Никшиќ и во градината на Клубот на технички студенти, по повод 70. години на постоење на тој клуб. На 20 јуни 2024 година Галија настапила на Белградскиот фестивал на пивото.