Киро Бајрамоски
Киро Бајрамоски ( 1917 во Прилеп — ? во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил работник. Веднаш по окупацијата зактивно работел за народноослободителната борба. Во 1942 година, се приклучил кон партизанските одреди на Македонија. Учествувал во бројни судрувања со бугарската полиција. По ранувањето на еден негов другар, Киро истиот го однел во Прилеп да се лекува. Меѓутоа бугарската полиција ги открила и нападнала . Во борбата бил тешко ранет и заробен. Окупаторот го префрлил во болница, каде по неколку дни се самоубил за да го избегне престојното мачење.[1]
Една улица во неговиот роден град Прилеп, е именувана по него.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 14.
- ↑ „Киро Бајрамоски-Црне - Прилеп“. wikimapia.org. Посетено на 2022-09-17.