Копаоник
Копаоник — еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2.017 м).
Копаоник | |
---|---|
Панчиќев Врв зиме | |
Највисока точка | |
Врв | Панчиќев Врв |
Надм. вис. | 2017 м |
Географија | |
Место | централна Србија |
Покраина | RS |
Ова е најважното скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со сместивост од 32.000 скијачи на час.[1][2] Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км2 и се наоѓа во средиштето на венецот.
Историја
уредиВо средниот век, Копаоник бил важен центар на рударството, особено меѓу Саксонците кои се занимавале со оваа стопанска гранка. Била развиена и трговијата со Дубровник.
На подрачјето на Копаоник има неколку стари цркви и манастири: Ѓурѓеви Ступови, Студеница, Сопоќани и Градац како и неколку тврдини. Најблиската средновековна тврдина е Маглич.
Флора и фауна
уредиФлората на Копаоник се одликува со голем број на домородни видови растенија (бука, елка, смрча, тиса, неколку вида јавор, бор и даб). Фауната е исто така разновидна и се разликува од место до место, зависно од околината.
Национален парк
уредиНационалниот парк Копаоник е основан во 1981 г. Има листопадни и зимзелени шуми и разни видови птици како еребицата камењарка, ќукот, сивото свраче и шумската чучурлига.
Националнипт парк е сместен на висорамнината Суво Рудиште, на надморска височина од околу 1.700 м и е опкружен со планински врвови. На север и северозапад од висорамнината се протега Бањски Копаоник, каде се наоѓа Јошаничка Бања. Веднаш под висорамнината започнува живописната долина на Самоковска Река, со карактеристична накосеност, бројни слапови и клисури. Копаоник има преку 200 сончеви денови во годината и преку 160 дена снег.[3]
Скијачки центар
уредиКопаоник | |
---|---|
Хотелот „Небеске Столице“ на Копаоник | |
Место | Копаоник, Србија |
Најблизок град | Брус |
Координати | 43°16′9″N 20°49′21″E / 43.26917° СГШ; 20.82250° ИГД |
Надм. вис. (најгоре) | 2.017 м |
Надм. вис. (најдолу) | 1.770 м |
Скијачка површина | 70 км |
Најдолга патека | 3,5 км |
Жичници | 28 (кабински за 8 лица, 3 големобрзнски клупи за по 6 лица, 7 големобрзински клупи за по 4 лица, 2 двојни клупи, 11 површински влечалки за возрасни и 3 за деца) |
Носивост на жичниците | 32.000/час |
Портал | infoKOP |
Туризмот на планината е од претежно спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето и скијањето на даска, но застапени се и други спортски активности како тенисот. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови.
Има 28 жичници, со 70 км скијачки патеки од сите категории. Од Брзеќе до скијачкиот центар води кабинска жичарница.[4]
Превоз
уредиКопаоник е добро поврзан со главните патишта во Србија. Туристичкиот центар во средишниот дел е поврзан со Ибарската магистрала, а најблискиот меѓународен аеродром е „Константин Велики“ во Ниш. Недалеку од центарот има и јавно хеликоптерско слетувалиште.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Kopaonik“. Skijanje.hr. Посетено на 2013-09-16.
- ↑ „Turistički centar Kopaonik“. Tckopaonik.com. Посетено на 2013-09-16.
- ↑ „Turistički centar Kopaonik“. Tckopaonik.com. Посетено на 2013-09-16.
- ↑ [1]
Надворешни врски
уреди- Копаоник на Ризницата ?
- Национален парк Копаоник (српски)
- Туристички портал на Копаоник (српски) (англиски)
- Туристички центар на Копаоник (српски)
- Копаоник — проект Откријте ги Динаридите[мртва врска] (македонски)