Трајче Панов
Трајче Драганов Панов, повеќе познат како Трајче Панов или како Трајко Панов (Двориште, 14 ноември 1921 — Војница, 16 декември 1942) — истакнат македонски партизан и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Член во народната ослободителна армија на Македонија и комунистичката партија на Југославија. еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во битката кај Војничка пештера тој храбро и трагично загинал при судир со бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.
Трајче Панов | |
---|---|
Слика од Трајче Панов | |
Роден(а) | Трајче Драганов Панов 14 ноември, 1921 Двориште, Кралство Југославија |
Починал(а) | 16 декември, 1942 (возр. 21) Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Велешката костурница |
Животопис
уредиРоден е во велешкото село Двориште, произлегувал од сиромашно бедно земјоделско семејство. Завршил основно училишно образование во неговото родно село но заради материјални недостатоци во неговто семејство тој неможел да продолжил со средно училишно образование. Заради тоа во млади години тој работел како општ работник во селото. Во рани години тој го прифатил социјализмот и комунизмот како неговите главни идеалогии. Панов верувал дека само преку бескомпромисна борба можело животот на работниците да се развило. Во 1940 година бил примен како член во Сојуз на комунистичката младина на Југославија.[1]
Како член во СКОЈ тој учествувал во средби, организирани социјални читалишта и помогнал со организирањето на штрајкови и протести во Велес и Велешко заедно со Благородна Ивева. Заради неговиот труд тој станал еден од поистакнатите членови во велешката подгрупа. Служел во војската на Кралството Југославија пред ширењето на втората светска војна во балканот како дел од тогашниот воен рок.[1]
Приклучување во НОБ
уредиСо распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Трајче Панов работел во велешкото Каменолом. Одма со почетокот на суровата фашистичка бугарска окупација во Македонија Трајче Панов станал член во комунистичката партија на Југославија и почнал да соработувал со нејзе против новата сурова власт. Во првите недели тој ја имал работата да собирал материјали, облека, храна и куршуми за македонската народна ослободителна армија во велешкиот реон. Но после три-четири месеци бил откриен од страна на бугарската фашистичка полициска сила и успеал да избегне од градот Велес.[1]
Во септември 1942 година одлучил да се приклучил во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ и после нејзиното реорганизирање во втората половина на септември истата година тој бил сместен во втората чета на одредот.[2] Тој почнал да учествувал во борбени дејства против суровите ксенофобиски бугарски фашистички окупатори. Неговото прво борбено дејство било во теренот и планина Клепата. Во битките според сведоци тој бил меѓу најхрабрите војници и често бил првиот партизан најнапред во четата. Тој секогаш ги почитувал водачите на бригадата и им ја служел секоја наредба којшто посакале Панов да ја исполни, заради тоа бил редовоно промовиран.[1]
Во декември 1942 година заедно со партизанскиот одред патувале во селото Војница. Во 16 декември 1942 година кога биле во пештерата биле откриени од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во битката кај Војничка пештера. За време на битката Трајче Панов храбро и трагично загинал. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во костурницата. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес.[1][3] По негова чест неколку улици во Велес го носат неговото име.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 44.
- ↑ Данов, Љупчо (9 септември 2018). „Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов"“. Дума.мк.
- ↑ Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.
- ↑ Evans, Thammy (2015). Macedonia. Bradt Travel Guides. стр. 14. ISBN 9781841628585.