Трансот е стил од електронската музика, развиен во 90-тите години. Транс музиката генерално се одликува со темпо помеѓу 130 и 150 bpm, вклучувајќи повторувачки мелодични фрази од синтисајзери и музички форми кои создаваат целосна трака. Понекогаш се употребуваат и вокали. Стилот веројатно произлегува од комбинација од обилната електронска музика како што е амбиентална музика, техно и хаус. „Трансот“ го добил своето име од повторливите битови и удирачки мелодии кои веројатно сакаат да го внесат слушателот во транс состојба. Оваа музика најчесто е слушана во ноќните клубови, на популарните туристички места, плажи и одредени делови од градовите, трансот може да се разбере како форма од клупската музика.

Транс фестивал во Утрехт