Бугарофили
Бугарофилија (составено од грчките зборови βουλγαρο- „бугаро-“ и φιλία „пријател“) — човек што е пристрасен кон бугарството.[1] Односно претставува термин кој опишува човек кој има симпатии кон Бугарија, иако самиот тој не е Бугарин. Затоа и буквалниот негов превод означува пријател на Бугарите (што би значело дека тој човек не е Бугарин по род).
Употреба на терминот во минатото
уредиВо периодите кога Вардарска Македонија била под српска окупација, српските власти како бугарофили/бугараши ги етикетираат сите оние Македонци кои имаат изразени македонски чувства и се борат за независна или обединета Македонија. После 1945 година, терминот бугараш, како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите про-бугарски ориентирани Македонци (кои соработувале со фашистичкиот окупатор или биле дел од бугароманските контрачети), како и за останатите десно ориентирани Македонци и противници на југословенската федерација. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на Голи Оток како бугараши, заедно со оние кои навистина себеси се чувствувале за Бугари и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите и тенденциозно Македонците кои се залагале за самостојно работење биле нарекувани бугараши. Класичен пример е дискредитирањето на Методија Шаторов - Шарло од страна на Тито со зборовите стариот Бугарин или обвинувањето на Вера Ацева која го тврди следното:
„ | Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам[2] | “ |
Употреба на терминот во поновата историја
уредиСпоред Љупчо Георгиевски, не само што тој, туку и 90 проценти од ВМРО-ДПМНЕ во раните 1990-ти години, како и 50 отсто од Владата што тој ја раководел од 1998 до 2002 година, се чувствувале како македонски бугарофили.[3]
Во средината на деведесеттите, почнува да се употребува терминот бугароман, кое ги опишува лицата кои иако не се Бугари по род, но работат за бугарската политика и историографија, ширејќи ја нивната пропаганда, на штета на македонската[4] и себеси си се прикажуваат и декларираат како Бугари.[5]
„ | Георгиевски немаше проблем со совеста, затоа што беше прикриен бугароман. Американскиот интерес за распарчување на Македонија одеше во прилог на неговото бугароманство.[6] | “ |
Драган Богадновски, отворено и јасно се дистанцира и го осудува бугароманското однесување на Љупчо Георгиевски:[4]
„ | Во својот одговор на мојата изјава, исто така објавен во „Нова Македонија“, Љупчо Георгиевски се послужи со лага, тврдејќи дека сум бил јас тој што сум го навел да се сретне со бугароманите! Ни на соне не си замислував дека тој ќе биде толку нечесен, па така безобразно да лаже, но се покажа дека многу не сум го познавал мојот млад „пулен“... | “ |
Разлика во терминологија
уредиВо денешно време термините:
- Македонски Бугари — опишуваат Бугарско малцинство кое живее во Република Македонија.
- Бугарофил — опишува човек кој приоритет му е Република Македонија, (нејзината култура, цивилизација, историја), а кога се работи за други држави, секогаш ја претпочита и поддржува Бугарија (но, не и по штета на Македонија)
- Бугароман — опишува човек кој поради бугарската пропаганда, себеси си се декларира како Бугарин, а притоа работи за бугарската кауза, ја шири бугарската пропаганда, на штета на својата матична држава Република Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „бугарофил (м.)| Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu.
- ↑ Дискусија на Вера Ацева, Скопје во НОВ, 1941", Скопје, 1973, стр. 379 [1] Архивирано на 16 март 2014 г.
- ↑ Што се случува во десницата? Утрински весник, број 3294 од 31 мај 2010 година.[мртва врска]
- ↑ 4,0 4,1 Богдановски, Драган. „Зошто таткото се откажа од своето улаво дете Љупчо Георгиевски?“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-03-10.
- ↑ „Благоевград му се израдувал на благонадежниот Љубчо“. time.mk. На
|first=
му недостасува|last=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|archive-date=
(help) - ↑ „Зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да загуби на локалните избори?“. Бизнис Вести.[мртва врска]