Снежана Стојчевска
Снежана Стојчевска македонска поетеса, родена е 1980 година во Скопје. Член е на Друштво на писатели на Македонија .
Снежана Стојчевска | |
---|---|
Занимање | поетеса |
Националност | Македонка |
Државјанство | македонско |
Образование | Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Животопис
уредиСнежана Стојчевска дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. До сега има објавено пет поетски книги. Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост “. Истата година станува дел од Версополис платформа за поети и фестивали. Во 2019 се јавува како приредувач и уредник на арт панорамата - Допир во издание на Арт Еквилибриум Гевгелија .
Книжевна дејност
уредиВо 2012 година ја објавува првата поетска книга Шеќер по подот во издание на Или-или, како дел од едицијата Русалки, во која се јавува како уредник. Под нулата е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели мугри“ за 2013 година, која ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга Модри фантазии во издание на издавачката куќа Темплум. Нејзината четврта книга, Треба да е лесно, излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа Антолог. Во октомври 2019 година ја промовираше својата петта поетска книга Ќе се завијам во песни, посветена на и во соавторство со нејзиниот татко Мирче Стојчевски, во издание на МИ-АН. Застапена е во повеќе антологии, панорами и зборници на младата македонска поезија.
Во 2016 година настапува на XV меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде што е објавена во антологија на словенечки јазик во „Фестивална антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век“. Истата година учествуваше на настанот “Ad hoc” во Труберјева хиша литературе во Љубљана. Во 2018 година беше учесник на Третите меѓународни книжевни средби во Бања Лука и беше објавена на српски јазик во зборникот „Поетики“. Во ноември 2019 година учествуваше на фестивалот за литература за деца и возрасни InterLese во Магдебург, Германија и за таа пригода избор од нејзина поезија е преведен на германски јазик, а потоа и објавена во книжевното списание Oda (1/2020). Во март годинава беше една од учесничките на првиот Фестивал на женското книжевно творештво – „ОНЕ“ во Беране, Црна Гора. Покрај овие настапи, таа е редовен учесник на најзначајните поетски манифестации во земјава.