Франконија

регион во Германија

Франконија (германски: Franken) — германски историски и јазичен регион кој ги опфаќа северните делови на денешна Баварија и областите што се граничат со неа на запад во Баден-Виртемберг. Името опстојува во имињата на административните региони Долна Франконија, Средна Франконија и Горна Франконија, но првобитниот регион се проширил позападно до Шпајер, Мајнц и Вормс. Повеќето од жителите на денешна Франконија зборуваат југоисточен франконски германски.

Грбот на Франконија
Карта на денешна Франконија
Карта на Франконија по окрузи

Франконија била едно од петте матични војводства кои го основале Светото Римско Царство на крајот на 9 и почетокот на 10 век.