Трајче Петкановски
учител и борец во НОБ
Трајче Петкановски-Андреев (Бистрица, Велешко, 7 октомври 1919— Ораовдолско, Велешко, 6 август 1943) — македонски учител и партизан, учесник во НОВ.
Петкановски бил организатор на оруженото востание во Азот (Велешко). Бил член на првата партиска ќелија од август 1941 година. Ја формирал првата партизанска база во Азот во 1942 година. Од јуни до декември 1942 година бил борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, а од јануари до август 1943 година ја предводел партизанската група на теренот на Азот, каде што и загинал во судир со бугарската полиција и контрачетниците.[1]
Една година по неговата смрт, Велешко-прилепскиот партизански одред, формиран кон крајот на април 1944 година, бил наречен по него.
Галерија
уреди-
Биста на Трајче Петкановски во Богомила
-
Биста во родното село Бистрица
Наводи
уреди- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1139 стр.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |