Референдум за независност на Шкотска (2014)

Референдум за независност на Шкотскареферендум одржан на 18 септември 2014 г. во Шкотска на кој се одлучувало дали земјата да биде независна држава.[1] Исходот од референдумот бил во полза на останување на земјата во состав на Обединетото Кралство, со 55,3% „против“ независност.[2]

Референдум за независност на Шкотска
18 септември 2014 г.
Треба ли Шкотска да биде независна држава?
Исход
Исход
Гласови %
За 1.617.989 &1000000000000447000000044,70%
Против 2.001.926 &1000000000000553000000055,30%
Важечки гласови 3.619.915 &1000000000000999100000099,91%
Неважечки или празни гласови 3.429 &100000000000000090000000,09%
Вкупно гласови 3.623.344 100.00%
Гласачко тело/излезност 4.283.392 &1000000000000845900000084,59%

Резултати по управни области

Позадина и подготовки

уреди

По договорот помеѓу владите на Шкотска и Обединетото Кралство,[3] законот за референдум за шкотска независност, кој го уредувал референдумот, бил донесен на 21 март 2013,[4] бил донесен од шкотскиот парламент на 14 ноември 2013 година и добил кралска согласност на 17 декември 2013 година.[5][6]

Прашањето за референдумот, како што било предложено од Изборната комисија, гласело „Треба ли Шкотска да биде независна држава?" — гласачите можеле да одговорат со „да“ или „не“.[7] Со некои исклучоци, сите жители на Шкотска над 16 години можеле да гласаат, претставувајќи над 4 милиони гласачи. Одлучувањето било со просто мнозинство. Во текот на кампањата се разгледувале разни проблематики, вклучувајќи која валута ќе ја користи Шкотска, јавните трошоци и нафтата од Северното Море.[8]

Една недела пред референдумот, водачите на трите главни партии во Велика Британија објавиле заедничка изјава пред нивното патување за референдумот во Шкотска. Премиерот Дејвид Камерон исто така го подигнал шкотското знаме над Даунинг Стрит и други владини згради до датумот на референдумот.[9] Последните покажувале дека мислењата се горе-долу изедначени, но со извесен број неопределени, кои придонеле за исходот.

Наводи

уреди
  1. „Шкотска ќе одржи референдум за независност во 2014 - Салмонд“. BBC News. BBC. 10 јануари 2012. Посетено на 15 април 2014.
  2. „Scottish referendum: Scotland votes no to independence“. BBC News. 19 September 2014. Посетено на 19 September 2014.
  3. „Договор помеѓу британската и шкотската влада за референдумот за независност на Шкотска“ (PDF). 15 октомври 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-01-09. Посетено на 1 мај 2013.
  4. „Response to referendum consultation“. Scotland.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2012-10-03. Посетено на 11 октомври 2012.
  5. „Закон за референдумот за независност на Шкотска“. Scottish.parliament.uk. Посетено на 31 јануари 2014.
  6. Текст на Scottish Independence Referendum Act 2013 како полноважен (вкл. амандмани) во Обединетото Кралство — База „Британско статутно право(англиски)
  7. „Владата ги прифати сите предлози на Изборната комисија“. Архивирано од изворникот на 2014-08-05. Посетено на 9 септември 2014.
  8. „Шкотска независност: водич за голема одлука“. the Guardian. Посетено на 9 септември 2014.
  9. „Шкотска независност: Водачите на британските партии на пат за „не" во Шкотска“. BBC News. 9 септември 2014. Посетено на 11 септември 2014.

Надворешни врски

уреди