Серж Ибака (18 септември 1989 во Бразавил)[1] — конгоанско-шпански кошаркар кој настапува за екипата на Торонто Репторс во НБА и за кошаркарската репрезентација на Шпанија. Ибака бил избран од екипата на Оклахома Сити Тандер како 24-ти избор на драфтот во 2008 година, и во дресот на Оклахома Сити останал седум сезони. Ибака игра на позицијата крилен центар. Освен за Оклахома, Ибака играл и за екипите на Орландо Меџик и Торонто Репторс од НБА.

Серж Ибака
Ибака во дресот на Оклахома Сити Тандер
број 9 – Торонто Репторс
Крилен центар
Лични информации
Роден на18 септември 1989(1989-09-18)(35 г.)
Бразавил, Република Конго
НационалностКонгоанец / Шпанец
Височина6 ст 10 ин (2.08 м)
Тежина235 lb (107 kg)
Информации за кариера
НБА драфт2008 / Круг: 1 / Избор: 24-ти вкупно
Одбран од Сиетл Суперсоникс
Професионална кариера2007–сѐ уште
ЛигаНБА
Историја на кариера
2007–2008КК Лоспиталет
2008–2009Манреса
2009–2016Оклахома Сити Тандер
2011Реал Мадрид
2016–2017Орландо Меџик
2017–сѐ уштеТоронто Репторс
Значајни моменти од кариерата и награди
  • 3× Идеална одбранбена петорка (2012–2014)
  • 2× Најмногу блокади во НБА (2012, 2013)
Статистика на NBA.com

Иако е роден во Конго и настапувал за младинската кошаркарска репрезентација на Конго, Ибака официјално ја претставува Шпанија на меѓународната кошаркарска сцена. Ибака се преселил во Шпанија како тинејџер пред да настапува во НБА, и заедно со Рој Хиберт и Чарли Вилануева е еден од тројцата кошаркари кои настапувале за различни репрезентации.[2] Со шпанско државјанство се стекнал во 2011,[3] и со репрезентацијата на Шпанија освоил злато на ЕвроБаскетот 2011 и сребро на ЛОИ 2012.

НБА статистика

уреди
Најмногу во лигата

Регуларен дел

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2009–10 Оклахома Сити 73 0 18.1 .543 .500 .630 5.4 .1 .3 1.3 6.3
2010–11 Оклахома Сити 82 44 27.0 .543 .000 .750 7.6 .3 .4 2.4 9.9
2011–12 Оклахома Сити 66 66 27.2 .535 .333 .661 7.5 .4 .5 3.7 9.1
2012–13 Оклахома Сити 80 80 31.1 .573 .351 .749 7.7 .5 .4 3.0 13.2
2013–14 Оклахома Сити 81 81 32.9 .536 .389 .784 8.8 1.0 .5 2.7 15.1
2014–15 Оклахома Сити 64 64 33.1 .476 .376 .836 7.8 .9 .5 2.4 14.3
2015–16 Оклахома Сити 78 78 32.1 .479 .326 .752 6.8 .8 .5 1.9 12.6
2016–17 Орландо 56 56 30.5 .488 .388 .846 6.8 1.1 .6 1.6 15.1
2016–17 Торонто 23 23 31.0 .459 .398 .882 6.8 .7 .3 1.4 14.2
Просек 603 492 29.1 .516 .369 .757 7.3 .6 .4 2.4 12.0

Разигрување

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2010 Оклахома Сити 6 0 25.5 .571 .000 .700 6.5 .3 .3 2.0 7.8
2011 Оклахома Сити 17 17 28.8 .462 .000 .825 7.3 .2 .2 3.1 9.8
2012 Оклахома Сити 20 20 28.4 .528 .250 .722 5.8 .6 .6 3.0 9.8
2013 Оклахома Сити 11 11 33.3 .437 .444 .792 8.4 .7 .0 3.0 12.8
2014 Оклахома Сити 15 15 33.7 .622 .333 .750 7.3 .5 .7 2.4 12.2
2016 Оклахома Сити 18 18 33.4 .521 .449 .750 6.3 .6 .8 1.3 12.0
2017 Торонто 10 10 30.7 .462 .316 .846 6.5 1.4 .4 1.7 14.3
Просек 99 99 31.0 .505 .396 .774 6.7 .6 .5 2.4 11.3

Наводи

уреди
  1. „no! Serge Jonas Ibaka Ngobila is full name...“. Twitter. 29 March 2011. Посетено на 25 May 2015.
  2. Hoopshype.com. Which NBA players compete most often for their countries?. Accessed 14 September 2013.
  3. Helin, Kurt (15 July 2011). „Ibaka granted Spanish citizenship, will play in Eurobasket“. MSNBC.com. Посетено на 15 July 2011.

Надворешни врски

уреди