Маца Овчарова
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Маца Овчарова (р. Марија Ангелова Ѓорѓиева; 19 март 1922 во Сливник – 7 јануари 1943 во Велес) — македонски комунист и учесник во НОБ.
Животопис
уредиРани години
уредиМарија Ангелова Ѓорѓиева(Маца Овчарова) е родена на 19.03.1922година во Велес. Потекнува од работничко семејство. На помлада возраст се вработува во Монополот како монополска работничка.
Учество во НОБ
уредиСо револуционерното и напредно младинско движење се поврзува пред 1941 година. Се дружи со постари комунисти и Скоевци под чие влијание, целосно се определува за поддршка и учество во работничкото движење. Во текот на 1941 и 1942 година, членува во повеќе младински групи во градот. Преку овие групи непосредно се ангажира околу собирањето на „Црвената помош“, растурање на летоци, читање и пренесување на напредна литература и сл. По доаѓањето на фашистичките окупатори, активно работи меѓу женската младина и го помага Народноослободителното движење, собирајќи храна, оружје и други потреби за борците во одредот. Во септември 1942 година се придружила на третата чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ на теренот на Мокренска Планина. Учествувала во сите борбени акции на одредот против фашистичкиот окупатор. Се истакнувала како храбар и бестрашен борец, наоѓајќи се секогаш во првите борбени редови. При крајот на декември 1942 г. и почетокот на јануари 1943 година, дел од борците на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ вршеле подготовки за извршување на акции против окупаторот, а истовремено барале и соодветно место за презимување. Меѓутоа, окупатор во овој период засилено ја вршел офанзивата за конечно уништување на одредот.
Во борбите со непријателот и контрачетниците кај село Зелениково во една студена зимска ноќ, на почетокот на месец јануари 1943 година, била ранета, заедно со својот другар и соборец, јунакот Трајко-Тарцан Илинденски, борец и командант од Прилепскиот одред.
Повлекувајќи се пред фашистичката потера, низ снежната виулица, ранети и прегладнети младите партизани заштитени од темнината на ноќта се довлечкале до селото Сливник, барајќи заштита и привремено скривалиште во некоја од куќите на селаните. Но, селаните, смртно заплашени од заканите на бугарскиот окупатор, не можеле да им помогнат. Препуштени сами на себе, исцрпени, младите јунаци храбро го продолжиле својот неизвесен пат во студенилото на ноќта и набрзо повторно се слушнал пукот на пушки. Во престрелката смртно бил погоден Трајко-Тарцан Илинденски а Маца Овчарова, ранета и заробена. Двајцата се одведени во село Р`левци. Тука, во училишниот подрум, кутрата девојка два дена била мачена и испитувана, да ги поткаже другите партизани, но таа ниту збор не проговорила. Молчела и како спас ја очекувала смртта. Разбеснетите окупаторски полицајци гневни поради тоа што не можеле ништо да дознаат од Маца, во отворенaта јама каде било фрлено телото на Тарцанот и наредиле на девојката да му ја поднамести главата на мртвиот Трајко. Штом таа се наведнала, испукале неколку истрели и додека сè уште претала и офкала од болки, тие безмилосно ја затрупале со земја. Морбидна глетка, пред очите на сведоците, селаните и децата од село Рлевци. Девојката била сè уште жива, но непријателските војници ја закопале во гробот.
Погребана е во заеднички гроб со Тарцан, на местото каде е и убиена, на 7.01.1943 година. Поради нивниот погреб, во знак на жалост, целото село ги оплакувало младите животи на Тарцанот и Маца и не ги прославиле верските празници ниту Божиќ, ниту Василица. Марија Ѓорѓиева или Маца Овчарова загинала за слободата на својот македонски народ во цутот на својата младост, на неполна 21 година. Нејзините идеали и маченичка смрт се светол пример за сегашните и идни генерации, за тоа колку може да се сака својот народ и својата татковина. Нејзиното име е запишано со златни букви во македонската историја за никогаш да не се заборави и да биде светол зрак – патоказ за сегашните и идни поколенија.
Кон крајот на 1944 година, по нецели две години, дошле нивни роднини, да ги откопаат посмртните останки на своите најмили. За време на откопувањето тагата и жалоста биле уште поголеми, од плачот и солзите на роднините, особено кога од заедничкиот гроб ги откопале нивните смртни останки, а телата сè уште не биле распаднати. Посмртните останки на Маца се пренесени во Велес а на Тарцан во Прилеп. Судбината на овие наши големи борци за слобода на Македонија не охрабрува и денес да не ги заборавиме и да ја поддржуваме секоја борба за најсветиот патриотски идеал- слобода и чување на својата родина и по цена на сопствениот живот
Големите личности, дела и настани, ја добиваат славата и блесокот на вечност, само ако постојано ја бришеме прашината на заборавот од нив, за да светкаат како факели од минатото, негувани во сегашноста, со јасни патокази за иднина. Во чест и спомен на хероината Марија, во општина Велес една од улиците го носи нејзиното партизанско име, „Маца Овчарова“, како и „ПОУ „Маца Овчарова“ (посебно основно училиште со ученички дом за деца со попреченост), Велес, од 1973 година цели 48 години од самото основање на училиштето. Во месец март, секоја година, со гордост, се слави Патронот на училиштето „ПОУ „Маца Овчарова“ преку разни активности, кои го оживуваат споменот на младата Маца, како пламен што никогаш нема да згасне.
Денес, посмртните останки на македонската хероина, партизанката Марија Ѓорѓиева се наоѓаат во заедничкото почивалиште на храбрите борци од НОВ од Велес и Велешко, во Спомен Костурницата во Велес.
Наводи
уреди- ↑ „Велес и велешко во Народно ослободителната војна 1941-1945, Спомен книга за загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“, Општински одбор на Сојузот на Здруженијата на борците од НОВ-Титов Велес, 1985, 28 стр.
- ↑Списание „ВЕЛЕС“, Извадок од книгата „Во одбрана на македонскиот идентитет“ од Д-р Веле Алексоски Маца Овчарова ја фрлија во јамата и жива ја затрупаа“, Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“Велес год. XX Бр.20 Велес, 2019, 66-67 стр.
- Гаврилова цит. Списание „ВЕЛЕС“, Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес год. XX Бр.21 Велес, 2020, 52 стр.
- Штит магазин на министерство за одбрана на Р.С.Македонија Архивирано на 8 јули 2020 г.