Влада на Македонија од декември 1946

Владата на НР Македонија од декември 1946 е формирана на 31 декември 1946 година, на истиот ден кога е донесен Уставот на НР Македонија. Во оваа влада доаѓаше до чести измени и реконструкции, но таа остана на функција до јануари 1951 година, кога е избрана нова влада.

Состав на владата

уреди

Владата е составена од претседател, два потпретседатели, 11 министри и претседателот на Планската комисија. Во однос на претходната влада, во оваа влада е вклучен и претседателот на Планската комисија.

Составот на владата е следниот:[1]

Реконструкции на Владата

уреди

Во јули 1947 година за нов министер за просвета е избран Киро Хаџи Василев на местото на Никола Минчев, кој е избран за министер без ресор.[2]

При реконструкцијата на Владата од 19 ноември 1947 година настанаа следните промени:

  • За претседател на Контролната комисија на местото на Љупчо Арсов е избран Борко Темелковски
  • За министер за градежништво на местото на Тоде Ношпал е избран Страхил Гигов
  • За министер за просвета на местото на Киро Хаџи Василев е избран Димче Мире
  • За министер на новоформираното министерство за локален сообраќај е избран Тоде Ношпал
  • За министер без ресор на местото на Никола Минчев е избран Киро Хаџи Василев.[3]

На 10 јануари 1948 година Љупчо Арсов поднесува оставка на функцијата потпретседател на Владата и на таа функција е назначен Никола Минчев.[4]

На 12 мај 1948 година од министерството за земјоделство и шумарство се формирани две нови министерства, едното за земјоделство, а второто за шумарство, при што за министер за земјоделство е именуван Ванчо Бурзевски, а Крсте Симовски стана министер за шумарство. Покрај тоа, за министер за социјални грижи е именуван Реис Шакири, на местото на Неџат Аголи.[5]

При реконструкцијата на Владата од 26 октомври 1948 година настанаа следните промени:

  • За претседател на Планската комисија на местото на Киро Миљовски е назначен Страхил Гигов
  • За министер за трговија и снабдување на местото на Аспарух Каневче е избран Киро Миљовски
  • За министер за труд на местото на Киро Петрушев е избран Боге Кузмановски
  • За министер за градежништво на местото на Страхил Гигов е избран Живко Брајковски
  • За министер за шумарство на местото на Крсте Симовски е избран Стоилко Ивановски
  • За министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија е избран Димче Зографски
  • Киро Хаџи Василев е разрешен од функцијата министер без ресор.[6]

На 12 јануари 1949 година разрешен е министерот Диме Бојановски.[7]

При реконструкцијата на Владата од 17 март 1949 година доаѓа до смена на раководните лица на три министерства и до избор на еден нов министер.

На 16 април 1949 година е формирано ново министерство за државни набавки на Владата и за министер е именуван Перо Менков.[9]

На 13 септември 1949 година доаѓа до промена на раководните лица во две министерства.

  • За министер за правосудство на местото на Васил Калајџиски е избран Благој Левков
  • За министер за шумарство на местото на Стоилко Ивановски е избран Васил Ѓоргов.[10]

Следниот месец, на 19 октомври 1949 година, при новата реконструкција на владата, дојде до следните промени:

  • Борко Темелковски од претседател на Комисијата за државна контрола на НРМ е поставен за потпретседател на Владата
  • Вера Ацева од министер за земјоделство е поставена за претседател на Комисијата за државна контрола на НРМ
  • Боге Кузмановски од министер за труд е поставен за министер за земјоделство
  • Џафер Кодра е поставен за министер за труд
  • Киро Георгиевски од министер за комунални работи е поставен за министер и претседател на комисијата за ревизија на генералните проекти при Владата на НРМ
  • Љубо Зафиров е поставен за министер за комунални работи
  • Крсте Црвенковски е поставен за министер за наука и култура.[11]

На 8 февруари 1950 година на чело на новоформираните министерства за електростопанство и за државни земјоделски стопанства се поставени министрите Аспарух Каневче и Мито Брзилов. Покрај тоа, за претседател на Планската комисија на местото на Страхил Гигов дојде Никола Минчев.[12]

До поголема реконструкција на Владата и на министрите во нејзин состав дојде на 23 април 1950 година.[13]

  • Никола Минчев од претседателот на Планската комисија е поставен за претседател на Советот за промет со стоки
  • Наум Наумовски е поставен за министер-претседател на Советот за земјоделство и шумарство
  • Кемал Сејфула е поставен за министер-претседател на Советот за комунални работи и локална индустрија
  • Мито Димитриевски е поставен за министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија
  • Љубо Зафиров наместо министер на комуналните работи е поставен за министер-претседател на Комитетот за локална индустрија и занаетчиство
  • Димче Беловски од министер за градежништво е поставен за претседател на Планската комисија
  • Боге Кузмановски од министер за земјоделство е поставен за министер за градежништво
  • Мито Теменугов е поставен за министер на земјоделство
  • Благој Попов наместо министер за индустрија и рударство е поставен за министер-претседател на Советот за преработувачки индустрија
  • Аспарух Каневче наместо министер на електростопанство е поставен за министер-претседател на Советот за енергетика и екстрактивна индустрија
  • Димче Зографски од министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија е поставен за министер за шумарство на местото на Васил Ѓоргов
  • Васил Ѓоргов од министер за шумарство е поставен за министер за државните земјоделски стопанства на местото на Мито Брзилов.

На 5 јуни 1950 година доаѓа до последната промена на оваа влада. За претседател на Планската комисија е поставен Киро Георгиевски на местото на Димче Беловски. Покрај тоа, за министер е именуван и Методија Митевски.[14]

Извори

уреди
  1. Службен весник на Народна Република Македонија 2/1947, 1 стр.
  2. Службен весник на НРМ, 25/1947, 12 стр.
  3. Службен весник на НРМ, 33/1947, 2 стр.
  4. Службен весник на НРМ, 1/1948, 1 стр.
  5. Службен весник на НРМ, 14/1948, 1 стр.
  6. Службен весник на НРМ, 33/1948, 1 стр.
  7. Службен весник на НРМ, 2/1949, 1 стр.
  8. Службен весник на НРМ, 8/1949, 1 стр.
  9. Службен весник на НРМ, 10/1949, 1 стр.
  10. Службен весник на НРМ, 21/1949, 1 стр.
  11. Службен весник на НРМ, 24/1949, 1 стр.
  12. Службен весник на НРМ, 4/1950, 2 стр.
  13. Службен весник на НРМ, 11/1950, 2-3 стр.
  14. Службен весник на НРМ, 16/1950, 9 стр.