Коктел забава е забава на која се сервираат коктели. Понекогаш се нарекува и коктел прием.

Типичен коктел сервиран во коктел чаша.

Понекогаш, од страна на менаџерите на хотели, ресторани и барови се користи терминот „Happy hour“, термин помеѓу 16:00 и 18:00 часот, за да привлечат гости.

На некои настани, како на пример свадбени приеми, им претходи таканаречен коктел час. За време на коктел часот, гостите се дружат меѓу себе, пиејќи коктели и јадејќи апетисани. Организаторите на овие настани го користат коктел часот да ги занимаваат гостите во паузите помеѓу настаните, а исто и да го намалат бројат на оние што доцнат.

Потекло

уреди

Иако многумина веруваат дека создавачот на коктел забавите е Алек Во од Лондон, еден напис во „St. Paul Pioneer Press“ во мај 1917 г. заслугите за создавање на коктел забавите ги припишува на извесна госпоѓа Џулиус С, Волш јуниор од Сент Луис, Мисури.

Госпоѓата Волш поканила 50 гости во својот дом во сабота на пладне на едночасовнa дружба. „Настанот веднаш станал хит“, објавиле весниците, и за неколку недели, коктел забавите станале „институција на Сент Луис“.[1]

Алек Во запишал дека првата коктел забава во Англија била приредена од страна на воениот уметник Кристофер Невинстон.

Облекување

уреди

Жените кои присуствувале на коктел забавите можеле да носат коктел облека. Понекогаш како моден детал се носела и коктел шапка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Felten, Eric (2007-10-06). „St. Louis - Party Central“. The Wall Street Journal. Dow Jones & Company. стр. W4. Посетено на 2007-10-06.