Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија

(Пренасочено од ГШ на НОВ и ПОМ)

Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (Главен штаб на НОВ и ПОМ) ― највисоко и главно командно тело на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија во текот на народно-ослободителната борба на Македонија.

Членови на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на ЦК на КПМ, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и други борци, 1944 година.

Формирање

уреди

Воена комисија

уреди

Седиштето му било во Скопје и тоа се равило постепено. Од крајот на јуни 1941 година, дејствувал како Воена комисија при Покраинскиот комитет на КПМ. Пред формирањето на ГШ, оружената борба ја раководеле: Воена комисијаМетодија Шаторов-Шарло, Коце Стојановски - Металец, Бранислав Шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ- Горски, Илија Јакимовски и Роберт Гајдик.[1][2]

Покраински воен штаб

уреди

Како резултат на активностите на Воената комисија, кон крајот на август 1941 година е формиран Скопскиот партизански одред. Во септември Воената комисија престанала со работа, а бил формиран Покраински воен штабЛазар Колишевски-Митре, Михајло Апостолски-Дончо, Мирче Ацев-Стојче, Страшо Пинџур-Јосиф, Цветко Узуновски-Абас,[1] Трајко Бошкоски-Тарцан, Перо Ивановски-Тиквар, Кузман Јосифовски-Питу, Иван Дојчиновски-Димче.[2]

Оперативен воен штаб

уреди

Истата година на 11-12 октомври, се појавиле и партизанските одреди во Куманово и Прилеп, кои започнале со вооружени акции. Од ноември 1941 година до март 1942 ПВШ, не одржувал состаноци ниту пак донесувал одлуки. Во март, 1942 година ПВШ бил активиран и превзел бројни воени активности: Формирал оперативен штаб, како оперативно раководство, кое што требало постојано да биде на терен со партизанските одреди, издале ѝ директива за излегување на нови партизански одреди и побарал поголеми активности од месните воени штабови.[2]

Оперативен воен штаб, како помошен орган на ПВШ – Перо Ивановски-Тиквар, Трајко Бошкоски-Тарцан, Киро Крстески-Платник и Стив Наумов.[1] Со формирањето на Привремениот ПК КПЈ за Македонија, во почетокот на јуни 1942 година, ПВШ бил преименуван во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.[2]

Главен штаб на НОПО на Македонија

уреди

ПВШ прераснува во ГШ на Народноослободителната војска на Македонија и НОПОМ во состав: Цветко Узуновски, Михајло Апостолски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов (јуни 1942), а подоцна биле кооптирани Кузман Јосифовски и Стив Наумов

Го раководел дејствувањето и организирањето на НОПО, реорганизацијата на месните воени штабови, издавал Билтен (од октомври 1942) и др.[1][2]

Главен штаб на НОВ и ПОМ

уреди

ГШ на НОПОМ прераснува во ГШ на НОВ и ПОМ во состав: Михаило Апостолски – командант, Цветко Узуновски – политички комесар и Страхил Гигов – заменик политички комесар. Подоцна комесари биле Бане Андреев и Борко Темелкоски, а заменик на командантот Панче Неделковски (март 1943).[1][2]

До конечното ослободување на Вардарска Македонија (ноември 1944), во составот на ГШ имало повеќе измени. Единствено командантот Апостолски останал до укинувањето на главните штабови (1945). За поефикасно раководење со НОАВМ, територијата ја поделил на пет Оперативни зони, на чело со оперативни штабови.

Од пролетта 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ во прво време престојувал во базата кај Лопушник (на планината Јама), а потоа во селото Црвена Вода на слободната територија на Дебарца, каде што формирал свои одделенија и служби. Меѓу кои именувал: (септември 1943) референт за верски прашања (свештеник Вељо Манчевски) и референт за просвета (Петар Богданов-Кочко), издал Манифест за крајната цел на НОАВМ (октомври 1943), формирал баталјони и бригади (1943), дивизии и корпуси (1944) за завршните операции за ослободување на Македонија.[1]

По напуштањето на слободната територија во Западна Македонија во почетокот на декември, 1943 година Главиот штаб со народно-ослободителната војна во Македонија раководел од Мегленско (Егејска Македонија), па сè до Февруарскиот поход (1944 година). Потоа со Групата баталјони се префрлил низ Источна Македонија на кумановското подрачје (Козјачки масив) каде што се поврзал со јужноморавските и косовските единици. Тука е формиран заеднички Оперативен штаб под команда на НОВ и ПОМ којшто пролетта 1944 година раководел со воените дејствија на кумановското, врањското и црнотравското подрачје. До средината на септември 1944 година, Главниот штаб бил во кумановско-врањското подрачје, а потоа се префрлил во Овче Поле (Ѓуришки манастир), од каде што раководел со со воените единици што дејствувале на комуникациите против германските воени сили кои се повлекувале од Грција. Во втората половина на октомври ГШ бил преместен во селото Горно Врановци, Велешко. Од ова подрачје раководел со завршните операции за ослободување на Македонија. Со ослободувањето на Македонија, седиштето на ГШ на НОВ и ПОМ, било преместено во Скопје.[1]

Македонската војска имала над 64.000 борци (октомври–ноември 1944). Во ноември ГШ на НОВ и ПОМ бил преименувн во ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија и така функционирал до февруари 1945 година, кога бил преименуван со наредба на ВШ на НОВ и ПОЈ во ГШ на ЈА за Македонија.[2] Бил подготвен Петнаесеттиот македонски корпус за завршните операции за ослободување на Југославија, додека во територијален поглед, ГШ ја поделил Македонија на три воени области: Скопска, Битолска и Штипска.[1] Во мај 1945 бил укинат.[2]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 128–129. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 360.