Битка кај Раштански Колиби
Битката кај Раштански Колиби ― воена битка помеѓу 8та македонска ударна бригада и дивизија од германскиот гарнизон во градот Велес. Битката се одвивала во територијата позната како Раштански Колиби, којшто се наоѓа помеѓу точката Гроот и велешкото село Горно Оризари. Време траењето на битката не е конкретно позната но во македонската историографија прифатено е дека траело околу 1 до 3 часа. Битката била првиот судир на непријателски сили на осмата македонска ударна бригада.
Битка кај Раштански Колиби | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Завршни операции за ослободување на Вардарска Македонија | |||||||
Слика од бригадата пред битката |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
НОВМ | Третиот Рајх | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Киро Чауле | Александар Лер | ||||||
Вклучени единици | |||||||
500 партизани | непознат број на војници | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
15 жртви | нема жртви |
Заради многумина причини, како недостаток на материјали, недостаток на куршуми, лоша и неразвиена комуникација и тоа што голем дел од партизаните немале воено искуство, околу петнаесет партизани храбро и трагично загинале во битката. После војната споменик бил сместен во местото каде што се одвивала битката, споменикот содржил плоча со имињата на сите тие којшто загинале, но голем дел од имињата биле грешно претставени и некои имиња не биле присутни.
Битката е позната како „борбено крштевање“[1] на осмата македонска ударна бригада. После неколку часа германските воени сили немале куршуми и одлучиле да се повлечат назад кон градот Велес. После два месеца голем дел од партизаните којшто биле присутни во битката имале голема учество во ослободувањето на градот Велес и завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија.
Позадина
уредиФормирањето на бригaдата
уредиВо август 1944 година Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија ги известила Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски за одлуката донесена којшто го одобрило формирањето на велешката ударна бригада. Во тоа време партизанските одреди на Киро Чауле и другите се наоѓале во велешкото село Мелница. Тие очекувале дека формирањето и организирањето на новата македонска бригада би се одвивала во селото но ГШ на НОБ и ПОМ им истакнале дека треба да ја формираат бригадата во побезбедно место во некој ридски реон.[2]:20-21
Во спомениците на Никола Митевски тој истакнал како бил среќен кон одлуката и како голем дел од велешаните во велешко-прилепскиот партизански одред „Трајче Петкановски“ и 5та македонска ударна бригада. Условите за формирањето на бригадата биле поволни заради тоа што имало материјали собрани од тие којшто биле восхитени кон ослободителното движење и имале многумина доброволци од различни велешки села како Војница, Крива Круша, Бањица и Отиштино. По известувањето дека им било одобрено да формирале македонска бригада, Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски бил поканети во средба со водачите на главниот штаб на 5та македонска ударна бригада. Во средбата се договориле дека идните водачи на новата македонска ударна бригада би бил македонскиот партизан Киро Чауле.[2]:20-21
Во средбата се договориле за местото на формирањето на бригадата. Водачите на одредите и бригадите одлучиле дека најповолно место за формирањето на бригадата било велешкото село Отиштино. Пристигнале во селото кај почетокот на септември 1944 година и брзо почнале да ги спремат условите за бригадата. Првата одлука којшто ја направиле е разделувањето на партизаните со воено искуство од партизаните којшто се приклучиле во народната ослободителна војска без воено искуство. Тие исто така примиле неколку прилепчани во бригадата но голем дел останале во 5та македонска ударна бригада. Во составот на бригадата целосно биле приклучени велешко-прилепскиот партизански одред „Трајче Петкановски“.[2]:20-21
Освен партизани тие исто така примиле затвореници од Идризово којшто во тоа време било управено од страна на бугарски којшто биле соработници со фашистичката влада во Бугарија и нацистите од Третиот Рајх. Конечно во 2-ри септември 1944 година со новодојдени борци и партизаните со воено искуство се формирала осмата македонска ударна бригада со четири баталјона и приштабски единици во нејзиниот состав. Во составот на бригадата биле вклучени околу 500 партизани.[3][4] Голем дел од нив немале воена униформа ниту материјалите или куршумите потребни за војната. Облеката на партизаните била донесена од самите партизани, сите имале различна облека но имале иста капа со петокраки ѕвезди.[2]:20-21
Структура
уредиБригадата имала посложена структура со разлика на многумина други бригади во тоа време. Најмоќните членови во бригадата се тие којшто се дел од бирото, бирото е составено само од пратеници од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија. Во првите недели на бригадата немале право да си ги користат оружјата освен ако добиле одобрување од бирото. После ослободувањето на Скопје и навлегувањето на бригадата во Косово бирото станало неактивно, најистакнатите членови во бирото биле Коче Џипуновски и Иван Ивановски, двајцата биле членови во СКОЈ.[2]:28-29
Во структурата исто така е присутна Комунистичката партија на Македонија. Но со разлика на другите органи тие немале никакво влијание врз одлуката на бригадата, нивната главна цел била да го подигне и развива борбениот морал на борците. Тие им помогнале на водачите на бригадата со организирајќи дисиплина и структура. Пред секоја борба или суровен марш тие организирале говори и средби каде што ги мотивирале партизаните. За време на долготрајни маршови тие ја пееле химната на бригадата за да можат да ги мотивираат партизаните. Во бригадата имало подгрупа на музичарите којшто ја свиреле химната, меѓу нив најистакнатиот бил Јован Леов, Иван Николов - Танго и Трајко Гулевски.[2]:28-29
Бригадениот комитет е главниот водачки орган на бригадата, во комитетот се донесени главните одлуки за каде и како би патувале партизаните, кој позиции би ги земале за време на битка и кој материјали ќе ги користеле. Кога немало битки за долго време комитетот би организирал читалишта во селата каде што ги едуцирале партизаните за различни истакнати македонски фигури и периода, како Гоце Делчев, Даме Груев и нивното учество во Илинденското востание. Во читалиштата исто така учеле за комунизмот, социјализмот и нивната историја. Литературните дела на фигури како Карл Маркс и Фридрих Енгелс исто така биле издадени, проучувани и анализирани. Главниот водач на бригадениот комитет бил секретар, којшто во тоа време бил Киро Чауле..[2]:28-29
Партиско биро во баталјоните е подгрупа на бригадскиот комитет, имало четири подгрупи за секој баталјон во бригадата, нејзината главна улога е кординација помеѓу баталјоните. Во секое партиско биро во баталјоните содржи повеќе партиски ќелии во четите, секој баталјон содржил повеќе чети во нејзиниот состав, ќелиите дискутирале за односот и движењето на скоевците во брите и акциите и се предлагаа најзаслужените да се примат во партијата. Санитетската подгрупа била составена од медицински сестри и браќа. Заради примитивните услови тие претежно ги нагледувале болните но за сложени операции тие требале да користат надворешни медицински доктори.[2]:28-29
Патување
уредиСо пропаѓањето на бугарската фашистичка власт и формирањето на нова социјалистичка русофилска држава, фашистичките бугарски сили којшто бригадата се бореле биле привлекувани, заради тоа единствените окупатори во Македонија биле Третиот Рајх и нивната војска. Заради тоа тие почнале да си ги поместуваат нивните баталјони околу градот Велес и велешкиот реон за да можеле да го ослободат градот. Тие исто така соработувале со прилеските бригади при народното ослободување на градот Прилеп. Само 60-70% од партизаните биле вооружени, што било голем проблем на секретарите на бригадата во првите месеци на нејзиното дејство.[2]:50
Откако била формирана осмата македонска ударна бригада тие почнале со нивното патување низ велешкиот реон, тие почнале во велешкото село Отиштино, после долг марш којшто траел еден ден тие успешно пристигнале во селото Белештевица, селото е дел од Општина Велес, додека Отиштино е дел од Општина Чашка. После тоа тие пристигнале кај велешкото село Бузалково. Тие останале во селото за неколку дена но после одлучиле дека требале да продолжат повеќе кон Велес. Нивната цел била постепено да се приближе до градот и после да го нападнале. Во септември 8-ми тие успешно го ослободиле велешкото село Раштани. Тие биле 4 километри далеку од градот кога почнала битката кај Раштански Колиби, блиску до Превалец и Горно Оризари.[2]:64
Борбата
уредиПо формирањето на осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година тие почнале со нивното патување, четвртиот баталјон на бригадата ја добила улогата да преземи позиции во селото Бањица бидејќи очекувале дека во околина имало германско присуство. Откако откриле дека селото немало окупатори тие ја добиле наредбата од бригадскиот комитет да преземаат позиција во Раштански Колиби. Раштански Колиби е општ и двосмилен термин користен за обележувајќи територија којшто го зафаќа патот помеѓу точката Гроот, Горно Оризари, Раштани и Раштанската Чешма. Терминот „Раштански Колиби“ не е исто така целосно прифатено, во некој постари наводи местото е познат како „Раштански Дупки“[5] или „Раштански Пат“. Во националната енциклопедија „Македонска Енциклопедија“ местото е именувано како Раштански Колиби,[6] во официјалниот сајт на Општина Велес терминот Раштански Колиби е исто така користено.[7]
За брзо време помеѓу 8-ми и 9-ти септември баталјоните од осмата македонска бригада успешно ги преземале позициите кај Раштански Колиби и кај нивната околина, тие успешно земале позиција кај патот од Велес кон Прилеп. Тие исто така наместиле воени сили кај точката Гроот, Горно Оризари и Раштани. Тие исто така успеале да поместиле мал дел од нивната сила кај точката Баир. Тие биле околу четири километри далеку од градот Велес којшто активно се обидувале да го ослободаат. Во ноќта на 9-ти септември, главните водачи на осмата македонска бригада добиле писмо од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија дека сила составена од германски војници почнале да патуваат кон нивната местоположба и требало да бидат спремни ако биле нападнати од Третиот Рајх и нејзината армија.[2]:63-64
Во раната зора на 10 септември 1944 година силите од осмата македонска ударна бригада се спремале за нападот на германските воени сили, тие ги виделе како пристигнале во околина со камиони. Причината зошто Германците откриле местоположбата на бригадата било заради тоа што имале шпиуни во околијата којшто им ја продале информацијата. Тие излегле од нивните автомобили и одлучиле да го издигнат белото знаме, симбол просечно користено во војна за предавајќи самиот себеси. Многумина од партизаните верувале дека германските дојдоа со главната цел да се предале, но водачите на бригадскиот комитет биле сомнителни кон одлуката на германците. Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски верувале дека имале друга цел. После неколку минути нивните сомнежи станале вистина кога германските војници си ги замениле белите знамиња со современи пушки и шмајзери. Според Иван Ивановски, којшто бил сведок за време на битката, битката почнала неочекувачи наеднаш.[2]:63-64
Улогата на баталјоните во битката
уредиУчество на четвртиот баталјон
уредиОд сите баталјони којшто влегле во составот на осмата македонска ударна бригада, баталјонот со најголемо дејство во битката било четвртиот баталјон, сите загинати партизани во битката биле борци од четвртиот баталјон. Кога Германците пристигнале во реонот за прв пат Киро Чауле одлучил да го прати четвртиот баталјон. Четвртиот баталјон бил најразвиениот со најсовремените оружја во самата бригада, заради тоа кога го организирале нивниот марш од селото Бањица кон Раштански Колиби и селото Раштани главните водачи на маршот бил четвртиот баталјон. Но иако четвртиот баталјон бил најразвиениот тие уште биле многу позади со воената технологија на Третиот Рајх, којшто била еден од најразвиените воени армии за време на војната. Голем дел од тие којшто загинале во битката немале никакво воено искуство. Но партизани како Богдан Прличков, Ивче Јованов, Ивче Мирчев, Илија Ристов, Јован Ѓошев, Милан Зафиров, Никола Давчев, Никола Николовски и Шефки Сали имале многу минимално две годишно искуство со војна кога служеле во армијата на Кралството Југославија како дел од нејзиниот воен рок. Но во тоа време Југославија не била во војна и заради тоа за време на нивниот воен рок тие претежно служеле како гарнизони во градовите.[2]:63-64
Учество на првиот баталјон
уредиОсвен четвртиот баталјон во осмата македонска ударна бригада, првиот баталјон исто така играла голема улога за време на битката. Кога почнала битката баталјонот бил кај точката Баир, блиску до велешкиот рид Гроот. Првиот баталјон бил блиску до велешкото село Горно Оризари пред одвивањето на битката. Кога почнала битката тие од прво останале во нивната позиција но после кога добиле наредба од бригадскиот комитет којшто Киро Чауле го водел тие почнале да патуваат кон Раштански Колиби. Тие откако се симнале од ридот преземале позиции кај железничката пруга помеѓу Велес и Прилеп. Тие ги нападнале германските сили од страната кога четвртиот баталјон на бригадата почнала да губи многумина партизани за време на битката. Немало ниту една жртва од првиот баталјон.[2]:63-64
Учество на вториот баталјон
уредиВториот баталјон на бригадата со разлика на претходните две именувани имало многу ситна улога за време на битката кај Раштански Колиби, баталјонот бил сместен во ридот Гроот кога битката се одвивала, тие биле најблиску до градот Велес од сите други баталјони. Кога битката почнала тие добиле наредба од Киро Чауле да им помогнале на четвртиот баталјон заради големиот број на жртви. Тие постепено се симиѓале од ридот и се приклучиле во битката. Тие ги нападнале германските дивизии од исток. Германците биле нападнати од првиот баталјон од запад и од четвртиот баталјон од север.[2]:63-64
Учество на третиот баталјон
уредиТретиот баталјон на бригадата бил единствениот баталјон што воопшто не учествувале за време на битката, кога битката се одвивала тие преземале позиции во селото Раштани и никогаш не се симнале кон Раштански Колиби. Единствениот придонес од третиот баталјон во битката било тоа што пратиле една мала чета за да ја надгледувале битката. Нивната главна улога била да праќаат информации кај Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија и да ги известувале бригадскиот комитет за битката. Тие исто како првиот и вториот баталјон во бригадата немале жртви во битката. Тие пред битката исто така биле кај Бузалково.[2]:63-64
Воено неискуство
уредиОсмата македонска ударна бригада имала многумина проблеми за време на битката кај Раштански Колиби. Битката им служело како борбено крштевање на бригадата, заради тоа голем дел од борците во битката немале воено искуство. Голем дел од жртвите во битката исто така немале воено искуство, освен Богдан Прличков, Ивче Јованов, Ивче Мирчев, Илија Ристов, Јован Ѓошев, Милан Зафиров, Никола Давчев, Никола Николовски и Шефки Сали. Но тие имале минимално искуство за време на воениот рок во армијата на Кралството Југославија. Голем дел од партизаните во другите баталјони освен четвртиот исто така немале воено искуство, според Иван Ивановски, член во бригадскиот комитет, голем дел од нив никогаш не фатиле пушка. Вториот голем проблем за бригадата за време на битката било воените материјали. Армијата на Третиот Рајх имале многу посовремени оружја, камиони за транспорт и топови.[2]:63-64
Бригадата со разлика на германската армија немале многу современи развиени оружја. Голем дел од нивните пушки биле произведени за време на турското ропство на Македонија, тие исто така немале топови ниту камиони за префрлување материјали. Бригадата исто така не биле целосно правилно организирани за време на битката заради тоа што била нова, бригадата се формирала во 2-ри септември додека битката се одвивала во 10-ти септември. Во првите два месеца на бригадата исто така немало бригадски комитет и бирото од ГШ на НОВ и ПОМ ги воделе и организирале. Друг проблем на бригадата за време на битката било измамата од страна на Германците пред да почнала битката. Тие излегле од нивните автомобили и одлучиле да го издигнат белото знаме, симбол просечно користено во војна за предавајќи самиот себеси. Многумина од партизаните верувале дека германските дојдоа со главната цел да се предале, но тоа било стапица организирана од Александар Лер.[2]:63-64
Најголемиот проблем за осмата македонска ударна бригада за време на битката е слабата комуникација помеѓу водачите на бригадата и Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија. Кога бригадата била формирана за прв пат немало бригадски комитет и заради тоа кога сакале да ги користат нивните оружја требало да ги контактираат ГШ на НОВ и ПОМ за да го добијат правото. Проблемот било дека битката почнало наеднаш и неочекувано и заради тоа кога германската армија ги напаѓале Киро Чауле требало да пише писмо во велешкото село Раштани за време на битката со помош од третиот баталјон на осмата македонска ударна бригада за да го пратиле под итно кон главниот штаб. Заради тоа што немале право да си ги користат оружјата пред да добијат некакво одобрување многумина партизани умреле во битката којшто можеле да се спасат ако таква забрана не постоела. После битката ГШ на НОВ и ПОМ го сфатиле проблемот и одлучиле да го дадат правото на Киро Чауле да ги води баталјоните за да не се повторило такво нешто.[2]:63-64
Крајот на битката
уредиНе се знае конкретно кога завршила битката но според Иван Ивановски армијата на Третиот Рајх се привлекувале од Раштански Колиби околу 11 часот наутро. Време траењето на битката е исто така делумно оспорена, според националната Македонска Енциклопедија битката траела само околу еден час.[6] Сличен став исто така имаат и советот на Општина Велес, сметаат дека битката траела само еден час.[7] Но според сведоци во битката кај Раштански Колиби, битката траела за подолго време, околу еден до два часа.[5] Според тие претпоставки битката почнала во 9-те часот наутро. Но во литературното дело „Осмата македонска ударна бригада: зборник на сеќавања на борбениот пат на Осмата македонска ударна бригада“ којшто била напишана од фигури којшто биле присутни и водачи на самата битка пишале дека битката почнала кога зореше но пред да изгрејсонцето. Со тие проценки, битката имало можност да траела помеѓу четири и пет часа наместо еден или два којшто наведува македонската енциклопедија.[2]:63-64
Во последните часеви пред да заврши битката баталјоните од осмата македонска ударна бригада конечно добиле писмо за потврда од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија да си го користат нивното оружје, со тоа и фактот дека битката траела толку долго дивизијата на Третиот Рајх си ги искористиле сите нивни куршуми и неможеле да продолжат со нивниот напад кон Раштански Колиби, заради тоа под наредба на германскиот генерал Александар Лер почнале да се евакувираат од реонот. Еден од можните причини зошто Лер не продолжил е заради големата криза на неговите германски единици којшто биле заглавени длабоко во Егејска Македонија и јужниот дел на Албанија, таму Михајло Апостолски заедно со 41та Македонска дивизија на НОВЈ ги напаѓале.[8] Македонските партизани во битката ја имале главната улога во битката да ја забранат слободната територија на Македонија од германскиот нацистички окупатор, со среќа до одредено ниво биле успешни.[5]
Последици
уредиБитката е позната како „борбено крштевање“[1] на осмата македонска ударна бригада. Во оваа битка, со разлика на многумина други битки за време на ослободителната војна во Македонија, нема конкретен победник. Целта на осмата македонска ударна бригада кога ги земале позициите кај Раштански Колиби, Гроот, Раштани и Горно Оризари е да ги нападнале непријателските сили од Третиот Рајх во градот Велес за да го ослободиле градот. Но со битката заради големата загуба на партизани и потрошувањето на многумина куршуми, главните водачи на бригадскиот комитет како Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски сфатиле дека процесот на ослободувањето на градот Велес би бил посложен. Заради тоа одлучиле прво да ослободаат поситни територии околу градот и да го ослободиле градот кога условите биле повеќе поволни и идеални.[5]
Непријателските сили од Третиот Рајх исто така не добиле конкретно тоа што посакале од резултатите на битката, кога ја нападнале осмата македонска ударна бригада имале две цели, првата била да ја ослабат или уништат осмата велешка бригада и вториот цел им биле да ги поразат македонските партизани и повторно да ги окупирале некој од селата во западниот дел на велешкиот реон којшто биле ослободени кога се формирала бригадата. Но во ниту две цели не биле успешни. До одредено ниво успеале да го ослабнат влијанието на осмата македонска бригада во велешкиот реон но посакале повеќе да ја оштетиле. Главниот проблем на германската армија било тоа што не очекувале македонските партизани да се бореле за Раштански Колиби. Александар Лер верувал дека после смртта на неколкумина партизани осмата македонска ударна бригада би се предадела но тоа никогаш не се исполнило. Третиот Рајх исто така посакале да ги искористат велешките контрачетници да им помогнеле со битката но во тоа време контрачетата се распаѓала.
Еден од можните причини зошто Александар Лер не продолжил со битката е заради големата криза на неговите германски единици којшто биле заглавени длабоко во Егејска Македонија и јужниот дел на Албанија, таму Михајло Апостолски заедно со 41та Македонска дивизија на НОВЈ ги напаѓале.[8] Во октомври, околу еден месец после битката тој им го организирал евакуацијата на германските единици „Е“ и 50та пешадиска германска дивизија. Под командата на Александар Лер тие би се евакулирале преку три патови, зелениот, црвениот и синиот пат. После два месеца од битката во 9-ти ноември 1944 година се одвивала народната ослободителна борба за градот Велес. Еден од воените единици којшто учествувале во битката е осмата македонска ударна бригада, голем дел од сведоците и партизаните во битката кај Раштански Колиби исто така учествувале во битката кај Велес, 8 партизани од осмата велешка бригада загинале во битката кај Велес.
Споменик
уредиПосле народната ослободителна војна, велешката подгрупа на комунистичката партија на Македонија организирале, како други многумина градови во тоа време, иницијатива за поставување споменици и плочи за партизаните којшто си го даделе животот за партизанското движење. Помеѓу 1960-тите и 1970-тите блиску до селото Раштани и околу Раштански Колиби бил поставен споменик за загинатите во битката. Стариот споменик било многу просто изградено, главните материјали за градба биле камен и цемент, во врвот на споменик имало една голема црвена ѕвезда, симбол редовно користен во држави којшто се ориентираат кон комунистичката идеалогија. Под ѕвездата го име датум „1941 - 1944“ напишано на споменикот, симболизирајќи го долгото суровно ослободително движење. Под датумите исто така е присутен друг симбол, дрвце со лисја на нејзе, тоа е дел од мировниот симбол којшто е составено од птица држејќи го дрвенцето во нејзината уста.
Под дрвенцето стоеле две спомен плочи со имињата на жртвите којшто храбро и трагично загинале во битката кај Раштански Колиби, во двете плочи го содржило следниот текст:[5]
„Јован Д. Ѓошев
Ивче К. Мирчев
Петре М. Димов
Анде Тр. Ѓорѓиев
Милан П. Николов
Коле Л. Давчев“— Десната плоча во стариот споменик
„Шефки Сали
Ѓоре Органджиев
Богдан Прличков
Благој Нечев
Илија Л. Моров
Ивче Јорд. Вецов“— Левата плоча во стариот споменик
Двете плочи на споменикот имале различни проблеми, првиот истакнат проблем е правописни грешки, името на македонскиот партизан Ѓоре Органџиев е грешно пишано во старата нереформирана македонска азбука како „Органджиев“ наместо во современата службена македонска азбука „Органџиев“. Вториот истакнат проблем е грешното претставување на имињата на партизаните којшто загинале, во двете плочи има вкупно 12 имиња, шест од нив имаат грешното презиме или име додека едно има правописна грешка. Не е познато конкретно зошто вакви грешки се присутни во споменикот но една можна причина е недостатокот на информации за велешките партизани во тоа време, во 1985 година Ѓорѓи Малковски ја пишал книгата „Велес и Велешко во Народно ослободителната војна: 1941-1945: Спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“.[9] Книгата ги содржи правилните имињата на загинатите партизани.
Грешните имиња на партизаните се следни, Анде Трајков Ѓорѓиев наместо Андо Трајков Ѓорѓиев, Ивче Јорданов Вецов наместо Ивче Орданов Јованов, Илија Л. Моров наместо Илија Панов Ристов, Милан Панов Николов наместо Милан Панов Зафиров, Коле Петров Давчев наместо Никола Петров Давчев и Петре Миланов Димов наместо Петре Миланов Димовски. Освен грешното претставување на имиња и нејзините правописни грешки, три жртви во битката не се именувани ниту ни спомнати во споменикот, во стариот натпис до споменикот којшто било поставено неколку години по изградбата на споменикот пишува следно:[5]
„Овде на „Раштански Колиби“ во време на
НОБ беше место за снабдуване и префрлува-
не на борци партизани. За борба против окупа-
торот и фашизмот.
Водени од КПЈ во борба за слобода, не-
зависност и социјализам на 10.IX.1944 ги
дадоа своите животи 12 борци од
VIII Велешка Бригада.
Окол[лински] одбор на С. Б. од НОБ“
— Стариот натпис до споменикот
Освен правописните грешки во натписот, како снабдуване и префрлуване наместо снабдување и префрлување и грешката дека комунистичката партија на Југославија имала улога во битката наместо комунистичката партија на Македонија и Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија, споменикот и натписот блиску до нејзе за непознати причини наведуваат дека имало само дванаесет жртви во битката наместо петнаесет, другите три партизани којшто не биле спомнати во плочата или натписот се Никола Николовски, Томе Стефановски и Шаип Имеров. Уште еден чуден проблем со споменикот е тоа што патронимите на партизаните којшто загинале им се точни, со исклучок на Илија Ристов, но половина од нив го имаат грешното презиме.
Во 2000-тите со распаѓањето на Социјалистичка Југославија и независноста на Република Македонија почнало процесот на декомунизација, името на Македонија е сменето од СР Македонија во Македонија, добило ново знаме којшто го отстранила црвената ѕвезда итн. Сличен случај исто така било присутно во Велес и Велешко, во 2000-тите името го менуваат од Титов Велес во Велес, грбот и знамето си ги отстрануваат црвените ѕвезди и химната на градот била преместена во 2006 година со македонската народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ наместо старата комунистичка химна „Крвава зора над Велес грее“.[10] Еден од промените исто така биле и споменикот за битката кај Раштански Колиби, во втората половина на 2000-тите бил уништен и нов по современ споменик биле поставен во локација којшто историски бил поблиску до битката кај Раштански Колиби со разлика од претходниот.
Споменикот е изграден околу 600 метра од селото Раштани, покрај патот којшто ги поврзува селата Бузалково и Раштани. Споменикот е 6 метри висок изграден користејќи стара бруталистичка архитектура. Споменикот е создаден од вајарите Ристо Јанев и Цветан Кулумов, дизајнерот на споменикот е Трајче Јовановски, тие добиле дополнителна помош од инженерот архитект Андреја Нешов и ликовниот педалог Димче Мимов. Споменикот уште постои ден денес и е во добар квалитет. Со разлика на претходниот стар споменик, новиот не содржи плочи со имињата на тие којшто загинале и нема никаков симбол којшто го доврзува со комунистичката идеалогија. Но за непозната причина повторно го вратиле стариот натпис којшто бил додаден после неколку години од изградбата на стариот споменик.[11]
Список на загинати
уредиСписок на жртвите во битката, организиран во азбучен ред по имињата.
Број | Име | Место на раѓање | Датум на раѓање | Белешка | Народност |
---|---|---|---|---|---|
1 | Андо Ѓорѓиев | Војница, Велешко | 1920 | Во стариот споменик грешно е именуван како Анде Ѓорѓиев | Македонец |
2 | Благој Нечев | Велес | 24 февруари, 1923 | ||
3 | Богдан Прличков | 9 октомври, 1918 | |||
4 | Ѓоре Органџиев | 5 март, 1926 | Во стариот споменик грешно е именуван како Ѓоре Органджиев | ||
5 | Ивче Јованов | Крива Круша, Велешко | 21 октомври, 1918 | Во стариот споменик грешно е именуван како Ивче Вецов | |
6 | Ивче Мирчев | 1917 | |||
7 | Илија Ристов | Велес | 14 март, 1909 | Во стариот споменик грешно е именуван како Илија Моров | |
8 | Јован Ѓошев | Крива Круша, Велешко | 1916 | ||
9 | Милан Зафиров | Ново Село, Велешко | 1918 | Во стариот споменик грешно е именуван како Милан Николов | |
10 | Никола Давчев | 19 април, 1922 | Во стариот споменик грешно е именуван како Коле Давчев | ||
11 | Никола Николовски | Велес | 1906 | Во стариот споменик неговото име воопшто не е присутно | |
12 | Петре Димовски | Крива Круша, Велешко | 1 февруари, 1920 | Во стариот споменик грешно е именуван како Петре Димов | |
13 | Томе Стефанов | Црешево, Скопско | 1919 | Во стариот споменик неговото име воопшто не е присутно | |
14 | Шаим Имеров | Долно Јаболчиште, Велешко | 13 февруари, 1921 | Албанец | |
15 | Шефки Сали | Велес | 1914 | Турчин |
Слики на жртвите
уредиСлики од тие партизани којшто загинале во битката, некој партизани немале слика зачувани во архивите.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Дефиниција на терминот „борбено крштевање“ од Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 Галевски, Киро (1988). Осмата македонска ударна бригада: зборник на сеќавања на борбениот пат на Осмата македонска ударна бригада. Титов Велес: Општински одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи (1988). ПРИЛОГ КОН ФОРМИРАЊЕТО И БОРБЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА НА ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“ (PDF). ЗИРМ. стр. 118.
- ↑ Миклош, Бојан (2020). Велес и Велешко во 1944 година (PDF). списанието „Штит“. стр. 46.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Македонски документарен филм „Осмата македонска ударна бригада“ (1984) емитувана во РТВ Скопје.
- ↑ 6,0 6,1 Борбата кај Раштански Колиби (2009) од Македонска Енциклопедија
- ↑ 7,0 7,1 80 години од битката кај Раштански Колиби (2024) од Советот кај Општина Велес.
- ↑ 8,0 8,1 Апостолски, Михајло (1980). Pogledi vrz jugoslovensko-bulgarskite odnosi vo Vtorata svetska vojna. Naša kniga. стр. 391.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес.
- ↑ Печков, Петар (5 ноември 2011). „Кој е автор на грбот на Велес?“. ТиРековМиРече.
- ↑ Monument to the 8th Macedonian Strike Brigade (2021) од Spomenik Database