Благој Јанушев
Благој Јанушев, родено име Благој Ристов Јанушев (Прждево, 25 март 1920 — Војница, 16 декември 1942) — истакнат македонски партизан и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Член во народната ослободителна армија на Македонија и комунистичката партија на Југославија. еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во битката кај Војничка пештера тој храбро и трагично бил убиен од страна на бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.
Благој Јанушев | |
---|---|
Слика од Благој Јанушев | |
Роден(а) | Благој Ристов Јанушев 25 март. 1920 Прждево, Кралство Југославија |
Починал(а) | 16 декември, 1942 (возр. 22) Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Велешката костурница |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашна работничка фамилија во селото Прждево, Неготинско. Таткото на Јанушев, Ристо Јанушев, работел како железничар со сиромашни услови. Завршил основно училишно образование со високи оценки во неговото родно село. Со неговиот голем успех се запишал во велешката гимназија, еден од најстарите гимназии во регионот Македонија и најстарата гимназија во денешна Македонија. За време на неговото средно училишно образование во Велес тој почнал да се ориентира кон социјализмот и комунизмот. Заради неговите дејства и ставови во 1940 година, кога бил 20 години, го примиле во Сојуз на комунистичката младина на Југославија, истата година станал член во комунистичката партија на Југославија.[1]
Приклучување во НОБ
уредиСо распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Благој Јанушев продолжил да се приклучил во народното ослободително движење. Тој не ја почитувал суровата ксенофобиска бугарска фашистичка окупација и во март 1942 година бил еден од организаторите заедно со Благој Кирков за велешкиот гимназиски штрајк против бугарските фашистичките окупатори. Главната причина зошто го организирале штрајкот е заради тоа што биле против користењето на бугарскиот јазик како службен јазик во велешката гимназија.[2] Заради нивниот штрајк биле прогонувани од велешката гимназија по наредба од бугарските окупатори.[1][3]
Во пролетта на 1942 година бугарските фашистички окупатори побарале Јанушев да служил во бугарската армија како дел од воениот рок но тој одлучил да избегне и да се приклучи во народната ослободителната армија на Македонија. Во септември 1942 година, тој заедно со група на гимназијалци од велешката гимназија се приклучуваат во втората чета на новоформираниот народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“.[4][5][6] Учествувал во нападот на селото Војница во 14 септември 1942 година, за време на нападот селото било ослободено за кратко време. Тој учествувал во борбените дејства во теренот Раец. Откако бугарската војска почнале да го бараат тој за кратко време се исклучил од одредот и избегнал во неговото родно село Прждево, останал таму за неколку недели и после патувал кон Тиквешија, каде што повторно се приклучил во одредот.[1]
Во ноември 1942 година повторно се приклучил во воените дејства и учествувал во борбени битки кај Дреновци, после патувал кон клисурата Пешти и стигнале блиску до реката Бабуна во велешко. Биле повторно откриени од страна на бугарските фашистички окупатори и избегнале во селото Војница, и влегле внатре во една пештера. Во 16 декември 1942 година кога биле во пештерата биле откриени од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во битката кај Војничка пештера. За време на битката Благој Јанушев храбро и трагично загинал. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во костурницата заедно со Кочо Рацин, Димче Мирчев и многумина други истакнати велешки партизани. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес.[1][7] По негова чест неколку улици во Велес и Прждево го носат неговото име.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 31–32.
- ↑ Печков, Петар (14 март 2022). „80 години од штрајкот на велешките гимназијалци, против користењето на бугарскиот јазик во наставата (видео)“. ТиРековМиРече.
- ↑ Гигов, Страхил (1975). Сеќавања. Наша книга. стр. 221.
- ↑ Данов, Љупчо (9 септември 2018). „Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов"“. Дума.мк.
- ↑ Matica na iselenicite od Makedonija (1978). Македонија. Матицата. стр. 9.
- ↑ Експрес (9 февруари 2023). „Никола Стојановски, 100 години живот – лекар, борец и учесник во Штрајкот на велешките гимназијалци против бугарските фашисти во 1942“. Експрес.мк.
- ↑ Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.