Лозница (град во Србија)

Лозницаград во Западна Србија, во регионот Мачва. Градот е сместен на десниот брег на реката Дрина. Во 2011 година, градот имаше 19.572, додека пак пошироката област 79.327 жители.

Лозница
Град
Панорама на Лозница
Панорама на Лозница
Локација во Србија
Локација во Србија
Координати: 44°32′00″N 19°13′33″E / 44.53333° СГШ; 19.22583° ИГД / 44.53333; 19.22583
ДржаваСрбија
ОкругМачвански
Населени места54
Управа
 • ГрадоначалникВидое Петровиќ
Површина
 • Општина612 км2 (236 ми2)
Население (2011)
 • Град19.212
 • Општина79.327
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број15300
Повикувачки број+381 15
ТаблициLO
Мреж. местоloznica.rs

Името доаѓа од зборот лоза. Одамна, имаето на градот беше Лозица, но подоцна се промени во Лозница.

Географија

уреди

Лозница е град во Западна Србија, во регионот Мачва. Градот е сместен на десниот брег на реката Дрина, на границата со Босна и Херцеговина.

Клима

уреди

Лозница има влажна суптропска клима со студени зими, често премногу ладно, поради ветровите од околните планини, и пријатни топли лета. Кога топлиот воздух од Јадранско Море доаѓа во внатрешноста, на североисток оди нагоре и помина низ планинска бариера (Златар и Златибор), се здобива со посилен ефект и понатаму многу брзо продира во Западна Србија. Ова ја прави Лозница една од најжешките градови кога југозападниот ветар дува во Србија.

Историја

уреди
 
Куќата на Вук Караџиќ

Јадар стана дел од регионот Подриње, додека Лозница станал седиште на регионот, кој останува во оваа улога до крајот на 19 век, кога главниот град се пресели во Шабац. Во текот на триесеттите години на 19 век, Лозница имаше 295 куќи со 1203 луѓе и стана центар на административната и политичката моќ на Подриње. Образовниот систем почна да се развива, а болницата е формирана во 1882, започна изградба на индустриски објекти, занаетчии, трговскиот и банкарски сектор почна да се развива. Изградба на железничка пруга помеѓу Шабац, Лозница и Бања Ковиљача е отворена во почетокот на XX век. Првата балканска војна и Првата светска војна го прекинаа економскиот развој и значително се намали бројот на луѓе во Лозница и во неговата околина. По завршувањето на Првата светска војна, Лозница остана регионален центар со околу 5.000 луѓе. Имаше еден краток период на реконструкција и економскиот развој, по што следеше Големата депресија, во која имаше пад на цените на земјоделските производи. До средината на 1930-тите, биле отворени занаетчиски и трговски дуќани, со што дојде до олеснување за економијата. Подоцна, биле отворени рудници за антимон од страна на германските индустријалци кои дополнително ја зајакнаа економијата. Овој раст беше, сепак, доведен до ненадеен застој во почетокот на Втората светска војна. Во јануари 2008 година, според српскиот закон, Лозница доби статус на град.

Стопанство

уреди

Најголемата фабрика во Лозница, ХИ Вискоза Лозница, е отворена во 1957 и има над 10.000 вработени, во време кога градот имаше 18.000 жители. Производството на приколки беше примарна дејност во фабриката ФАК Лозница, и текстил во Мода Лозница.

Поврзано

уреди