Пано Манев
Пано Николов Манев или известен како Пано Ветерски (с. Ветерско, Велешко – 15 јануари 1945, Велес) — македонски револуционер со пробугарска ориентација, деец на ВМРО, велешки војвода, а во Втората светска војна водач на бугароманска контрачета.[1] Стрелан со други 52 двајца велешани соработници на бугарскиот фашистички окупатор.[2]
Пано Манев | ||
Роден | Ветерско, Велешко, Македонија како дел од Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 јануари 1945 Велес, СР Македонија, Југославија |
Животопис
уредиПано Манев е роден во велешкото село Ветерско. Во 1920 година влегува во ВМРО (на Тодор Александров) и станува терорист на организацијата. Во периодот помеѓу 1920 до 1927 година тој заедно со Трајко Чундев и Стефан Петков влегуваат во Македонија каде што основуваат месни комитети на ВМРО. Заедно извршуваат атентати против српската власт во Велешко. Во 1927 година тој заедно со Трајко Чундев поставуваа бомба на линијата Велес - Скопје, при што настрадал пазачот на железничката линија. Кога Македонија 1941 е окупирана од Царството Бугарија, тој активно помага на бугарската окупациона фашистичка власт.[2] Во ноември 1941 година тој станува намесник на селата Ветерско, Лугунци и Рудник. Кога се појавуваат првите партизански чети во Македонија, Манев ја формира првата про-бугарска Велешка контрачета со која се борат против македонските партизани и револуционери.[3][4] Според бугароманскиот историчар Коста Црнушанов, тој е убиен заедно со уште 52 затвореници во велешскиот масакр на 15 јануари 1945 година.[5] Убиен е поради неговата соработка со Бугарскиот фашистички режим и злосторствата кои тој и неговата контрачета ги вршела во реонот на Велешко, а во корист на Бугарија.[2] Токму неговите контрачетници, заедно со бугарската полиција се оние кои и ја отсекуваат главата на малолетната Невена Георгиева - Дуња, ја наденуват на кол и ја шетаат по Велешките улици.[1]
Признавање на неговите злодела
уредиПризнание на злоделата на Пано Манев (Ветерски):[6]
„ | Вечерта пристигнавме у Јаболчиште. Таму имавме набележано пет души, што требаше да се апсат според писмото од полицискиот началник. Јас најнапред уапсените rи тепав со клоци и шлаканици, но имав друга работа и ги предадов на другите четници. Они ги затепаа со кундаци, стапови, клоци и со сè што им падна при рака. Најпосле кметот призна дека Беџет и Камил работеле у организацијата. Го кутнав Беџета и го затепав со клоци, со кундакот и не го оставив сè додека не призна дека иделе партизаните и дека тој ги хранел . . .
Тргнавме накај што извира Бабуна и еден селанец ми рече дека горе на ридот видел тројца човеци. Ние ги сардисавме и тие почнаа да бегаат. Јован од општината припука и еден од нив падна ранет. Ги питав како го викаа и ми рекоа Љубо Зафиров од Велес. Во тоа време почнаа да пукаат одозгора и ми кажаа имало шест души и побегнале кон Јакупица. После малу дојде во Нежилово групата што се бореше и Панче Гулев од Велес ја донесе в раце rлавата на една партизанка. Ми кажаа четниците дека главата била на една партизанка од Скопје и ја викале Дуња. Главата ѝ ја пресекле таму кај што била убиена. Од Нежилово до Богомила јас наредив да ја носат главата на партизанката по целиот пат за коса за да ја гледаат селаните и да се плашат. У Богомила главата ја предадовме у участокот, а Љубота на полицијата... |
“ |
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 Иваноскки - Планински, Стоилко (1998). Невена Георгиева - Дуња. Скопје: Архив на Македонија заедно со Матица Македонска. стр. 147–157. ISBN 9989-662-11-6 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ 2,0 2,1 2,2 Група издавачи (1997). Во интерес на вистината. Велес: Семејствата на загинатите борци, осуденици, интернанти и жртви на фашизмот од НОВ во Македонија. стр. 90.
- ↑ Павловски, Јован. Судењата како последен пораз, Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“, Тетово, 1977, стр. 198.
- ↑ „Писма, в. Утрински весник, 29.07.2005 г.“. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 2018-09-02.
- ↑ Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.
- ↑ Павловски, Јован (1979). Судењата како последен пораз. Тетово: Центар за информирање и издавачка дејност "Полог" - Тетово. стр. 225–226.