Окрузи во Германија

административна единица на Германија

Окрузите во Германија се познати под името Landkreise, освен во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн, каде што тие се познати како Кreise (еднина: Landkreis и Кreis).

Германија

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Германија



Карта на германските окрузи. Жолтите окрузи се урбани, белите се рурални.

Окрузите се средно ниво на администрација помеѓу покраините (германските држави) и заедниците или општинските влади (општини). Тие не треба да се поистоветуваат со поголемиот административен округ (Regierungsbezirk). Тие одговараат на третото ниво на административни единици на Номенклатурата на територијални единици за статистика (НУТС 3).

Насловот на германски: „Reichskreis“ (кралски округ) бил доделен на група држави во Светото Римско Царство.

Видови окрузи уреди

Поголемиот дел од окрузите се рурални окрузи[1] (Landkreise), вкупно на број 295. Градовите со повеќе од 100.000 жители (и помалите градови во некои покраини), обично не припаѓаат на некој округ, туку преземаат одговорност самите за себе, слично на концептот на независни градови. Овие се познати како урбани окрузи или безокружни градови (Kreisfreie Städte/Stadtkreise) — градовите кои претставуваат округ на свој начин - и тие во моментов (2011) се 107, со што вкупниот број на окрузи е 402.

Во Северна Рајна-Вестфалија, постојат некои градови со повеќе од 100.000 жители, кои не се урбани окрузи, на пример Реклингхаузен, Зиген, Падерборн, Бершки Гладбах, Нојс и Мерс. Сепак, овие градови (освен градот Мерс), преземаат многу окружни одговорности на себе, иако припаѓаат на еден округ. Мерс е најголем град во Германија (и во моментов единствениот со повеќе од 100.000 жители), кој не е ниту еден урбан округ, ниту презема окружни одговорности.

Исто така, постојат три т.н. Kommunalverbände besonderer Art, соединување на еден округ и на округ-слободен град: Покрај Regionalverband Saarbrücken (1974–2007: Stadtverband Saarbrücken), постои и Region Hannover уште од 2001 и Städteregion Aachen од 2009.

Одговорности уреди

Окрузите се одговорни за следниве работи:

  • Според сојузните и регионални закони:
    • Градење и одржување на Б-патишта
    • Други градежни планови, кои опфаќаат област поголема од една локална општина.
    • Грижа за националните паркови
    • Социјална заштита
    • Младинска благосостојба
    • Градење и одржување на болници
    • Градење и одржување на државните институции за средно образование
    • Собирање на отпад од домаќинствата и негово отстранување
    • Регистрација на автомобил
    • Избор на Landrat или Landrätin, претседавач на округот
  • Според локалните закони: (се разликуваат во секој регион)
    • Финансиска поддршка за културата
    • Изградба на пешачки зони и велосипедски патеки
    • Финансиска поддршка за размена на ученици
    • Градење и одржување на јавните библиотеки
    • Ревитализација на економијата
    • Поттикнување туризам
    • Управување на Volkshochschulen (државни возрасни колеџи)

Сите овие задачи се спроведуваат од страна на локалните (општинските) органи, кои функционираат заедно. Урбаните окрузи ги имаат и оние одговорности на општините.

Окружен совет уреди

Окружниот совет, Kreistag, е законодавно тело на округот и е одговорен за локалната самоуправа. Парламентот се избира директно на секои пет години, освен во Баварија, каде што се избира на секои шест години.

Окружна администрација уреди

Извршната власт е функционер познат како Landrat или Landrätin, кој го администрира округот. Во делови на северна Германија, ова е исто така и името на окружната администрација, додека во јужна Германија е позната како Kreisverwaltung.

Список на окрузи уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди