Никола Давчев, роден со името Никола Петров Давчев (Ново Село, 19 април 1922Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот за загинатите во битката неговото име е грешно претставено како Коле Л. Давчев.

Никола Давчев
Никола Давчев во воена униформа
Роден(а)Никола Петров Давчев
19 април, 1922
Ново Село, Кралство Југославија
Починал(а)10 септември, 1944 (возр. 22)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеСелските гробишта во Ново Село.

Животопис

уреди

Роден е во велешкото село Ново Село. Роден е во сиромашно земјоделско семејство, за основно училишно образование тој учел во селото Крива Круша којшто е раселено денес. Давчев одлучил да не продолжи со средно училишно образование и станал земјоделец заедно со неговото семејство. Имал интерест кон обработка на неговата земја и сточарство. Пред априлската војна тој си го одлужил воениот рок во Југославската армија.[1]

Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во 2-ри септември 1944 година бил учесник со формирањето на осмата македонска ударна бригада. При патувањето на бригадата во Превалец и Горно Оризари се сретнале со германски војници, за време на битката кај Раштански Колиби тој загинал од непријалтески куршум. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село, којшто денес е целосно раселено.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 56.