Павле Игновски
Павле Игновски - Секула (2 ноември 1921 во Крајници (село), Велешко — 18 декември 2002 во Скопје, Македонија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941.[1]
Павле Игновски | ||
Роден | 2 ноември 1921 Крајници, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 18 декември 2002 Скопје, Македонија | (возр. 81)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | партизан |
Животопис
уредиВо 1941 година активно се вклучил во Велес во разни илегални активности, особено во активностите за собирање и пренесување оружје, муниција и експлозивни материјали.[2] Од 21 април 1942 година бил борец на Велешкиот народноослободителен партизански одред „Пере Тошев“, а од средината на мај до реорганизацијата на одредот на 22 септември 1942 година, бил негов командант. Потоа бил борец во Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ , на баталјонот „Страшо Пинџур” и на Вториот баталјон на Третата Оперативна Зона, а во 1944 година и борец на Втората, Петтата, Осмата и Деветтата македонска ударна бригада, каде што заземал функции од командир на чета до командант на бригада.[3] По војната бил пратеник во Собранието на СРМ во повеќе мандати.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Игновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 592. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 195. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ „Весник Офицер, бр. 6, 2001, стр. 7“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-29. Посетено на 2020-08-05.