Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок
Љубовната песна на Ј. Алфред Пруфрок и други согледувања (англиски: The Love Song of J. Alfred Prufrock and Other Observations) - збирка песни на англискиот поет Т. С. Елиот, за првпат објавена во 1917 година од издавачката куќа „Егоист“ (The Egoist Ltd.) од Лондон.
Содржина
уредиЗбирката содржи вкупно 12 песни, вклучувајќи и некои од најдобрите и најпознатите песни на Т.С. Елиот, како што се: „Љубовната песна на Ј. Алфред Пруфрок“, „Портрет на дама“ (Portrait of a Lady), „Воведи“ (Preludes), „Рапсодија во ветровита ноќ“ (Rhapsody on a Windy Night) итн.[1] Некои песни во збирката претходно биле објавени самостојно, во разни списанија. На пример, песната „Љубовната песна на Алфред Ј. Пруфрок“била објавена во 1915 година, кога списанието „Поезија“ од Чикаго ја објавило по препорака од неговиот европски дописник, Езра Паунд. Во таа прилика, Паунд напишал писмо до главната уредничка на списанието, Хериет Монро, наведувајќи: „Елиот ми ја испрати најдобрата песна од некој Американец што до сега сум ја имал (во рацете) или сум ја видел... ќе ја имате за неколку дена. Тој е единствениот Американец за кој знам дека го постигнал она што можам да го наречам адекватна подготовка за пишување...и запаметете ја оваа дата (30.9.1914) во бележникот“.[2]
За збирката
уредиЗбирката е посветена на Жан Верденал (Jean Verdenal), кој погинал во 1915 година, во Битката кај Дарданелите, за време на Првата светска војна. Под посветата, Елиот ги ставил следниве стихови:[3]
Or puoi la quantitate
comprender dell' amor ch'a te mi scalda,
quando dismento nostra vanitate,
trattando l'ombre come cosa salda.
Критички осврт кон збирката
уредиНепосредно по појавувањето, збирката била неповолно дочекана од книжевната критика. Така, во една непотпишана критика во „Литературниот додаток на Тајмс“ (The Times Literary Supplement) од 21 јуни 1917 година било наведено: „Фактот што овие работи се случиле во умот на господинот Елиот сигурно дека е од најмала важност за кого било, дури и за него самиот. Сигурно е дека немаат никаква врска со поезија...“[4]
Наводи
уреди- ↑ T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 9-25.
- ↑ Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977, стр. 117-118.
- ↑ T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 7.
- ↑ Waugh, Arthur. The New Poetry, Quarterly Review, October 1916, citing the Times Literary Supplement June 21, 1917, no. 805, 299; Wagner, Erica (2001) "An eruption of fury", The Guardian, letters to the editor, September 4, 2001. Wagner omits the word "very" from the quote.