Тодор Јанев
Тодор Јанев, роден како Тодор Ристов Јанев (Мартолци, 1912 — 7 ноември 1942, Лисиче) — истакнат македонски партизан од велешкиот реон и учесник во НОБ. Во рани години се приклучил во армијата на Кралството СХС и учествувал во борбите околу Велес за време на априлската војна бротив бугарската фашистичка војска.[1] После почетокот на народното востание се приклучил во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и храбро се борел до неговото загинување. По негова чест школото ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка го носи неговото име.[2]
Тодор Јанев | ||
Роден | Тодор Ристов Јанев 1912 Мартолци, Косовски Вилает, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 7 ноември, 1942 (о. 30г.) Лисиче, Царство Бугарија | |
Почивалиште | Велешката костурница |
Животопис
уредиРани години
уредиТодор Јанев е роден во селото Мартолци во средно земјоделско семејство. Заради нивната економска состојба успешно се преселиле во Чашка кога Јанев бил млад.[3] Во Чашка минел низ основно образование и како обид на добивајќи пари станал печалбар и патувал низ Босна и Херцеговина помеѓу 1927 и 1928 година.[3] Таму работел до 1932 година но кога добил понуда за стипендија од тогашната армија на Југославија Јанев почнал да се образува во главната воена академија во Белград.[1]
Во 1936 година завршил со военото образование и бил поставен во пешадиска дивизија, низ следните години бил сместен во различни воени касарни низ Македонија. Во април 1941 пред априлскиот напад бил сместен во Велес. После капитулацијата на Кралството СХС и потпаѓањето на Велес под сурова бугарска фашистичка окупација Јанев се вратил во Чашка за да не бил заробен.[1]
Приклучување во НОБ
уредиПред потпаѓањето на Македонија под фашистичка власт Јанев немал интерес кон комунистичката партија на Југославија но после април 1941 мислејќи дека немало друга опција се приклучил како член. Заради неговото воено знаење бил промовиран и бил даден задача да собира муниција, облека и друго.[1] Во неговото село и во други села во околината им помогал на други партизански војници за собирање материјали.
Заради неговото соработување со КПЈ бил сомнителен кон новата фашистичка бугарска влада во селото, заради тоа се приклучил во летото на 1942 година во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ за да се заштитил.[1] Со неговото воено образование бил истакнат член на партизанскиот одред. Неговата прва битка била во Азот покрај железничката станица Клајман во 27 септември. Во 29 септември 1942 година успешно го нападнале селото Чашка и во 7 октомври успешно го нападнале прилепското село Десово.[1]
Смртта
уредиПосле успешните борби партизанскиот одред одлучиле да го нападнат селото Лисиче во 7 ноември 1942 година, при борбата Тодор Јанев пред да загинел фрлил бомба кон бугарската фашистичка војска.[4] Бил погоден од Ангел Бадников, член на велешката контрачета и соработник со бугарската фашистичка власт којшто после ослободувањето на Велес бил стрелан под наредба од ОЗНА. Благој Јосмов исто така загинал во битката и во чест на загинатите била пеена народната песна „Борба се води мила ле мамо“.[5] После крајот на војната бил погребан во велешката костурница. По негова чест основното школо ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка го носи неговото име. Некој улици во Велес исто така го носат неговото име.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во народно ослободителна војна : 1941-1945 : спомен книга на загинатите борци во НОБ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко. Просвета. стр. 31.
- ↑ Основно училиште Тодор Јанев- с.Чашка од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап
- ↑ 3,0 3,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во народно ослободителна војна : 1941-1945 : спомен книга на загинатите борци во НОБ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко. Просвета. стр. 30.
- ↑ Апостолски, Михајло (1980). Skopje vo NOV 1943-1945: materijali od naučniot sobir. Gradski odbor na SZB od NOV--Skopje. стр. 528.
- ↑ Зографски, Данчо (1969). Veles i Veleško vo narodnoosloboditelnata vojna 1942. Opštinski odbor na Sojuzot na Združenijata na borcite od NOV. стр. 173.