Отвори го главното мени

Бранденбург (германски: Brandenburg; долногермански: Brannenborg, долнолужички: Bramborska; горнолужички: Braniborska; полски: Brandenburgia) е една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија. Главен град е Потсдам.

Бранденбург
Brandenburg
Сојузна покраина
Знаме на Бранденбург
Знаме
Грб на Бранденбург
Грб
Deutschland Lage von Brandenburg.svg
Координати: 52°21′43″N 13°0′29″E / 52.36194° СГШ; 13.00806° ИГД / 52.36194; 13.00806
ДржаваГерманија
Главен градПотсдам
Управа
 • ПремиерДитмар Војдке (СДП)
 • Владејачки партииСДП / Левица
 • Гласови во Бундесратот4 (од 69)
Површина
 • Вкупно29.478,63 км2 (1,138,176 ми2)
Население (2016-12-31)[1]
 • Вкупно2.494.648
 • Густина0.85/км2 (2.2/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-BB
Рег. таб.порано: BP (1945–1947), SB (1948–1953)[2]
БДП€ 48 млрд. (2005)
NUTS-регионDE4
Мреж. местоbrandenburg.de

Се наоѓа во источниот дел на земјата и е една од сојузните покраини која била повторно создадена во 1990 по повторното обединување на поранешните Западна и Источна Германија. Бранденбург го опкружува, но не го вклучува националниот главен град и град-покраина Берлин.

Потекнувајќи од средновековната Северна марка, Маркгрофството Бранденбург пораснало во јадрото на Кралството Прусија, кое подоцна станало Слободна Држава Прусија. Источниот дел на историскиот Бранденбург (Ostbrandenburg/Neumark) бил предаден на Полска во 1945.

ИсторијаУреди

  Главна статија: „Маркгрофство Бранденбург.

На крајот на средновековниот период и почетокот на новото време, Бранденбург бил една од седумте изборни кнежества на Светото римско царство и заедно со Прусија го создале првичното јадро на Германското царство, првата обединета германска земја. Управувано од династијата Хоенцолерн од 1415, во него влегувало и идниот германски главен град Берлин. По 1618, Маркгрофството Бранденбург и Војводството Прусија биле споени и ја создале Бранденбург-Прусија, која била владеена од истата гранка на династијата Хоенцолерн. Во 1701, државата била издигната како Кралство Прусија. Франконските Нирнберг и Ансбах, швапските Хоенцолерн, источноевропските врски на Берлин и статусот на владетелот на Бранденбург како изборен кнез биле водечки во издигнувањето на државата.

Ран среден векУреди

Бранденбург се наоѓа на територија позната од дамнина како Magna Germania, која се протега на реката Висла. Во 7 век се верува дека се населиле Словените на областа на Бранденбург. Словените се ширеле од исток, најверојатно движејќи се од нивните татковини во денешните територии на Украина и Белорусија, бегајќи од инвазиите на Хуните и Аварите. Тие главно се потпирале на речниот сообраќај. Двете главни словенски групи на денешната областа на Бранденбург биле Хевелјани на запад и Шпревјани на исток.

Почнувајќи во раниот 10 век, Хајнрих Птичарот и неговите наследници ја освоиле територијата до реката Одра. Словенските населби како Брена[3] (Бранденбург на Хафел), Будушин[4] (Бауцен) и Хошебуз[5] (Котбус) потпаднале под царска контрола преку воспоставувањето на маркгрофовите. Нивна главна функција била одбраната и заштитата на источните марки (пограничните земји). Во 948, царот Отон I воспоставил маркгрофови со цел воспоставување царска контрола над паганските Словени западно од реката Одра. Отон ги основал Бранденбуршката и Хафелбершката епископија. Северната марка била основана како североисточна погранична територија на Светото римско царство. Меѓутоа, големото востание на Вендите ги истерало царските сили од територијата на денешниот Бранденбург во 983. Областа се вратила во контрола на словенските водачи.

12 векУреди

 
Замокот Ајзенхарт во Бад Белциг

Во текот на 12 век, отонските германски кралеви и императори повторно ја воспоставиле контролата над словенските земји на денешниот Бранденбург, иако некои Словени како Лужичките Срби во Лужица ја прифатиле германизацијата, но и ја задржале нивната посебност. Римокатоличката црква основала епископии, кои со нивните утврдени градови, обезбедувале заштита од нападите за граѓаните. Со доаѓањето на монасите и епископиите започнала историјата на градот Бранденбург на Хафел, кој бил прв центар во покраината Бранденбург. Во 1134, по повикот на германските крстоносци против Вендите, на германскиот моќник Алберт Мечката му била доделена Северната марка од императорот Лотар III. Формално ги наследил градот и поседите на Хевелјите од нивниот последен вендски владетел, Прибислав, во 1150. Откако ги победиле силите на Шпревјаните кои го окупирале градот Бранденбург во 1150-тите, Алберт се прогласил себеси за владетел на новото Маркгрофство Бранденбург. Алберт и неговите наследници од династијата Асканија направиле значаен чекор кон освојување, колонизирање, христијанизирање и обработување на земјите источно од Одра. Во рамките на оваа област, словенските и германските жители склучувале меѓусебни бракови. Во текот на 13 век, Асканинците започнале да ја припојуваат територијата источно од Одра, подоцна позната како Нојмарк (или Алтмарк).

Доцен среден векУреди

  Главна статија: „Маркгрофство Бранденбург.

Во 1320, бранденбуршкиот дел на династијата Асканија исчезнал и од 1323 до 1415 Бранденбург бил под контрола на династијата Вителсбах од Баварија, кои биле наследени од луксембуршката династија. Под Луксембуржаните, Маркгрофството Бранденбург стекнало статус на изборно кнежество во Светото римско царство. Во 1415 било доделено Изборното кнежество Бранденбург од императорот Зигисмунд на династијата Хоенцолерн, кои ќе владеат со Бранденбург до крајот на Првата светска војна. Хоенцолерн го поставиле нивниот главен град во Берлин, тогашен економски центар на Бранденбург.

16 и 17 векУреди

  Главна статија: „Бранденбург-Прусија.
 
Замок Оранинбург

Бранденбург преминал кон протестантство во 1539 во време на Реформацијата и поминал доста добро во текот на 16 век, со проширување на трговијата долж реките Елба, Хафел и Шпре. Хоенцолерн ги прошириле нивните територии преку припојување на Војводството Прусија во 1618, Војводството Клеве (1614) во Рајнската област и територии во Вестфалија. На крајот се добила истегната и неповрзана држава позната како Бранденбург-Прусија, која била преслаба да се одбрани во текот на Триесетгодишната војна.

Меѓутоа, почнувајќи од крајот на оваа уништувачка војна, Бранденбург добил серија талентирани владетели, кои ја прошириле територијата и моќта во Европа. Првиот од овие бил Фридрих Вилхелм т.н. „Големиот изборен кнез“, кој работел неуморно за обнова и обединување на народот. Ја преместил кралската резиденција во Потсдам. На Вестфалскиот мир, неговиот пратеник Јоаким Фридрих фон Блументал преговарал за припојување на неколку важни територии околу Халберштат. Со Договорот од Олива, Кристоф Каспар фон Блументал (син на гореспоменатиот) преговарал за припојување на Војводството Прусија во посед на Хоенцолерн.

Кралство Прусија и обединета ГерманијаУреди

  Главни статии: „Кралство Прусија“ и „Покраина Бранденбург.
 
Дворецот Сансуси, поранешна летна резиденција на Фридрих Велики, денес светско културно наследство

Кога Фридрих Вилхелм умрел во 1688, тој бил наследен од неговиот син Фридрих, трет со тоа име во Бранденбург. Бидејќи земјите кои биле припоени од Прусија биле надвор од границите на Светото римско царство, Фридрих ја презел (како Фридрих I) титулата „Крал на Прусија“ (1701). Иако неговото самопрогласување од маркгроф во крал се потпирало на неговата титула во војводството Прусија, Бранденбург бил сè уште најважниот дел од кралството. Меѓутоа, оваа комбинирана држава е позната како Кралство Прусија.

Бранденбург останал јадрото на Кралството Прусија и бил место на главните градови на кралството, Берлин и Потсдам. Кога Прусија била поделена на покраини во 1815, територијата на Маркгрофството Бранденбург станала Покраина Бранденбург. Во 1881, Градот Берлин бил одделен од Покраината Бранденбург. Меѓутоа, индустриските градови околу Берлин останале во рамките на Бранденбург и растот на економијата помогнал да се зголеми бројот на населението во покраината. Покраината Бранденбург имала површина од 39.039 км² и население од 2,6 милиони жители (1925). По Втората светска војна, Нојмарк, дел на Бранденбург источно од линијата Одра-Ниса бил предаден на Полска; а староседелското германско население било протерано. Остатокот на покраината станала дел од Источна Германија, кога Прусија била распуштена во 1947. Покраината Бранденбург била целосно укината во 1952 од социјалистичката влада на Источна Германија.

Источна Германија и реобединета ГерманијаУреди

Во 1952, источногерманската влада го поделила Бранденбург на неколку окрузи (или Bezirke). Поголемиот дел од Бранденбург се нашол во рамките на окрузите Потсдам, Франкфурт на Одра или Котбус, но делови на поранешната покраина преминале во окрузите Шверин, Нојбранденбург и Магдебург (градот Хафелберг). Источна Германија силно се потпрела на лигнитот како енергетски извор, поради што биле отворени големи јагленокопи, кои уништиле цели области во југоисточен Бранденбург. Индустриските градови околу Берлин биле важни за источногерманската економија, додека руралниот Бранденбург останал главно земјоделски насочен.

Денешната покраина Бранденбург била повторно основана на 14 октомври 1990.[6] Новоизбраниот Ландтаг на Брандебург прв пат се состанал на 26 октомври 1990.[7] Како и во останатите поранешни делови на Источна Германија, недостигот на современа инфраструктура и изложеноста на конкурентната пазарна економија на Западна Германија довело до покачување на стапката на невработеност и економски потешкотии. Меѓутоа во изминативе години, инфраструктурата на Бранденбург е доста подобрена и невработеноста полека почнува да се намалува.

Во 1995, владите на Берлин и Бранденбург предложиле соединување на покраините, со цел создавање нова покраина со името „Берлин-Бранденбург“, иако некои предложиле името на новата покраина да биде „Прусија“. Соединувањето било одбиено на референдум во 1996. Додека жителите на Западен Берлин гласале за соединување, жителите на Источен Берлин и Бранденбург гласале против.

ГеографијаУреди

Поврзано: Берлин/Бранденбург (метрополитенска област) и Список на места во Бранденбург

Бранденбург се граничи со Мекленбург-Западна Померанија на север, Полска на исток, Саксонија на југ, Саксонија-Анхалт на запад и Долна Саксонија на северозапад.

Реката Одра образува дел од источната граница, додека Елба образува дел од западната граница. Главните реки во самата држава се Шпре и Хафел. На југоистокот постои мочуришно подрачје, наречено Шпревалд; тоа е најсеверниот дел од Лужица, каде што живее словенскиот народ Лужички Срби. Овие области се двојазични, односно заеднички се користат германскиот и лужичкиот јазик.

Заштитени областиУреди

Бранденбург е познат по неговата добра зачувана природна животна средина и неговите амбициозни политики за заштита на природите, кои започнаа во 1990-тите. 15 големи заштитени области биле прогласени по повторното обединување на Германија. Секоја од нив добива покраинска помош за администрацијата и чуварите во паркот, кои ги насочуваат посетителите и работат за зачувување на природата. Повеќето заштитени области имаат центри за посетители.

Национални паркови

Биосферни резервати

 
Шпревалд, биосферен резерват на УНЕСКО

Природни паркови

РелигијаУреди

Религија во Бранденбург - 2011
религија процент
Протестанти
  
17.1 %
Римокатолици
  
3.1 %
Без определба
  
79.8 %

17,1% од жителите на Бранденбург припаѓаат на локалната Евангелистичка црква во Германија (главно на Евангелистичката црква во Берлин, Бранденбург и шлезиска Горна Лужица), додека 3,1% се Римокатолици (главно на Берлинската архиепископија и дел на Герличката епископија).[8] Мнозинството (79,8%)[8] од жителите на Бранденбург немаат никаква верска определеност, не припаѓаат на ниедна христијанска црква или на некоја поголема христијанска насока; многу од нив се припадници на хуманистичките филозофски групи. Споредено со Берлин и другите делови на Германија, проценето на муслимани е многу мал.

АдминистрацијаУреди

НаводиУреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2016 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. 31 декември 2015.  (германски)
  2. BP = Покраина Бранденбург, SB = Советска зона, Бранденбург. Со укинување на покраините во Источна Германија во 1952 биле доделени нови регистарски ознаки според новата поделба по окрузи. Од 1991 се одредени посебни ознаки за секој округ.
  3. Barford, Paul M. (2001). The Early Slavs: Culture and Society in Early Medieval Eastern Europe. Ithaca: Cornell University Press. стр. 421. ISBN 0-8014-3977-9. 
  4. Institut für Sorbische Volksforschung in Bautzen (1962). Lětopis Instituta za serbski ludospyt. Bautzen: Domowina. 
  5. Room, Adrian (2006). Placenames of the World. Jefferson: McFarland & Company. стр. 433. ISBN 0-7864-2248-3. 
  6. Ländereinführungsgesetz (1990)
  7. [1]
  8. 8,0 8,1 Die kleine Brandenburg–Statistik 2011. Amt für Statistik Berlin-Brandenburg.

Надворешни врскиУреди