Битка кај Војничка Пештера
Битката кај Војничка пештера исто така понекогаш познато како Борбата кај Фојничка пештера[1][2] — воена битка помеѓу втората чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ и единица од суровата бугарска фашистичка окупаторска армија со помош од фашистичката квислингска велешка контрачета. Битката се одвивала во една мала пештера блиску до велешкото село Војница, денес дел од Општина Чашка. За време на битката многумина вредни и храбри македонски партизани загинале во борбата против бугарската фашистичка армија.
Битка кај Војничка пештера | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Велес и Велешко во Втората светска војна | |||||||
Слика од македонскиот партизански одред „Димитар Влахов“ |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
ПО „Димитар Влахов“ | Фашистичка Бугарија (со помош од велешката контрачета) | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Јордан Лазовски | Константин Добрев и Пано Манев | ||||||
Вклучени единици | |||||||
15 партизани | непознат број на војници | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
7 жртви | 4-5 загинати |
Битката е поврзана со воена операција организирана од владата на фашистичка Бугарија со главна цел да го ливидирале партизанското движење во Велес и уништувањето на народната ослободителен партизански одред „Димитар Влахов“. Нивниот труд заедно со велешката контрачета до одредено ниво било успешно. После битката втората чета на велешкиот партизански одред бил уништен со многумина бегајќи во Тиквешија. Во 13 декември 1942 година тие пристигнале во пештерата за прв пат.
Многу проблеми биле присутни за време на битката и заради тоа партизанскиот одред загубил толку млади животи. Еден од главните проблеми им биле нивната средина, недостаток на комуникација, предавници и силната магла којшто се појавила за време на битката што им помогнало на бугарската фашистичка армија да убијат многумина партизани. Битката се одвивала во зората и покрај изгрејсонце битката конечно завршила со седум партизани убиен и неколку бугарски фашисти.
Во македонската историографија е истакнато храброста на некој од партизаните во битката, меѓу нив најистакнати и храбри жртви во битката биле Анде Кошулчев и Трајче Панов, тие им помогнале на партизаните да се спасат додека тие си го ризикувале животот, еден од партизаните којшто го спасиле е македонскиот народен херој од Велес Благој Страчковски. Во битката исто така присуствувале и неколку истакнати жени како Родна Ивева и Нада Николова. По нивна чест смртните остатоци на сите жртви во битката денес се наоѓаат во велешката спомен костурница, неколкумина места и улици во Којник, Дворови, Прцорек и други им го носаат нивното име.
Позадина
уредиВо втората половина на септември 1942 година Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија ги известил Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески - Платник и Борка Велески Горанов дека условите за формирање на велешки партизански одред во велешкиот реон биле поволни и им ја дадел наредбата да најделе поволно и безбедно место за формирањето на одредот. После неколку дена известените македонски фигури одлучиле дека од сите можни места за формирањето на одредот најповолен било месноста Гарван, блиску до прилепското село Дабница. Иако партизанскиот одред бил составен од велешани заради тогашните услови тие одлучиле да го формираат во прилепскиот реон заради безбедни причини.[3]
народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ бил составен претежно од поранешни македонски партизани од Велешки народноослободителниот партизански одред „Пере Тошев“ и неколку партизани од Прилеп и Прилепско. Партизанскиот одред бил составен од четири чети, три биле составени претежно од велешани додека еден од нив било прилепско. Според истражувањето на велешкиот хроничар Љупчо Данов, 77% од македонските партизани во народно ослободителниот одред „Димитар Влахов“ биле велешани, додека 10% биле прилепчани. Освен партизани од Прилеп и Велес имало и партизани од Куманово, околу 5% од партизаните биле од Куманово. 4% биле од градот Скопје, околу 2% од партизанскиот одред бил составен од македонски партизани од Кавадарци и нејзиниата околина. Додека остатокот 2% било составено од партизани од Битола и Неготино.[4]
Откако била формирана да почнала да извришила напади врз бугарско-германска комуницикација и саботажирајќи им ја нивната ПТТ врски. Тие напаѓале бугарски фашистички архиви и им ги уништувале за да немале списоци на Македонци за убивање. Понекогаш би изолирале бугарски фашистички полициски станици или ситни гарнизони во велешкиот реон и дел од прилепскиот реон и би ги нападнале и ги пљачкале. Некој од местата којшто ги нападнале бугарските фашистички гарнизони се селата Бистрица, Богомила, Поменово, Чашка, Десово, Нежилово, Црешево, Селце, Лисиче, Катланово, Горно Количани и Степанци. Овие напади се одвивале помеѓу септември-ноември 1942 година. Во 29 ноември ја поразиле велешката контрачета во селото 'Рлевци, битката било борбено крштевање на контрачетата. Во декември 1944 година како дел од воената операција на бугарската фашистичка армија тие почнале повеќе да ги напаѓаат, во 4-ти декември 1942 година биле поразени во Папрадиште и била убиена македонската партизанка Невена Георгиева - Дуња во битката.[5]
Организирање
уредиЗа главниот командант на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ бил одбран Борка Велески Горанов - Левата, за политички комесар биле одбрани Пецо Крстески - Даскалот и Стеван Базеркоски - Лански. Покрај нив најистакнатите членови биле Блаже Бошкоски - Дабичот, Блаже Спиркоски, Киро Базерко - Коробов, Киро Бајрамоски - Црне и многумина други.[3] Партизанскиот одред содржил четири одред, првиот бил составен од 24 македонски партизани и тие се следни: Тоде Бисинов од Велес, Боро Божиновски - Прцан од Куманово, Стојан Бурчевски, Раде Бурчевски од село Рудник, Коле Воденичаров - Шубиќ од Куманово, Мирко Грков, Благој Давков од Скопје, Љубомир Здравковски од Куманово, Благој Јосмов, Јордан Јордановски, Богдан Каракостев, Трајко Капчев, Марија Камишова - Нонча од Велес, Ѓоре Крстев, Благој Кирков од Велес, Јовче Митев, Јордан Мартиновски, Димко Митревски, Боро Петрушевски - Папучар од Куманово, Панче Пешев од Велес, Борис Таневски Лубуриќ, Ќамуран Тахир од Скопје, Коле Цветковски - Балас и Киро Ќучуков - Себура од Велес.[4]
Втората чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е најголем, со 31 борци во нејзиниот состав, тие се: Јован Андреев од Војница, Перко Андреев од Степанци, Нада Бутникошарова од Велес, Ѓорѓи Бобевски, Богдан Видовски од Војница, Славе Давчев од Ново Село и роднина на жртвата во битката кај Раштански Колиби Никола Давчев, Борис Дурчев од Војница, Дончо Димов исто така од Војница, Павле Игновски - Секула, Благородна Лазова Ивева од Велес, Благој Јанушев од Прждево, Стојан Трајков, Димче Јовевски од Војница, Илом Климкаров, Анде Кошулчев од Велес, Јордан Лазаревски - Цвајот, Кочо Мешков од Ваташа, Миле Милевски од Велес, Киро Неделков, Благој Неделков од Војница, Трајче Панов од Двориште, Коле Петков - Даскалот од Ораовец, Славе Петков, Орце Ризов, народниот херој Благој Страчковски од Велес, Коле Стојанов, Јово Сеизов од Кавадарци, Тодор Трчков, Ѓорѓи Темелков, Благојка Џалева и Јордан Џурнов. Дел од втората чета составена од 15 партизани учествувале во битката кај Војничката пештера, меѓу нив биле и народниот македонски херој Благој Стречковски.[4]
Третата чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е втората најголема чета, била составена од 29 борци, тие биле: Ружа Бак од Скопје, Јован Басаров од велешкото село Рудник, Тошо Бондиќев, Боте Боцевски од Скопје, Василко Василков од селото Габровник, Владо Кошулчев којшто бил братот на Анде Кошулчев, Седат Вели од Долно Јаболчиште, Маца Овчарова од Сливник, Љубе Зафиров којшто бил градоначалник на градот Велес помеѓу 1951 и 1953 година после нејзиното ослободување. Зафиров исто така бил министер за комунална работа за време на промената на владата на Македонија од декември 1946 во 19 октомври 1949[6] и во 23 април 1950 тој е поставен за министер-претседател на Комитетот за локална индустрија и занаетчиство.[7] После Зафиров другите членови на четата биле Стоилко Ивановски - Планински од Ораов Дол, Тодор Јанев од селото Мартолци, Дико Јосифовски, Ико Капчев, Велимир Кожинкаров од селото Габровник, Трајко Купенков, Стефан Малинов, Мегди Мустафов од селото Сливник, Ристо Најдов - Мајка, Невена Георгиева - Дуња од Скопје, Душан Перов од селото Габровник, Трајче Петкановски којшто по негова чест народноослободителниот партизански одред „Трајче Петкановски“ го носи неговото име, Страхил Пинев, Благој Сребров, Апостол Ставровски од Богомила, Јордан Теов од селото Мартолци, Благој Целцев, Александар Христовски - Дума од Битола и Орце Шутев.[4]
Четвртата чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е најниската чета од другите три и служела повеќе како вишок отколку борбена дејства, во нејзиниот состав било само 7 македонски партизани, сите биле од Прилеп, нивнита имиња биле следно: Илија Андреевски - Кагин, Киро Базарко, Пецо Крстевски - Даскалот, Александар Крстевски - Јулски, Симо Секуловски - Јоска, Драган Спировски - Максо. Според една анализа организирана во 24 септември 1967 година од 95 именувани учесници во сите четири чети на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ 44 борци загинале за време на народната ослободителна борба додека 4 борци починале заради здраствени причини или заради старост, додека 47 биле живи. Според дадената аналитика првата чета имала најмногу жртви, 16 загинале борејќи од оригиналниот 24 борци. Додека третата чета имала најголем број на живи партизани во 1967 година со 19 борци живи од вкупниот број на 29.[4]
Битката
уредиЗаради борбените дејства на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ во народната ослободителна борба во Македонија бугарската фашистичка власт одлучила во декември 1942 година да водила повеќе агресивна воена операција кон одредот со едиствена цел на уништувајќи го ослободителното движење во Велес и Велешко, тие исто така ја искористиле фашистичката колаборативна квислингска велешка контрачета за време на нивната воена операција во декември. За време на првите дена во месецот декември бугарските фашистички окупатори успешно ја ликвидирале младата и храбарата партизанка Невена Георгиева - Дуња во Нежилово. Во првите дена на месецот втората чета на народниот партизански одред „Димитар Влахов“ се наоѓало во месноста Пешти блиску до реката Бабуна, јужно од Велес.[8]
Заради небезбедноста во Пешти тие одлучиле да пронајдат поскришно место за нивната нова база, втората чета на ослободителниот партизански одред се поделил во два дела, едниот дел продолжил да патувал кон Сува Гора додека другиот дел од четата се сместиле во пештера блиску до велешкото село Војница, тогаш било познато како Фојница, во 13 декември 1942 година.[9][10] При нивното време во пештерата биле забележани од селската ловџија Тоде Мирчевски со потекло од селото Крајници,[11] заради суровите мерки којшто ги поставиле бугарските фашистички окупатори во воената операција за ликвидирањето на ослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ Мирчевски сметал дека едиствено нешто што можел да направил е дека ги пријавил кај бугарската фашистичка полициска сила. Во ноќта на 13 декември партизаните откриле дека биле пријавени и одлучиле да избегале од пештерата и повторно да се вратиле кон месноста Пешти.[8][9]
Но втората чета на народното ослободителен одред имале проблем, тие неможеле да продолжат да престојуваат во месноста Пешти заради нејзината близина до бугарски фашистички гарнизон и заради тоа што бугарската фашистичка војска им ја знаеле нејзината местоположба, заради тоа тие одлучиле да останале во Пешти само за два дена. Во 15 декември 1942 година добиле надеж за успех заради тоа што во околијата се појавила силна магла којшто партизаните верувале дека со маглата би можеле успешно да се вратиле кон Војничката пештера но нивните проценки биле грешни. Во ноќта околу 15 декември тие со долг марш успешно повторно се вратиле во пештерата. Во утрото на 16 декември 1942 година единствениот стражар на четата Димче Јовевски – Здравко почувствувал движење на силуети, тој брзо сфатил дека имало сила на војници од бугарската фашистичка армија и од квислингската велешка контрачета во маглата, по неговото откривање тој ги известил останите партизани и почнала битката.[8]
Кога Димче Јовевски – Здравко ги забележал војниците, го известил командирот Јордан Лазовски - Цвајот. Потоа, биле известени и другите борци. фашистичката бугарска армија, ништо не претчувствувајќи, се приближиле кон пештерата. Во таква ситуација, Јордан Лазовски, во договор со другите борци, одлучиле дека би пукале кон бугарската фашистичка армија кога тие би се приближеле до одредена далечина од пештерата, причината зошто таа одлука ја донеселе е заради тоа што маглата била многу силна и неможеле да ги гледат фашистичките војници. Меѓутоа, пушкомитралезот на Тодор Трчков, којшто требало да го почнал пукањето и којшто требало да ги води единици, му се расипало. Во тие моменти, кога и секундите одлучувале, водачот Јордан Лазовски им се обратил на македонските партизани со зборовите дека, за да создаде забуна, меѓу војниците ќе фрли бомба, по што македонските партизани требало да извршат јуриш и да го пробијат обрачот.[8]
По договорот, Јордан Лазовски - Цвакот ја фрлил бомбата и се слушнала силна експлозија. За миг потоа, се слушнале и други експлозии од бомбите, кои што останатите борци ги фрлиле кон бугарската фашистичка окупаторска армија. Истовремено, се отпочнало и со пукање. бугарската фашистичка армија одговориле со силно концентрирано пукање од нивните пушки и пушкомитралези. Нада Бутникошарева, Родна Ивева и Тодор Трчков биле најхрабрите партизани заради тоа што биле пред влезот пукајќи кон непријателите. После пукање за неколку време тие трите слушнале од војници во бугарската фашистичка армија дека главниот водач на единицата Константин Добрев бил убиен. Со неговиот смрт едиствениот истакнат водач од страна на непријателите бил бугарофилскиот војник Пано Манев којшто ја водел велешката контрачета.[8]
Со смртта на Константин Добрев бугарските фашистички војници почнале меѓу себе да се бореле заради нестабилноста на ситуацијата, втората чета од народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ одлучиле да ја искористат кризата и некој од партизаните успешно избегале, осумте борци којшто успеале да се спасат се командирот Јордан Лазовски, борците Тодор Трчков, Димче Јовевски, Борис Дурчев и Кочо Мешков, после неколку часа со нив успешно избегнал и партизанот Јован Јовевски и истакнатиот македонски народен херој Благој Страчковски.[12][13] Откако избегале осумина останале само седум партизани, тие биле Анде Кошулчев, Благој Јанушев, Нада Николова, Родна Ивева, Стојан Трајков, Трајче Панов и Миле Милев. За жал останатите седум не можеле да избегнат. Меѓу нив најхрабрите бил Анде Кошулчев којшто се борел за да им овозможил другите партизани да избегнеле.[8]
Првиот партизан којшто загинал бил Миле Милев, бугарските фашистички окупатори се обидувале да го убијаат Анде Кошулчев заради тоа што тој бил најопасен според новиот водач на бугарската фашистичка дивизија, но несакајќи го погодиле Миле Милев. Со смртта на Милев другите партизани почнале по остро да реагираат и повеќе почнале да пукаат, после неколку минути бил стрелан и погоден македонскиот партизан Благој Јанушев, тој неможел да ја види пушката на бугарските фашисти заради силната магла што претставувало голем проблем за двете страни. После смртта на неколку други бугарски фашистички војници тие се доближиле до пештерата, заради нивната близина тие неможеле да излезат, следниот којшто загинал била Родна Ивева заради тоа што таа била најнапред и била покрај влезот на пештерата, таа храбро и трагично загинала.[10]
После еден час борејќи партизаните Стојан Трајков, познат по прекарот Чашкарецот трагично и храбро починал, заедно со него умрел и храбриот Трајче Панов којшто храбро се борел пред влезот на пештерата со бугарските фашистички окупатори. Единствениот што останал бил Анде Кошулчев, бил многу ранет заради тоа што бил погоден од неколку куршуми. Ранет во рака и стомакот Кошулчев веќе не можел да стоел. Малку подоцна не се слушал одговор на пукотниците што доаѓале од бугарската фашистичка полиција. За момент завладеала тишина. Анде со револвер во раката седел во крајниот дел од пештерата. Не можел да се движи. Од надворешната страна на пештерата, бугарската фашистичка војска извикувале да се предале сите партизани во пештерата. Мислејќи дека во пештерата немало никој, бугарските фашистички војници тргнале. За нив изненадување претставувало гласниот извик од Анде Кошулчев во пештерата:[8]
„Да живее Македонија, смрт на фашистите, да живее Комунистичката Партија!“
Фашистите се стаписале. Само неколку секунди потоа, од внатрешноста на пештерата се слушнал револверски истрел. Бугарските фашисти како да претчувствувале дека внатре во пештерата некој извршил самоубиство. Во тоа не се излагале. Кога влегле внатре, имале што да видат. Труповите на неколку борци лежеле неподвижно. Во аголот се забележувала тенката силуета на Анде, кој со стегнати прсти, држејќи го сé уште револверот во десната рака, во близина на својата глава, едвај давал некакви знаци на живот. Бугарските фашистички војници не можеле да веруваат. Анде Кошулчев, со последните сили, не давајќи се жив во рацете на војниците, извршил самоубиство. Овие крвожедници останале вчудоневидени и несвесно се восхитувале од храбриот партизан и другите борци на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.[8]
Последици
уредиБитката била катастрофален пораз за македонските партизани од народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“, втората чета на одредот, којшто била најголемата чета во одредот била целосно уништена, со седум мртви и многумина ранети втората чета распаднала и останатите партизани којшто останале живи избегле кон други дела од Македонија, голем дел од партизаните избегале кај Тиквешија или кај Сува Гора каде што другите чети на ослободителниот одред „Димитар Влахов“ биле. После поразот на битката истакнатиот македонски народен херој Благој Страчковски се обидувал да патува кон Скопска Црна Гора, но заради снегот во Катланово тој заедно со неколкумина други партизани одличиле да патуваат кон кавадаречкото село Росоман. Во чест на храброста на македонските партизани којшто загинале во битката два плочи се поставени во пештерата од советот на Општина Чашка.[14]
Според аналитиката на велешкиот хроничар Љупчо Данов, во историјата на втората чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ само 13 борци загинале за време на нејзиното постоење во народната ослободителна војна пред да се приклучило одредот во народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“. Седум борци од втората чета или 53.8% од вкупните жртви во втората чета загинале само во една битка.[4] Сите македонски партизани којшто загинале во битката се спомнети и нивните посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница после нејзиното отварање во 11 октомври 1978 година.[15] Со големата загуба на партизани одредот си ги смени целите и почнале да организираат план за формирање на баталјон со помошта од други македонски народно ослободителни одреди, нивниот план бил исполнет во август 1943 година.
Резултатите на битката во вид биле голема победа на бугарскиот фашистички гарнизон во велешкиот реон. Но тие сепак третирале голема загуба, главниот водач на бугарската фашистичка полициска единица за градот Велес Константин Добрев бил убиен, неколкумина бугарски фашистички војници исто така загинале, за време на битката почнало внатрешен судир помеѓу бугарските фашистички војници за кои ќе бил следниот водач, после долго време водачот бил бугарофилот Пано Манев. Но после битката друг бил сместен како водач на бугарската фашистичка полициска единица заради тоа што Пано Манев морал да ја води квислингската велешка контрачета. Битката исто така била голем добиток за велешката контрачета, во борбеното крштевање на контрачетата во 'Рлевци тие биле тешко поразени и заради тоа посакале да ја уништат, после втората светска војна голем дел од контрачетници којшто учествувале во битката биле стрелани во Велес.
Список на жртви во битката
уредиСписок на сите жртви којшто храбро и трагично загинале во битката. Организиран по азбучен ред.
Број | Име | Датум на раѓање | Место на раѓање | Години |
---|---|---|---|---|
1 | Анде Кошулчев | 23 јануари 1923 | Велес | 19 |
2 | Благој Јанушев | 25 март 1920 | Прждево | 22 |
3 | Миле Милев | 15 август 1921 | Велес | 21 |
4 | Нада Николова | 21 јануари 1919 | Војница | 23 |
5 | Родна Ивева | 12 февруари 1922 | Велес | 20 |
6 | Стојан Трајков | 1910 | Чашка | 31-32 |
7 | Трајче Панов | 14 ноември 1921 | Двориште | 21 |
Слика на жртвите во битката
уредиСите жртви во битката имаат архивирани слики освен Стојан Трајков којшто заради непознати причини е претежно не спомнат во битката кај делата на македонската историографија.
Наводи
уреди- ↑ Институт за национална историја (Skopje, Macedonia) (1982). Гласник на Институтот за национална историја. Институт. стр. 251.
- ↑ Борбата кај Фојничка пештера (2009) од Македонска Енциклопедија уредувана од Блаже Ристовски
- ↑ 3,0 3,1 Белчески, Рубинчо (2017). ПРИЛЕПЧАНИ, ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО ВО ,,КРВАВАТА“1942 (PDF). Битола: НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА. стр. 56.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Данов, Љупчо (9 септември 2018). „Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов"“. Дума.мк.
- ↑ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ (2008) од Македонска Енциклопедија, уредувана од Блаже Ристовски
- ↑ Службен весник на НРМ, 24/1949, 1 стр.
- ↑ Службен весник на НРМ, 11/1950, 2-3 стр.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 Малковски, Ѓорѓи (2 декември 2020). „Проф д – р Ѓорѓи Малковски: 78 години од славната борба кај Фојничка Пештера, Велешко“. Македонска Нација.
- ↑ 9,0 9,1 Димитриевска, Антоанела (јуни 2020). „Нада Бутникошарева, борец за слобода“ (PDF). Списание „Штит“.
- ↑ 10,0 10,1 Димитриевска, Антоанела (август 2020). „Храбрата партизанка Родна Ивева“ (PDF). Списание „Штит“.
- ↑ Малковски Ѓорѓи (2022). ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА КОНТРАЧЕТНИЦИТЕ ВО ВЕЛЕШКО ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1942-1944) (PDF). ЗИРМ. стр. 70.
- ↑ Република.мк (7 декември 2020). „Бугарските војници жив го закопале, па го откопале да го расечкаат: Внуката на Благој Страчков потсетува дека неговото име е на првата улица до Влада“. Курир.мк.
- ↑ Ст., Д. (3 јануари 2024). „Датуми за паметење во јануари“. Нова Македонија.
- ↑ Културно историски обележја (2024) од Советот на Општина Чашка
- ↑ Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.