Административно подрачје (Германија)

Административен округ (германски: Regierungsbezirk; со буквално значење „владин округ“) — административно подрачје во одредени сојузни покраини во Германија. Окрузите се управувани од президиум или влада (Regierungspräsidium или Bezirksregierung) на чело со окружниот претседател (Regierungspräsident).

Административните окрузи од 1 август 2008. На картата исто така се прикажани и поранешните административни окрузи во Долна Саксонија, Рајнска област-Пфалц, Саксонија и Саксонија-Анхалт

Тие се наоѓаат над окрузите (рурални окрузи и слободните градови).[1] Тие не донесуваат никакви одлуки и закони. Во рамките на сојузните покраини служат како средно ниво помеѓу покраините и окрузите.

Историја

уреди
Германија
 

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Германија



Првиот административен округ бил создаден од страна на Кралството Прусија, кое ги поделило своите покраини во 25 административни окрузи во 1808/1816. Административните окрузи на Северна Рајна-Вестфалија се директно продолжување на оние окрузи создадени во 1815 година. Другите држави на Германското Царство создале слични ентитети, наречени Kreishauptmannschaft (во Саксонија) или Kreis (во Баварија и Виртемберг) (да не се мешаат со денешните Kreis или Landkreis). За време на нацистичка Германија, нацистичката влада го унифицирало именувањето и оттогаш овие субјекти се наречени административни окрузи (Regierungsbezirk).

На 1 јануари 2000 година, Рајнска област-Пфалц ги распуштила своите три административни окрузи Кобленц, Рајнхесен-Пфалц и Трир — вработените и имотот на трите окружни влади се претворени во три јавни органи одговорни за целата покраина, секоја покривајќи го делот на поранешните одговорности на окружните влади.

На 1 јануари 2004 година, Саксонија-Анхалт ги распуштила своите три административни окрузи: Десау, Хале и Магдебург. Надлежностите сега се опфатени од страна на покраинската административна служба (Landesverwaltungsamt) со три канцеларии во поранешните седишта на административните окрузи.

При основањето на Долна Саксонија во 1946 година со спојувањето на трите поранешни слободни држави Брауншвајг, Олденбург, Шаумбург-Липе и поранешната пруска покраина Хановер, поранешните две држави станале административни окрузи (приближно административни региони со проширена надлежност) во Долна Саксонија и покрај помалку автономниот пруски стил опфатен кај поранешната покраина Хановер и малата Шаумбург-Липе. Овие разлики биле израмнети на 1 јануари 1978 година, кога четирите административни окрузи се заменети со два, а старите шест административни окрузи: Брауншвајг и Олденбург, како и Аурих, Хановер (останат главно ист), Хилдесхајм, Линебург (стар), Оснабрик и Штаде. На 1 јануари 2005 година, Долна Саксонија ги распуштила своите останати четири административни окрузи: Брауншвајг, Хановер, Линебург и Везер-Емс.

Во 2005 година, Северна Рајна-Вестфалија планирала да ги укине своите пет административни окрузи и да создаде три самоуправни ентитети. Стариот, „пруски стил“, административен округ нема самоуправни органи.

На 1 август 2008 година, Саксонија ги реорганизирала своите окрузи (Landkreise) и го сменила името на своите административни окрузи во дирекциски окрузи (Direktionsbezirke). Ова била неопходно, бидејќи еден од новите окрузи не се вклопувал во границите на стариот административен округ и некои одговорности сега биле покриени од страна на окрузите. Дирекциските окрузи биле наречени Кемниц, Дрезден, Лајпциг. Од 1 март 2012 година, дирекциските окрузи биле споени во една покраинска дирекција со седиште во Кемниц (Landesdirektion).

Локално постоење

уреди

Не сите сојузни покраини ја имаат оваа поделба; некои директно се поделени на окрузи. Моментално, четири покраини се поделени на 19 административни окрузи, кои по број на население се движат од 5.255.000 (Диселдорф) до 1.065.000 (Гисен):

Регионалните влади на административните окрузи најчесто се занимаваат со административни одлуки на регионално ниво. Повеќето административни рутини се управувани од страна на општинските влади (на ниво на град или на округ), додека законодавството е усвоено од страна на парламентот на сојузната покраина или на национално ниво.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди