Спомен-костурница (Велес)

споменичен комплекс во Велес

Спомен-костурниците претставуваат монументални објекти со симболична содржина како посебен вид на капели (гробници). Во нив се приложени мошти на борците кои биле жртви на одредени воени дејства. По својата структура ги обединуваат формалните и обликовните искуства на црковното градителство збогатено со естетски и просторни квалитети. Овие грандиозни силуети се во корелација со современата, ликовна и монументална архитектура и уметност. Во Македонија започнуваат со изградба во периодот меѓу двете светски војни, но особено својата афирмација ќе ја доживеат по завршување на Втората светска војна.

Спомен костурница- Велес
Основни податоци
МестоВелес, Македонија,
Координати41° 72′ 33″ N, 21° 78′ 27″ E
Архитект(и)Саво Суготин
Поставен темел1976
Завршен1979
Материјалиармиран бетон

Општи податоци уреди

Импозантниот и монументален споменик – Спомен костурницата во Велес, датира како вечно почивалиште на стотина велешки борци кои загинале во НОВ. Идејата за формата претставува афионов цвет кој расцветува и означува раѓање на нешто ново (од друга страна е присутна и асоцијацијата на распукан шлем – симбол на победениот фашизам) Автори на ова грандиозно, архитектонско дело биле Саво Суготин (инженер архитект) и Љубомир Денковиќ (академски вајар) од Нови Сад. Објектот бил пуштен во употреба на 11ти Октомври 1979 од Генерал Коста Ники кој во тоа време бил претседател на “Здружение на борци на Југославија”.

Централно во ентериерот е поставена скулптура на расцветано дрво – симбол на слободата, а под неа се наоѓа криптата на борците. Скулптурата претставува дрво на животот и со самото будење и цутење на дрвото се симболизира раѓање на нов живот.

По должината на ѕидовите лежи најголемиот мозаичен комплекс во Македонија од околу 220м2.

Внатрешното ликовно обликување е дело на академскиот сликар од Скопје, Петар Мазев, кој преку композиција од пет делови на мозаици ја претставил историјата на македонскиот народ, започнувајки од перидот на Османлиите, па сè до 90-тите години на XX век. Мозаикот е изведен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, а симболите и формите се визуелизираат преку употребата на мноштво од бои.

Галерија уреди

Извор уреди

Статија на МАРХ-Македонска архитектура [1] Wikipedia Comons [2]

Наводи уреди

Статија на МАРХ-Македонска архитектура - Велешката костурница / фотогалерија 2 (ентериер)[3] Статија на МАРХ-Македонска архитектура - Велешката костурница / фотогалерија 1 (екстериер) [4]