Анде Кошулчев, родени име Анде Ристов Кошулчев (Велес, 23 јануари 1923Војница, 16 декември 1942) ― истакнат македонски партизан и член во народната ослободителна армија за време на втората светска војна, деец во велешката подгрупа на комунистичката партија на Југославија, еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на народната ослободителна борба во битката кај Војничка пештера Кошулчев храбро и трагично бил убиен од страна на бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.

Анде Кошулчев
Слика од партизанот Анде Кошулчев
Роден(а)Анде Ристов Кошулчев
23 јануари, 1923
Велес, Кралство Југославија
Починал(а)16 декември, 1942 (возр. 19)
Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Кошулчев е роден кај градот Велес во сиромашна работничка фамилија, во рани години тој ги чуствувал последиците на сиромаштијата. Неговиот татко Ристо Кошулчев работел како општ физички работник и ретко донесол доволно плата за да ја исхранил целата фамилија. Во рани години почнал да работи како печалбар во Србија, прво стигнал во Белград и таму работел па после најдол работа во српскиот град Чачак. При неговото време во Србија тој почнал да се ориентира кон комунизмот и социјализмот и се приклучил во работнички синдикат за младите работници во градот Чачак, околу тоа време почнал да ја чита литературните дела на Карл Маркс.[1]

Поради неговите дејства против владата на Кралството Југославија тој бил уапсан од полиција и задржан во државен затвор во Белград, во затворот редовно бил мачен од страна на работниците во затворот и од полициските сили на Југославија. После неколку години тортура и мачење бил ослободен во 1938 година, кога постигнал околу 15 години тој одлучил повторно да се вратил во неговиот роден град Велес. Во неговиот роден град си ја продолжил неговата револуционерна дејност преку организирајќи и водејќи штрајкови, во април 1938 година организирал штрајк против керамичката фабрика „Вила Зора“ заради тоа што условите кај нив не биле поволни. Тој исто така учествувал во штрајкови во велешкиот реон.[1]

Во пролетта на 1940 година, кога бил 17 години тој се приклучил во ново формираниот Сојуз на комунистичката младина на Југославија којшто формирале тајна база во градот Велес, тој исто така бил примен во комунистичката партија на Југославија во истата година, тој станал квалитен член и бил промовиран од страна на КПЈ, заради тоа после една година тој станал еден од водачите на СКОЈ во градот Велес. Во јануари 1941 година тој организрал штрајк против владата на Кралството Југославија и повторно бил уапсан, останал во градскиот затвор до распаѓањето на Југославија за време на кратко трајната априлска војна.[1]

Приклучување во НОБ

уреди

Со распаѓањето на Кралството Југославија за време на кратко трајната априлска војна, Велес било окупирано од страна на суровите бугарски фашистички окупатори. Кошулчев не ја почитувал новата фашистичка ксенофобиска окупација на Бугарија и откако бил ослободен од градскиот затвор тој се приклучил во народното ослободително движење. Во мај 1941 година станал член на новиот формиран македонски комитет во Сојуз на комунистичката младина на Југославија во Велес. Тој станал еден од главните раководители на организирајќи го ослободителното движење во Велес и Велешко, исто така бил еден од водачите на велешката подгрупа на комунистичката партија на Југославија. Тој исто така имал главна улога на организирајќи материјали кон македонските партизани и помогнал со собирајќи оружја за ослободителното движење.[1]

Друга главна улога којшто ја имал е поставувањето на основите темели за формирањето на велешки партизански одред, помогнал со приклучување на младини којшто биле интересирани и ориентирани кон комунизмот и социјализмот. Заради неговите способности и големи позитивни придонеси кон ослободителното движење во јануари 1942 година, кога бил 19 години, станал главниот водач на воениот штаб заедно со Димче Мирчев и Милан Сланев[2] на македонската народна ослободителна армија во Велес и Велешко. Заради тоа тој исто така се приклучил во борбата како македонски партизан во Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“, по формирањето на одредот тој им помогнал со собирајќи повеќе членови, после неколку месеци бил повикуван од бугарските фашистички окупатори да служил во бугарската армија како дел од нивниот воен рок, но наместо да се приклучил тој избегнал од Велес и се приклучил во велешкиот одред како дел од втората чета.[3][1]

Околу оваа време исто така имал неколку средби со Страхил Гигов, истакнат македонски партизан и можен организатор за убиството на Кочо Рацин.[4][5] Тој во партизанскиот одред Димитар Влахов учествувал во сите борбени дејства и акции против бугарската фашистичка окупирачка војска и исто така против квислингската колаборативна велешка контрачета. Во 16 декември 1942 година после различни битки и долготрајни маршови успешно се сместеле во пештера над селото Војница за да се одмориле. Но при нивното одмарање биле пронајдени од ловџија којшто под итно ги пријавил кон бугарската фашистичка полициска сила, после неколку часа бугарската армија пристигнала и се одвивала битката кај Војничка пештера, во која што Кошулчев заради големата магла во реонот за време на битката не ги видел куршумите од непријателските пушки и бил погоден, трагично но храбро загинал во битката заедно со шест други.[1]

После смртта

уреди

После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година, каде што се наоѓа и ден денес.[6] По негова чест различни улици во Велес го носат неговото име и после неколку години бил сместен и споменик буста од партизанот заедно со неговите други браќа којшто си го изгубиле животот за време на народната ослободителна војна[7] како Владо Кошулчев којшто загинал во 1943 година во Скопско од бугарските фашистички окупатори и Никола Кошулчев којшто загинал борејќи ја армијата на Третиот Рајх за ослободувањето на Свети Николе во ноември 1944 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 40.
  2. ИЗНА (1985). Гласник на Институтот за национална историја. Институт за национална историја. стр. 282.
  3. Данов, Љупчо (9 септември 2018). „Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов". Дума.мк.
  4. Гигов, Страхил (1979). Одбрани трудови. Мисла. стр. 118.
  5. Гигов, Страхил (1975). Сеќавања. Наша книга. стр. 113.
  6. Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.
  7. Претседателот на Советот на Општина Велес д-р Александар Колев ја закажа 9-та седница (2013) од советот на Општина Велес.