Стојан Трајков
Стојан Трајков, родено име Стојан Андреев Трајков (Чашка, 1910 ― Војница, 16 декември 1942) ― истакнат македонски партизан и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Член во народната ослободителна армија на Македонија и комунистичката партија на Југославија. еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во битката кај Војничка пештера тој храбро и трагично загинал при судир со бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.
Стојан Трајков | |
---|---|
Роден(а) | Стојан Андреев Трајков 1910 Чашка, Отоманско Царство |
Починал(а) | 16 декември, 1942 (возр. 31-32) Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Велешката костурница |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство од велешкото село Чашка. Заради материјалните недостатоци во неговото семејство никогаш не завршил основно училишно образование и останал полуписмен цел живот. Во млади години почнал да работил како земјоделец заедно со неговиот татко, исто така им помогнал на семеениот бизнес. Откако достигнал 18 години во 1928 година тој бил повикан да го отслужи неговиот воен рок во армијата на Кралството Југославија, откако го завршил воениот рок тој работел како земјоделец и како овчар.[1]
Приклучување во НОБ
уредиСо распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Стојан Трајков бил во неговото родно село за време на првите денови на окупација. Во првите недели на окупација тој станал симпизитер кон народното ослободително движење и почнал да соработувал со нив. Тој претежно собирал облека и куршуми за народната ослободителна армија на Македонија. Трајков исто така си го користил неговиот подрум како место за криење на партизани којшто пробале да ја избегнаат бугарската окупаторска армија. Пред 1942 година тој исто така собирал доброволци од селото и во другите села блиску до Чашка.[1]
Неговата соработка со ослободителното движење се зголемува и во 1942 година станал член во комунистичката партија на Југославија. Со формирањето на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ тој им собирал храна, облека, куршуми и доброволци за одредот. Тој успешно собирал група на доброволци од Велес и Велешко еден од нив биле македонскиот партизан Благој Јанушев. Во летото на 1942 година тој одлучил дека сакал повеќе директно да учествувал во ослободителното движење и користејќи го неговото воено искуство тој се приклучил во народната ослободителна армија и партизанскиот одред „Димитар Влахов“.[1]
По реорганизирањето на одредот тој бил приклучен во втората чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.[1] Во партизанскиот одред тој учествувал во битката кај планинскиот терен Клепа. Во септември истата година учествувал во нападот на селото Поменово и во рудникот за момирок блиску до селото Степанци. Во декември заради ладните зимски времиња и снегот тие одлучиле да формираат база во пештера кај велешкото село Војница. Во 16 декември 1942 година кога биле во пештерата биле откриени од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во битката кај Војничка пештера. За време на битката Стојан Трајков храбро и трагично загинал. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во костурницата. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 46.
- ↑ Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.