Марбург
Марбург (германски: Marburg) — град во германската сојузна држава Хесен. Има 73.147 жители (2014).
Марбург | |
Поглед на Марбург со замокот и црквата Св. Елизабета | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хесен |
Округ | Марбург-Биденкопф |
Градски единици | 20 |
Основни податоци | |
Површина | 123,92 км2 |
Надм. височина | 173−412 м |
Население | 76.401 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 617 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MR |
Пошт. бр. | 35001-35043 |
Повик. бр. | 06421 |
Портал | www.marburg.de |
Местоположба на градот Марбург во рамките на округот Марбург-Биденкопф | |
Координати | 50°48′36″N 8°46′15″E / 50.81000° СГШ; 8.77083° ИГД |
Историја
уредиКако и многу населени места, Марбург се развил на раскрсница од два важни средновековни патишта: трговскиот пат што ги спојувал Келн и Прага и трговскиот пат од Северно Море до Алпите во Италија. Населбата била штитена и биле воведени давачки од малиот замок изграден во 9 или 10 век. Марбург е град од 1140 година, што се покажува по најдените моенти.
Во 1228 година, принцезата од Тирингија, Елизабета од Унгарија, го одбрала Марбург за свое седиште, а животот го посветила на болните. Починала на 24 годишна возраст, во 1231 година, и била прогласена за светица во 1235 година.
Марбург бил познат по најстариот протестантски универзитет, кој бил основан во 1527 година, а го основал Филип I, гроф од Хесен, и кој во текот на 1529 година во Марбург се обидел да ги смири двете струи на протестантството. Организирал во Марбург состанок на Мартин Лутер и Улрих Цвингли, но тие не успеале целосно да се договорат.
Браќата Грим во Марбург ги собирале идеите за своите бајки, а една од зградите во Марбург била инспирација за Рапунцел. Во текот на австриско-пруската војна во 1866 година, кнезот на Хесен ја поддржал Австрија, па по австрискиот пораз, Хесен и Марбург биле споени со Прусија.
Франц фон Папен, заменик-канцелар на Германија, на 17 јуни 1934 година во универзитетот во Марбург зборувал против нацизмот. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1945 година, целиот град бил претворен во голема болница, а училиштата и владините згради биле претворени во одделенија на постоечките болници. Во пролетта 1945 година, во Марбург имало повеќе од 20.000 пациенти, повеќето германски војници. Поради тоа што градот бил претворен во болница, не претрпел значителни штети од бомбардирање, освен долж железничките пруги.
Во 1945 година, во црквата Св. Елизабета во Марбург биле пренесени останките на фелдмаршалот и претседател Паул фон Хинденбург, кој е почесен граѓанин на градот.
Туристички знаменитости
уредиМарбург долго време останал ренесансен град, делумно заради изолацијата меѓу 1600 и 1850 година. Познат е по својата архитектура, посебно на замокот и на средновековните цркви. Црквата Св. Елизабета е една од две или три чисто готски цркви изградени северно од Алпите и надвор од Франција. Претставува архетип на готската архитектура во Германија.
Најголем удел во претворањето на Марбург во привлечен град имал градоначалникот Хано Дрешлер, кој бил на служба меѓу 1970 и 1992 година. Тој вршел реставрации, и ја воспоставил првата пешачка зона во Германија.
Во градот постои стара ботаничка градина, а надвор од градот нова ботаничка градина.
Пазарот е во центарот на стариот дел на Марбург, а во средишниот дел е поставена фонтана посветена на св. Ѓорѓи, и претставува популарно место за собирање на младите.
Клима
уредиКлиматски податоци за Marburg | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 2.3 (36.1) |
4 (39) |
8.7 (47.7) |
13.6 (56.5) |
18.2 (64.8) |
21.4 (70.5) |
23 (73) |
22.5 (72.5) |
19.2 (66.6) |
13.3 (55.9) |
7.1 (44.8) |
3.6 (38.5) |
13.07 (55.49) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.1 (31.8) |
1.2 (34.2) |
4.6 (40.3) |
8.8 (47.8) |
12.9 (55.2) |
16.1 (61) |
17.8 (64) |
17.4 (63.3) |
14.3 (57.7) |
9.5 (49.1) |
4.6 (40.3) |
1.4 (34.5) |
9.04 (48.27) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.4 (27.7) |
−1.5 (29.3) |
0.6 (33.1) |
4 (39) |
7.7 (45.9) |
10.9 (51.6) |
12.6 (54.7) |
12.3 (54.1) |
9.5 (49.1) |
5.8 (42.4) |
2.1 (35.8) |
−0.7 (30.7) |
5.08 (41.12) |
Прос. дожд мм (ин) | 57 (2.24) |
45 (1.77) |
58 (2.28) |
50 (1.97) |
70 (2.76) |
71 (2.8) |
68 (2.68) |
61 (2.4) |
60 (2.36) |
61 (2.4) |
57 (2.24) |
66 (2.6) |
724 (28.5) |
Извор: Climate Marburg (Hesse) (in german), accessed 19 December 2017 |
Сообраќај
уредиОбразование
уредиМарбург е седиште на Филипсовиот универзитет.
Галерија
уреди-
Поглед на Марбург
-
Панорама на Марбург
-
Панорама на Марбург
-
Панорама на Марбург
-
Панорама на Марбург
-
Панорама на Марбург
-
Мотив од Марбург
-
Улица во стариот дел на Марбург
-
Улица во стариот дел на Марбург
-
Улица во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во стариот дел на Марбург
-
Традиционална куќа во Марбург
-
Традиционална куќа во Марбург
-
Традиционална куќа во Марбург
-
Традиционална куќа во Марбург
-
Традиционална куќа во Марбург
-
Старата градска куќа (Rathaus) во Марбург
-
Зграда во Марбург
-
Кулата во Марбург
-
Кулата во Марбург
-
Градскиот музеј во Марбург
-
Градскиот музеј во Марбург
-
Споменик во стариот дел на Марбург
-
Биста посветена на приказната „Принцот и жабата“ на Браќата Грим
-
Старата универзитетска библитека во Марбург
-
Факултетот за психологија при Филиповиот универзитет во Марбург
-
Центарот за блиско и средноисточни студии во Марбург
-
Минералошкиот музеј во Марбург
-
Минералошкиот музеј во Марбург
-
Новата универзитетска библиотека во Марбург
-
Градскиот театар во Марбург
-
Куќата на Ервин Пискатор во Марбург
-
Куќата на Ервин Пискатор во Марбург
-
Католичката црква св. Петар и Павле во Марбург
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург (предната страна)
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург (задната страна)
-
Евагелистичката црква св. Елизабета во Марбург (задната страна)
-
Влезната порта на црквата Св. Елизабета во Марбург
-
Влезната порта на црквата Св. Елизабета во Марбург
-
Внатрешноста на лутеранската црква св. Мариен во Марбург
-
Олтарот на лутеранската црква св. Мариен во Марбург
-
Внатрешноста на лутеранската црква св. Мариен во Марбург
-
Оргулите во лутеранската црква св. Мариен во Марбург
-
Универзитетската црква во Марбург
-
Универзитетската црква во Марбург
-
Грофовскиот замок во Марбург
-
Грофовскиот замок во Марбург
-
Грофовскиот замок во Марбург (детаљ)
-
Грофовскиот замок во Марбург (детаљ)
-
Грофовскиот замок во Марбург (детаљ)
Наводи
уреди- ↑ „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2021. (германски)
Надворешни врски
уреди„Марбург“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски) + (англиски)
Оваа статија за место во Хесен е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |