Томас Бекет
Томас Бекет (англиски: Thomas Becket; Лондон, 21 декември 1119/1120 — Кантербериска катедрала, 29 декември 1170) — кантербериски архиепископ од 1162 г. до неговата смрт. Тој е почитуван како светец и маченик од Католичката и Англиканската црква. Бекет дошол во судир со кралот Хенри II за правата и привилегиите на црквата и бил убиен од кралските следбеници во Кантербериската катедрала. Набргу по неговата смрт, папата Александар III го прогласил за светец во 1173 г.
Томас Бекет | |
---|---|
| |
Убиството на Бекет | |
Црква | Латинска католичка црква |
Архиепископија | Кантербери |
Назначен | 24 мај 1162 |
Службата завршила | 29 декември 1170 |
Редови | |
Ракоположен | 2 јуни 1162 |
Осветување | 3 јуни 1162 од Хенри Блоа |
Лични податоци | |
Роден | 21 декември ок. 1119 Чипсајд, Лондон, Кралство Англија |
Починал | 29 декември 1170 (возр. 50 или 51) Кантербериска катедрала, Кент, Кралство Англија |
Почивалиште | Кантербериска катедрала |
Вероисповед | католицизам |
Родители |
|
Претх. служба | |
Грб | |
Светост | |
Слава | 29 декември |
Почитуван од | |
Беатификација | од папа Александар III |
Канонизиран | 21 февруари 1173 од папа Александар III |
Атрибути | меч, мачеништво |
Заштитник на | Оксфорд, Портсмут, световно свештенство |
Храм | Кантербериска катедрала |
Задушување на култот | 1538 (од Хенри VIII) |
Ран живот
уредиТомас Бекет е роден во Чипсајд, Лондон, како син на трговецот Гилберт Бекет и неговата жена Матилда. Таткото на Томас бил син на витез; во младоста станал трговец, купил имот во Лондон и живеел тука од приходи од наем. Постои добро позната легенда дека мајката на Томас била муслиманска принцеза што го запознала Гилберт за време на неговиот аџилак во Светата Земја, го следела до Англија и таму била крстена. Утврдено е дека легендата нема основа и настанала три века по смртта на архиепископот. За влијанието и богатството на семејството Бекет може да се суди по тоа што Гилберт и Матилда биле погребани во катедралата Свети Павле. Друга легенда ги нарекла родителите на Томас царот на Светото Римско Царство Хенри V и наследничката на англискиот престол, Матилда.[1]
Томас Бекет го добил своето почетно образование во витешки дух под водство на пријателот на неговиот татко Рише де л’Егл, а основното образование во лондонскиот манастир Мертон. Потоа студирал граѓанско и канонско право на Парискиот и Болоњскиот универзитет. По враќањето во Англија во 1142 г., Бекет стапил во служба на кантерберискиот архиепископ Теобалд и наскоро станал еден од неговите дејствувачки помошници. Во 1148 г., Бекет го придружувал Теобалд на Советот во Ремс; во 1152 г., тој бил претставник на надбискупот во Рим и добил од папата порака со која се забранува крунисувањето на синот на Стефан Блоа. Во 1154 г., Бекет станал протоѓакон на Кантербери, а потоа, по препорака на Теобалд, новиот англиски крал, Хенри II, го назначил Бекет за канцелар.[2]
Наводи
уреди- ↑ Barlow "Becket, Thomas (1120?–1170)" Oxford Dictionary of National Biography
- ↑ Fryde, et al. Handbook of British Chronology p. 84.
Надворешни врски
уреди„Томас Бекет“ на Ризницата ? |
- Портрети на Thomas Becket во Националната портретна галерија во Лондон (англиски)
- Beckets Bits
- BBC In Our Time: Thomas Becket
- Daily Telegraph:On this day in 1170: Thomas Becket is murdered in Canterbury Cathedral, and becomes a marty