Образованието во Германија
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Одговорноста за Германскиот образовен систем е пред сè на сојузните држави (Bundesländer) додека федералната влада игра само мала улога. Опционалното образование како што е детската градина (забавиште) се обезбедува за сите деца од три до шестгодишна возраст и после тоа училиштето е задолжително од 11 до 12 години. Системот се разликува во Германија бидејќи секоја земја (Land) одлучува за своите образовни политики. Сепак повеќето деца го посетуваат основното училиште (Grundschule) од шест до десет или дванаесет години. Германското средно образование опфаќа пет типови на училишта. Гимназијата се планира за да ги подготвува учениците за факултетско образование и завшува со последно испитување Abitur, после 12-то или 13-то одделение. Realschule има поширок опсег за нагласување на среденети ученици и завршува со последно испитување Mittlere Reife после 10-то одделение; Hauptschule ги потготвува учениците за стручно образование и завршува со последно испитување Hauptschulabschluss по 9-то или 10-то одделение а испитот на Realschulabschluss после 10-то одделение. Има две видови на 10-то одделение: едното е повисоко ниво и се вика 10б и другото е пониско ниво и се вика 10а; само повисокото ниво 10б води до Realschule и завршува со последното испитување Mittlere Reife после одделението 10б. Овој нов пат за постигнување на Realschulabschluss во стручно средно образование го измени законот за образовни правила во 1981 г. – со квалификување во текот на една година. По промената на новите правила во текот на една година, учениците можат да продолжат во 10-то одделение за да го исполнат законскиот период на образованието. После 1982, новиот пат беше задолжителен, како што е објаснат погоре. Освен тоа има и Gesamtschule кое ги комбинира приодите. Исто така има и Förderschulen/Sonderschulen. Еден од 21 ученици го посетува Förderschule. Сепак Förderschulen/Sonderschulen можат да водат, во посебни случаи, до Hauptschulabschluss од двата видови 10а или 10б кој подоцна е Realschulabschluss. Германските ученици одат во училиште само во утро и каде што не се служува ручек. Има повеќе домашни работи, големо нагласување на „трите Р„ и слободни активности. Ниски цени или бесплатно високо образование може да се наоѓа во германскиот Abitur. Многу германски институции од 100 или повеќе чинат малку или без школарина. Но, студентите морат да докажат преку испитувања дека се кваливикувани. За да се оди на универзитет, студентите морат да го положат испитот т.н. Abitur; сепак од 2009 г. тие со (Meisterbrief ) диплома за занает можат исто така да аплицираат. Тие што сакаат да одат на „Универзитет за применети науки„ треба да имаат Abitur, Fachhochschulreife или Meisterbrief. Во отсуство на тие кваливикации учениците се кваливикуваат да одат на универзитет или Универзитет за применети науки ако тие можат да претставуваат дополнителен доказ дека се способни да продолжат со колегите (види: Begabtenprüfung and Hochbegabtenstudium). Посебниот систем за калфување наречен Duale Ausbildung им овозможува на учениците да посетат стручни курсеви за обучување во компанија како и во државно училиште. Новата Програма за меѓународни ученички процени (ПИСА) прикажал сериозни слабости во перформансите на германските ученици. Во тестот на 43 земји во 2000 година, Германија е рангирана 21а во читање и 20та во математика и природните науки, поттикнувајќи повици за реформи. Во 2006 година, германските ученици ја подобрија својата позиција во однос на претходните години, рангирани (статистички) значително над просекот (ранг 13) во научните вештини и статистички значително не над или под просекот во математички вештини (ранг 20) и вештини за читање (ранг 18). Испитувањето од ПИСА утврди големи разлики во постигнувањата помеѓу студентите кои одат на различни видови на Германски училишта. Според Јан Мартин Виадра: Конзервативците го ценат успехот на гимназијата која за нив е најдобрата форма на школување и навистина таа е број еден во табелата на ПИСА. Но тоа што тие сакаат да го заборават е дека овој успех дојде како резултат на катастрофата во Hauptschulen. Некои претставници на германските учители и еден број на уметници ги оспорија наодите на ПИСА. Докажувајќи помеѓу другото дека прашањата беа лошо преведени, дека примероците потготвени во некои земји не беа претставници, дека Германците (повеќето од нив немаат никогаш порано направено тестови со повеќе избори) беа дискриминирани наспроти прашањата со повеќе избори, дека прашањата од ПИСА немаа наставна важност и дека ПИСА беше всушност „IQ-test„ што според нив покажа дека во Германија се работи за негенетска плодност. Статистиките од 2008 година во Северна Рајна-Вестфалија покажува дека 6.4% од сите студенти немаат добиено дури ни Hauptschulabschluss, сепак не сите од нив го напуштиле средното училиште, додека многу од нив беа деца со посебни потреби кои добиват посебни уверенија за напуштање на училиштето. Само 3.3% го напуштија училиштето без да добиваат некоја диплома.
Животот во Германското училиште
уредиПреглед на Германскиот образовен систем
Ниво на одделение | Возраст | Ниво на училиште(Берлин/Бранденбург) | Ниво на училиште(остатокот во Германија) | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 6/7 | 2 | 7/8 | ||||
3 | 8/9 | примарно | |||||
4 | 9/10 | примарно | |||||
5 | 10/11 | ||||||
6 | 11/12 | ||||||
7 | 12/13 | Секундарно, прв дел | Секундарно, прв дел | ||||
8 | 13/14 |
Родителите кои бараат соодветно училиште за нивните деца имаат голем избор на основните училишта: Државно училиште. Државните училишта не плаќаат школарина. Мнозинството на учениците ги посетуваат државните училишта во нивното соседство. Училиштата во богатоте области имаат тенденција да бидат подобри од тие во сиромашните области. Откако децата достигнуваат училишна возраст многу семејства од средна класа и работничка класа се движат подалеку од сиромашните области. или, алтернативно
- Валдорф Школа (206 училишта во 2007 година)
- Монтесори Метод Школа (272)
- Freie Alternativschule (Слободна алтернативна школа) (85)
- Протестантски (63) или Католички парохиски (114) училишта
Откако децата завршуваат со основно образование ( во возраст од 10 години, 12 во Берлин и Бранденбург), има четири опции за секундарно школување:
- Hauptschule (најосновното академско, многу слично на модернизирано Volksschule (основно училиште) до деветто одделение (со Hauptschulabschluss и во многу случаи со Mittlere Reife = Realschulabschuss како завршен испит); во некои Германски држави Hauptschule не постои и учениците наместо тоа се насочуваат кон Mittelschule или Regionale Schule.
- Realschule до десетто одделение (со Mittlere Reife (Realschulabschluss) како завршен испит)
- Gymnasium (граматичко училиште) до 12то или 13то одделение ( со Abitur како завршен испит со квалификување за универзитет), и
- Gesamtschule (согледувачко училиште)
После успешното завршување на сите горенаведени училишта, учениците можат да запошнат кариера со калфување во Berufsschule (стручно училиште). * Berufsschule обично се посетува двапати неделно за време на две, три или два и пол годишно калфување; другите денови се поминуваат работејќи во компанија. Ова е наменето за да се овозможи познавање на теоријата и практиката. Компанијата е задолжена да ги прими калфите на калфувачката шема. После ова, калфата се регистрира во списокот на Industrie- und Handelskammer IHK (Оддел за индустрија и купо-продажба). За време на калфувањето, калфата е вработен со половина работно време во компанијата. По завршувањето на Berufsschule и по завршувањето на завршните испити на IHK се доделува диплома и младиот човек е подготвен за кариера во ниво на низок менаџмент. Во некои места, шемите ги научуваат на одделни вештини коишто се законски условени специјални позиции во банка или законски помошници. Некои посебни области овозможуваат различни патеки. После посетувањето на било кој од горенаведените училишта и при добивањето на завршна диплома (Hauptschulabschluss) - Mittlere Reife (FOR) или Mittlere Reife, (Realschulabschuss од Realschule); или Abitur од Gymnasium или Gesamtschule, тие што го завршуваат училиштето можат да започнат кариера со калфување во Berufsschule (стручно училиште). Тука ученикот е запишан со определени дела, на пример партнерства како што се German Bar Association Deutsche Rechtsanwaltskammer GBA (управен одбор). За време на калфувањето младиот човек е вработен со половина работно време и со половична плата во институција, банка, лекар или адвокатска канцеларија. По заминувањето од Berufsfachschule и положувањето на завршниот испит составен од German Bar Association или други важни здруженија калфата прима диплома и е подготвен за кариера во сите нивоа освен во позиции коишто бараат специфични повисоки дипломи, како што е докторатот. Во некои области калфувачката шема подучува вештини коишто се барани од законит вклучувајќи определени позиции во банка или како законски помошници. 16-те земји имаат ексклузивно одговорност во полето на образование и стручно образование. Федералниот парламент и федералната влада можат да влијаат врз образовниот систем само преку финансиска поддршка до тие држави. Постојат многу различни школски системи но во секоја држава заедничкото е секогаш Grundschule (основно училиште) за четиригодишен период; или шест години во случајот на Берлин и Бранденбург.
Постотноста на работодавачи со Hauptschulabschluss, Realschulabschluss или Abitur во Германија
5-то и 6-то одделение се состојат од орентациона фаза (Orientierungsstufe) за време на која учениците, нивните родители и учители одлучуваат кои од горенаведените патеки ученици да ги следат. Во сите држави освен Берлин и Бранденбург оваа орентациона фаза е составен дел од програмата на средното училиште. Во Берлин и Бранденбург ориентацијата е вметната во таа на основните училишта. Учителите даваат т.н. воспитувачки (пат) препораки (Bildungs(gang)empfehlung) која што се заснова во сколастични постигнувања во главните предмети (математика, германски јазик, природни науки, странски јазик) исто така и однесување внатре во училницата со подробности и законски импликации коишто се разликуваат во држава: во некои германски држави, тие што сакаат да се запишат во гимназија или Realschule им треба препорака која смета дека ученикот може да постигне успешно преместување до тој тип на училиште; во други случаи кој било може да аплицира. Во Берлин 30%-35% местата во гимназија се избират преку лотарија. Неважно е достигнувањето на ученикот во основно училиште.
Источните држави Saxony, Saxony-Anhalt и Thuringia ги комбинираат Hauptschule Realschule како Sekundarschule, Mittelschule and Regelschule имено. Сите германски земји имаат гимназија како една можност за пооспособните деца и сите држави освен Саксонија имаат Gesamtschule но во различни облици. Државите на Берлин имаат само две видови на школи: средно училиште и гимназија (провери: Образованието во Берлин и Обрзованието во Хамбург).
Англискиот е задолжителен секаде во државата во средните училишта но не е секогаш како прв странски јазик; од учениците во гимназија честопати се бара да научат латински како нивен прв странски јазик. Во некои држави воспитанието со странски јазик започнува во Grundschule (основно училиште). На пример во Северна Рајнска-Вествалија со англиски се започнува во третата година; Бранденбург почнува со англиски или полски и; Баден Вуртемберг започнува со англискиот во прва година. Списокот на можните втори и трети странски јазици, како и часовите за задолжителен странски јазик, се разликува од држава во држава. Францускиот, шпанскиот, старогрчкиот и латинскиот се најчесто одбрани како втор и трет странски јазик. Многу училишта исто така понудуваат волунтерски групи за учење за научување на други странски јазици.
Може да биде проблематично во оглед на школските студии за семејствата кои треба да де селат од една до друга држава затоа што постојат доста различни школски планови за речиси секој предмет.
Возрасните кои не завршиле Realschulabschluss или Abitur или не го достигнале неговиот еквивалент имаат опција да посетуваат вечерни часови во Abendgymnasium или Abendrealschule.
Јавни (државни) и приватни училишта
Во 2006 година, шест посто од германските деца посетувале приватни училишта. Во Германија, член 7, параграф 4 на Grundgesetz, уставот на Германија го гарантира правото за воспоставување приватни училишта. Овој член припаѓа на првиот дел од германското првично право, којшто ги дефинира граѓанските и човековите права. Правото што е гарантирано во овој дел на Grundgesetz може да биде прекинато само во случај на итност, ако тој истиот член може да укаже на таква можност. Тоа не е случајот со овој член. Исто така не е можно да се укинат овие права. Ова необична заштита на приватните училишта се воведе за да ги заштити од второ Gleichschaltung или слична случка во иднина. Ersatzschulen се обични основни или средни училишта коишто се водени од приватни личности, приватни организации или религиозни групи. Овие училишта ги нудат истите видови на дипломи како во јавните училишта. Сепак на Ersatzschulen му фали слободата за да оперира комплетно надвор од контролата на владата. Од наставниците во Ersatzschulen се бара да имаат најмалку исти квалификации како тие од државните училишта. Според истиот случај нивните плати се најмалку како тие на учителите на државните училишта. Ersatzschulen треба да ги има најмалку истите академски стандарди како тие на стандардните училишта и членот 7, параграф 4 на Grundgeset исто така забранува да се делат учениците според средствата на нивните родители (т.н Sondierungsverbot). Така што повеќето од Ersatzschulen имаат многу ниски цени на партиципација споредени со тие на многу други Западни Европски држави; стипендиите исто така се многу достапни. Сепак не е можно за овие школи да се финансираат со вакви ниски цени на партиципација: согласно сите германски Ersatzschulen се потпомогнати од јавни фондови.
Покрај тоа, во некои случаи, воспитанието на еден ученик се финансира од т.н канцеларија за социјална грижа на младите. Ова е често така ако ученикот е во опасност: ученици кои спаѓаат во оваа категорија се тие коишто не се способни да учат, со посебни емоционални потреби или доаѓаат од скршени домови.
По прифаќањето на социоекономскиот статус на родителите, децата кои одаат во приватни училишта не се способни како тие во државните училишта. Во Програмата за испитување на меѓународните студенти на пример, по примањето во социоекономското предавање, учениците од приватни училишта ги потфрлија тие од државните училишта. Сепак некој треба да внимае при пренесувањето на тие податоци: можно е такви ученици не потфрлуваат не дека тие одат во приватно училиште туку тие одат во приватно училиште бидејќи отфрлуваат. Неколку приватни Realschulen и гимназии имаат ниски барања за прием отколку јавните Realschulen и гимназиите. Има посебни приватни училишта за децата emotionally disturbed со емоционално нарушување.
Образованието на децата со посебни потреби
уредиПовеќето на германските деца со посебни потреби одат во училишта т.н. Förderschule или Sonderschule (посебно училиште) која важи само за таквите деца. Има многу видови на посебни училишта во Германија, како:
- "Sonderschule für Lernbehinderte" - посебно училиште за децата кои претрпуваат од тешкотии во учењето
- "Schule mit dem Förderschwerpunkt Geistige Entwicklung" - посебно училиште за децата кои сериозно претрпуваат од тешкотии во учењето
- "Förderschule Schwerpunkt emotionale und soziale Entwicklung" - посебно училиште за децата кои имаат посебни емоционални потреби
Само еден од 21 германски деца посетува посебно училиште. Учителите во такви училишта се квалификувани професионалци кои имаат специјализирано образование за посебни потреби. Посебните училишта често имаат погодни односи и леснотии помеѓу студент-учител споредено со другите училишта. Посебните училишта се критикувале. Се докажува дека посебното образование ги разликува и дискриминира оние кои се неспособни или различни. Некои деца со посебни потреби не посетуваат посебно училиште но се интегрираат во Hauptschule или Gesamtschule (средно училиште) и/или во ретки случаи во Realschule или дури и во Gymnasium.
Образованието на талентираните деца
уредиИма многу стручни училишта за надарените деца. Исто така и германските училишта не ги тестираат децата на интелигенција и како резултат многу талентирани деца остануваат несвесни дека припаѓаат во таа категорија. Германскиот психолог, Detlef H. Rost, извршил една долга пионерска студија за надарените деца т.н. Marburger Hochbegabtenprojekt. Во 1987/1988 година тестирал 7000 ученици од трето одделение со CFT 20, Тест за културно-праведна интелигенција III (Cattell Culture Fair III). Тие што постигнуваа најмалку две стандардни девијации над средината беа категоризирани како надарени. Тотално 151 подарени субјекти учествуваа во студијата покрај 136 контроли. Сите учествувачи на студијата беа тестирани нејасно поради резултатите со кои не можеле да откријат дали се подарени или не. Студијата отркива дека надарените деца беа добри во училиште. Една огрномна мнозина подоцна отидоа во гимназија и постигнаа добри оценки. Сепак, 15 проценти беа класификувани како слаби ученици бидејќи посетувале Realschule (два случаи) или Hauptschule (еден случај), ја повторувале годината ( четири случаи) или имале оценки со што беа ставени во долниот дел на класата (останати). Рост рече дека не се во корист посебните училишта за надарените ученици. Се чини дека надарените деца служат во постојниот Германски образовен систем.
Црквата и Државата
уредиЦрквата и државата се разделени во Германија. Молитвите на задолжителните училишта и задолжителната посета во религиозните служби се против уставот. Во 1995 година по правило христијанскиот крст не беше дозволен во училниците дека тој ја крши верската слобода на не-христијанските студенти. Крстот се дозволи само ако никој од учениците не се противставува но треба да се устрани во случај на жалба. Некои германски држави им забраниле на некои учители да носат шалови на глава.
Историја на германското образование
уредиПруската ера (1814-1871)
Историски откажувањето од Лутеријанското имаше цврсто влијание врз германската култура, вклучувајќи го и неговиот образовен систем. Мартин Лутер инсистираше на задолжително образование за да можат сите луѓе независно да знаат да читаат и да ја толкуваат Библијата. Ова сознание стана модел за училиштата во цела Германија. За време на 18 век Пруското кралство беше меѓу привте земји во светот која што ќе воведе слободно и општо задолжително основно образование состоејќи се од осумгодишен курс на базично образование, Volksschule. Тоа ги овозможува само способностите коишто се потребни во раниот индустриски свет (читање, пишување и аритметика), но исто така и строго образование во етика, задолжение, дисциплина и послушност. Децата од богати родители честопати присуствувале на потготвително приватно училиште за додатни четири години но општата популација немало пристап до средното образование. Во 1810 година, по завршувањето на Наполеоновите војни, Прусија воведе барања за државни дипломи за учителите, кои значително ги зголемија стандардите за предавање. Последното испитување, Abitur, беше воведено во 1788, имплементирано во сите пруски средни училишта до 1812 и беше проширана во цела Германија во 1871. Државата исто така воведе колеџи за обучување на напредни учители во заедничките или основните класови.
Германската престолнина (1871–1918)
Кога беше формирана Германската престолнина во 1871, школскиот систем повеќе се централизира. Во 1872 Прусија го прифати првото одделено средно училиште за девојчињата. Како што учените професии бараа добро воспитани млади луѓе толку повеќе се воспоставија средни училишта, и државата го бараше единственото право да се утврдат стандарди и да се надгледуваат ново формираните училишта. Четирите различни видови на училишта развија: Деветгодишна класична гимназија (која што се фокусира на латински и грчки или еврејски, плус еден современ јазик); Деветгодишна Realgymnasium (која што се фокусира на латинскиот, современи јазици, наука и математика); Шестгодишна Realschule (без кфалификација за запишување во универзитет, но со опцијата да се стане извежбан во една од модерните работи во индустрија, канцеларија или техника); и Деветгодишно Oberrealschule ( која што се фокусира на модерните јазици, наука и математика).. Пред завршетокот на 20 век, четирите типови на училишта достигнаа еднаков ранг и привилегија иако тие немаа еднаков престиж.
Вајмарската Република (1919-1933) до сегашно време
После Првата светска војна, Вајмарската Република воведе слободен и универзален 4-годишен основен училиштен систем (Grundschule). Повеќето ученици продолжија во овие училишта за продолжителен четиригодишен курс. Тие што можеа да си дозволат да платат мала цена продолжија со Mittelschule која што овозможува попредезвикувачки план за додатна една или две години. После положувањето на строг приемен испит после четвртото одделение учениците исто така можат да влезат во едната од четири типови на средно училиште. За време на Нацистичката ера (1933-1945) прифаќањето на доктрините на Нацистичките идеологии беше додаден во воспитната програма; сепак основниот образовен систем остана непроменет. Поврзано: Нацистички Универзитет. После Втората светска војна, Здружените сили (Советскиот Сојуз, Франција, Британија и САД) потврдија дека Нацистичката идеологија се отстрани од програмата. Тие воведоа образовни системи во нивната сопствена окупациска зона која што ги оцтруваше нивните сопствени идеологии. Кога Западна Германија доби парцијална независност во 1949, неговиот нов устав (Grundgesetz) и дозволи на државните влади автономија во образованието. Ова доведе до многу различни училишни системи што честопати им отежнуваше на децата да го продолжат училиштето додека живееја помеѓу држави. Неодамна повеќедржавните договори осигуруваа дека основните барања се универзално пресретни од сите државни училишни системи. На овој начин, од сите деца е барано да учествуваат во еден тип на училиште со полно време (т.е. пет или шест дена во неделата) од шест до 16 годишна возраст. Ученикот може да го промени училиштето само во случај на невообичаено добра или невообичаено слаба способност. Дипломите од една држава се признати од сите други држави. Квалификуваните учители можат да бараат работа во било која од државите.
Образованието во Источна Германија Германската Демократска Република (Источна Германија) го започна својот сопствен стандардизиран образовен систем во 60-тите гидини. Источно германскиот еквивалент на основните и средни училишта беше политехничкото средно училиште (Polytechnische Oberschule), во којшто сите ученици присуствуваа десет гидини, од шест до 16 годишна возраст. Во крајот на 10тата година беше воведен завршниот испит. Зависно од резултатите, ученикот можеше да одбира да заврши со образованието или да се закалфи за додатни две години, проследен од Abitur. Тие што покажуваа многу добар резултат и беа лојални на владеачката партија можеа да го променат образованието во Erweiterte Oberschule (продолжително средно училиште) каде што можеа да ги полагаат нивните Abitur испити после 12 годишно школување. Иако овој систем беше прекинат во раните девесетини години после обединувањето, сè уште продолжува да влијае врз школскиот живот во Источно германските држави.
Учествувањето во меѓународно испитување
уредиПрограмата за меѓународно испитување на ученици, координиран од OECD, ги испитува способностите на 15 годишниците во земјите на OECD и во еден број на партнерски земји. Во 2006 година, германските ученици ги подобрија нивните места споредено со претходните години како што беа ранкирани (статистички) значително над просекот (бодови 13) во способности за науки и статиситчки незначително над или под просекот во математички вештини (бодови 20) и вештини во читање (бодови 18). Социоекономскиот испитувачки стандард беше многу висок во Германија затоа што знаењето на учениците во Германија беше повеќе зависно од социоекономскиот фактор од повеќето други земји.
Услови за академско постигнување во Германија
уредиКој има помалку шанси да успее во Германското Училиште? Пред една генерација индивидот што имаше помалку да учи во гимназија беше „девојка од католичката работна класа од селските делови на Германија„. Сепак денес индивидот што има помалку шанси да учи во Гимназија е „млад човек од малцинството гето„ којшто е „син на иселеник„.
Коефициент на Интелигенција
Коефициентот на интелигенцијата е многу добар предвесник во образовното достигнување во Германија. Корелацијата помеѓу коефициентот на интелигенцијата и завршната диплома од средно училиште (Hauptschulabschluss,Realschulabschluss, Abitur) е р=0,7. Дури и кога општествениот статус на семејството на ученикот се проверува, коефициентот на интелигенција сè уште е позитивно поврзан со годините на образованието. Се разбира, тоа може да има спротивно значење дека образовното ниво е добар показател на интелигенцијата.
Според една постара студија на учениците им било потребен минимален коефициент од 115 (едно стандардно отстапување над средината на употребениот тест)) за да можат да придобијат од времето на учењето во Гимназијата, и исто така им било потребен коефициент од најмалку 125 за да можат да придобијат од еден Германски универзитет (да не се збуни со Fachhochschule, каде што бараниот коефициент во истиот случај е понизок). Сепак ова можеби се променила и денеска барањата можат да бидат пониски, затоа што повеќето ученици учествуваат во гимназија и универзитети.
Пол
Постигнувањето на резултати во образованието се разликува повеќе кај германските машки отколку кај германските женски: машките имаат повеќе шанса да посетуваат посебни образовни училишта но исто така имаат повеќе шанси да станат после дипломски студент; 63% од учениците коишто посетуваат посебни образовни програми за академски предизвикувачките се машки. Машките имаат помалку шанси да ги пресретнат општо државните постигнувачки цели, имаат повеќе шанси да се отпишат од училиште и исто така да се одделат како емоционално раздразнети. 86% од учениците кои примаат посебен тренинг затоа што се емоционално раздразнети претставуваат ученици од машки пол. Истражувањата покажуваат дека има класен ефект: месните машки од средна класа имаат ист успех како женските од средната класа во оглед на образовното постигнување но машките од пониските класи и машките имигранти заостануваат под женските од пониските класи и имигрантките. Недостигот на машки идоли даваат придонес за едно ниско академско достигнување во случајот на машките од пониските класи. Од друга страна 58% на сите после дипломски студенти и 84% на сите германски универзитетски професори беа од машки пол во 2010 година.
Социо економскиот фактор
децата од сиромашните имигранти или од семејствата од работничка класа имаат помалку шанси да успеат во училиште за разлика од децата од средната или високата класа. Оваа неповолност за финансиски предизвиканите од Германија е поголема од било која индустријализирана нација. Сепак вистинските причини ги надраснуваат тие економските. Сиромашните се стремни кон пониско образование. После дозволувањето на домашно образование, парите не играат голема улога во академските резултати на децата.
Имигранските деца и млади, повеќето од ниска класа се највисоко растечкиот сегмент во германското население. Во овој случај нивните очекувања не се поволни за доброто на државата. Повеќе од 30% на 15 годишните и помладите Германци имаат барем еден родител којшто е роден во странство. Во големите градови, 60% од 5 годишните деца и помладите имаат барем еден родител којшто е роден во странство. Имигранските деца покажуваат послаби академски резултати од нивните врсници. Имигрантите имаат склоност кон пониско образование од месните Германци. После проверувањето на домашното образование, етничката група не игра улога во академските резултати на децата. Имигрантите од Кина и Виетнам имаат особено добри резултати. Во иточна Германија виетнамците и кинезите од пониските класи ги надминуваат учениците со европско потекло не земајќи го предвид фактот дека во повеќето случаи нивните родители се посиромашни и понеобразовани од нивните европски врсници. Учителите во источна Германија се покажува дека се помотивирани од учителите во Западна Германија. Ова може да биде друга причина за ова азиско достигнување.
Студија за факторите коишто го детерминираат академското постигнување Елемент- студија за анализа на повеќекратна регресија Факторите коишто го детерминираат математичкото достигнување на шесто одделенците коишто учат во Берлинското основно училиште
Елемент студијата која што се занимава со детерминантите на академското достигнување во Берлин. Беше спроведено во Берлин, каде што некој од учениците започнаа во гимназија после четвртото одделение, додека другите останаа во основно училиште до шесто одделение и започна со различно училиште после шестото одделение. Факторите што се поврзуваат со академското достигнување повеќе се меѓусебно поврзани (тоа значи дека тие се исто така поврзани со други фактори кои го детерминираат академското достигнување). Бројот на книги кој ги поседуваат родителите на децата, на пример се поврзува со образованието на родителите. Затоа што се искористи Анализата на Повеќекратната Регресија. Повеќекратната регресија не дозволува да го разбереме влијанието од едната променлива кога другите променливи стојат цврсто. Беше пронајдено во студијата дека најважната променлива која што ги детерминира математичките достигнувања во шесто одделение беше математичкото достигнување во четврто одделение. Децата кои имаат цврст почеток во четвртото одделение продолжуваат со тој успех до шестото одделение. Исто така од студијата се потврди дека некои променливи се неважни. Сепак корелацијата не имплицира причинување и Елемент студијата покажува дека ако другите фактори коишто се земат предвид за јазикот којшто се збори дома, ова нема ефект врз математичкото достигнување.
ЕЛЕМЕНТ подолго трајната стуидија во врска со развивањето на математичките способности Развивањето на математичките способности на децата кои посетуваат Берлинско основно училиште преку родителското образование
Целта на друга ЕЛЕМЕНТ студија беше да се прегледа развитокот на општата математичка способност. Пронаоѓањета на студијата може да се видат во горната табела. Едниот пронајдок е тоа дека повеќето што се примени во гимназија после 4то одделение покажале многу подобри математички способности од тие што останале во основно училиште. Тоа беше случајот кај сите општествени класи. Еден друг пронајдок покажува дека децата од сите општествени класи покажуваат подобри резултати во шестото одделение кога биле во гимназија. Кон крајот на шестото одделение, тие што учеле во гимназија напреднувале две години пред тие што посетувале основно училиште. Дали гимназијата ги подига способностите на учениците? Постојат различни мислења околу ова. Некои расправаат дека ова претставува случај и дури после тестирањето во 4тото одделение, тие што биле примени во гимназија ги надминале нивните врсници коишто не биле во шесто одделение. Ова исто така претставува мислење на Проф. Д-р Леман, којшто ја разработи студијата. Тој изјави: Пронаоѓањата покажуваат дека гимназијата им помага на учениците од сите општествени класи да го постигнат нивниот пол математички потенцијал. Сепак другите коишто ги преанализираа иформациите изјавија дека тие што посетувале гимназија биле различни од самиот почеток и не можеле соодветно да се споредуваат со тие коишто посетувале основно училиште. Информациите се од висока политичка важност за да тие што се наклонети кон трипартиските системи и за тие што се наклонети кон средните училишта за да можат да ја докажат нивната цел. Тие што се наклонети кон средните училишта мислат дека информациите покажуваат дека основните училишта кои личат на средните училишта ги зголемуваат детските способности додека тие што се за трипартискиот систем расправа дека информациите покажуваат дека гимназијата ги поттикнува способностите на учениците.
Помагањето на децата во ризик
Децата чии семејства примат социјална помош, децата чии родители се отпишале од училиште, децата на малолетни родители, децата израснати од еден родител, децата израснати во соседство со градски внатрешен криминал, децата коишто имаат многу млади браќа и сестри, и децата коишто живеат принатрупани сиромашни станови се во ризик на сиромашно образовно достигнување во Германија. Честопати овие фактори одат заедно отежнувајќи им на децата да ги одбегнат шансите за лошо образование. Број на мерки се заземаат да им се помогне на тие деца да го постигнат нивниот полн потенцијал.
Забавишта
Забавиштата се изложиле за да ја подобрат подготвеноста на децата во ризик. Децата коишто посетуваат забавишта имаат помалку можности да имаат ослабен говор или ослабено моторно развивање. Само 50% на децата чии родители немаат завршено училиште се спремени да одат во училиште во 6та годишна возраст. Ако такви деца биле запишени во високо квалификувано три годишно забавиште, 87% биле спремени за училиште од 6 годишна возраст. На тој начин забавиштата помага да се надминуваат нееднаквите поволни можности.
Домашна посета за семејствата во потреба
Семејствата чии деца се во ризик за ниско академско постигнување можат да се посетуваат од тренирани професионалци. Тие нудат разни служби што се поврзуваат со сите потреби на децата и семејството. Такви професионалци посетуваат и бремени жени со ниски приходи и зборуваат со нив околу доброто здравјето како и за здравствени диети или контролирањето на алкохолот и пушењето за време на бременоста. Доброто здравје може да има големо влијание во училишното достигнување на децата. Домашните посетувачи можат да обезбедат иформации околу детската нега и социјалните служба, им помогнат на родителите во решавањето на криза или проблеми. Тие помагаат во спроведувањето на предшколскиот/школскиот да учествуваат. Не постојат казни ако се одлучат против тоа или против продолжувањето на оваа програма.
Потврдна акција
Германската Лева Партија ја отвори дискусијата во врска со потвдрната акција. Според Штефан Цилих, квотите треба да претставуваат „можност„ за да им се помогна на децата од работната класа коишто немале успех во училиште, истите да имаат пристап кон гимназија. Класните раководители на гимназиите се противат, тврдејќи дека овој тип на политика би била „неуслуга„ за сиромашните деца и дека тие не би биле способни да се придружуваат академски со нивните соученици и дека тие не би биле добредојдени во гимназија. Волфганг Харнишвегер, директор на добро позната Берлинска Гимназија, изјави: „Може да се види во децата од предучилишна возраст дека тие земаат пример од нивните родители. Тие го имитираат нивното зборење, нивниот начин на облека, и начинот на поминување на слободното време. Децата од Neukölln (сиромашно соседство) не би се чувствувале добро заради самите себе ако треба да присуствуваат во таков вид на училиште во којшто главно учат ученици од општествени класи различни од нивната. Тие не би можеле да се вклопат. Секоја екскурзија и секоја школска забава ќе го покаже тоа многу скоро„ тој исто така изјави дека „овој вид на политика беа ослабнала гимназија„ и тоа би било многу опасно, затоа што „германското општество не би можела да си дозволи без вистински образованите возрасни коишто ги произведува гимназијата„ Штефан Цилих одговори на ова велејќи дека „германското општество не може да си дозволи да има толку малку возрасни коишто се вистински образовани„.
Други квоти
Значаен пример за пренатрупано училиште кое што одлучило да воспостави квота е Laborschule Bielefeld која што се одлучи да воспостави квота на работничката класа. Беше одлучена дека 50% од учениците треба да имаат потекло од работничката класа. Исто така, училиштето си одлучи да им гарантира на децата со еден родител и на децата од имигрантски семејства посебен третман. Училиштето се потруди да ги убеди родителите од работничката класа да ги запишат нивните деца но тоа немаше успех. Во 2005 година само 1.6% од децата имаат татко којшто беше невешт работник и само 3.2% имаат татко којшто беше вешт работник. Во 2009 година претставник на училиштата рече дека училиштата сè уште имаат задача да запише колку што е можно повеќе деца од работничка класа, имигрантна класа и исто така беше одлучено дека на децата со вакво потекло ќе им биде гарантирано место во училиштето ако одлучат да се запишат. Училиштето сепак беше успешно во запишувањето на децата од семејства со еден родител. Приближно 45% на неговите ученици доаѓаа од семејства воден од еден женски индивид.
Берлинската гимназиска лотарија
Во 2009 година Берлинскиот сеант одлучи дека Берлинските гимназиски училишта треба да престанат да ги бираат сите свои ученици. Беше изгласено дека тие можат да ги изберат од 70% до 65% на нивните ученици и дека другите места ќе бидат ослободени преку лотарија. Секое дете може да учестува во лотарија, не земајќи предвид како тој или таа поминале во основно училиште. Се надева дека оваа политика ќе го нарасне бројот на ученици од работничката класа коишто учат во гимназија. Левицата предложи дека на Берлинската гимназија не треба да и се дозволи да ги брка учениците кои не покажуваат добар успех, така да учениците кои освоиле гимназиско место во лотарија имаат повисока шанса да дипломираат од тоа училиште. Сè уште не е јасно дали Берлинскиот сенат ќе одлучи во корист на предлогот на Левицата.
Разликите помеѓу западна Германија и поранешната Германска Демократска Република
Влијанието на општествената класа врз образовното постигнување е многу поголема во Западна Германија отколку во Источна Германија (поранешна ГДР). Во Западна Германија детето на академици има 7.26 пати шанси да присуствува во гимназија колку што има и детето на вешт работник, додека во Источна Германија детето од академско потекло е само 2.78 пати како и детето од работничка класа да присуствува во гимназија. Причината за оваа не е јасна. Некои луѓе имаат мислење дека за ова се виновни имигрантите затоа што повеќе необразовани имигрантски семејства во западна Германија отколку Источна Германија. Оваа претпоставка сепак не може да се потврди. Разликата помеѓу Источна и Западна Германија беше уште поцврста кога студираа само етнички германски деца.
Разликите помеѓу руралните делови на Германија и градовите
Општествените и класните разлике во образовното постигнување се многу повеќе истакнати во германските големи градови отколку во руралните делови на Германија. Во градовите со популација од повеќе од 300 илјади, децата на академиците се исти за 14.36 пати како и децата на работничката класа да учат во гимназија. Иако германските ученици не се многу различни од другите ученици во светот, сепак разликите се во организацијата. Главните точки се прегледани подолу; сепак треба да се истакне дека има додатни разлики преку 16те држави на Германија.
Животот во германското училиште
уреди- Секоја сојузна држава има свој образовен систем
- Секоја група на ученици родени во истата година формира еден клас, која останува иста за основно училиште (од 1-4 години), ориентирачко училиште (ако постојат ориентирачки училишта во државата) или ориентациона фаза (во гимназија од 5-6 години) и средно училиште (од 5-10 години) во "Realschulen" и "Hauptschulen" од 5 до 11 години (има разлика помеѓу држави) во „гимназии„. Промените се можни иако кога има избор на предмети, на пример додатни јазици, тогаш класот се дели.
- Повеќето предмети (освен ПЕ, ликовна уметност, науки, музика и предметите коишто се учат во курсеви како што е францускиот јазик) се предавани во самиот клас на учениците (слично со „соба од дома„); учениците остануваат во нивната соба додека учителите се движаат од клас до клас. Ова е обично преку сите школото до 11та година (5 во Саксонија, 7 во Бранденбург).
- Понекогаш има и уште и "Sanitätsdienst" (медицинска служба), каде што учениците се волонтери за учење на прва помош.
- Учениците седат на маси, не на клупи (обично двајца на една маса), понекогаш се навидени во полукруг или друга геометриска или функционална форма. За време на испитите во класевите, масите понекогаш наредени во колони со еден ученик во една маса (ако капацитети на собата го дозволат тоа). Ова е потребно за да се избегне намењето; во многу училишта ова е случај само за неколку испити во последните две години на школување што значи неколку испити што се собираат за последната оценка во средношколската диплома.
- Обично нема школска униформа или код на облекување освен основните правила на пристојност. Многу приватни училишта имаат многу прост начин на облекување којшто се состои од; на пример, „без кратки пантолони, сандали или облека со дупки„. Некои училишта ги тестираат школските униформи, но тие не се толку формални како што е примерот виден во Велика Британија. Тие се состојат најмногу во нормален џемпер/маица и фармерки од одредена боја, понекогаш на нив е училишниот симбол (општ обичај е да се дизајнираат маици за дипломирање за последниот испит во гимназија.
- Училиштето обично почнува помеѓу 7:30 претпладне и 8:15 претпладне и може да заврши рано во 12:00; иструкциите во пониските одделнија речиси секогаш завршуваат пред ручел. Во повисоки одделенија сепак попладневните часеви се многу обични и одморите можат да бидат подолги без да бидат надгледба од наставникот. Обично, попладневните часови не се нудени секој ден и/или продолжително до раната вечер, оставајќи ги учениците да имаат голем дел од нивното попладне слободно од училишно обврски; но сепак некои училишта (Ganztagsschulen) нудат часови или главно надгледувани активности преку целото претпладне за да се нуди надгледба на учениците повеќе од зголемување на учењето. Попладневните часови можат да продолжат до 6 часот.
- Зависно од училиштето постојат паузи од 5 до 10 минути после секој период на часови. Не постои пауза за ручек затоа што училиштето завршува пред 1.30 за јуниорското училиште. Сепак во училиштата коишто имаат "Nachmittagsunterricht" (=попладни часови=) коишто завршуваат после 1:30, понекогаш има пауза за ручекот 45 до 90 минути, иако на многу училишта им фали специјална пауза воопшто. Некои училишта коишто имаат редовни паузи од 5 минути помеѓу часовите имаат додатни 15 или 20 минутни паузи после вториот или четвртиот час.
- Во германските државни училишта, часовите траат точно 45 минути. Секој предмет обично се учи за две или три часови секоја недела (главните предмети како што се математика, германски или странски јазици обично се предаваат од четири до шест часови) и обично не повеќе од две часови едноподруго. Почетокот на секој час и обично паузата се повикува со аудио сигнал како што е ѕвончето.
- Испитите (коишто секогаш се надгледувани) обично се засновани врз есеи отколку што во прашалници со поголем избор. Од 11тото одделение, испитот обично се сосотои од не повеќе од три одделни вежби. Додека повеќето испити од првите одделенија на средните училишта не траат повеќе од деведесет минути, испитите во 11то до 13то одделение можат да траат од 4 часа или повеќе ( без пауза).
- Во секој вид на училиште, учениците учат еден странски јазик (во повеќето случаи англиски) за најмалку 5 години. Студиите се сепак многу поригорозни во гимназија. Учениците кои завршуваат Hauptschule ретко се придобиваат со течно зборење на јазикот. Во гимназија, учениците можат да одберат од поголем број на јазици (најчесто англиски, француски, руски (повеќето во Источни Германски Bundesländer) или латински) како прв јазик во петто одделение и како задолжителен втор јазик во шесто или седмо одделение. Неколки видови на гимназија исто така бараат додатен трет јазик (како што е шпанскиот, италијанскиот, рускиот, латинскиот или старогрчкиот) или факултативен предмет (што е обично основен врз еден или две други предмети, на пример англиска политика (англиски и политика), диететика (биологија) или медиа (уметност и германски) во 9то или 11то одделение. Гимназиите обично нудат други предмети започнувајќи од 11то одделение, со некои училишта коишто нудат четврт странски јазик.
- Мал број на училишта имаат Raucherecke (оддел за пушачи) што претставува мал дел од школскиот двор каде што учениците од над-18 годишна возраст можат да пушат во нивните паузи. Овие посебни места беа забранети од државите Берлин, Хесен и Хамбург, Бранденбург во почетокот на школската година 2005/06. (Баварија, Шлесвиг-Холштајн, Долна Саксонија 2006/07)). Отсега понатаму училиштата од овие држави го забрануваат пушењето на учениците и учителите и ваквите прекршоци ќе се казнат. Некои други држави во Германија планираат да воведат слични закони.
- Како што се државните училишта јавни, пушењето е општо забрането внатре во зградите. Од учителите коишто пушат обично се бара да не пушат додека се во или блиску училиштето.
- На учениците над 14 години им е дозволено да го напуштат училиштето додека траат паузите во некои училишта. Учителите или школскиот персонал се обидуваат да им забранат на младите ученици да си одат порано и исто така да им забранат на туѓите лица да влезат во училишниот комплекс без дозвола.
- Средувањето на класот и школскиот двор честопати претставува задача на учениците. Ако не се појави група од волунтери индивидите се одбираат случајно.
- Многу училишта имаат АГ или Arbeitsgemeinschaften (клубови) за попладневни активности како што е спортот, музиката или глумата но учествувањето не мора да значи дека е често. Некои училишта исто така имаат посебни медијатори коишто претставуваат ученици – волонтери научани да решаваат конфликти помеѓу нивните соученици или помладите ученици.
- Само неколку училишта имаат вистински спортски екипи коишто се натпреваруваат со други училишта. Дури иако училиштето има спортска екипа, не мора да значи дека учениците се свесни дека постои.
- Додека ученичките весници беа многу чести до крајот на 20 век, денес повеќето од нив се многу краткотрајни и обично исчезнуваат кога екипата ќе матурира. Студентските весници обично се финансирани од рекламите.
- Обично училиштата немаат сопстено радио или телевизиски канали. Поголемите универзитети често имаат локално радио водено од студенти.
- Иако повеќето германски училишта и државни универзитети немаат училници опремени со компјутер за секој ученик, сепак училиштата имаат обично најмалку една или две компјутерски соби и повеќето универзитети нудат ограничен број на соби со компјутер на секоја клупа. Државните школски компјутери обично се одржуваат од истиот ексклузивен договорител од целиот град. Интернет пристапот обично е овозможен од телефонски компании безплатно. Честопати во училиштата компјутерските вештини на учителите се многу ниски.
- Кон крајот на нивното школување учениците обично се подложуваат на заеднички писмен и устен испит. (Abitur во Gymnasiums или Abschlussprüfung во Realschulen и Hauptschulen). Учениците кои ја завршуваат гимназијата после деветтото одделение имаат завршен испит од Hauptschule и после десеттото одделение имаат Mittlere Reife ( завршниот испит на Realschule).
- После 10то одделение учениците на гимназија можат да се откажат од училиштето за најмалку една година на работно воспитание ако немаат желба да продолжат. Учениците на Realschule и Hauptschule коишто го поминале Abschlussprüfung можат да се одлучат да продолжат со школувањето во гимназија но од нив понекогаш се бара да одат на додатни курсеви за да го достигнат материјалот.
- Телесното казнување беше забрането во Западна Германија во 1973 година и најмалку официјално во Источна Германија 1949 година.
- Четвртото одделение (или шестото, зависно од државата) честопати е многу стресен за послабите ученици и нивните семејства. Многу чувстуваат огромен притисок кога се трудат да постигнат место во гимназија, или барем кога се трудат да го одбегнат местото во Hauptschule. Германија е единствена кога се споредува со другите западни земји во нејзината рана сегрегација на учениците основана врз нивните академски достигнувања.