Боте Боров Боцевски (21 јануари 1921 во Скопје3 април 1943 во Катланово, Скопско) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Боте Боцевски
Роден 21 јануари, 1921 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 3 април, 1943 година
Катланово, Скопско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Животопис уреди

Произлегува од градско семејство. Завршил IV одделение- основно и III класа вечерно занаетско училиште. Бил металски работник - бравар.

Во членство на СКОЈ бил примен во 1939 година, а во КПЈ во август 1940 година. Во бивша Југославија како прогресивен работник бил активен учесник и член на УРСовите синдикати.

Во 1940 година бил еден од организаторите и раководител на штрајкот на металските работници во фабриката на Папатеодоси. Уште тогаш се истакнувал со својата храброст во судирите со полицијата. Во еден судир со коњичката жандармерија, тој ја соблекол кошулата и покажувајќи ги голите гради, извикал:

"Пукајте, земето го овој гол живот, друго ништо не можете да земете!".

Тој бил свесен дека во таа борба не е сам и затоа често знаел да повторува: "Не можат сите да не убијат".

Истата година станал член на Покраинскиот комитет на СКОЈ и всушност тој и ја пречекал окупацијата како член на Месниот комитет на СКОЈ-Скопје. Меѓу младинците бил сакан и популарен, пореди неговите енергични и борбени настапи во својата активност. По капитулацијата на бивша Југославија ја проширил организационата работа меѓу напредната младина. Заедно со нив земал активно учество во сите демонстрации во Скопје.

Учество во НОВ уреди

На 2 август 1941 година бил откриен од полицијата, поради што морал да се повлече во илегала. Во овој период тој дејствувал заедно со Дучо Кранго, Дане Крапчев, Благоја Давков и Мито Матевски.[2] Бил успешен во учеството во организираните диверзантски акции на ударните тројки, кои имале задача да пронаоѓаат оружје, муниција, динамит и слични потребни работи. Полициските ограничувања на движењето ноќе и другите безбедносни мерки на фашистите не можеле да го попречат во работата. На 22 август 1941 година од диверзанските тројки бил формиран првиот скопски партизански одред, а Боте Боцевски без колебање стапил во неговите редови. Како борец учествувал во сите акции и борби што ги водел одредот и се истакнувал со својата храброст и пожртвуваност.

Во ноември 1941 година, по расформирањето на одредот заминал во Велес и се приклучил во тамошниот одред каде останал до пролетта 1942 година.

Неговата активност и работа потоа ја продолжил во Струмица,[3] каде работел илегално околу осум месеци. Во судската пресуда број 133 од 9 мај 1942 година, од името на негово величество Борис III, цар на Буrарија, по кривичниот предмет број 164, за кривични дела, покрај многуте осудени, се среќава и името на Боте. Тој заедно со Благоја Давков и Трајко Стојков, во отсуство биле осудени на 15 години строг темничен затвор.[2]

Од 1943, се префрла на теренот во Куманово, па и во Врање. Во Врање тој им се придружил на една група партизани, што тргнале кон Скопска Црна Гора. Меѓутоа на 3 април 1943, нивната група била поткажана од некои предавници во Катлановско. Групата во која бил и Боте, навлегла во фашистичка заседа и блиска борба со окупаторот. Во неа надмоќниот непријател ги ликвидирал сите седум партизани меѓу кои и Боте. Во борбата ги бодрел своите соборци, херојски да издржат и живи да не се предадат на непријателот. Неговиот лик и карактер останал во сеќавањата на неговите современици и останал запомнет како примерен револуционер и верен син на својот македонски народ. Според друг извор нападот и убиството на оваа група се случил во самата околина на Врање,[2] кај селото Каталинец.[4]

Во населбата Кисела Вода, во близина на студентскиот дом Пелагонија, една улица го носи токму неговото име.[5]

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 36–37. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор. Скопје: Архив на Скопје. 1986. стр. 68, 103, 253. ISBN 86-80009-01-6. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 47. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 87. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  5. „улица "Боте Боцевски" - Кисела Вода“.