Фатљум Жута
Фатљум Жута - Љуми (албански: Fatlum Zhuta - Lumi; Струга, 18 септември 1988) — македонски боксер во класичен бокс, учесник на европски и светски првенства.
Животопис
уредиЖута е роден во Струга на 18 септември 1988 година. Напоредно со образованието, Жута тренира и класичен бокс. Негов најголем успех му е титулата „најборбен боксер“ која ја добил со победата во финалето на косовскиот боксерски турнир Благодарам НАТО во 2010 година. Тој е член на струшкиот боксерски клуб „Синди“.[1]
Настапи
уредиЖута до 2010 година има учествувано во 35 натпревари од кои во 27 освојува победи и тоа: 4 пати шампион во бокс во Македонија, 3 пати шампион во бокс на меѓународни натпревари итн.
- 2007 г. на меѓународен турнир во бокс во Босна и Херцеговина го - сребрен медал[1]
- 2007 г. во Бања Лука, БиХ -станува меѓународен шампион во бокс - златен медал.
- 2008 г. учествува на европското првенство во бокс во Ливерпул, Англија.
- 2009 г. учествува во светското првенство во бокс во Милано, Италија и го освојува 32 место во светот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Боксерот Жута освои сребро во Сараево“. Нова Македонија. 3 мај 2010. Посетено на 2010-11-29. На
|first=
му недостасува|last=
(help)[мртва врска]