Христофор Жефарович
Христофор Жефарович (1690 - 18 септември 1753) — македонски уметник и хералдичар еден од раните претставници на панславизмот.
Христофор Жефарович | ||
Роден | 1690 Дојран | |
---|---|---|
Починал | 18 септември 1753 Москва, Русија |
Биографиjа уреди
Роден вероjатно во краjот на 1690 г. во Дојран, со родители Димитрија и Ѓурѓица. Роденото име не му се знае, туку познат е по неговото монашко и писателско име. Веројатно е дека бил од родот Џефаровци, и дека додал наставка на презимето за да делува црковнословенски.[1] За првпат неговото име се спомнува во Белград во 1734 година, каде бил веќе бил прочуен како зограф (сликар). Бил истовремено трговец на книги и богослужбени предмети и уметник. Негови дела се манастирите во Боџани и Шиклош во Војводина, како и една црква во Кожани. По 1740 претежно работил по создавањето на книги во соработка со српскиот патријарх Арсениј IV. Како монах и свештеник ја превел и насликал прочуената „Стематографија“ (грбовник) од оригиналот на хрватскиот илирски хералдичар Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713), издадена во Виена во 1741 година. „Стематографија“ содржу галериjа со ликови на балкански цареви и светии, грбовник на земите од Источна Европа и белешки кон грбовникот. Кон секој грб има и по една стихотворба, која ги опишува нивните историjа и симболи, исто така превод од делото на Витезовиќ.
Жефарович бил припадник на идеологиjата на jужнословенскиот илиризам, но со неисправна свест за идентитетот, несомнено под влијанија. Бил нарекуван „ревнитель отечества болгарскаго“, но исто така и „любителъ царства иллирическаго“, а самиот зборувал и за „отечество сербско наше“ и се потпишувал како „иллирïко рассïанскïи общïй зографъ“. Во своето завештание го опишал своjот род како „булгарской нации... въ православной архiепископiи Салонской въ городѣ Догрiанѣ братъ родной свящтеникъ и протчiя сродники“. Умрел во Москва на 18 септември 1753.
„Стематографија“ имала многу значаjна улога во создавањето на симболите на модерните балкански нации и посебно на грбот на Бугариjа, кој е директен наследник на бугарскиот грб на Жефарович.[2]
Извори уреди
- ↑ Душан Попов, Ђорђе Башић: "Енциклопедија Новог Сада", Нови Сад 1997. године
- ↑ Иван Войников, „История на българските държавни символи“ Архивирано на 22 јуни 2017 г., дял IV Гербовете на Третата българска държава, глава 1 Държавни гербове (Иван Воjников, „Историjа на бугарските државни симболи“, дел IV Грбовите на Третата бугарска држава, глава 1 Државни грбови). (бугарски)
Галериjа уреди
-
Грб на Македонија од „Стематографиjа“, 1741
-
Св. Методиј Моравски и Св. Ефрем Српски од „Стематографиjа“, 1741
-
Грб на српската династиjа Немања од „Стематографиjа“, 1741
-
Грб на Бугарија од „Стематографиjа“, 1741
-
Грб на Истра
-
Грб на Бохемија
-
Грб на Србија
-
Грб на Херцеговина
-
Грб на Хрватска
-
Грб на Угарија
-
Грб на Моравска
-
Грб на Босна
-
Грб на Шлеска од „Стематографија“ на Христофор Жефарович (1741)
-
Грб на Далмација од „Стематографија“ на Христофор Жефарович (1741)
-
Грб на Полска од „Стематографија“ на Христофор Жефарович (1741)
-
Грб на Штаерска од „Стематографија“ на Христофор Жефарович (1741)
Надворешни врски уреди
- „Стематографиjа“, 1741, фототипно преиздавање, Динко Давидов, Белград, 1972.
- „Стематографиjа“, семрежна верзија на страницата на Бугарското хералдичко и вексилолошко друштво