Киро Чучуков-Себура
македонски партизан
Киро Чучуков-Себура (Киро Ќучук) (25 март 1919 во Велес – 6 јануари 1943 во Речани, Велес) – македонски младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко и првоборец.[1]
Киро Чучуков-Себура | ||
Роден | Киро Чучуков-Себура 25 март 1919 Велес, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 6 јануари 1943 (возраст: 23) Речани, Велес, Царство Бугарија убиен | |
Националност | Македонец | |
Занимање | партизан |

Животопис
уредиВеднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од мај 1942 година и учесник во сите борбени судрувања со бугарската полиција.
Од септември 1942 година ја извршувал курирската должност. По враќањето од кумановскиот на велешки терен, во почетокот на 1943 година бил откриен од бугарската полиција и ликвидиран, заедно со Нонча Камишова, Стојан Бурчевски - Буридан, Јордан Јорданов и Киро Неделков.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „II“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1635. Text "series " ignored (help)
- ↑ Ѓорѓи Малковски, „Речани – последната битка за слободна Македонија“, „Нова Македонија“, 15.01.2020.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |