Зора го претставува периодот пред изгрејсонцето. Позната е по присуството на слаба сончева светлина, додека самото сонце сè уште е позади хоризонтот.

Зора, Египет.

Постојат повеќе дефиниции за зората, како што се:

  • Астрономска зора: моментот кога небото повеќе не е целосно темно, симетрички е дефинирано како времето кога сонцето е 18 степени зад хоризонтот во утрото.[1]
  • Морнарска зора: времето кога нема доволно сончева светлина за да хоризонтот и некои предмети бидат доволно видливи, симетрички е дефинирано како времето кога сонцето е 12 степени зад хоризонтот во утрото.[1]
  • Граѓанска зора: времето кога има доволно светлина за да предмети бидат доволно видливи и времето кога луѓето и други живи организми можат да започнат со надворешните активности, симетрички кажано, кога сонцето се наоѓа на шест степени зад хоризонтот.[1]

Зората не треба да се меша со изгрејсонцето, што е моментот кога предниот раб на самото сонце се појавува над самиот хоризонт.

Зората како тема во уметностаУреди


НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 National Oceanic and Atmospheric Administration. „Astronomical Terms“.
  2. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 30.
  3. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 120.
  4. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.
  5. Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011.
  6. Discogs, The Lemonheads ‎– Come On Feel The Lemonheads (пристапено на 2.9.2020)

ПоврзаноУреди