Боро Божиновски – Прцан
Боро Божиновски – Прцан ( 1915 во Куманово — 12 септември 1942 во Скопска Црна Гора, Скопско)[1][2] — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[3]
Боро Божиновски - Прцан | ||
Роден | 1915 година Куманово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 септември, 1942 година Манастир Благовештение, на Скопска Црна Гора, Македонија под Германско/Италијанска/Бугарска окупација |
Животопис
уредиПредвоена активност
уредиПотекнувал од многу бедно семејетво. Поминал тешко детство и младост. Изучил опинчарски занает. Спаѓал меѓу организаторите што придонеле во периодот од 1933-1937 година во Куманово да се изгради силна скоевска организација. Уште како младинец бил зачленет во УРС-овите синдикати. Раководел со кожарската подружница. Учествувал во сите акции на партијата како и во сите манифестации и демонстрации. Влегувал на состаноците што ги одржувал синдикатот на Jyгopac и истите ги растурал. На предизборниот митинг во 1938 година, исфрлил пароли за демократизација на земјата и слобода на народите. За учеството во оваа акција бил казнет со 15 денови затвор. Често бил затворан и мачен. Бил активен член и во културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“. Организирал масовни излети на кои спроведувал политичка дејност. Во 1940 година заедно со други младинци испишал борбени пароли и ги залепил по ѕидовите од зградите во Куманово.
Втора светска војна
уредиОд првите денови на окупацијата бил меѓу истакнатите комунисти кои работеле на оруженото востание. Без колебање се пријавил за Козјачкиот партизански одред (12 октомври, 1941 година). Бил еден од првите борци кои со пушки го одбележиле историскиот настан за оруженото востание на македонскиот народ. По блокадата и судирот на одредот со бугарските сили кај село Малотино, Кумановско на 17 октомври, 1941 година, тој успеал да се пробие заедно со Киро Фетак.[4] Истата ноќ влегол во родниот град и преминал во илегалство. Се сретнал со Христијан Тодоровски - Карпош, со кого соработувале и војувале подолг период. Пролетта 1942 година заедно со Карпош заминале во Србија и стапиле во Врањскиот партизански одред. Повеќе месеци војувал во Црна Трава, каде ги покажал своите квалитети на храбар и дисциплиниран борец. По неколку месеци проведени во Врањскиот партизански одред, се вратил во Македонија. Есента 1942 година станал борец на Скопскиот партизански одред и дејствувал во Скопска Црна Гора. Учествувал во повеќе борби на одредот. Во септември 1942 година кога одредот бил блокиран од силни полициски и контрачетнички (бугаромански) сили во манастирот Благовештание, се наметнала нерамна борба во која го изгубил својот живот.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков – Македонска Енциклопедија“.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 184–185. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ 3,0 3,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 34–35. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Салтир Путински - Формирање и акции на Козјачкиот партизански одред“. www.marxists.org.