Антолог
Антолог - македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.
Историја, организација и менаџмент
уредиАНТОЛОГ е книгоиздателство основано во 1999 година од страна на самостојниот уметник и писател, Александар Кујунџиски, и претставува своевидно продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција на семејството Кујунџиски.
Во првата деценија од постоењето (1999-2008), издавачката куќа АНТОЛОГ од Скопје покрај oбјавувањето на делата на трите, исклучително плодни, генерации писатели во семејството, се зафаќа со првиот голем проект - приредување неколку капитални антологии кои ги приопштуваат „бесмртните мисли“ на поединци и народни мудрости од цел свет, вклучително и од Македонија.
Од 2009 година, АНТОЛОГ засилено ги проширува своите интереси, полиња на соработка и активности. Најпрво, издаваштвото се насочува кон објавување на класични и современи автори, објавувајќи внимателно одбрани дела од домашната и од светската книжевност – романи, поезија, бестселери, хаику, литература за деца, хумор и сатира, драми, раскази, антологии...
Во овој период се оформени 20-ина едиции кои носат свој препознатлив белег и топлина во домовите. Почнуваат изложувања на Саемот на книга во Скопје и гостувања и споделување искуства на Саемот на книга во Франкфурт; како сопствен влог и поддршка од страна на АНТОЛОГ кон уметниците од кој било профил, стартувано е е-списанието Репер (www.reper.net.mk).
АНТОЛОГ станува присутен на повеќе комерцијални и иновативни презентации и промоции на книги, а балансот меѓу квалитетот и квантитетот е препознаен од голем број читатели и од критиката, здобивајќи ги АНТОЛОГ и авторите на Антолог со многубројни награди.
Како прв издавач кој широко ги отвори вратите за македонските читателите кон книжевни поднебја кои беа воопшто неоткриени (Исланд, Грузија, Сингапур, Каталонија...), АНТОЛОГ се претставува како Издавачка куќа која вистински работи на градење професионални релации со Европа и со светот, градејќи партнерства со многубројни домашни и странски институции, авторски агенции, и, секако - автори.
Како вистински влог во интеркултурната и интерјазичната размена, во 2015 година АНТОЛОГ го основа Првиот фестивал на Европска литература во Македонија, Букстар, во рамките на кој фестивал до денес гостуваа 20-тина европски автори и авторки, а беа организирани 50-тина настани, промоции, филмски проекции, разговори, дебати, тркалезни маси и музички концерти.
Во истата 2015 година, во Дебар Маало, боемскиот кварт во Скопје, АНТОЛОГ го отвори и својот прв Книжевен центар АНТОЛОГ, додека две години подоцна, во центарот на Скопје, читателите добија можност за читање и откривање на исклучително вредни книги и во новиот простор - просторот на Книжарницата АНТОЛОГ...
Седиштето на „Антолог“ се наоѓа во Скопје, во Дебар Маало, на адреса: ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29.
Официјалната адреса за електронска пошта е antolog@gmail.com.[1]
Главен и одговорен уредник на „Антолог“ е Жарко Кујунџиски.[1]
Каталог на изданија
уредиКаталогот на „Антолог опфаќа повеќе изданија, како:[2][3][4]
- Александар Кујунџиски, „Надојдени реки“ (2002)
- Марина Мијаковска, „Номадска душа“ (2010)
- Франц Кафка, „Америка“ (2011)
- Џорџо Манганели, „Центурија“ (2012)
- Есмахан Ајкол, „Убиство во хотел Босфор“ (2014)
- Владимир Јанковски, „Невидливи љубови“ (2015)
- Одни Еир, „Земја на љубовта“ (2016)
- Елин Хилдебранд, „Трач“
- Гуљелмо Мартинес, „Бавната смрт на Лусијана Б.“
- Дарко Ангеловски, „Душевен санаториум“
- Мерсиха Исмајлоска, „Вкрстување на световите“
- Стефан Марковски, „По трагата на белиот грифон“
- Ставре Џиков, „Завет за Македонија“
- Елена Конеска, „Еднаш одигравме љубов“
- Милчо Мисоски, „Изневерено време“
- Катерина Џатева, „Зајдисонце“
- Биљана Стојановска, „Зборовите немаат значење“
- Адријана Ананиева, „Срце на тротоарот“
- Ања Кузмановска, „Исконска тага“
- Велко Неделковски, „Златко-Златец“
- Александар Кујунџиски, „И строфите растат“
- Давид Машадо, „Просечен индекс на среќата“
Библиотека „Бранови“
уреди- Роберто Арлт, „Седумтемина луди“ (2016)