Томас Стернс Елиот (англиски: T.S. Eliot; 26 септември 18884 јануари 1965) роден во САД — англиски поет, драмски писател и книжевен критичар. Според некои, Елиот е најважниот поет кој пишувaл на англиски јазик во XX век.[3] Славата ја стекнал со песната „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“ (The Love Song of J. Alfred Prufrock), која се смета за ремек-дело на модернистичкото движење. Негови најпознати дела се: Геронтион“ (Gerontion) (1920), „Пуста земја“ (The Waste Land) (1922), „Шупливи луѓе“ (The Hollow Men) (1925), „Чиста среда“ (Ash-Wednesday) (1930), и „Четири квартети“ (Four Quartets) (1945),[4] драматаУбиство во катедралата“ (Murder in the Cathedral) (1935) итн. Т.С. Елиот е добитник на Нобеловата награда за литература во 1948 година.

Т. С. Елиот
T. С. Елиот во 1923 од Лејди Отолин Морел
Занимањепоет, драматург, литературен критичар
Апсолвент наУниверзитет Харвард
Период1915-1965
Книжевно движењемодернизам
Значајни наградиНобелова награда за литература 1948
Потпис
Томас Стернс Елиот, 1934

Животопис

уреди

Млади години и образование

уреди

Елиот потекнува од буржоаско семејство[5] по потекло од Нова Англија, кое се преселило во Сент Луис, Мисури.[4] Неговиот татко, Хенри Вер Елиот (Henry Ware Eliot) (1843-1919), бил успешен стопанственик, претседател и благајник на „Хидраулик-прес брик компани“ (Hydraulic-Press Brick Company) во Сент Луис. Подоцна, Т.С. Елиот го истакнал значењето на својот роден град за всадување на неговата литературна визија, со зборовите: „ Очигледно е, само по себе, дека Сент Луис влијаеше на мене подлабоко од која било друга средина кога и да било. Мислам дека има нешто во тоа да го поминеш детството покрај Големата река, нешто што не може да им се пренесе на оние за кои ова не е случај. Се сметам за среќен што сум роден тука, а не во Бостон, во Њујорк или во Лондон“.[6] Неговата мајка, Шарлот Шамп Стернс (Charlotte Champe Stearns) (1843-1929), пишувала поезија и работела како социјален работник. Елиот бил последното од шесте преживеани деца, а кога се родил, неговите родители биле на возраст од 44 години. Неговите четири сестри биле постари од 11 до 19 години, додека неговиот брат бил постар осум години. За семејството и пријателите познат како Том, тој го носел името на неговиот дедо по мајка му, Томас Стернс.
Од 1898 до 1905 година, Т.С. Елиот учел на „Академијата Смит“ (Smith Academy), каде ги изучувал латинскиот, старогрчкиот, францускиот и германскиот јазик. Започнал да пишува поезија кога имал 14 години, под влијание на Рабајат на Омар Кајам (Rubayat of Omar Khayyam) на Едвард Фицџералд (Edward Fitzgerald), превод на поезијата на Омар Кајам (Omar Khayyam). Но, според неговото сопствено признание, резултатите од тој обид биле депримирачки и очајни, така што тој ги уништил. Неговата најстара песна што преживеала, ненасловена лирика, датира од јануари 1905 година. Првата песна што ја покажал некому била „Басна за оние што се гостат“ (A Fable for Feasters), напишана како училишна задача кога имал 15 години, а била објавена во „Смит Академи Рекорд“ (Smith Academy Record), и подоцна во „Харвард Адвокат“ (The Harvard Advocate), училишниот весник на Универзитетот во Харвард.[7]
По дипломирањето, Елиот престојувал една подготвителна година на Академијата Милтон (Milton Academy) во Масачусетс, каде што се запознал со Скофилд Тејер (Scofield Thayer), кој подоцна ја објавил „Пуста земја“. Т.С. Елиот студирал филозофија на Харвард од 1906 до 1909 година, при што дипломирал за три наместо вообичаените четири години.[4] Според Френк Кермоуд (Frank Kermode), најважниот момент во кариерата на Елиот пред дипломирањето се случил во 1908 година, кога го открил „Симболистичкото движење во литературата“ на Артур Симонс (Arthur Symons). Преку ова дело, Елиот се запознал со Жил Лафорк (Jules Laforque), Артур Рембо (Arthur Rimbaud) и Пол Верлен (Paul Verlaine). Подоцна, Елиот напишал дека „без Верлен, можеби никогаш немаше да слушнам за Тристан Корбиер (Tristan Corbiere)“.[8] Весникот „Харвардски Адвокат“ објавил уште неколку негови песни, и тој станал доживотен пријател со Конрад Ејкен (Conrad Aiken), американски романописец.
Од 1909 до 1910 година, Елиот работел како асистент по филозофија на Универзитетот Хаврвард, а потоа се преселил во Париз, каде од 1910 до 1911 година, учел филозофија на Универзитетот Сорбона, каде ги посетувал предавањата на Анри Бергсон (Henri Bergson) и читал поезија со Ален Фурније (Alain-Fournier).[4][8] Од 1911 до 1914 година, повторно се вратил во Харвард, каде ги изучувал индиската филозофија и Санскрит.[4][9] Во 1914 година му била доделена стипендија за Колеџот Мертон (Merton College), во Оксфорд. Всушност, најпрвин заминал во Марбург, Германија, каде планирал да се вклучи во летната програма, но кога избувнала Првата светска војна заминал во Оксфорд. Во тоа време, толку многу американски студенти студирале на Колеџот Мертон, што од „Џуниор комон рум“ (The Junior Common Room) (Друштво на студентите запишани на додипломски студии) била поднесена поплака дека „ова друштво трпи американизација на Оксфорд“, но таа била одбиена за два гласа, откако Елиот ги потсетил студентите колку ѝ должат на американската култура.[10]
Елиот не останал во Мертон, туку по една година си заминал. На пречекот на 1914 година, тој му напишал на Конрад Ејкен: „Ги мразам универзитетските градови и универзитетските луѓе, кои се насекаде исти, со трудни жени, деца на сите страни, многу книги, и одбивни слики на ѕидовите... Оксфорд е многу убав, но не ми се допаѓа да бидам „мртов“.[10] Во 1916 година ја завршил докторската дисертација на Харвард за „Искуството и предметите на познавањето во филозофијата на Ф. Х. Бредли“ (Knowledge and Experience in the Philosophy of F.H. Bradley),[11] но не успеал да се врати за да ја одбрани.[4]

Брак

уреди

Во писмото упатено до Ејкен во декември 1914 година, на возраст од 26 години, Т.С. Елиот напишал: „Многу сум зависен од жени (мислам од женско друштво)“.[12] За помалку од четири месеци, Тајер го запознал Елиот со Вивиен Хеј Вуд (Vivienne Haigh-Wood) гуветнанта во Кембриџ и тие се венчале во Хемпстед (Hampsted) на 26 јуни 1915 година.[13] По кратката посета на семејството во САД, Елиот се вратил во Лондон, каде предавал на неколку места, како Колеџот Биркбек (Birkbeck College) во состав на Универзитетот во Лондон. Филозофот Бертранд Расел се заинтересирал за Вивиен во времето додека младенците престојувале на неговиот кат. Некои научници сметаат дека таа и Расел биле во врска, но овие наводи не биле никогаш докажани.[14] Во приватна белешка напишана во шеесеттите години од неговиот живот, Елиот признал: „Дојдов до тоа да се убедувам себеси дека сум вљубен во Вивиен само затоа што сакав да ги запалам бродовите и да се осудам себеси да останам во Англија. И таа се убедуваше себеси (исто така под влијание на Езра Паунд) дека ќе го спаси поетот ако го задржи во Англија. За неа бракот не донесе среќа. Мене пак, ме доведе до состојбата на умот од која произлезе „Пуста земја“.[15] Нивната врска е тема на „Том и Вив“, тетарска претстава од 1984 година, која во 1994 година била адаптирана за филм).

Предавања, Лојдс, Фабер и Фабер

уреди

По заминувањето од Мертон, Елиот работел како учител, најмногу во Хајгејт Скул (Highgate School), приватно училиште во Лондон, каде предавал француски и латински јазик.[4] Помеѓу неговите ученици бил и младиот Џон Беџеман. Подоцна предавал во Кралското граматичко училиште, Хај Вајкомб (Royal Grammar School, High Wycombe), и во државното училиште во Бакингемшир. За да заработи повеќе, пишувал критики на книги, а навечер давал дополнителни часови. Во 1917 година се вработил во познатата лондонска банката Лојдс (Loyds Bank), каде што работел осум години.[16] На пат до Париз во август 1920 година, се запознал со писателот Џејмс Џојс и со уметникот Виндам Луис (Wyndham Lewis). Подоцна, Елиот изјавил дека на почсетокот Џојс му изгледал арогантен (Џојс во тоа време се сомневал во поетските способности на Елиот), но набргу тие станале пријатели, при што Елиот го посетувал Џојс секогаш кога доаѓал во Париз.[17] Во 1925 година, Елиот ја напуштил работата во Лојдс за да ѝ се придружи на издавачката куќа „Фабер и Гвајер“ (Faber and Gwyer) подоцна преименувана во „Фабер и Фабер“ (Faber and Faber), каде што останал до крајот на својата кариера, станувајќи и нејзин директор. Виндам Луис и Елиот станале блиски пријатели, што резултирало со Луисовата добро позната слика на Елиот, изработена во 1938 година.

Преминување во англиканство и британско државјанство

уреди

На 29 јуни 1927 година, Елиот преминал од унитарианизам во англиканство, а во ноември истата година се здобил со британско државјанство. Истовремено, станал управник на неговата парохиска црква Св. Стефан, на улицата „Глостер Роуд“, во Лондон (Saint Stephen's, Gloucester Road),[18] како и доживотен член на Друштвото на крал Чарлс Маченикот (The Society of King Charles the Martyr).[19] Посебно се идентификувал како англо-католик, прогласувајќи се за „класичар во литературата, ројалист во политиката и англо-католик во религијата“.[20][21]
Според признанието на самиот Елиот, врската меѓу САД и Англија имала големо значење за неговата поезија, велејќи: „Мојата поезија очигледно има повеќе заедничко со моите ценети современици во Америка, отколку со што било напишано во мое време во Англија. Не би била тоа што е, и претпоставувам дека не би била толку добра ... ако бев роден во Англија, но не би била тоа што е и ако останев во Америка. Се работи за комбинација на нештата. Но по нејзините извори, по нејзините емотивни извори, доаѓа од Америка“. Откажувајќи се од неговото американско државјанство, Елиот вели: „Мојот ум можеби е американски, но моето срце е британско“.[22]

Развод и преженување

уреди

Во 1932 година, Елиот веќе размислувал да се раздели од жена си на одредено време. Кога му понудиле професорско место на Харвард, во академската година 1932-1933, тој ја прифатил поканата и ја оставил Вивиен во Англија. По неговото враќање, тој подготвил и формален развод, избегнувајќи ги сите средби со неа до нејзината смрт во 1947 година (освен една, во периодот од неговото заминување за Америка во 1932 година). Вивиен била сместена во душевната болница „Нортамберленд хаус“ (Northumberland House), во Стоук Њуингтон во 1938 година и останала таму сѐ до нејзината смрт. За тоа време, иако сѐ уште биле во брак, Елиот никогаш не ја посетил.[23]
Од 1946 до 1957 година, Елиот живеел на истиот кат со неговиот пријател Џон Дејви Хејворд, кој ги собирал и архивирал делата на Елиот, назначувајќи се себеси за „чувар на архивата на Елиот“.[24] Хејворд, исто така, ги собирал стиховите на Елиот напишани пред Пруфрок, кои биле објавени по смртта на Елиот, со наслов „Песни напишани во рана младост“. Од 1957 година, Елиот и Хејворд веќе не живееле заедно, но Хејворд ја задржал својата збирка од делата на Елиот, кој ја оставил на Кралскиот колеџ во Кембриџ (King's College) во 1965 година.
На 10 јануари 1957 година, на возраст од 69 години, Т.С. Елиот се оженил со Есме Валерија Флечер, која имала 32 години. За разлика од првиот брак, Елиот ја познавал Флечер добро, бидејќи таа му била секретарка во „Фабер и Фабер“ од август 1949 година. Тие ја држеле нивната венчавка во тајност, а церемонијата била одржана во една црква, во 6 часот и 15 минути изутрина, во присуство само на родителите на неговата жена. По смртта на Елиот, Валерија го посветила своето време на зачувување на неговото наследство и ги редактирала „Писмата на Т.С. Елиот“ (The Letters of T. S. Eliot) и преписот од првата верзија на „Пуста земја“. Во раните 1960-ти, со нарушено здравје, Елиот работел како уредник за „Веслиан јуниврзити прес“ (Wesleyan University Press), во потрага по нови поети од Европа за издавање на нивните дела.[25]

Смрт и почести

уреди

Елиот умрел од емфизем, во Лондон, на 4 јануари 1965 година. Долги години пред тоа, тој има здравствени проблеми предизвикани од прекумерното пушење, а често страдал и од бронхитис и тахикардија. Елиот бил кремиран во „Голдерс грин крематориум“ (Golders Green Crematorium), а во согласност со неговите желби, неговата пепел била однесена во црквата Св. Мајкл во Ист Коукер (St Michael's Church, East Coker), селото од кое неговите предци емигрирале во Америка. На неговата спомен-плоча бил ставен цитат од неговата песна „Ист Коукер“: „Во мојот почеток е мојот крај. Во мојот крај е мојот почеток“ (In my beginning is my end. In my end is my beginning). Во 1967 година, на втората годишнина од неговата смрт, во спомен на Елиот бил ставен голем камен на подот на Поетс корнер во лондонската Вестминстерска опатија. На каменот, обликуван од дизајнерот Рејнолдс Стоун (Reynolds Stone), биле впишани датата на неговото раѓање и на смртта, неговиот Орден за заслуги, и цитат од неговата песна „Литл Гидинг“: The communication / Of the dead is tongued with fire beyond / the language of the living.[26]

Творештво

уреди

Поезија

уреди

Елиот оставил релативно мал поетски опус, а тој бил свесен за тоа во раните години од неговата кариера. Така, во писмото до Џ. Х. Вудс (J. H. Woods), еден од неговите поранешни професори на Харвард, тој напишал: „Мојата репутација во Лондон е изградена врз мал број стихови, а одржувана со печатење на две или три песни на година. Она што е единствено важно е дека тие песни треба да претставуваат совршенство од нивен вид, за секоја од нив да претставува важен настан“.[27]
Обично, Елиот најпрвин ги објавувал песните во списанија, во мали книги или во памфлети, а дури потоа ги собирал во книги. Тој се појавил на поетската сцена во 1915 година, кога списанието „Поезија“ од Чикаго ја објавило „Љубовната песна на Алфред Ј. Пруфрок“, која ја добило од неговиот европски дописник, Езра Паунд. Во таа прилика, Паунд напишал писмо до главната уредничка на списанието, Хериет Монро, наведувајќи: „Елиот ми ја испрати најдобрата песна од некој Американец што до сега сум ја имал (во рацете) или сум ја видел... ќе ја имате за неколку дена. Тој е единствениот Американец за кој знам дека го постигнал она што можам да го наречам адекватна подготовка за пишување...и запаметете ја оваа дата (30.9.1914) во бележникот“.[28]
Неговата прва поетска збирка била „Пруфрок и други опсервации“ (Prufrock and Other Observations), објавена во 1917 година. Во 1920 година, тој објавил уште неколку песни во „А сега ве молам“ (Ara Vos Prec) (во Лондон) и во „Песни“ (Poems) (во Њујорк), кои ги содржат истите песни (со различен редослед) освен што песната „Ода“ (Ode) во британското издание била заменета со „Хистерија“ (Hysteria) во американското издание. Потоа, славата на Елиот се ширела многу брзо и, според зборовите на поетот и критичарот Стивен Спендер, веќе во 1928 година, Елиот бил легенда за младите поети.[28], а Ајвор А. Ричардс го оценил како еден од ретките поети кого не го совладале тековните услови.[29] Во 1925 година, Елиот ги собрал песните од збирката „Пуста земја“, од „Пруфрок“ и од „Песни во еден том“, ја додал „Шупливи луѓе“ (The Hollow Men) и ја создал збирката „Песни: 1909-1925“' (Poems: 1909–1925). Оттогаш, тој само го надградил ова дело, објавувајќи го во 1936 година, со насловот „Собрани песни“ (Collected Poems).[16] Исклучок се „Книгата на стариот Посум за практични мачки“ (Old Possum's Book of Practical Cats) (1939), збирката со хумористична поезија „Песни напишани во рана младост“, посмртно објавена во 1967 година (составена главно од песни објавени помеѓу 1907 и 1910 година во „Харвард едвокат“),[30] како и „Пронајдоците на Мартовскиот зајак: Песни 1909-1917“ (Inventions of the March Hare: Poems 1909–1917), материјал кој Елиот немал намера никогаш да го објави, а се појавил дури во 1997 година.

Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок

уреди

Песната за првпат биал објавена во 1915 година, кога Езра Паунд, надворешен уредник на списанието „Поетри“ (Poetry), ѝ препорачал на Хариет Монро (Harriet Monroe), основачот на списанието, да ја објави „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“. Иако изгледа како ликот Пруфрок да е средовечен човек, Елиот ги напишал најголемиот број од песните кога имал само 22 години. Нејзините славни воведни стихови, кои го споредуваат вечерното небо со „пациент опиен на болничка маса“ биле сметани за шокантни и навредливи, особено во времето кога била славена георгијанската поезија поради нејзините извори од романтичарските поети на XIX век. Песната го следи свесното искуство на Пруфрок (предадено преку „текот на свеста“, форма карактеристична за Модернистите), оплакувајќи ја неговата физичка и интелектуална инертност, изгубените можности во неговиот живот и недостатокот на духовен напредок, заедно со постојаната тема за неостварената телесна љубов. Критичките мислења се поделени во врска со тоа, дали раскажувачот го напушта своето престојувалиште за време на текот на нарацијата. Опишаните места може да бидат толкувани како актуелни физички искуства, ментални преселувања или како симболички слики од потсвеста, како на пример во рефренот „во собата жените доаѓаат и си одат“ (In the room the women come and go). Врз структурата на песната особено влијаело екстензивното читање на Данте Алигиери на италијански јазик, а авторот се повикува на бројни книжевни дела, вклучувајќи го „Хамлет“ и делата на француските симболисти.
Нејзиниот прием во Лондон може да се процени според една непотпишана критика во „Литературниот додаток на Тајмс“ (The Times Literary Supplement) од 21 јуни 1917 година: „Фактот што овие работи се случиле во умот на господинот Елиот сигурно дека е од најмала важност за кого било, дури и за него самиот. Сигурно е дека немаат никаква врска со поезија...“[31]

Пуста земја

уреди

Во октомври 1922 година, Елиот ја објавил поемата „Пуста земја“ во „Крајтирион“ (The Criterion). Посветата на il miglior fabbro („подобриот мајстор“) се однесува на значителната помош на Езра Паунд во редактирањето и преобликувањето на песната од подолгиот ракопис на Елиот во скратената верзија што била објавена.[32] Поемата била напишана во тежок период од личниот живот на Елиот: неговиот брак се распаѓал, а тој и Вивиен страдале од нервни пореметувања. Песната често се чита како отсликување на разочарувањето на повоената генерација.[16] Во годината на нејзино објавување, Елиот живеел во Лозана, Швајцарија, каде закрепнувал од нервен слом. Таму го напишал последниот дел „Што кажа громот“ (What the Thunder Said), каде што често се споменуваат планини.[33] Пред да биде објавена како книга (во декември 1922 година), Елиот се дистанцирал себеси од нејзината визија на очај. На пример, на 15 ноември 1922 година, во писмото до Ричард Алдингтон (Richard Aldington), тој напишал: „Што се однесува до „Пуста земја“ тоа е дело од минатото, далечно ако се прашувам јас, и сега се надевам на нова форма и стил“.
Песната е позната по нејзината мрачна природа, нејзиното премин од сатира до пророштво, нејзините ненадејни промени на местото и времето. И покрај тоа, таа станала мерило за модерната литература, поетски пандан на романот што бил објавен истата година „Улис“ на Џејмс Џојс. Помеѓу нејзините најпознати фрази се: „Април е најсуровиот месец“ (April is the cruelest month), „Ќе ти покажам страв во грст прав“ (I will show you fear in a handful of dust) и „Шантих, шантих, шантих“ (Shantih shantih shantih), санскритската мантра со која завршува песната.

Шупливи луѓе

уреди

„Шупливи луѓе“ се појавила во 1925 година, а според критичарот Едмунд Вилсон (Edmund Wilson), таа го означува „дното на фазата на очај и самотија дадени со толку делотворна експресија во Пуста земја“.[34] Станува збор за најголемата поема на Елиот од доцните 1920-ти. Слично како и во другите дела, неговите теми се преклопувачки и фрагментарни: Европа по Версајскиот договор (кој Елиот го презирал), проблематиката на надежта и промена на верата, и неговиот пропаднат брак.[35] Ален Тејт (Allen Tate), забележувајќи промена на методот на Елиот, напишал дека „сите митологии исчезнуваат во Шупливи луѓе“.[36] Во неа, постојаната паралела помеѓу современоста и антиката, која е толку карактеристична за неговиот митолошки метод, е задржана во суптилна форма.[37] Шупливи луѓе содржи некои од најпознатите стихови на Елиот, особено нејзиниот заклучок:

Вака на светот му доаѓа крај

Вака на светот му доаѓа крај
Вака на светот му доаѓа крај

Не со татнеж, ами со цвилеж.[38]

Чиста среда

уреди

„Чиста среда“ e првата долга песна на Елиот напишана по неговото преминување во англиканство, во 1927 година. Објавена во 1930 година, таа се занимава со борбата што произлегува кога на оној кому му недостасувала верба ја добива. Понекогаш нарекувана „преобразителната песна“ на Елиот, таа е богата, но двосмислено алузивна и се занимава со аспирацијата да премине од духовен пустош во надеж за спас на луѓето. Стилот се разликува во однос на поезијата од пред неговото менување на религијата. „Чиста среда“ и песните што следуваат се во пообичен, мелодичен и контемплативен метод. Многу критичари се особено наклонети кон ова дело. На пример, Едвин Мјур (Edwin Muir) остана на мислењето дека станува збор за една од најтрогателните песни на Елиот, а можеби и најсовршената негова песна и покрај тоа што таа не била најдобро прифатена.[39]

Книгата на стариот Посум за практични мачки

уреди

Во 1930 година Елиот ја објавил збирката поезија за деца, „Книгата на стариот Посум за практични мачки“ („Стар Посум“ е неговиот прекар даден од Езра Паунд). Притоа, првото издание на збирката содржи илустрација на авторот на корицата. Во 1954 година, композиторот Ален Ровсторн (Alan Rawsthorne) сместил шест од песните во музичкото дело насловено „Практични мачки“ (Practical Cats). По смртта на Елиот, книгата била адаптирана како подлога за мјузиклот „Мачки“ на Ендру Лојд Вебер (Andrew Lloyd Webber), којшто најпрвин бил поставен на сцената на лондонскиот театар „Вест енд“ во 1981 година, а на Бродвеј бил изведен следната година.

Четири квартети

уреди

Елиот ја сметал збирката „Четири квартети“ од 1944 година за негово ремек-дело и токму тоа му ја донело Нобеловата награда за литература.[4] Тоа се состои од четири долги песни (секоја составена од пет дела), кои претходно биле објавени посебно: „Бернт Нортон“ (Burnt Norton) (1936), „Ист Коукер“ (East Coker) (1940), „Драј Селвејџис“ (The Dry Salvages) (1941) и „Литл Гидинг“ (Little Gidding) (1942). Иако не се лесни за карактеризирање, секоја од нив почнува со размислувања за географската местоположба во нејзиниот наслов и секоја длабоко навлегува во природата на времето од некој важен аспект, теолошки, историски, физички, и неговата поврзаност со состојбата на луѓето. Секоја песна е поврзана со еден од четирите основни елементи: воздух, земја, вода и оган.

„Бернт Нортон“ се запрашува, што значи да се размислува за работите што можеле да бидат. Го гледаме скелетот на напуштена куќа, а Елиот си поигрува со идејата дека сите овие речиси неможни стварности се присутни заедно, невидливи за нас. Сите можни начини на кои луѓето би можеле да се шетаат низ еден двор, сведени на огромен танц што не се гледа, децата што не се таму се кријат во грмушките.

Чекорите оддекнуваат во сеќавањето

Врз преминот по којшто не појдовме
Кон вратата што никогаш не ја отворивме

Во градината со ружи.[40]

„Ист Коукер“ го продолжува испитувањето на времето и значењето, фокусирајќи се во еден познат пасус на природата на јазикот и поезијата. Од темнина (од никаде) Елиот нуди решение: „И реков на својата душа, мирувај и чекај без надеж“ (I said to my soul, be still, and wait without hope). „Драј Селвејџис“ го разгледува елементот на водата, преку слики на река и море. Се стреми кон тоа да ги скроти спротивностите: …„минатото и иднината / се освоени и помирени“. „Литл Гидинг]]“ (елементот на оганот) — најантологизиран дел од „Квартетите“. Искуството на Елиот како управник за време на ненадејното бомбардирање на Британија ја засилува песната, и тој замислува дека го среќава Данте за време на германското бомбардирање. Почетокот на „Квартетите“ („Куќите .../Се однесени, уништени“) стана насилно секојдневно искуство; од ова произлегува возбуда, во која за првпат тој зборува за љубовта како движечка сила зад сето искуство. Од оваа позадина, „Квартетите“ завршуваат со тврдењето на Џулиан од Норвич (Julian of Norwich): „сѐ ќе биде во ред и / Најрзличните нешта ќе бидат во ред“ (all shall be well and / All manner of thing shall be well). Делото „Четири квартети“ не може се разбере без да се свртиме кон христијанската мисла, традицијата и историјата. Елиот позајмува од теологијата, уметноста, симболизмот, Данте, и мистиците Св. Јован од Крстот (St. John of the Cross) и Џулиан од Норвич. „Подлабоката комуникација“ кон која се тежнее во „Ист Коукер“, „алузиите и шепотите на децата, болеста што мора да се влоши за да се најде лек“, и истражувањето кое неизбежно нѐ води дома, сѐ упатува на патеката на поклоникот долж патот на посветувањето.

Драми

уреди

Со исклучок на „Четири квартети“, голем дел од неговата креативна енергија по „Чиста среда“ Елиот ја насочил на пишување драми во стихови, главно комедии. Всушност, во текот на долг период тој бил критичар и обожавател на елизабетанската и јакобинската драма во стихови, за што сведочат неговите алузии на Вебстер (Webster), Томас Мидлтон (Thomas Middleton), Вилијам Шекспир (William Shakespeare) и Томас Кид (Thomas Kyd) во „Пуста земја“. Во едно предавање од 1933 година, Елиот изјавил: „претпоставувам дека секој поет би сакал да мисли дека имал некаква директна општествена полза... Би сакал да биде нешто како популарен забавувач и да биде во можност да ги осмисли сопствените мисли зад трагична или комична маска. Тој би сакал да ги пренесе задоволствата од поезијата, не само на пошироката публика, но и на поголеми групи на луѓе колективно, а театарот е најдоброто место за да се направи тоа“.[41]
Еден од проектите што ги имал замислено е да напише драма во стихови, со џез темпо, заедно со Свини (Sweeneу), лик кој се појавува во голем дел од неговите песни. Елиот не ја завршил драмата, но објавил одделно два дела од она што го напишал. Двете, „Фрагмент од пролог“ (Fragment of a Prologue) (1926) и Фрагмент од агон (Fragment of an Agon) (1927) биле објавени заедно во 1932 година, како „Атлетскиот Свини“ (Sweeney Agonistes). Иако Елиот нагласил дека ова не било замислено да биде едночинка, делото понекогаш се изведува како таква.[42]
Цереморијалната претстава на Елиот, наречена „Карпа“ (The Rock), била изведена во 1934 година, како хуманитарен придонес за црквите во лондонската епархија. Поголемиот дел од претставата бил направен со здружен труд, а на Елиот му се препишува само авторството на една сцена и хорот.[42] Џорџ Бел (George Bell), бискупот од Чичестер, имал важна улога во поврзувањето на Елиот со продуцентот Е. Мартин Брауни (E. Martin Browne) за продукцијата на „Карпа“. Тој подоцна го замолил Елиот да напише уште една драма за Кантербершкиот фестивал во 1935 година. Оваа претстава, „Убиство во катедралата“, во која се зборува за смртта на маченикот Томас Бекет (Thomas Becket), е во поголема мера под контрола на Елиот. Подоцна, тој работел на покомерцијални драми, наменети за пошироката публика: „Повторна средба на семејството“ (The Family Reunion) (1939), „Коктел забава“ (The Cocktail Party) (1949), „Доверливиот службеник“ (The Confidential Clerk), (1953) и „Висок државник“ (The Elder Statesman) (1958). Бродвејската изведба во Њујорк на „Коктел забава“ во 1950 година ја добила наградата „Тони“ (Tony Award) за најдобра претстава.

Есеистика и книжевна критика

уреди

Елиот дал значаен придонес и во областа на книжевната критика, силно влијаејќи врз школата на „Новата критика“. Иако донекаде самопотценувајќи се и потценувајќи ја својата работа (еднаш има речено дека неговиот критика е само „нус-производ“ на неговата „приватна поетска работилница“)[43], некои сметаат дека Елиот е еден од најголемите книжевни критичари на XX век. Критичарот Вилијам Емпсон (William Empson) рекол: „не знам за сигурно колку од моите сопствени размислувања се всадени од Елиот, а не пак колку од нив се реакција против него или се вистински последица на погрешно читање на неговите дела. Тој претставува могу продорно влијание, можеби како она на источниот ветар.“[44]
Во неговиот критички есеј „Традицијата и поединечниот талент“ (Tradition and the Individual Talent), Елиот расправа за тоа дека уметноста мора да биде разбрана не во вакуум, туку во контекст на претходните уметнички дела: „Во чудна смисла (уметникот или поетот)...мора неизбежно да биде проценет преку стандадите од минатото“.[43] Овој есеј претставуваше едно од најважните дела на школата на Новата критика. Конкретно, есејот ја воведе идејата дека вредноста на едно уметничко дело мора да се гледа во контекст на сите претходни дела, „симултан ред“ на делата. Исто така важна за новата критика била идејата на „објективен корелатив“, изразена во есејот на Елиот „Хамлет и неговите проблеми“ (Hamlet and His Problems), која ја постулира врската помеѓу зборовите на текстот и настаните, состојбите на умот и искуствата.[45] Оваа мисла признава дека песната значи она што го вели, но сугерира дека може да постои не-субјективна проценка заснована врз различни, но можеби резултатски логични, интерпретации на едно дело од страна на различни читатели.
Поопшто, Новите критичари се поведуваат по Елиот кога станува збор за неговите „класични“ идеали и неговата религиска мисла. Неговото внимание врз поезијата и драмата од раниот 17 век, неговото омаловажување на Романтичарите, особено на Шели (Shelley), тврдењеот дека добрите песни не претставуваат „пресвртливо ослободување на емоција, туку бегство од емоција“, и настојувањето дека „поетите...во денешно време мора да бидат проблематични“.[46]
Првите есеи на Елиот биле издадени како книга во 1920 година, со наслов „Светата шума“ (The Sacred Wood). Подоцна, неговите собрани есеи биле објавени во 1932 година, чие ревидирано издание се појавило во 1951 година.[16] Есеите на Елиот биле важен фактор во оживувањето на интересот за метафизичките поети. Елиот особено ја ценел способноста на метафизичките поети да го прикажат искуството како психолошко и сензуално, во исто време вдахнувајќи му на ова прикажување духовитост и уникатност. Есејот на Елиот „Метафизичките поети“ (The Metaphysical Poets), освен тоа што ѝ дава ново значење и внимание на метафизичката поезија, ја воведува неговата, сега добро позната, дефиниција за „унифицирана сезибилност“,"[47] за која некои сметаат дека има исто значење со терминот „метафизичко“.[48]
Неговата поема „Пуста земја“,[49] за која во времето на нејзино објавување многу критичари верувале дека е шега или лага,[50] исто така, може да се разбере подобро ако се земе предвид неговата работа како критичар. Тој тврди дека еден поет мора да пишува „програмска критика“, т.е. дека еден поет би требало да пишува во полза на сопствените интереси, а не за да ја подобри „историската образованост“. Гледано преку критичкиот поглед на Елиот, „Пуста земја“ повеќе го изразува неговиот личен очај во врска со Првата светска војна, отколку нејзиното објективно историско поимање.[51]
Во 1946 година, Елиот станал член на групата, составена од високото свештенство, која го изработила билтенот „Католицизам“ (Catholicity), објавен во 1947 година како прилог кон процесот што резултира со Извештајот на Црквата на Англија за Доктрината (Church of England's Report on Doctrine) (1948).
Во 1958 година, надбискупот од Кантербери го поставил Елиот во комисијата што го изготвила „Ревидираниот псалтир“ (The Revised Psalter)(1963). Лутиот критичар на Елиот К.С. Луис (C. S. Lewis), исто така, бил член на комисијата, и таму нивниот антагонизам се претворил во пријателство.[52]

Критички осврт кон творештвото на Т. С. Елиот

уреди

Реакција на неговата поезија и книжевна критика

уреди

За поезијата на Елиот, критичарите отпрвин кажале дека воопшто не е поезија. Многу критичари ја напаѓале неговата практика на широкораспространето испреплетување на цитати од други автори во неговата работа. „Белешки за Пуста земја“ (Notes on the Waste Land), делото кое следи по песната, го дава изворот на многу од нив, но не на сите. Елиот го бранел својот стил, велејќи дека е спас на традицијата во време на фрагментација и дека претставува составен дел од работата која го збогатува делото преку неочекуваното споредување. Други критичари ја осудувале оваа практика како покажување на недостаток на оригиналност и плагијаторство. Истакнатиот критичар Ф. В. Бејтсон (F. W. Bateson) објавил есеј наречен „Т.С.Елиот: Поезија на псевдо-учење“ (T. S. Eliot: The Poetry of Pseudo-Learning). Како реакција на тоа, Елиот напишал во „Света шума“ (The Sacred Wood): „Незрелите поети имитираат, зрелите крадат, лошите го изобличуваат она што го крадат а добрите поети го претвораат во нешто подобро или, во најмала рака, во нешто различно“.
Роберт Ијан Скот (Robert Ian Scott) посочил на тоа дека насловот на „Пуста земја“ и некои од сликите во поемата претходно се појавиле во делото на непознатиот поет од Кентаки, Медисон Коваин (Madison Cawein) (1865–1914). Бевис Хилиер (Bevis Hillier) ги споредил стиховите на Коваин "… одат горе долу / околу неговиот антички портико“ (come and go/Around its ancient portico) со стиховите на Елиот „… идат и одат / за Микелаџело разговор водат“ (come and go / talking of Michelangelo).[38], кои се појавуваат во „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“. „Пуста земја“ на Коваин се појавила во јануари 1913 година во Чикаго, во списанието „Поезија“, во кое подоцна била објавена „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“.
Сепак, многу познати писатели и критичари му оддаваат почит на Т.С. Елиот. Според поетот Тед Хјуз (Ted Hughes), „секоја година присуството на Елиот одново се наметнува, на едно подлабоко ниво, на публика која е изненадена што се наоѓа себеси попрочистена, повосхитена и попонизна“. Хју Кенер (Hugh Kenner) рекол: „Тој беше најнадарениот и највлијателниот книжевен критичар на англиски јазик на XX век“. Сепак други критичари не го поддржуваат ова гледиште.[53]
К.С.Луис (C. S. Lewis) смета дека книжевната критика на Елиот е „површна и ненаучна“. Во писмото од 1935 година до нивниот заеднички пријател, Пол Елмер Мор (Paul Elmer More), Луис напишал дека ја смета работата на Елиот за „огромно зло“.[52] Во писмо до Елиот од 1943 година, Луис изразил и восхит, заедно со антагонизмот кон неговите гледишта: „Се надевам дека фактот што се наоѓам себеси како често ти противречам на писмено не те навредува; тоа е некој вид на почест за тебе, кога и да дојдам во судир со некое широкораспросрането современо гледиште за книжевноста, ми се чини дека секогаш дознавам дека ти си го изнел тоа гледиште најјасно што може. При напад човек прво нишани на офицерите“.[52]
Во стиховите на Елиот е присутно техничко совршенство, мислова концентрираност, тенка емотивна напрегнатост и болна продлабоченост на меланхолични расположенија. Суштината на успехот на неговата поезија лежи во тоа што тој го наоѓа поетскиот клуч и за обичното, баналното и за возвишеното, како и за наеизменичноста и меѓусебната испреплетеност на спротивните емотивни состојби. Песните на Елиот имаат калеидоскопска структура во која трепери модерната егзистенција, лишена од духовно исполнување. Со филмска прецизност тој ги реди сликите на главните одлики на европската цивилизација.[54] Основниот теориски став на поезијата на Елиот се чувствувањето на историјата и поетската безличност како решавачко својство на поетскиот медиум со кое се постигнува поетската универзалност. Притоа, заедно со Езра Паунд, Елиот ја извел најзначајната поетска револуција од првата половина на XX век, така што направил целосно преиспитување на дотогашната поетска традиција.[55]

Обвинувања за антисемитизам

уреди

Опишувањето на Евреите во некои од песните на Елиот навело неколку критичари да го обвинат за антисемитизам. Книгата што дава најсилни факти за антисемитизам во работата на Елиот е „Т.С. Елиот, антисемитизам, книжевна форма“ на Ентони Џулиус (Anthony Julius) (1996).[56][57] Постојат многу малку примери од раната поезија на Елиот што се окарактеризирани како антисемитистички. На пример, песната „Геронтион“ содржи опис на земјопоседник кого Елиот го нарекува „Евреинот, газдата, клечи крај прозорското окно“. Исто така, песната „Бурбенк со Бедекер: Блајстајн со пура“ (Burbank with a Baedeker: Bleistein with a Cigar) ги содржи редовите: „Стаори куп под столбовите тешки. / Евреинот стои зад сето тоа“. Според Џулиус, во оваа песна „антисемитизмот се гледа оддалеку“. Во „Варено јајце“ (A Cooking Egg), Елиот пишува, „Црвенооките мршојадци се прикрадуваат/ Од Кентиш таун и Голдерс грин“ (Голдерс грин е претежно еврејско предградие на Лондон). Од друга страна пак, издавачот на „Геронтион“ и „Бурбенк“, Џон Родкер (John Rodker), и самиот бил Евреин. Згора на тоа, Елиот му испратил верзија на „Геронтион“ на неговиот пријател Сидни Шиф (Sidney Schiff), Евреин, за лектура и негов коментар пред издавањето на делото. Третата „антисемитистичка“ песна „Свини меѓу славејчињата“ (Sweeney Among the Nightingales), била објавена од пријателот на Елиот Леонард Вулф (Leonard Woolf) исто така Евреин. Ниту еден од овие луѓе не ги сметале песните за антисемитистички.[58]
Во серија предавања на Универзитетот Вирџинија во 1933 година, подоцна објавени под насловот „По чудните богови: Буквар на модерната ерес“ (After Strange Gods: A Primer of Modern Heresy) (1934), Елиот напишал дека, со оглед на хомогеноста на културата, „она што е уште поважно (во општеството) — единството на религиска основа и причините произлезени од расата и религијата да се комбинираат за да ја направат која било голема група на слободоумни Евреи непожелна“.[59] Иако подоцна се одрекол од книгата, не е јасно кои аспекти од книгата Елиот ги сметал за навредливи и дали неговото одрекување било побивање на антисемититистичките коментари во книгата (кои се ограничени на неколку реченици од целата книга).
Еден од првите протести против Елиот на тема на антисемитизмот дошле во форма на песната од англо-еврејски писател и поет Емануел Литвиноф (Litvinoff), прочитана за време на инаугурално читање на поезија за Институтот за современа уметност во 1951 година, на кое присуствувал и Елиот.[60] Само неколку години по Холокаустот, Елиот повторно ги објавил стиховите првично напишани во 1920-тите, за „пари во крзно“ и „протозонска слуз“ во Блајстајновото „матно, испакнато око“ во неговите „Одбрани песни“ од 1948 година, со што го разлутило Литвиноф. Литвиноф ја прочитал неговата песна „За Т.С. Елиот“, во преполната сала, завршувајќи со стиховите, „Нека твоите зборови / газат внимателно по ова европско тло / за да не протестираат коските на мојот народ“.

Настапи апсолутна и шокантна тишина. Кога завршив со читањето, Херберт Рид (Herbert Read) ми рече: „да знаев дека ќе прочиташ таква песна немаше никогаш да го дозволам тоа“ а јас си помислив: „и ти се нарекуваш некој анархист“. Потоа започна пеколот и посебно се сеќавам дека Стивен Спендер (Stephen Spender) стана и рече „како поет, Евреин колку што е и Литвиноф, јас сум запрепастен од овој несакан, незаслужен напад над мојот пријател Т.С.Елиот“ и така натаму, и така натаму...“ Изгледа дека Елиот бил слушнат како му промрморел на својот придружник со главата потпрена на стол „тоа е добра песна“.[60]


Леонард Вулф, сопругот на Вирџинија Вулф, кој и самиот бил Евреин и пријател на Елиот, сметал дека Елиот најверојатно бил „малку антисемитистички настроен на оној неразбирлив начин кој често се среќава. Тој би го одрекол ова прилично искрено“.[61] Во 2003 година, професорот Роналд Шакрад (Ronald Schuchard) од Универзитетот Емори (Emory University) објавил детаљи од претходно непознати тајни писма од Елиот до Хорас Кален (Horace Kallen), кои откривааат дека во раните 1940-ти Елиот активно им помагал на Евреите, бегалци од Германија и Австрија да се населат во Британија и Америка. Во писмата напишани по војната, Елиот исто така изразил поддршка за израелската држава.[62]
Во 2009 година, „Фабер“ го објавила вториот том од писмата на Елиот и го преиздал првиот том со 200 нови писма. Крег Рејн (Craig Raine), кој е еден од малкуте критичари кои се обиделе да го одбранат Елиот од обвинувањата за антисемитизам, напишал дека писмата откриваат дека некои од неговите допишувачи биле флагрантно антисемитисти, додека самиот Елиот бил повоздржан. Така во писмата, мајката на Елиот пишувала:„ Имам инстиктивна антипатичност кон Евреите, исто како што имам за одредени животни“, додека пак неговиот правен и литературен застапник во Њујорк Џон Квин (John Quinn), пишувал дека улиците се „преплавени....од сурија грозни Евреи, бедни, набиени, слични на животни“. Елиот му се жалел на Квин дека му е здосадено од неговиот издавач во САД, Хорас Лајверајт (Horace Liverigh), кој бил Евреин, и дека „ми е смачено да работам со Еврејски издавачи кои го одработуваат нивниот дел од договорот само ако се приморани на тоа“, иако потоа продолжил да пишува на сличен начин и за христијански издавачи: „Би сакал да најдам пристоен христијански издавач во Њујорк кому би можело да му се верува...“[63]

Награди

уреди

Т.С. Елиот е добитник на бројни награди, признанија и почесни докторати, како:[16][64]

Дела

уреди

Поезија

уреди

Драми

уреди

Научно-стручни дела

уреди
  • Христијанството и културата (1939, 1948)
  • Традицијата и поединечниот талент (1920)
  • Света шума: есеи за поезијата и критиката (1920)
  • Омаж на Џон Драјден (1924)
  • Шекспир и стоицизмот на Сенека (1928)
  • За Ланселот Ендрјуз (1928)
  • Данте (1929)
  • Одбрани есеи, 1917–1932 (1932)
  • Употребата на поезијата и на критиката (1933)
  • По чудни богови (1934)
  • Елизабетански есеи (1934)
  • Стари и модерни есеи (1936)
  • Замисла за христијанско општество (1939)
  • Избор на песни од Киплинг (1941) избор на Eliot, со есеј за Радјард Киплинг
  • Белешки кон дефиниција за култура (1948)
  • Поезија и драма (1951)
  • Трите гласови на поезијата (1954)
  • Границите на критиката (1956)
  • За поезијата и поетите (1957)

Посмртни публикации

уреди
  • Да се критикува критичарот (1965)
  • Пуста земја: факсимилно издание (1974)

Критички изданија

уреди

Наводи

уреди
  1. Hart Crane (1899-1932)
  2. „Bob Dylan“. Архивирано од изворникот на 2015-03-08. Посетено на 2009-05-27.
  3. Collini, Stefan. "I cannot go on", The Guardian, November 7, 2009.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Thomas Stearns Eliot, Encyclopaedia Britannica, accessed November 7, 2009.
  5. Ronald Bush, T.S. Eliot: the modernist in history, (New York, 1991), p. 72.
  6. Letter to Marquis Childs quoted in St. Louis Post Dispatch (15 October 1930) and in the address "American Literature and the American Language" delivered at Washington University (9 June 1953), published in Washington University Studies, New Series: Literature and Language, no. 23 (St. Louis: Washington University Press, 1953), p. 6.
  7. Hall, Donald. The Art of Poetry No. 1 Архивирано на 3 октомври 2009 г., The Paris Review, Issue 21, Spring-Summer 1959, accessed November 7, 2009.
  8. 8,0 8,1 Kermode, Frank. "Introduction" to The Waste Land and Other Poems, Penguin Classics, 2003.
  9. Perl, Jeffry M. and Andrew P. Tuck. "The Hidden Advantage of Tradition: On the Significance of T. S. Eliot's Indic Studies", Philosophy East & West V. 35 No. 2, April 1985, pp. 116–131.
  10. 10,0 10,1 Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: The Life of Vivienne Eliot, First Wife of T. S. Eliot, Knopf Publishing Group, p. 1.
  11. For a reading of the dissertation, see Brazeal, Gregory (Fall 2007). „The Alleged Pragmatism of T.S. Eliot“. Philosophy & Literature. 31 (1): 248–264. Посетено на January 17, 2011.
  12. Eliot, T. S. The Letters of T. S. Eliot, Volume 1, 1898-1922. p. 75.
  13. Richardson, John, Sacred Monsters, Sacred Masters. Random House, 2001, p. 20.
  14. Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: A Life of Vivienne Eliot. Knopf Publishing Group, 2001, p. 17.
  15. Eliot, T. S. The Letters of T. S. Eliot, Volume 1, 1898-192, p. xvii.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952.
  17. Ellmann, Richard. James Joyce. pp. 492–495.
  18. plaque on interior wall of Saint Stephen's
  19. obituary notice in Church and King, Vol. XVII, No. 4, February 28, 1965,−− p. 3.
  20. Specific quote is "The general point of view [of the essays] may be described as classicist in literature, royalist in politics, and anglo-catholic [sic] in religion," in preface by T.S. Eliot to For Lancelot Andrewes: essays on style and order, (1929).
  21. Books: Royalist, Classicist, Anglo-Catholic Архивирано на 27 август 2013 г., May 25, 1936, Time.
  22. Hall, Donald. "The Art of Poetry No. 1" Архивирано на 3 октомври 2009 г., The Paris Review, Issue 21, Spring-Summer 1959, p. 25, accessed November 7, 2009.
  23. Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: A Life of Vivienne Eliot. Constable 2001, p. 561.
  24. Gordon, Lyndall. T. S. Eliot: An Imperfect Life. Norton 1998, p. 455.
  25. Gordon, Jane. The University of Verse, The New York Times, October 16, 2005; Wesleyan University Press timeline Архивирано на 1 декември 2010 г., 1957
  26. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-08-17. Посетено на 2011-01-21.
  27. Eliot, T. S. "Letter to J. H. Woods, April 21, 1919." The Letters of T. S. Eliot, vol. I. Valerie Eliot, ed. New York: Harcourt Brace, 1988, p. 285.
  28. 28,0 28,1 Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 117-118.
  29. Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 125.
  30. ''T. S. Eliot: The Harvard Advocate Poems''. Retrieved 5 February 2007“. Theworld.com. Посетено на 2009-08-03.
  31. Waugh, Arthur. The New Poetry, Quarterly Review, October 1916, citing the Times Literary Supplement June 21, 1917, no. 805, 299; Wagner, Erica (2001) "An eruption of fury", The Guardian, letters to the editor, September 4, 2001. Wagner omits the word "very" from the quote.
  32. Miller, James H., Jr. (2005). T. S. Eliot: the making of an American poet, 1888-1922. University Park, PA: Pennsylvania State University Press. стр. 387–388. ISBN 0-271-02681-2.
  33. Wraight, John. The Swiss and the British. Michael Russell Publishing, 1987.
  34. Wilson, Edmund. "Review of Ash Wednesday," New Republic, August 20, 1930.
  35. See, for instance, the biographically oriented work of one of Eliot's editors and major critics, Ronald Schuchard.
  36. Grant, Michael (ed.). T. S. Eliot: the Critical Heritage. Routledge & Kegan Paul, 1982.
  37. " 'Ulysses', Order, and Myth", Selected Essays T. S. Eliot (orig 1923).
  38. 38,0 38,1 Анчевски, Зоран. Т.С. Елиот: Песни (1909-1950). Скопје: Магор, 2003.
  39. Untermeyer, Louis. Modern American Poetry. Hartcourt Brace, 1950, pp. 395-396.
  40. Ѓузел, Богомил. Поезија (избор). Култура, 1964.
  41. Eliot, T. S. The Use of Poetry and the Use of Criticism, Harvard University Press, 1933 (penultimate paragraph)
  42. 42,0 42,1 Gallup, Donald. T. S. Eliot: A Bibliography (A Revised and Extended Edition), Harcourt, Brace & World, New York, 1969.
  43. 43,0 43,1 „Tradition and the Individual Talent. Eliot, T. S. 1920. ''The Sacred Wood''“. Bartleby.com. Посетено на 2009-08-03.
  44. quoted in Roger Kimball, "A Craving for Reality," The New Criterion Vol. 18, 1999
  45. „Hamlet and His Problems. Eliot, T. S. 1920. ''The Sacred Wood''“. Bartleby.com. Посетено на 2009-08-03.
  46. Burt, Steven and Lewin, Jennifer. "Poetry and the New Criticism." A Companion to Twentieth-Century Poetry, Neil Roberts, ed. Malden, Massachusetts: Blackwell Publishers, 2001. p. 154.
  47. „Project MUSE“. Muse.jhu.edu. Посетено на 2009-08-03.
  48. A. E. Malloch, "The Unified Sensibility and Metaphysical Poetry", College English, Vol. 15, No. 2 (Nov., 1953), pp. 95-101
  49. „Eliot, T. S. 1922. ''The Waste Land''“. Bartleby.com. Посетено на 2009-08-03.
  50. Draper, R. P. An Introduction to Twentieth-Century Poetry in English, 1999. p. 13
  51. „T. S. Eliot :: The Waste Land and criticism - ''Britannica Online Encyclopedia''“. Britannica.com. 1965-01-04. Посетено на 2009-08-03.
  52. 52,0 52,1 52,2 Spruyt, Bart Jan. "One of the enemy: C. S. Lewis on the very great evil of T. S. Eliot's work" Архивирано на 15 мај 2011 г., lecture to the conference Order and Liberty in the American Tradition, July 28–August 3, 2004, Oxford University, accessed November 7, 2009.
  53. Knowlson, J., Damned to Fame: The Life of Samuel Beckett (London: Bloomsbury, 1996), p 217
  54. Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 118-120.
  55. Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 120.
  56. Gross, John. Was T.S. Eliot a Scoundrel? Архивирано на 31 јули 2012 г., Commentary magazine, November 1996
  57. Anthony, Julius. T.S. Eliot, Anti-Semitism, and Literary Form. Cambridge University Press, 1996 ISBN 0-521-58673-9
  58. Eliot, T.S. The Letters of T. S. Eliot, vol. 1, pp. 312, 324; Woolf, Leonard. Beginning Again: An Autobiography, p. 242; Rajan, B (ed.). T. S. Eliot: A Study of His Writings by Several Hands. p. 140.
  59. Kirk, Russell. "T. S. Eliot on Literary Morals: On T. S. Eliot's After Strange Gods", Touchstone Magazine, volume 10, issue 4, Fall 1997.
  60. 60,0 60,1 Burman, Hannah. London's Voices Архивирано на 30 септември 2007 г., Museum of London, March 11, 1998, accessed November 7, 2009.
  61. Ackroyd, Peter, T. S. Eliot, Abacus, 1985, p. 304.
  62. Eliot, T.S. Modernism/Modernity. January 2003.
  63. Raine, Craig. "Was he anti-Semitic?", a review of Letters of T.S. Eliot, Volume I 1898-1922 and Letters of T.S. Eliot, Volume II 1923-1925, edited by Valerie Eliot and Hugh Haughton, Faber 2009, The Spectator, November 14, 2009.
  64. Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 117.

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Странски

уреди