Конрад Аденауер
Конрад Херман Јозеф Аденауер (роден на 5 јануари 1876 во Келн – починал на 19 април 1967 во Бад Хонеф[2]) — германски државник. Иако неговата политичка кариера траела 60 години, тој е најзабележителен по неговата улога како првиот канцелар на Западна Германија од 1949-1963 и претседател на Христијанската Демократска Унија (CDU) од 1950 до 1966 година. Тој е најстариот Канцелар кој некогаш и служел на Германија, почнувајќи ја својата служба на 73 годишна возраст и напуштајќи ја на 83 години. Само Хелмут Кол ја извршувал подолго функцијата Канцелар на Сојузна Република Германија (1982-1998) или 16 години, додека Ото фон Бизмарк ја извршувал подолг период функцијата Канцелар, но како Канцелар на Обединета Германија (1871-1890 во Вториот Рајх или Германското Царство под Прусија, која траело од 1871 до 1918).
Конрад Аденауер | |
---|---|
Конрад Аденауер во 1952 | |
Канцелар на Германија Западна Германија | |
На должноста 15 септември 1949 – 11 октомври 1963[1] | |
Претседател | |
Потпретседател | |
Претходник | нема |
Наследник | Лудвиг Ерхард |
Министер за надворешни работи Западна Германија | |
На должноста 15 март 1951 – 6 јуни 1955 | |
Претходник | Lutz von Krosigk (1945) |
Наследник | Хајнрих фон Брентано |
Претседател на Христијанска Демократска Унија | |
На должноста 21 октомври 1950 – 23 март 1966 | |
Претходник | нема |
Наследник | Лудвиг Ерхард |
Градоначалник на Келн | |
На должноста 4 мај 1945 – 6 октомври 1945 | |
Претходник | Вили Сут |
Наследник | Вили Сут |
На должноста 13 октомври 1917 – 13 март 1933 | |
Претходник | Макс Валраф |
Наследник | Гунтер Рисен |
Претседател на Прускиот совет | |
На должноста октомври 1921 – 26 април 1933 | |
Претходник | нема |
Наследник | Роберт Леј |
Лични податоци | |
Роден(а) | Конрад Херман Јозеф Аденауер 5 јануари 1876 Келн, Германско Царство |
Починал(а) | 19 април 1967 Бад Хонеф, Западна Германија (денес Германија) | (возр. 91)
Партија |
|
Сопружник |
|
Деца | Конард Макс Марија Фердинанд Пол Шарлота Елизабет Георг |
Установа | |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Потпис |
Животопис
уредиРан живот
уредиКонрад Аденауер е роден како трето дете од петте деца на Јохан Конрад Аденауер (1833-1906) и неговата жена Хелена (1849-1919) во Келн, Рајнска Прусија. Негови браќа и сестри биле Август (1879-1952), Јоханес (1873-1937), Лили (1879-1950) и Елизабет, која починала набргу по раѓањето во 1880 година. Во 1894 година матурирал и ги започнал студиите по право и политика на универзитетите во Фрајбург, Минхен и Бон. Бил член на неколку римскокатолички студентски здруженија како на пр. „K.St.V Арминија Бон“ во Бон. Ги завршил студиите во 1900 година[2]. Потоа работел како адвокат во судот во Келн.
Почеток на политичката кариера
уредиКако побожен римокатолик, во 1906 година и се приклучил на Централната партија и истата година бил избран во Советот на градот Келн. Во 1909 година станал заменик градоначалник на Келн. Од 1917 до 1933 година ја извршувал функцијата на Градоначалник на Келн[3]. Тој имал непријатна задача да го води Келн во периодот на британската окупација по Првата светска војна со 1926 година. Успеал да воспостави вистински односи со британските воени авторитети и заговарал со Рајнскиот сепаратизам (Рајна, држава како дел од Германија, но надвор од Прусија). За време на Вајмарската Република бил претседател на Прускиот Државен Совет (Preußischer Staatsrat) од 1922 до 1933 година, кој бил претставнички Совет на пруските градови и покраини.
Кога Нацистите дошле на власт во 1933 година, Централната партија ги изгубила изборите во Келн и Аденауер побегнал во манастирот Марија Лах, бидејќи му се заканувала новата влада откако одбил да се ракува со месниот нацистички началник. Неговиот престој во овој манастир, кој траело една година бил наведен по војната од игуменот на манастирот, кога бил обвинет од Хајнрих Бел и други за соработка со нацистите.
Кратко бил затворен по Ноќта на Долгите Ножеви во средината на 1934 година. Во следните две години често го менувал местото на живеење поради стравот од репресалии против него од страна на нацистите. Во 1937 година бил успешен во добивањето некаква компензација за неговата некогаш запленета куќа и успеал да живее во изолација неколку години.
Според Алберт Шпир во неговата книга Шпандау: “Тајните дневници”, Хитлер му се восхитувал на Аденауер. Но и Хитлер и Спир чувствувале дека политичките погледи и принципи на Аденауер му оневозможиле да има улога во нацистичкото движење или да биде од помош на Нацистичката партија.
По неуспешниот обид за убиство на Хитлер во 1944 година, тој бил затворен по вторпат како противник на режимот. Гестапо не можел да ја докаже неговата поврзаност во заверата и бил пуштен неколку недели подоцна. Набргу по завршувањето на војната Американците повторно го поставиле за градоначалник на Келн, но британскиот раководител на воената управа во Германија, Џералд Темплер, го отпуштил поради како што кажал, наводна неспособност[4].
По Втората светска војна и основањето на CDU
уредиПо неговото отпуштање како градоначалник на Келн, Аденауер се посветил на создавање нова политичка партија, Христијанско Демократската Унија, за која се надевал дека ќе ги опфати и протестантите и римокатолиците во една партија. Во јануари 1946 година Аденауер иницирал политичка средба на идната CDU во британската зона во улога на доајен (најстариот присутен маж, Alterpräsident) и неформално бил назначен за нејзин водач.
Аденауер работел неуморно за развивање на контактите и поддршката за CDU во следните неколку години и со успех што варирал се обидел да ја наметне својата посебна идеологија на партијата. Неговата идеологија била во предност од некои на CDU, кои сакале да ги спојат социјализмот и христијанството. За Аденауер приоритетно бил нагласувањето на достоинството на поединецот и ги зел во обзир погледите кон материјалниот свет на комунизмот и на нацизмот кои го повредуваат човековото достоинство[5].
Улогата на водач на CDU во британската зона му донела на Аденауер позиција во парламентарното Собрание во 1948 година, поканет од западните Сојузници да создадат устав за трите западни зони во Германија. Тој бил претседател на уставната конвенција и прескокнувајќи ја оваа позиција бил избран за претседател на владата кога новиот „Основен закон“ бил донесен во мај 1949 година Аденауер ја критикувал католичката хиерархија за недоволно критикување на нацистите, за ова тој бил цитиран во книгата „Мечот на Константин“ од Џон Корнвел.[6]
Канцелар на Западна Германија
уредиНа федералните избори во Западна Германија во 1949 година, Аденауер станал првиот Канцелар на Сојузна Република Германија (германски: Bundeskanzelar) по Втората светска војна на 73 годишна возраст.[7] На оваа позиција бил од 1949 и 1963 година, период кој покрива голем дел од почетната фаза на Студената војна. За време на овој период, повоената дивизија на Германија била зајакната со создавањето на две одделни држави, Сојузна Република Германија (Западна Германија) и Демократска Република Германија (Источна Германија). Првите избори за Собранието на Западна Германија биле одржани на 15 август 1949 година по што се покажало дека Христијанско Демократската Партија е најсилна политичка партија. Теодор Хојс бил избран за прв Претседател на Републиката, а Аденауер за прв Канцелар на 16 септември 1949 година. Тој ја формирал исто така новата „привремена“ престолнина на Сојузна Република Германија во Бон, која била само 15 километри оддалечена од неговиот роден град, наместо во Франкфурт на Мајна.
Кога бил задушен бунтот во секторот на Советскиот Сојуз во Германија во јуни 1953 година, Аденауер лесно бил повторно избран по вторпат за Канцелар со најголемо мнозинство за коалицијата на CDU/CSU можела и без FDP како партнер во владата. Бруталното задушување на револуцијата во Унгарија во 1956 година му овозможило да добие трет мандат како Канцелар во 1957 година со уште поголемо мнозинство. Но изградувањето на Берлинскиот ѕид и затворањето на границите со Источна Германија придонело неговата влада да изгледа слаба. Кога на изборите во 1961 година CDU/CSU морала повторно да коалицира со ФДП по губењето на мнозинството што го имале, Аденауер морал да вети дека ќе се откаже од функцијата Канцелар пред завршувањето на новиот мандат.
Достигнувањата на Аденауер го вклучуваат воспоставувањето на стабилна демократија во поразена Германија, трајно помирување со Франција, генерално политичко преориентирање кон Западот, обновувајќи го ограничениот но далекусежен суверенитет на Западна Германија цврсто интегрирајќи го со појавувањето на Евроатлантската заедница (НАТО и Организацијата за европска економска соработка). Аденауер е поврзан со создавањето на успешен пензиски систем, кој им обезбедил непаралелна благосостојба на пензионираните луѓе и кој со неговиот министер за економија и наследник Лудвиг Ерхарт со западногерманскиот модел на “социјална пазарна економија” (комбинирана економија со капитализам, ублажена со елементи на социјална благосостојба и католичко социјално учење), кој го овозможил успешниот период познат како Wirschaftswunder („“економско чудо”) и создал потполна благосостојба. На овој начин, Аденауер осигурил потполно слободно и демократско општество кое речиси било непознато за Германците и покрај повеќе или помалку безнадежниот обид од 1919 до 1933 година (Вајмарската Република) и кој денес не само што е нормален туку и е длабоко интегриран во модерното германско општество. На тој начин ги поставил темелите за повторно Западот да има доверба во Германија. Токму поради поранешната политика на Аденауер, подоцна се овозможило обединување на двете германски држави. Обединета Германија останала дел од Европската Унија и НАТО.
Сепак, современите критичари го обвинуваат Аденауер за цементирање на Германската дивизија, жртвувајќи го обединувањето и враќањето на териториите изгубени од Полска и Советскиот Сојуз поради брзо интегрирање кон Западот. За време на Студената војна се зазел за повторно вооружување на Западна Германија и задолжителна воена обврска како одговор на сличен процес во Источна Германија. Сталиновата порака во 1952 година понудила обединување на двете германски држави во една, неутрална, разоружана Германија што ќе влијае за повлекување на велесилата од Средна Европа. Според едно мислење Аденауер се сомневал како и западните Сојузници во искреноста на таа понуда и ги поддржал Сојузниците во нивните внимателни одговори, според другото мислење пак тој направил така бидејќи понудената неутралност и забраната за разоружување му ги растурил плановите да ги припои териториите што подоцна се отцепиле од Полска. Критичарите на Аденауер, особено на национален план го оптужиле дека ја пропуштил можноста за обединување на Германија. Истомислениците на Аденауер тврделе дека фактите од Студената војна, обединувањето и враќањето на изгубените територии не биле реални цели. И двете пораки на Сталин го опишувле задржувањето на постоечките „Потсдамски“ граници на Германија.
Други ја критикувале неговата доба како културно и политичко конзервативна, која барала целиот социјален и политички состав на Западна Германија да се заснова на поединечните погледи на една личност, која има одредена доза на недоверба во сопствениот народ. Неговата реизборна кампања ја концентрирал на слоганот „Без експерименти“.[7]
Западногерманското студентско движење во 1960 година всушност бил протест против конзервативизмот што го застапувал Аденауер. Друг предмет на критика бил Аденауеровиот чин на помирување со Франција кој бил во потполн контраст со извесната индиферентност кон комунистичка Полска. Како и сите други поголеми западногермански политички партии на времето, ЦДУ одбила да го признае приспојувањето на поранешните германски територии што и ги дала Советскиот Сојуз на Полска и отворено зборувал за враќање на овие територии по зајакнувањето на позицијата што ја имала Западна Германија во Европа.
Гледајќи наназад, во голем дел позитивните проценки за време на неговиот мандат, не само германската јавност која во 2003 година на телевизиска анкета го избрала за „Најголемиот Германец на сите времиња“, дури и некои денешни левоориентирани интелектуалци, кои го величеле неговото безусловно дело како западен стил на демократија и европска интеграција.
Дополнителни акции како Канцелар
уреди- Во септември 1955 година одржува историски говор во Будестагот во кој тој ја признава должноста на германската влада да му надомести на Израел како главен претставник на Евреите за Холокаустот. Ова започнал процес кој доведе до тоа Бундестагот да одобри договор помеѓу Израел и Германија во 1953 година давајќи ги во кратки црти оштетите кои Германија би ги платила на Израел.
- Помогнал во безбедно ослободување на последните германски затвореници од војната во 1955 година, декада по завршувањето на војната.
- Отворил дипломатски односи со СССР и останатите народи на Источниот блок, но одби да ја признае Источна Германија.
- Постигнал договор со САД во 1957 година што и овозможило на Западна Германија да добие оружје способно за пренесување на јадрени глави. Освен тоа, Аденауер ја продолжи јадрената соработка со други земји со цел Германија да стане способна да произведува свое сопствено јадрено оружје, кое сепак никогаш нема да биде дозволено од поранешните сојузници на кој било германски наследник на државата сè до денес ( 2009 ).
- Ја надгледувал интеграцијата на Сар во Западна Германија во 1957 година
- Накратко размислувал да се кандидира за претседател во 1959 година Сепак наместо тоа избра кандидат (Хајнрих Либке) за кој верувал дека нема да му пречи во неговите работи како Канцелар на Западна Германија.
За целиот негов труд како водач на Западна Германија, Аденауер бил именуван како Човек на годината во 1953 година од магазинот Тајмс. Во 1954 година ја добил Karlspreis (англиски: Charlemagne Award), награда што ја доделува германскиот град Ахен на луѓето кои придонеле за развој на европската идеја, европската соработка и европскиот мир.
Во последните години од неговиот мандат, Аденауер имал навика по ручекот да дремне и кога патуваше надвор од земјата и одел на јавни церемонии, тој понекогаш барал да има кревет во соба која е близу до таму каде што би требало да одржува говор, за да може накратко да се одмори пред да се појави.[8]
Аденауер се релаксирал и наоѓал големо задоволство во ителијанската игра боче и голем дел од неговата постполитичка кариера ја поминал играјќи ја оваа игра. Негово омилено место каде што ја играл оваа игра било во Каденабија, Италија, во изнајмена вила што има поглед на езерото Комо, која потоа стекна статус на конференциски центар од фондацијата Конрад Аденауер ( Konrad Adenauer Stiftung ), германска политичка фондација основана од државата.
Кога во 1967 година, по неговата смрт на 91 годишна возраст, Германците биле прашани на што најмногу му се восхитуваа на Аденауер, мнозинството одговорило на тоа што тој ги вратил дома последните германски затвореници од војната од СССР, враќањето познато како “Враќање на 10 000”.
Обид за атентат
уредиНа 27 март 1952 година експлодирал пакет адресиран до Канцеларот Аденауер во Командата на минхенската полиција, убивајќи еден баварски полицаец. Две момчиња кои биле платени да го испратат овој пакет преку пошта и го привлекле вниманието на полицијата. Истрагите довеле до луѓе тесно поврзани со партијата на Херут и поранешната вооружена организација Иргун. Западногерманската влада сите докази ги држела под печат со цел да се заштити од антисемитски реакции од народот. На петтемина осомничени Израелци идентификувани од француски и германски истражувачи им било дозволено да се вратат во Израел.
Еден од учесниците, Елезиер Судит, подоцна открил дека наводниот мозок кој стои позади овој обид за убиство бил Менахем Бегин кој подоцна станал премиер на Израел.[9] Бегин бил поранешен командир на Иргун и во тоа време го водел Херут и бил член на Кнесет. Неговата цел бил да ги ослабне обидите на германската влада да воспостави пријателски односи со Израел.[10][11]
Дејвид Бен-Гарион, премиерот на Израел, го ценел обидот на Аденауер за ублажување на аферата и тоа што не продолжил со истрагата, за да не го влоши односот помеѓу двете нови држави.
Во јуни 2006 година малку поинаква верзија на оваа приказна се појавила во еден водечки германски весник, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (Frankfurter Allgemeine Zeitung), цитиран од The Guardian Бегин го понудил својот златен часовник на продажба кога заговорниците останале без пари. Бомбата бил скриена во енциклопедија и убил експерт за детонација на бомби, притоа повредил други двајца. Аденауер бил мета бидејќи и испраќал одштети за Холокаустот на официјалната израелска влада, додека Бегин сметал дека треба да бидат наменети за Евреите жртви (само оние кои се наоѓаат во Израел ). Судит, изворот на приказната објаснил дека: „Целта не била да се убие Аденауер, туку да се разбудат меѓународните медиуми. На сите ни бешејасно дека нема шанси пакетот да стигне до Аденауер. ” Петтемина заговорници биле уапсени од француската полиција во Париз. Тие “биле поранешни членови на ... Иргун” (организацијата бил расформирана во 1948 година, 4 години порано).[12]
Политички скандал
уредиВо 1962 година изби скандал кога полицијата по наредба на кабинетот уапсила пет новинари на весникот Дер Шпигел (Der Spiegel) оптужувајќи ги за велепредавство, особено за издавање меморандум опишувајќи ја наводната слабост на западногерманските вооружени сили. Членовите на кабинетот, кои и припаѓале на Слободната Демократска Партија (FDP), дале оставки во ноември 1962 година, министерот за одбрана Франц Јозеф Штраус, водач на Христијанската Социјална Унија самиот се разреши од функцијата, следен од останатите членови на владата на Христијанската Демократска Унија. Иако Аденауер успеа да остане на функција речиси уште една година, овој скандал го зголеми притисокот врз него да го исполни ветувањето да даде оставка пред крајот на мандатот и го наследи Лудвиг Ерхарт во октомври 1963 година Тој остана водач на CDU сè до неговата оставка од позицијата во декември 1966 година
Смрт
уредиАденауер починал на 19 април 1967 година, во неговата родна куќа во Рендорф. Според неговата керќа, неговите последни зборови биле “Da jitt et nix zo kriesche!” (келнски дијалект “Нема за што да плачам!”)
На неговиот државен погреб во Келнската катедрала присуствувале голем број на светски водачи, меѓу нив претседателот на САД Линдон Џонсон, неговата единствена посета на европска држава. По богослужбата, неговото тело бил вратено во Рендорф на Рајна со бродот Кондор, Јагуар класа брод за брз напад на германската воена морнарица. Закопан е на Валдфридхоф гробиштата.
Наследство
уредиАденауер оставил позади себе такво богатство, така што тој бил главен мотив за една од најсовремените и најпознати златни монети: трите белгиски комеморативни монети ''Пионери на Европското Обединувањето'', искована во 2002 година Предната страна претставува портрет со имињата на Роберт Шуман, Пол-Хенри Шпак и Конрад Аденауер.
Влади на Аденауер
уредиПрва Влада
уреди- Конрад Аденауер (CDU) - Канцелар
- Франц Блихер (ФДП) – Вице Канцелар и министер за работи на Маршаловиот план
- Густав Хајнеман (CDU) – Министер за надворешни работи
- Фриц Шефер (CDU) – Министер за финансии
- Томас Делер (FDP) – Министер за правда
- Лудвиг Ерхарт (CDU) – Министер за економија
- Антон Шторх (CDU) – Министер за труд и социјални работи
- Вилхелм Никлас (CSU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
- Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
- Еберхарт Вилдермут (FDP) – Министер за градежништво
- Ханс Шуберт (CSU) – Министер за пошта и комуникации
- Ханс Лукашек (CDU) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
- Јакоб Кајзер (CDU) – Министер за германски прашања
- Хајнрих Хелвеге (DP) – Министер за работи во Бундесрат
Измени
- 13 октомври 1950 – Роберт Лер (CDU) го наследи Хајнеман како Министер за внатрешни работи.
- 15 март 1951 – Конрад Аденауер станува Министер за надворешни работи исто така и Канцелар кога Сојузниците дозволија оваа функција да оживее.
- 19 јули 1952 – Фриц Нојмаер (FDP) го наследи Вилдермут (9 март) како Министер за градежништво.
Втора Влада
уреди- Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар и Министер за надворешни работи
- Франц Блихер (FDP) – Вице Канцелар и Министер за економска соработка
- Герхарт Шредер (CDU) – Министер за внатрешни работи
- Фриц Шефер (CSU) – Министер за финансии
- Фриц Нојмар (FDP) – Министер за правда
- Лудвиг Ерхарт (CDU) – Министер за економија
- Антон Шторх (CDU) – Министер за труд и социјални работи
- Хајнрих Либке (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
- Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
- Виктор-Емануел Пројскер (FDP) – Министер за градежништво
- Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни работи
- Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за специјални задачи
- Роберт Тилманс (CDU) – Министер за специјални задачи
- Валдемар Крафт (GB/BHE) – Министер за специјални задачи
- Херман Шефер (FDP) – Министер за специјални задачи
- Зигфрид Балке (CSU) – Министер за пошта и комуникации
- Теодор Оберлендер (GB/BHE) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
- Јакоб Кајзер (CDU) – Министер за германски прашања
- Хајнрих Хелвеге (DP) – Министер за работи во Бундесратот
Измени
- 7 јуни 1955 – Теодор Бланк (CDU) станува Министер за одбрана кога таа функција е оживеана.
- 8 јуни 1955 – Хајрих фон Бретано (CDU) го наследува Аденауер како Министер за надворешни работи. Ханс-Јоахим фон Меркац (DP) го наследува Хелвеге како Министер за работи во Бундесратот.
- 19 октомври 1955 – Франц Јозеф Штраус (CSU) станува Министер за атомски работи.
- 12 ноември 1955 – Тилманс ја напушта владата.
- 16 октомври 1956 – Франц Јозеф Штраус (CSU) го наследува Бланк како Министер за одбрана. Ханс-Јоахим фон Меркац го наследува Нојмар како Министер за правда. Крафт и Шефер ја напуштаат владата. Зигфрид Балке (CSU) го наследува Штраус како Министер за атомски работи.
- 15 ноември 1956 – Ернст Лемер (CDU) го наследува Балке како Министер за пошта и комуникации
Трета Влада
уреди- Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар
- Лудвиг Ерхарт (CDU) – Вице Канцелар и Министер за економија
- Хајнрих фон Бретано (CDU) – Министер за надворешни работи
- Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за одбрана
- Герхарт Шредер (CDU) – Министер за внатрешни работи
- Франц Етцел (CDU) – Министер за финансии
- Фриц Шефер (CSU) – Министер за правда
- Теодор Бланк (CDU) – Министер за труд и социјални работи
- Хајнрих Либке (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
- Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
- Пол Лике (CDU) – Министер за градежништво
- Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни и младински прашања
- Рихард Штиклен (CSU) – Министер за пошта и комуникации
- Теодор Оберлендер (CDU) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
- Ернст Лемер (CDU) – Министер за германски прашања
- Ханс-Јоахим фон Меркац (DP) – Министер за Бундесратот и државни работи
- Зигфрид Балке (CSU) – Министер за јадрена енергија и вода
- Херман Линдрат (CDU) – Министер за федерална економска сопственост
Измени
- 13 септември 1959 – Вернер Шварц (CDU) го наследува Либке како Министер за храна, земјоделство и шумарство.
- 5 април 1960 – Оберлендер дава оставка како Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви.
- 4 мај 1960 – Ханс Вилхелми (CDU) го наследува Линдрат (27 февруари) како Министер за федерална економска сопственост.
- 27 октомври 1960 – Ханс-Јоахим фон Меркац (CDU) станува Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви.
Четврта Влада
уреди- Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар
- Лудвиг Ерхарт (CDU) – Вице Канцелар и Министер за економија
- Герхарт Шредер (CDU) – Министер за надворешни работи
- Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за одбрана
- Херман Хехерл (CSU) – Министер за внатрешни работи
- Хајнц Штарке (FDP) – Министер за финансии
- Волфганг Штамбергер (FDP) – Министер за правда
- Теодор Бланк (CDU) – Министер за труд и социјални работи
- Вернер Шварц (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
- Ханс-Христоф Зебом (CDU) – Министер за транспорт
- Пол Лике (CDU) – Министер за градежништво
- Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни и младински прашања
- Елизабет Шварцхаупт (CDU) – Министер за здравство
- Валтер Шел (FDP) – Министер за економска соработка
- Хајрих Кроне (CDU) – Министер за специјални задачи
- Рихард Штиклен (CSU) – Министер за пошта и комуникации
- Волфганг Мишник (FDP) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
- Ернст Лемер (CDU) – Министер за германски прашања
- Ханс-Јоахим фон Меркац (CDU) – Министер за Бундесратот и државни работи
- Зигфрид Балке (CSU) – Министер за јадрена енергија и вода
- Ханс Ленц (FDP) – Министер за национално богатство
Измени
- 19 ноември 1962 - Евалд Бухер (FDP) го наследува Штамбергер како Министер за правда. Бернер Долингер (CSU) го наследува Ленц како Министер за национално богатство.
- 14 декември 1962 – Ролф Далгрин (FDP) го наследува Штарке како Министер за финансии. Бруно Хек (CDU) го наследува Вурмелинг како Министер за семејни и младински прашања. Ханс Ленц (FDP) и пристапува на владата како Министер за научно истражување. Рајнер Барцел (CDU) го наследува Лемер како Министер за германски прашања. Алојз Нидералт (CSU) го наследува Меркац како Министер за Бундесратот и државни работи. Министерството за јадрена енергија и вода се укинува, и Балке си заминува од владата.
- 9 јануари 1963 – Кај-Уве фон Хасел (CDU) го наследува Штраус како Министер за одбрана
Наводи
уредиЕнцикопедија Britannica (Macropedia) © 1989, статии за конрад Аденауер, Хелмут Кол и Ото фон Бизмарк.
„Конрад Аденауер“ на Ризницата ? |
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеKAS_111063
. - ↑ 2,0 2,1 David W. Del Testa, уред. (2001). „Adenauer, Konrad“. Government Leaders, Military Rulers, and Political Activists. Westport, CT: Oryx Press. стр. 4. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 2017-10-06.(бара претплата)
- ↑ Schwarz Vol.1 1995, стр. 128-131.
- ↑ Schwarz Vol.1 1995, стр. 322-323.
- ↑ Williams, p. 307
- ↑ CORNWELL,John. Constantine's Sword, p. 515
- ↑ 7,0 7,1 Frum, David (2000). How We Got Here: The '70s. New York, New York: Basic Books. стр. 8. ISBN 0465041957.
- ↑ John Gunther: Inside Europe Today, Harper and Brothers, New York, 1961; Library of Congress catalog card number: 61-9706
- ↑ Интервју со H. Sietz, иследник (Германски)
- ↑ „Позадинска историја на обидот за атентат (германски)“. Архивирано од изворникот на 2007-08-11. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ Harding, Luke (15 June 2006). „Menachem Begin 'plotted to kill German chancellor'“. Guardian. London.
- ↑ Менахем Бегин 'планираше да убие германски канцелар' | Special reports | Guardian Unlimited
Политички функции - претходници и наследници
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Гроф Лутц Шверин фон Кросигк (како Водечки Министер) |
Канцелар на Германија 1949–1963 |
Наследник Лудвиг Ерхард |
Претходник Гроф Лутц Шверин фон Кросигк |
Сојузен министер за надворешни работи 1951–1955 |
Наследник Хајнрих фон Брентано ди Тремецо |