Објективен корелатив
Објективен корелатив
уредиОбјективен корелатив е книжевен термин и се однесува на симболичка статија која се користи за да придонесе за точното објаснување на таквите традиционални необјасниви концепти, како што се чувство и боја.
Потекло на терминот
уредиОвој термин станал популарен со Т.С. Елиот во неговиот есеј „Хамлет и неговите проблеми“. Овој поим првпат е употребен од Вашингтон Алистон околу 1840 година во ,,Вовед во дискурсот“, на неговите предавања по уметност. Дали некој тврди дека околните неоргански елементи на воздухот, земјата, топлината и водата ја создаваат нивната необична форма? Иако некои или сите од нив може да бидат многу важни за нивниот развој, тие се само како нивните предодредени корелативи кои без нивното постоење немало да бидат видливи. На сличен начин мора необичната форма на зеленчукот да претходи во животот – идеја – со цел да се создаде сопствен организам. Ниту една можна промена во соодносот на степените или пропорциите на овие елементи не може да ја смени одредената форма на едно растение, на пример, зелка во карфиол; мора засекогаш да остане зелка, голема или мала, добра или лоша. Значи, исто така е и во надворешниот свет со умот, на кој му треба, исто како условот за изразување, неговиот објективен корелатив. Значи, присуството на некој надворешен објект, предодреден да одговара на претходната идеја во неговата жива моќ е суштинска за развојот на самиот крај - пријатните емоции.
Елиот го употребил овој термин исклучиво за да се обрати на неговите потврдени уметнички механизми кои предизвикале емоции во публиката: ,,Единствениот начин на изразување на емоции во форма на уметност е наоѓање на ,,објективен корелатив“, со други зборови, група на предмети, ситуација, тек на настани кои ќе бидат формулата на таа одредена емоција; така што кога надворешните факти се дадени, емоцијата е предизвикана.
Се чини дека разликата е во овој принцип кој Елиот славно го опиша Хамлет како ,,голем уметнички неуспех“. Елиот почувствува дека силните емоции на Хамлет ,,ги надминаа фактите“ на драмата, т.е. тие не беа поддржани од ,,објективен корелатив“. Тој призна дека таквата околност е ,,нешто што секој емоционален човек го знае“, но почувствува дека обидувајќи се да го претстави драматично „Шекспир решавал проблеми кои биле големи за него“.
Теорија на објективниот корелатив
уредиТеоријата на објективниот корелатив, како што се поврзува со литературата била многу развиена преку делата на книжевниот критичар и автор Т.С. Елиот, кој се поврзува со формалистичката интерпретација на литературата. Помагајќи да се дефинира објективниот корелатив, есејот на Т.С. Елиот „Хамлет и неговите проблеми“ во неговата книга „Свето дрво: есеи за поезијта и критиката“, го дискутира неговото гледиште за Шекспировиот некомплетен развој на емоциите на Хамлет. Во овој есеј Елиот тврди: „Уметничката неизбежност лежи во потполната адекватност, од надворешноста до емоцијата. Според Елиот, чувствата на Хамлет и другите ликови околу него не се доволно поддржани од приказната. Целта на објективниот корелатив е да се изразуват емоциите на ликовите преку демонстрација, а не опишување, како претходно на сликите на Платон и Петар Бери во неговата книга „Почеток на теоријата: вовед во книжевната и културната теорија“ како ,,..можеби малку повеќе од античката разлика (која прв ја направил Платон) помеѓу мимесис и диегесис... Според формалистичките критичари, оваа постапка за создавање на емоции преку надворешни фактори и докази поврзани заедно во објективен корелатив треба да произведе одделување од описниот начин и обединување на емоциите на книжевните дела на авторот.
Критики на објективниот корелатив
уредиЕдна од многуте критики на објективниот корелатив е на Мајкл Витовски во неговата статија „Шишето кое не е таму и патката која не може да се чуе: субјективниот корелатив во комерцијалните пораки“ во кој вели дека „објективниот корелатив исто така овозможува повеќе апстрактни, а помалку директни врски...“. Уште еден можен недостаток на теориите на Елиот ја вклучува неговата претпоставка дека намерите на авторот во врска со изразувањето ќе бидат сфатени. Ова гледна точка е наведена од Балахандра Рајан како цитат во „Нови референтни дела во книжевната теорија“ од Дејвид А. Голдфарб со овие зборови: „Елиот тврди дека постои вербална формула за која било состојба на емоција кој,а пак, откако ќе се пронајде и употреби, ќе ја предизвика истата состојба, а не друга“.