Распад на СФРЈ
Распадот на СФРЈ е обележано со низа насилни конфликти на територијата на поранешна Југославија од 1991 до 2001. Војните се одликуваат со жестоки етнички конфликти помеѓу народите на поранешна Југославија, главно меѓу Србите од една и Хрватите, Бошњаците и Албанците од друга страна. Исто така постоеле конфликти и меѓу Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина и Македонците и Албанците во Македонија. Овие обвинети за воени злосторства од страна на Меѓународниот Кривичен Трибунал за бивша Југославија основан од страна на Обединетите Нации.
Распад на СФРЈ | |
---|---|
Анимирана серија од карти кои го покажуваат распадот на СФРЈ.
| |
Учесници | Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ, Радован Караџиќ |
Место | Југославија |
Датум | 1987-1995 |
Исход | Распаѓање на југословенската држава со кое се создале пет нови држави |
СФРЈ се распаднала во деведесеттите години на дваесеттиот век.После смртта на Јосип Броз Тито, Косовските Албанци почнале да бараат статус на република за Косово. Српскиот државен врв во текот на 1989 и 1990 година извршил промени на власта во Црна Гора, Војводина и на Косово,така да добивајќи контрола врз половина Југославија,и исто така добил контрола над 4 од 8те гласови во претседателството на Југославија. После тоа, Словенија и Хрватска прогласуваат независност во 1991 година,а после една година тоа го направија и Босна и Херцеговина и Република Македонија.
Поради тоа што Слободан Милошевиќ му наредил на ЈНА да ги задржи тие држави со употреба насила во Југославија, набрзо после прогласувањето на независноста почнала десетдневната војна во Словенија,каде Југословенската Народна Армија претрпела огромен пораз.После некое време почнала и војната во Хрватска,која се водела помеѓу 1991 и 1995 година. Војната во Босна и Херцеговина,како најкрвна се водела помеѓу 1992 и 1995, и била војна помеѓу Босанските Хрвати, Бошњаците и Босанските Срби.Сепак, и Словенија и Хрватска и Босна стекнале независност и биле признати од голем број на држави во светот и воедно од меѓународната заедница. После војната, и Косово надохнадно се стекна со независност, којашто е до ден денес предмет на расправа и е спорна територија,каде што Косовските Албанци се мнозинство,а Србија заедно со Русија,одбиваат каква било декларација за независност на Косово,без некаков договор помеѓу Косовските Албанци и Срби.Борбите во околината на Прешево во 2001 година и Војната во Македонија во 2001 година се сметаат како помали вооружени конфликти. Во војните биле направени разни воени злосторства, меѓу најужасните во историјата на современа Европа, и поради тоа ООН го основале Меѓународниот Суд за Војни Злосторства со седиште во Хаг,за подрачјето на бивша Југославија за да се казнеле поединците кои направиле криминални злосторства.
Југославија 1945-1980
уредиОд нејзиното формирање на власт била Комунистичката Партија на Југославија (подоцна Сојуз на комунистите на Југославија) на чело со Јосип Броз Тито, кој во 1953 година бил избран за првиот претседател на Југославија. Во текот на владеењето на Тито била спроведена политика на енергично отстранување на секоја појава на нацинализмот од страна на Србите, Хрватите, Словенците, босанските Муслимани и Албанаците. Меѓутоа, и покрај тоа, биле видливи појавите на национализмот особено во Хрватска (афера Маспок 1971).
Паралелно со тоа, во врвот на државното и партиското раководство, се одвивале борби меѓу централистите – предводени од Александар Ранковиќ и федералистите – предводени од Едвард Кардељ. Таа политичка борба завршила во јули 1966 година со Брионскиот пленумом ЦК СКЈ кога страната на Ранковиќ била поразена. Од тој момент започнала и постепената федерализација на земјата која била прогласена со донесување на сојузниот Устав во 1974 година. Тој Устав дал големи овластувања на сите републики, а посебно на покраините во Србија – Војводина и Косово.
Српското државно раководство било незадоволно со ваквото решение, па низ институциите на системот правело обиди да го промени. Така дошло до појавување на Сината книга 1977 година, во која српското раководство ги набројало сите проблеми кои ги има во однос на покраините. Меѓутоа, ситуацијата не се променила.
Кон крајот на 70-тите, Југославија (после големиот економски и земјоделски раст и високиот животен стандард и политичка стабилност) започнала да влегува во економска криза која многу брзо се рефлектирала и на политичките случки и која во наредната деценија се вдлабочила.
Политички случувања по 1980 година
уредиПосле смртта на Јосип Броз Тито во мај 1980 година, Претседателството на СФРЈ како и врховните органи на раководство, ни одблиску немало Титов авторитет како би ја извадиле земјата од криза. Освен економските проблеми, започнале да оживуваат и републичките национализми. Косовските Албанци започнале поотворено да ги изјаснуваат ставовите за прераснување на Косово во седма југословенска република. Во март и април 1981 година, на Косово започнале немири,и масовни демонстрации, кои со примена насила ги разбиле југословенската војска и полиција. Во текот на овие демонстрации во Косово била прогласена вонредна состојба, 9 луѓе загинале, а 250 биле повредени. Како одговор за појавата на албанскиот национализам доаѓа до раст на српскиот национализам која се повикала на заштита на загрозените Срби на Косово. Оваа голема манипулација,со растот на национализмот во републиките,посебно на Косово и во Србија,ќе стане многу скандалозна.Како поттик на овие настани ќе биде наводното силовање (жртвата како и истражителот зборувале за самоповредување и за силовање) со боца на Косовскиот Србин Ѓорѓе Мартиновиќ, од страна на Албанците. Помалку од месец дена, од ова, (на 25 Maj 1985 година) САНУ почнала да работи на својот познат меморандум за Српската ситуација во Југославија.Меѓутоа, тензијата во таа јужна покраина почнала да расте и инциденти почнале да се создаваат помеѓу Албанците и Србите. Паралелно со тоа, доаѓа до понатамошно пропаѓање на економската криза.
На 24 септември 1986 година, главните точки на меморандумот на САНУ излегол во Српскиот весник Вечерње Новости. Помеѓу останатото, авторите на овој меморандум напишале дека Албанците вршат геноцид над Србите во Косово,Словенија и Хрватска ја преземаат контролата на српската економија и дека Србија дала најмногу жртви за Југославија во двете светски војни,а сега е жртва на таа држава. Тогашниот претседател на Србија Иван Стамболиќ одма по објавувањето изјавил дека меморандумот бил смртоносен воен манифест за српските комесари, но тој негов протест поминал без реакции. Следните дваесет месеци поминуваат во пораст на српскиот национализам и борба за власт каде се извршува промена на Стамболиќ кој јасно го осудил меморандумот и говорот на Милошевиќ на Косово (Никој не смеј вас да ве тепа). Стамболиќ на гласањето на лигата на комунистите на Србија бил поразен од Милошевиќ,кој станал нов претседател на Српската Комунистичка Партија.
Порастот на национализмот во Србија како и изборот на Милошевиќ за тамошен претседател на комунистите предизвикал реакција на Југословенската војсна, така што министерот за одбрана Бранко Мамула барал промена на Милошевиќ. Но, Мамула тогаш добил отказ, и Вељко Кадијевиќ бил поставен како нов Југословенски министер за одбрана на 15 мај 1988 година. На последниот републички партиски конгрес и своето заминување од функцијата, секретарот на претседателството на сојузот на комунисти на Хрватска Драгутин Димитровиќ се изборил,заедно со истомислениците, за историска одлука за распишување на демократски избори во Хрватска,а Целестин Сарделиќ, членот на претседателството на централниот комитет при сојузот на комунистите на Хрватска, бил еден од водачите на реформските струи,кој подоцна умрел.Истата оваа политика,во однос на настојувањата на Милошевиќ почнал да ја применува и Ивица Рачан.
Доаѓањето на Милошевиќ
уредиНа 24 април 1987 година, членот на Централниот комитет на Сојузот на Комунистите на Србија Слободан Милошевиќ заедно со покраинскиот партиски функционер Азем Власиј, го посетиле Косово Поле, каде што се состанал со тамошните Срби кои се жалеле на теророт од Албанците. При посетата на Милошевиќ дошло до конфликти на народот и полицијата каде што Милошевиќ јавно застанал на страна на косовските Срби зборувајќи дека “Никој не смее да ве тепа”. Овие настани предизвикале раправии во српскиот државен врв. Понатаму, после убиството на војник од ЈНА во Парачин на 11 септември 1987 година кој го извршил албанецот Азис Кељеменди, во српските медиуми започнала кампања против Албанците кај што се тврдело дека тоа било злостор против Југославија. Низ Србија биле каменувани продавниците во сопственост на Албанци. На седницата на Белградската партиска организација, претседателот на градската организација Драгиша Павловиќ ја критикувал националистичката појава.
Милошевиќ се свртел против својот ментор и тогашниот претседател на Србија Иван Стамболиќ. Во септември била одржана Осмата седница на ЦК СК на Србија, на која Милошевиќ ги тргал од вискоите позиции Павловиќ и блиските соработници на Стамболиќ, а три месеци подоцна и самиот Стамболиќ бил разрешен од должноста. Од тогаш почнува да се менува српската политика према Косово, Војводина и другите републи. Почнало време на организирани митинзи кои имале за цел буткање на високите номенклатури во власта.
Пучеви
уредиНајпрвин, преку демонстрации во октомври 1988 година, било променето покраинското раководство и парламентот во Војводина.Членовите на парламентот и владата биле заменети со луѓе лојални на Милошевиќ во тнр Антибиократска револуција или Јогурт револуцијата. Многу бргу по ова, исто така преку вршење притисоци со помош на демонстрации, после три месеци била променета власта во Црна Гора.Новите јаки луѓе во Црна Гора тогаш постануваат Момир Булатовиќ, Мило Ѓукановиќ и Светозар Маровиќ кои биле поврзани со Милошевиќ.Пред падот на владата во Црна Гора, доаѓа до промена на владата во Косово,која била заменета со луѓе лојални на Милошевиќ.За само три месеци,Србија добила 4 од можните 8 гласови во Југословенското претседателство,кое оправувало со државата. Тогаш станало јасно дека целта била апсолутна Српска доминација во Југославија,во спротивност на шест рамноправни народи. На Косово на 20 февруари 1989 година започнал штрајк на рударите во рудникот Стари Трг, во околина на Приштина. Рударите барале да не се примена на најавените уставни и политички промени, како и најавената промена на покраинските раководители
На 28 октомври 1989 година, Милошевиќ одржал говор на Газиместан каде рекол неколку контроверзни реченици,кои ја променале целата Српска политика врз Косово и врз цела Југославија: "Повторно сме пред битките и во битките. Тие не се оружени, но сепак ни такви сѐ уште не се исклучени". Исто така тој рекол и една контроверзна парола "Сите Срби мораат да живеат во една држава".
Кога било објавено дека се планира да се одржи уште еден митинг на вистината во Словенија на први ноември 1989 година, Јанез Јанша одма реагирал и повремено забранил собири од страв дека таканаречената Јогурт револуција,би можела да се прошири и во Словенија, и теоретски би можело да се изврши пуч врз Љубљана. Исто така, Хрватска му забранила на Српските протестанти да поминат преку нејзина територија за да одат во Словенија, така што во Љубљана се собрале само 50 демостранти. Србија на тоа започнала краткотраен бојкот на Словенски производи и економска блокада на Словенија.
Милошевиќ од југословенското раководство побарал воведување на вонредна состојба во Косово. Пред сојузното собрание се собрале косовските Срби. Главниот словенски политичар Милан Кучан на 27 февруари го напуштил состанокот и истата вечер на собирот во Цанкаревиот дом изјавил дека во стариот Трг се брани авнојска Југославија. Оваа изјава во Србија наишла на негативна реакција, и истата вечер група студенти од Белградскиот Универзитет тргнала кон сојузниот парламент, а наскоро во таа колона се придружиле поголем број на граѓани. Следниот ден, на 28 февруари, работниците добиле слободен ден и околу 300,000 луѓе, по процена на ТВ Белград, протестирале пред Сојузното собрание во Белград. Говорниците се менувале, но никој не можел да ја смири масата, која барала да се обрати претседателот на Србија. Слободан Милошевиќ го направил тоа. На скандирањето на масата која барала апсење на косовскиот функционер Азем Власи, Милошевиќ одговорил дека ќе го исполни тоа барање.
Многу брзо после апсењето на Власи и промена на покраинската косовска влада, Претседателсвото на СФРЈ вовело вондредна состојба на Косово на 3 март. Со помош на силите на српската полиција во рудникот била задушена побуната на албанските рудари.
На 28 март, Собранието на Србија го укинува високиот степен на автономија на Војводина и Косово, и ѓи враќа во државно-правниот рамка на СР Србија
Состојбата во 1989
уредиВо 1989 година биле создадени услови за распаѓање на СФРЈ. Крајот на блоковската поделба и рушењето на Берлинскиот ѕид во 1989 година истовремено го означил и почетокот на демократизација на земјите од источна Европа, но и почеток на новата надворешна политика на САД и на Западот спрема источна Европа и спрема СФРЈ. Крајот на источниот политички систем не претставувал и крај за политичкиот систем во СФРЈ. Новосоздадените светски политички прилики од темел го измениле односот насила во светската политика и односот насила во СФРЈ и истовремено го донеле во прашање опстанокот на комунистичкиот политички систем во СФРЈ и преминување на демократија. Исчезнувањето на источниот политички систем и барањата за промена и во СФРЈ изненадно го донеле во прашање и опстанокот на СФРЈ како целина. Прашањето за реформи на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ, кој Едвард Кардељ го покренал во седумдесеттите, и надворешната политика се двата фактори кои најмногу влијаеле на распаѓањето.
Од 1989 година нагло се влошиле односите помеѓу Србија и останатите југословенски република, особено со Словенија. После одржаниот митинг по повод 600 години од Косовската битка, во јуни 1989,почнуваат меѓусебните оптужувања помеѓу Белград и Љубљана. Прво во септември Словенија прогласила амандмани на свој Устав, со тоа прогласувајќи го поприоритететно републичкото законодавство од сојузното, а после на 1 декември словенската полиција го забранила одржувањето на митингот на група Срби кои се противеле на овие промени.
Хрватското раководство му помогнало на словенското така што забранило поминување на Србите од Косово и Метохија кои сакале да присуствуваат на овој митинг. Раководството на СР Србија на тоа одговорило со воведување економски санкции против СР Словенија. Прашањето на политичкиот систем на СФРЈ после 1989 година станало предмет на посебно интересирање на САД и на Западот. Надворешната политика на Америка и Западот кон СФРЈ му поставувало прашање на политичкиот систем на СФРЈ како поважно од единството и зачувувањето на СФРЈ како држава.
Српските и црногорските политичари сметале дека не е потребна промена на политичкиот систем. Милошевоќ сѐ уште барал начин да го унапреди социјалистичкиот политички систем и изјавувал : ”Ние ќе влеземе во Европа, но секако како рамноправни членови и секако, се подразбира, на нашиот југословенски и социјалистички начин”. Според ова српската власт за иднина ја предвидувала Југославија како централисичка на чело со Сојузот на комунистите на Југославија.
Мира Марковиќ, жена на претседателот на Претседателството на СР Србија, изјавила : “Дали ќе живееме во социјалистичко или некое друго дрштво нема да одлучуваме со гласање и дискусија. Јуфославија (СФРЈ) до социјализмот не дошла со дискусија, па ни со дискусија нема да го изгуби” што претставувало слика на политичката клима која била доминантна во српската власт.Словенците се залагале за Југославија како држава од кофедерален тип, со можност секоја република да има право на самоопределување дали Југославија ќе остане или не.
Исчезнување на СКЈ и пораст на националзмот
уредиКако би се решило прашањето на иднината на Југославија, српските раководители барале одржување на 14-иот вондреден конгрес на СКЈ. Тој бил одржан од 20 до 22 јануари 1990 година во Белград. Во тоа време Југославија сѐ уште била еднопартиска држава. Српските политичари на власт во 1989 г. одбивале секаков разговор за промена на политичкиот систем. На конгресот сите српски предлози биле прифатени со убедливо поголем број гласови, додека словенските предлози за реорганизација на југословенската партија и политичкиот систем на СФРЈ биле одбиени со гласање.
Српското раководство набрзо го одбило словенскиот предлог за создавање на асиметрична федерација. Подоцна бил одбиен и заедничкиот предлог на Хрватска и Словенија за создавање на конфедерација. После два дена вербална војна, словенската делегација го напуштила конгресот. Хрватската делегација не сакала конгресот до продолжи без присуство на словенската делегација, па и таа го напуштила конгресот. После ова доаѓа до распаѓање на СКЈ, што било вовед во распаѓањето на Југославија.
1990 година во сите југословенски републики биле одржани повеќепартиски избори. Комунистичките партиии ја изгубиле васта во четири републики (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија), освен во Србија каде што победила Социјалистичката партија на Србија (основана со здружување на Сојузот на комунистите на Србија и Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Србија) и во Црна Гора во која победила Демократскатаа партија на социјалистите(на чело со Момир Булатовиќ и Мило Ѓукановиќ).
Новата политичка слика на просторите на Југославија воглавно ја создале луѓе кои и порано се занимавале со политика, но тогаш повеќето застапувале различни погледи:
- Во Словенија на место на претседател дошол Милан Кучан, поранешен комуниста.
- Во Хрватска на место на претседател дошол Фрањо Туѓман, генерал во ЈНА, поранешен комунист - избркан од Комунистичката партија.
- Во Босна и Херцеговина на место на претседател дошол Алија Изетбеговиќ, политичко верски теократ.
- Во Србија на место на претседател дошол Слободан Милошевиќ, поранешен комунист.
- Во Црна Гора на место на претседател дошол Момир Булатовиќ, поранешен комунист.
- Во Македонија на место на претседател дошол Киро Глигоров, поранешен комунист.
Новата хрватска влада почнала со исфрлување на Србите од сите државни органи. Србија ги осудила тие случувања. Тогаш настанала сериозна национална криза во СФРЈ. Динамиката на развој на случувањата подоцна наметнала нови нерешени прашања. Меѓутоа, СФРЈ сепак не се одржала како единствена целина. Одговорноста за распаѓањето лежи само на тогашните политичари. Србија (а со неа и СФРЈ) ја имала таа несреќа да баш во 1989 г. со неа управувале политичари кои биле заинтерисирани само за својата власт. Тие го застапувале својот, а не општиот интерес. Таа година СФРЈ се нашла во тешка ситуација, пред избор – промена на постоечкиот политички систем и преуредување на државата т.е. распаѓање.
Војни
уредиВојната во Словенија
уредиНа 25 јуни 1991 година формално почнало распаѓањето на Југославија. На тој ден, словенските и хрватските парламенти донеле одлука за прогласување на независност. Меѓутоа, два дена подоцна, единиците на ЈНА тргнале конСловенија за да ја поништат таа одлука. Започнала војна помеѓу припадниците на ЈНА и словенските територијалци, кои ги предводел Јанез Јанша. Војната траела десетина дена. Со почеток на јули Претседателството на СФРЈ донело одлука за повлекување на армијата од Словенија. Дел од армијата се повлекла во Хрватска. При опсадите на војните бази на ЈНА во Словенија, дошло до крвави напади на регуларната војска од страна на словенските територијалци. Исходот на овие напади бил поголем број на загинати војници, кои биле на отслужување на редовниот воен рок и кои имале од 18-23 години.
Војна во Хрватска
уредиСо почеток на 1991 година започнале и конфликтите помеѓу Србите и Хрватите во Хрватска. Претседателсвото на СФРЈ, како главен орган во државата, а на чие чело бил Борислав Јовиќ (претставник на Србија) настојувало да воспостави контрола и да спречи можна војна.Во пролета таа година војната сè повеќе се распалувала. Настанале жестоки прекршоци во Боровта насебла, кај Вуковар.
Во Хрватска во август и септември 1991 година настанала војна помеѓу [[хрватски Срби|хрватските Срби]] и ЈНА против новоформираната хрватска војска. Најпрвин самопрогласената Хрватска им одземала на Србите во Хрватска со УСтав загарантираниот статус на државотворен народ. Србите во Хрватска се самоорганизирале како би ги заштитиле своите легитимни права и животи. Тоа резуртирало со создавањето на Република Српска Краина во 1991 година, како политички израз на волјата на Србите да останат на своето, во својата матична држава Југославија. Најтешките страдања се случиле во Вуковар, каде борбите траеле сè до ноември. Тогаш српските паравоени единици и ЈНА го скршиле хрватскиот отпор и влегле во овој град.
Во јануари 1992 година, потпишан е договор од страна на претседателот на Хрватска Фрањо Туѓман и претседателот на Србија Слободан Милошевиќ за прекин на огнот помеѓу хрватската армија и Србите во Хрватска кои биле поддржавани од ЈНА. Конфликтот се одвивал воКраина на исток од Хрватска каде што поголемата популација биле Срби. Прекин на огнот и дал на Хрватската армија да се спреми подобро за наредната битка.На 4 август 1995 година почнала операцијата на хрватските воени сили “Олуја”, при која хрватските сили го зазеле Книн – престолницата на РСК и предизвикале бегање на повеќе од двесте илјади Срби кои побарале спас во Србија.
Војна во Босна и Херцеговина
уредиВојната во Босна и Херцеговина траела од 6 април 1992 до 14 септември 1995 година и претставува најголем воен конфликт во Европа после Втората светска војна. Војната била предизвикана поради зголемување на национализмот т.е. комплексната комбинација на политичка, друштвена и сигурносна криза која следува после крајот на Студената војна и распаѓањето на СФРЈ. Војната е завршена со потпишувње на Дејтонскиот договор.
По распадот
уредиВо Босна и Херцеговина страдале 100 000 цивили и војници,а најголемо убиство после Втората светска војна во Европа е геноцидот во Сребреница. Тамошната војна била завршена со потпишување на Дејтонскиот мировен договор, кој земјата остро ја поделил на Република Српска и Федерација на БиХ (или Муслиманско Хрватската Федерација). Земјата има комплицирана поделба, и Европските организации заклучиле дека БиХ со вакво уредување нема иднина.Земјата живее со три народи во голема неслога,и членство во ЕУ сега засега не е возможно. Делови од реката Дрина се спорни помеѓу Босна и Херцеговина и Србија; дискусиите продолжуваат со Хрватска околу неколку мали делови од границата поврзани со достапноста на територијалните води околу наум коишто недостигаат конечна ратификација од договорот за границата меѓу двете страни од 1999 година.
Во Словенија војната не оставила големи последици. Земјата демократски се развива,и е членка на ЕУ и НАТО.Единствен проблем во која се навлекла е граничниот спор со Хрватска околу Пиранскиот Залив. Спорот околу Хрватска и Словенија, не е само околу Пиранскиот Залив,и селата кои се наоѓаат во близина на границата се спорни, Словенија исто така протестира на правото на Хрватска за екслузивни економски зони во Јадранското Море, како земја членка која формира граница на ЕУ, Словенија имплементира строга Шенгенска гранични закони кои би ја спречиле илегалната миграција која води низ југоисточна Европа.[1]
Хрватска по војната сè повеќе се опоравува,а бегалците се враќаат во домовите. Единствен поголем проблем е меѓунароното нетрпение и разграничувањето со Словенија.
Во Македонија има кревок мир помеѓу Македонците и Албанското малцинство. Државата е сиромашна, а Грција не и го признава името, така што во моментов е зачленета во ОН под името Бивша Југословенска Република Македонија. ВЈ до 1999 година го држела како окупиран еден планински врв, исто и автопатот.По прогласувањето на независноста на Косово,Косово и Македонија ја комплетираа демаркацијата на границата од двете страни.[2]
Во 2006 година,Црна Гора организираше референдум за независност,каде мнозинството Црногорци се согласиле да се одвојат од унијата со Србија.Во 2008 година,Црна Гора го признала Косово,и вовела задоволство меѓу тамошните Албанци.Локалните Албанци во Плав,Гусиње уживаат големи права,така да насилство не е присутно.Црна Гора сепак е прометен центар на трговијата со цигари и дрога сè до ден денес.Црна Гора се договорила околу прашањето со враќање на долгот за учеството на агресијата врз Хрватска,така да односите со Република Хрватска се нормализирани,по постигнатиот договор со границата помеѓу Хрватска и Црна Гора во делот околу Превлака.
Србија излегла како најголем губитник. Ја изгубила заедницата со Црна Гора, а нема ни контрола над Косово. Единствена земја од Г8 која ја поддржува е Русија. Војдовина исто така бара поголема автономија. Поради вмешаност во 4 војни, САД, ЕУ и ОН му наметнаа санкции во 90-тите.[3][4] По укинувањето на санкциите, и примањето во ОН во 2001 година, Србија се опоравува, од видните остатоци од четништвото.Многу српски интелектуалци ги осудуваат случувањата од 90-тите и се оградуваат од нив.По прогласувањето на независноста на Косово,во февруари 2008 година, Србија со неколку други држави се против САД и нивните сојузници околу признавањето на Косово како суверена и независна држава,етничките Српски општини кои се наоѓаат на северната граница не ја признаваат власта во Приштина,и воедно не ја признаваат Косовско-Српската граница,како резултат на тоа,неколку илјади КФОР мировници го чуваат редот и мирот помеѓу Албанците и Србите во Косовска Митровица,градот на реката Ибар. Србија го ратификува договорот околу границата со Босна и Херцеговина,но има делови од реката Дрина кои сѐ уште се спорни.[5]
Со време почнало да се заработува со некогашните завојувани страни. Некогашните претседатели на Хрватска и на Србија и Црна Гора, Стјепан Месиќ и Светозар Маровиќ, меѓусебно се извиниле еден на друг во име на своите држави во Белград во 2003 година. Поради жртвите тогашниот претседател на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ се извинил и во Сараево поради трагичните случувања од 90-тите,во името на државната заедница на Србија и Црна Гора.[6] На 31 март 2010 година,Српскиот парламент донел резолуција во која се осудуваат злосторствата во Сребреница.[7]
Во 2007 година, гостувајќи на емисијата на ХРТ Недела во два, Српскиот претседател Тадиќ упатил извинување на "целиот Хрватски народ кој го направил несреќен во име од Српскиот народ". Тадиќ сметаше дека за развој на односите на западниот Балкан огромна важност било "да се извиниме на сите за настаните од минатото" и очекувал и претседателите од другите држави, како него, ќе се извинат и на Српскиот народ.[8]
Исто така, Србија формирала суд за војни злосторства, кој почнал да ги прогонува осомничените за војни злосторства. Во 2002 година,Србија го ликвидирала Милошевиќ и го пренесла во Хаг,каде му се судеше за злосторства против човештвото.Истото го снајде и водачот на Босанските Срби Радован Караџиќ,кого Српската полиција го фати и го екстрадира во Хаг во 2008 година.Сè уште се води истрага по Ратко Младиќ.Така досега се фатени осомничените за воени злосторства во Хрватска,БиХ и на Косово.Во Србија исто така отворени се и локални судења за истите воени злосторници.
Создавање на СР Југославија
уредиВо 1992 година била основана Сојузна Република Југославија, како резултат од прогласувањето на независоста на Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Кога била основана, Сојузна Република Југославија во Обединетите Нации и некои поедини држави, особено САД, не сакале да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признаа како држава. СРЈ не била членка на ООН сè до 2000 година, кога стана членка, по Петтооктомвриските промени. СР Југославија се распаднала во 2006 година, по прогласувањето на независноста на Црна Гора. По ова, во 2008 година независност прогласил и Косово, со кое била формирана република Србија.
Литература
уреди- ↑ ЦИА, Disputes - international: Архивирано на 24 април 2020 г., 14-11-2003. Преземено 03-05-2010.
- ↑ ЦИА, Disputes - international: Архивирано на 28 јануари 2018 г., 14-11-2003. Преземено 03-05-2010.
- ↑ „List of International Sanctions Against Serbia“. Global Policy. 2000-08-01. Посетено на 2009-09-08.
- ↑ Serbia under SanctionsBBC
- ↑ ЦИА, Disputes - international: Архивирано на 15 декември 2018 г., 14-11-2003. Преземено 03-05-2010.
- ↑ Serbia and Croatia make historic appology
- ↑ The Times, Serb leader says sorry for ‘evil’ of war in Bosnia Архивирано на 29 јуни 2011 г., 14-11-2003. Преземено 03-05-2010.
- ↑ Srbija: Uhićeni osumnjičeni za zločine na Kosovu, Dnevnik.hr, 13-03-2010.